1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомеопатија

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од viku, 31 мај 2010.

  1. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Баш си интересен.Значи си ТОЛКУ против затоа што имаш осетено на твоја кожа а? Па што не не разбереш така и нас кои што имаме осетено на своја кожа негативни последици од лекарства и вакцини на пр.? Што солиш памет за туѓа мака а за твојата те боли нели...?
     
    На AndyRad, beti123beti, Silver.E и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    На beti123beti и silk им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски
    Луѓе има ли некој искуство со Холистик Виво?
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Познавам инетересен случај од наши подалечни пријатели, кога човекот беше пред умирање и од болница го пуштија демек дома да си умри (а, беше млад)... И некој специјалист ги упатил на хомеопат, точно кај кого да одат, верувал дека може да им помогни.
    И навистина им помогнал. Човекот си е жив и здрав веќе 4 години оттогаш.
     
    На Kameo и beti123beti им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    А што и` се закачивте на expert? Како што вие имате свои причини зошто одобрувате алтернативни методи на лекување, исто и таа има свои причини зошто не ги одобрува. Тие што читаат, нека ги видат и двете страни на монетата па нека пресудат. Ова е ФОРУМ и секој има право на свое мислење, место каде што не се само пласираат информации туку и се дискутира за нив. А меѓу дискутантите секогаш ќе има такви со различно/спротивно мислење.
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Теси, отвори ги сите теми од Алтернативна медицина (и се што е околу природното), како на една тема не се вмешала и не дала нешто позитивно.
    Се е најнегативно.
    Ај, до толку ништо не чини ?
    Не чини сребрена вода, не чини акупунктура, не чини сонце, не чини хомеопатија, ама баш ништо не чини.

    Мене ми е жалосно кога некој толку упорно ја негира природата и богатствата кои ни ги нуди.

    Таа е само за лекови,лекови и ништо друго. Добро, го сфативме тоа.
    Ама, која потреба во темите во кои сакаме да се советуваме, наместо да се советуваме дебатираме дали е така или не е така.

    И никој не и се нафрли нејзе. Туку ако видиш таа е таа која прва почнува и реплицира до бесвест, до досада.

    А, ти ако се сложуваш со неа, сложи се, ама што ја браниш сега ?
     
    На joy1, Annath и LoOnyD им се допаѓа ова.
  7. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    А од каде пак сега ти истекна дека хомеопатијата била природна медицина? Нема никаква врска со природна и тоа е најголема заблуда на луѓето кои се лечат со овие лекови.
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање. Како што гледам низ темава и мислењава тука, чести реакции од овие лекови се алергии, појава на мозолчиња и сл. Кои се тие супстанци кои предизвикуваат вакво исфрлување?
     
  9. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Вистинскиот хомеопатски лек нема никакви несакани ефекти, затоа што во него нема ништо. Затоа не ми се верува дека имале нешто несакано од самиот лек. Тоа кога некој лажен лек создава несакани ефекти се вика ноцебо. Едноставно додека го користеле им се појавило нешто и тие го поврзале со овие лекови.

    Истата ситуација е и со позитивните ефекти. Едноставно додека го користеле им се подобрила состојбата и подобрувањето го припишуваат на лекот иако во него нема ништо и нема резон да има некој позитивен ефект.

    Од друга страна пак тоа се гранули или капки или некоја друга форма, која има додатоци кои ете имаат некоја минимална шанса да создадат алергија или нешто слично.
    Ама има и лекови на кои е напишано дека се хомеопатски, а тие воопшто не се хомеопатски, тоа им е ставено како маркетингшки трик. Тие лекови во себе имаат некои супстанци кои имаат ефект, и може да предизвикаат позитивни или негативни ефекти.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Имам имано хомеопатски производи, и на пакувањето беше наведено дека се иставени сите состојки кои не се природни. Значи состојките беа исклучиво на природна база. А, ако некој е алергичен на некоја од тие состојки, наведено си е на пакувањето.
     
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Хомеопатија?

    Би сакала да слушнам ваше мислење, а би било супер и доколку имате искуство со хомеопатијата и хомеопатските лекови кои во последно време се се попопуларни, а сигурна сум и поздрави. Гледам дека овие лекови почнале да се продаваат и во Зегин. Би сакала да се развие дискусија и поубаво да се информираме за бенефитите од хомеопатијата за нас и најблиските
     
    На DiaCor му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски
    Во ред е да искажеш мислење за лековите, но не и да шириш дезинформации.
    Не за џабе хомеопатијата е доста развиена и барана.
    Помага ете затоа.
    И инаку хомеопатијата Е природна медицина, тоа не е никаква заблуда.
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  13. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    ^
    Што од тоа што сум кажала не е вистина?
    Кој хомеопатски лек помогнал и за кој проблем?
    Зошто ако толку помага научните испитувања не можат тоа да го докажат?
    За тоа дали е природна или не, зависи од тоа што подразбираш под тоа природно?

    Не знам дали знаеш како се прават и што всушност претставуваат хомеопатските средства? Еве видео во кое преку еден пример покажува како се прави еден хомеопатски лек.
    Те молам изгледај го до крај, дури и да не разбираш англиски, лесно ќе сфатиш.
    Дечкото прави хомеопатски лек од Доместос, што воопшто не е нешто чудно, постојат хомеопатски лекови од разни супстанци и материи.

    http://www.youtube.com/watch?v=2KX8C3H4Oaw
     
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски
    Глупости. Ако праиме муабет за ова сега, во обични лекови, антибиотици што се нема. Нема потреба да ми објаснуваш мене ништо, имам хомеопат во блиско семејство.
    A ова видео врска си нема со хомеопатски лекови. Има посебни апарати за правење лекови. Хомеопатските лекови се како мали зрнца повеќето.
    Не те убедуцам воопшто, мене лично не ме интересира ама што е реално, реално е. Подобро да се пробаат, отколку човек да се труе со јаки лекови, антибиотици и слично.
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  15. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Зошто не ми одговори на прашањата?

    Не правевме муабет што ИМА во хомеопатските лекови, туку поентата од видеото беше дека во нив НЕМА ништо и според тоа нема можност да има дејство.

    Во видеото е претставен реален начин за производство на вакви лекови, нема потреба од никакви апаратчиња, нив ги користат за да не се уморуваат од тресење.

    А тоа дека повеќето биле зрнца е точно, и од видеото гледаш дека оригинално треба да се направи со вода, и после тие зрнца стојат во водата и божем така се пренесува духот на молекулата, тоа нема резон. Полесно им е да продаваат зрнца, инаку оригинално тоа е течност.

    Мене, а верувам и на останатите тука би ни било мило да ни се приклучи твојата роднина хомеопат за да ни помогне во сфаќањето на хомеопатијата. Би ти биле благодарни ако ѝ/му кажеш за оваа тема на форумот.
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски
    Од телефин пишувам затоа не ти одговорив на некои прашања. Како и да е јас лично не би сакала тој да знае дека сум на форумов, имам пишувано многу лични работи.
    Како и да е имаш цврсто мислење и став кон ова ок. Но, мислам дека претеруваш со тоа убедување и контрирање и отфрлување на природното. Тоа е твој избор, немаш доволно знаење на ова поле, освен нешто што читаш по интернет. Јас тука пишувам затоа што знам, знам дека помагаат и знам дека нема штетно ништо во нив и дека не се празни или незнам како ти ги опиша. Па дома имам такви, блиску ми е некој што го студирал тоа. Ги сфативме твоите мислења, сега да оставиме место и другите да се искажат без да ом возвраќаш со негативни и пред се неточни информации.
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  17. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Е кои информации се неточни?
     
  18. DiaCor

    DiaCor Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    27
    Нее точно дека материите се исто како што се енергиите и тиа се исто како информациите!!!!!!!!!!!! Тиа се три различни нешта. Што тука има нејасно?
     
  19. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Изгледа физика не ти е јака страна. Дали ти значи нешто оваа формула од Ајнштајн E = mc2? Таа формула покажува дека си грешка.

    Како и да е, сосема излишно е да се зборува за физика, хемија, или наука кога се дискутира за хомеопатијата. Затоа што принципите на хомеопатијата се спротивни од целата сегашна наука.

    Остави ги физиката, енергии, материи, информации. И самите хомеопати признаваат дека не би знаеле како хомеопатските лекови би делувале, ако делуваат воопшто. Истражувањата покажуваат дека и воопшто не делуваат.
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.474
    Допаѓања:
    39.701
    Пол:
    Женски
    Кои истражувања и баш ме занима кај си го прочитала тоа? :D
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.