А мозе ли да ми казеш поопширно каков проблем имал твојот член од семејството и кај кој хомеопат сте биле вие во Скопје?
За жал и јас имам лошо искуство со хомеопатијата. Пред една година мајками беше болна од рак и отидовме кај хомеопатка во К.Вода , не се секавам како се викаше , ама по препорака од пријателка која имала добро искуство отидовме. Хомеопатката и даде некои лекови , па да ги лупка пред да испие незнам колку капки , па незнам што ,па некое брошурче ни даде да го прочитаме ....и така почна мајками да пие од лекот и точно се придржуваше сирота се како што и беше кажано. Не само што не и беше подобро , веќе утредента ги доби првите големи болки. Можеби случајно се софпаднало , а болките ионака требале да се појават , незнам. Се јавивме кај хомеопатката и кажавме за болките , а таа ни рече дека така треба да биде , дека кристалите делуваат ....и така мајками продолжи со капките. Но за жал никогаш повеќе не и се намалија болките , почна забрзано да напредува болеста .... и за жал после два месеца почина. По случајот на мајками , разбрав и за друг случај на болен од рак кој после хомеопатската терапија , му се влошило здравјето ....исто и тој е денес починат.
Хомеопатијата не може да наштети ( освен ако со замајувањето кај хомеопат може да задоцните со одење на лекар а имате некоја болест каде што времето е битен фактор во лекувањето)....заради тоа е одобрена...е сега, дали и како делува е многу субјективно.....
Да не се вика Ели? Госпожа што е против хемотерапија и која инсистира дека може да излечи рак а кога работата ќе тргне на лошо, крив е пациентот што не се придржувал до нејзиното `лечење`?
Да , Ели се вика. Јас не се сеќавав на името , ама се јавив кај пријателката што ми ја препорача . Ели се вика и право да ви кажам имаше мноооогу пациенти. Незнам , може кај други болести има некаков ефект , ама кај рак никако .
Таа ,ај ќе пишам жена ама сакам многу полошо да ја наречам, ја убеди мајката на моја многу блиска особа да не оди на хемо, како хемото ќе ја убиело, како никогаш немало да се опорави и и испонаправи сто филмови на жената како модерната медицина е лоша. Луѓево и поверуваа и почнаа на неа да и даваат пари, а не е евтина, шишенце купено од кај неа е 300 ден, а паралелно со хомеопатијата почнаа и со други алтернативни пристапи - сангејзинг, вода стоена на сонце (или месечина беше? веќе не ни памтам), исхрана според Гершон иститутот, Спојлер уринотерапија ама џабе беше, ракот метастазира. Дали знаеш дека хомеопаткава беше против тоа болната да оди да се сними на ренген? Женава се витка од болки, неееее, од зрачењето од ренгенот ќе и се врати ракот... и кога отишле да ја видат и да ја прашаат што сега, откако на доктор им потврдиле дека ракот е вратен, нејзиниот коментар бил ` епа да ме слушавте мене, ова немаше да се случи`. Она важно убаво ги извозе, им ги зема парите па сега нека се снаоѓаат со метастазиран рак. А најбеден момент е , неколку месеци после фамозното `е што да ви правам сега?` ја виделе хомеопатката како болна си купува антибиотици од аптека...
Извини, не ме интересира таа жената, туку дали болната ја применуваше Герсоновата терапија во целост ? Зоштоима случаи каде ја применуваат Герсонова терапија до пола (ги пијат тие соковите), а паралелно си јадат што си сакаат, па после никој не им е крив ! А, дека хемотерапијата убива, убаво ти рекле. Лекарите сакаат болни луѓе, да заработуваат на нив, не сакаат здрави и мртви.
Извини, ама многу плитко размислување. Така да им речеш на мајкати и татко ти, не ве сакам живи ако не можете да оздравите. Па кој нормален вака размислува, дека луѓето е подобро да умираат ако не може на магичен начин да оздрават. И ова размислување го гледам се повеќе и повеќе, и тоа од млади витални луѓе кои немаат никакви проблеми и на некој начин нормално е така да размислуваат. Ама малку размислете бре, медицината и лекарите не се магионичари па со едно замавнување да исчезне цела болест, најчесто нема лек и најдоброто решение е контрола на болеста. Па луѓето не се предаваат така лесно, ако не можат да бидат повторно во полно здравје сакаат да го живеат и искусуваат животот. А тоа дека со Герсонова терапија или со хомеопатија се можни такви излекувања исто не е точно, за нив нема доказ и тие оправдувања дека не се придржувале се само едно оправдување кога ќе се види дека немаат никаков ефект и резултат. И затоа толку се строги тие препораки, не прави вака, не прави така, за да има најразлични оправдувања потоа. На тие кои земаат хомеопатски лекови им препорчауваат да не јаделе ништо луто, ментол, нане, пеперминт, кисело, да не ги допирале лековите до електромагнетни зраци, до телевизор, до компјутер, до радио, до микробранови, тоа не е ништо туку само хомеопатот да си има оправдување кога ќе се види дека нема резултат. „Не ти се излечи ракот? Аааа сигурно апчињата си ги ставил до телевизорот или можеби зборуваше на мобилен откако се напи апче.“ Немаат никаква логика овие работи.
Експерт, Татко ми е по занимање лекар и јасно има кажано многупати дека секогаш кога се школувале, оделе по семинари и сл. им било кажувано дека им се потребни: болни лица, а не здрави или мртви. Значи целта им е да ги држат болни. Знам дека звучи чудно, можеби морбидно, но да сме реални, зарем не е вака ??? И впрочем кој денес е задоволен од медицинските услуги, пристапот од лекарите, од лекарствата ??? Не за џабе велат: Не дај Боже да се разболиш ! Значи моето размислување не е плитко, само зошто не размислувам како тебе. Среќа што се повеќе млади се освестуваат и бараат и други начини освен традиционалната медицина. Татко ми во пракса видел пациенти кои оздравиле после рак без никаква хемотерапија, туку само преку други природни начини. А, Герсоновата терапија никому не му чини зошто како ќе заработуваат огромни средства здравствениве компании !? Трето, огромно значење има препаратите (пример. Зеолитот) да се држат настрана од мобилни и сл. уреди зошто секој кој има мозок ќе разбере колку тие зрачат, а самото зрачење е прештетно и ги уништува главните состојки во нив.
Се придржуваше до најмал детал, максимално беше посветено на таа терапија зошто сметаше дека од тоа ќе оздрави и нормално дека нема да си игра играчки со здравјето. Значи, одма престана да се фарба, престана да користи козметика, извади обетки и бурма, пушење ни на тераса (да не влезе чадот внатре), кај нив дома се готвеа само рецепти кои ги препорачува Гершон институтот за тој вид на рак, дури и порачаа од Англија некој суплемент за исхрана на болни од рак кој бил препорачан (или произведен?) од институтот. Целото семејство беше максимално ангажирано и несебично си помагаа, како магариња тегнеа од пазар по 15 кила овошје и зеленчук, ги држеа во сода, купуваа од селава демек огранско овошје и зеленчук по 3 пати поскапи цени, мало богатство оставија по продавнициве за здрава храна но резултатите изостанаа. Силвер, значи женава пиеше Спојлер урина до толку беше предадена. пс и алтернативците сакаат болни луѓе, од нив носат храна на масата, плаќаат сметки и одат на одмор, не работат они џабе, туку напротив
Ракот се лечи многу тешко со каква сакате медицина, алтернативна, неалтернативна, западна, источна, кој добие рак има меч над глава а шансите за излекување се мали. Тоа не значи дека треба веднаш да се предаде дека нема спас туку да се немаат нереални очекувања затоа што и со најдобра терапија (од било која медицина) можно е да нема посакуван резултат. Односно ракот се лечи лесно и сигурно само кога е на туѓа кожа а не на своја.
Наушица, жал ми е за сето тоа што се случило, но секогаш ќе има примери и од двете страни, каде некои случаи завршиле фатално. Има нешто што се вика карма, Божја волја, во која јас лично си верувам, и ако нешто мора да се случи, ќе се случи. (За уринотерапијата немам негативен став, баба ми ми има кажувано како деца порано се лечеле со помош на урина. Така ги учеле старите. За секоја рана, болка, или се мачкале или пиеле по посебна процедура и никогаш не биле од ништо болни. Имам две-три другарчиња тешки, гадни болести решија со помош на уринотерапијата. Како што овчиот измет дава плоден род и е добар за земјата, така и други измети/урини си имаат некое позитивно дејство, кое е веќе докажано. Пример и спермата е одлична за некои болести и кожни проблеми. Е, сега не се грозиме да ставаме сенекакви хемикалии на лице или во уста (да зачитаме по амбалажите ќе се фатиме за глава!), а за нешто природно и корисно се гадиме. Но, се е до самиот човек.) Х-Ман, не знам зошто толку песимистички став имаш. Јас верувам дека со силна волја може да се пребродат и најтешките болести. И секогаш треба да им даваме подршка и позитивен став на оние кои се болни.
Женава- Ели очигледно намерата и била што повеќе да ги воза луѓето и да си заработува пари. Тоа што таа е хомеопат не ја црни хомеопатијата,да бидеме реални, не возале доктори некои пациенти? Ехее и тоа колку. Прво еве мајка ми е таков случај, ќе умреше женава ако оставивме на нивната ажурност. (Не дека се обративме на хомеопат, немаше потреба од тоа). Жената изгуби незнам колку крв, докторот рече река ако сме задоцнеле само 5 минути ќе умрела од губење крв. Иииии не и направија трансфузија на крв. 12 години жената неможеше да си ја поправи крвта. Фала му на Господ се опорави малце пред 5-6 години. А пто се однесува на сликава погоре, девојкава незнам дали е свесна дека докторите односно брзата помош на што и се однесува сликата- треба брзо да интервенира, значи незнам еве пример- да се сошие особата, трансфузија ја крвта, давање воздух, реанимација и тд. Чисто да ја просветлам девојкава што ја ставила сликата- хомеопатите не го прават тоа, не им е во опис на работата . Тие по природен пат даваат лекови за БОЛЕСТИ, а не итни работи. Е да се надоврзам на муабетот, хомеопатските лекови 10390239204920429840294% не наштетиле, тие можеле само да помогнат. Но хомеопатката кога видела дека нема напредок требала отворено да каже- е тука и е грешката. Мое сочуство на девојката што починала мајка и, навистина жалам и знам дека заувек ќе ги мразиш хомеопатите и несакам да те убедувам во нешто спротивно. Но мое мислење е дека ова не е лошо искуство со хомеопатијата туку со хомеопатката- лоша, злобна и себична жена која не заслужува да го работи тоа што го работи.
Homeopatija je priridan i veoma efikasan način lečenja oboljenja bez korišćenja hemijskih lekova, ili uz njihovu minimalnu primenu. Ovaj vid lečenja je nastao još u staroj Grčkoj, a u poslednjih dvesta godina intenzivno se primenjuje širom sveta.Homeopatija uspešno leči niz fizičkih i psihičkih oboljenja kao što su kašalj, prehlade, grip, alergije, stomačne tegobe, upala grla i ušiju, anksioznost, poremećaji ponašanja i mnoga druga. Homeopatski lekovi se prave od supstanci iz prirode i deluju ne samo na naše fizičko telo, već i na naš um i emocije,dovodeći ih u ravnotežu.
Ве молам од д-р Кристијан (оној во Карпош) доколку има некој број во лп. да ми пише број. Навистина ми е повеќе од итно. Благодарам однапред