Имам една другарка, која е лезбејка... И сè тоа е во ред, но таа е заљубена во мене и покрај фактот што имам дечко и сум хетеро, и покрај тоа што јасно и гласно и’ имам кажано дека не сакам ништо повеќе од пријателство со неа. Не можам да ја поднесам веќе. Цело време ме манијачи. Прекинав и контакт со неа, но сепак наоѓа начини да се доближи до мене повторно.