jas dobro razbiram tuku ti ne razbiras za vas izgleda podobro e da gi tapkate po ramo, nekoja si moralna podrska, namesto minimalna promena koja bi im podobrila zivotot za vas davanjeto nekoi prava wow i odma ke bidat prifateni ko sto sakaat? toa e iluzija, vo denesno vreme i da im dadat milion prava nikogas nema da bidat prifateni, ti odgovaralo ili ne toa e vistinata za 200 god mozebi
Не мора да се прифатени, никогаш нема да се прифатени 100%. Доволно е да ги оставите на мира. А вие вашето мислење, само меѓу 4 ѕида си го чувајте. Не може никому да му биде скратено правото да прави што сака, во смисла да е тепан, понижуван и слично. Ти што сакаш мисли си. Тука го завршувам разговорот затоа што немаш способност да процесираш што зборувам.
drago mi e dokolku e kraj, a se lazes obratno e, ti ne sfakas najloso nesto sto nekomu mozes da napravis e vaseto tapkanje po ramo bez sansa toa tapkanje da im pomogne bilo sto, pak utre ke gi ismeaat, a ne sum slusnala nikoj da gi tepa ne si pravete prikazni i uste velis sekoj ima pravo NO mene ti mi zabranuvas da kazam sto mislam za odredeno prasanje? izvini molim te se citas sto pisuvas? ti si nikoja za da mene bilo sto da mi zabranis!
Драги мои, во голема дилема сум. Имам 32 години, запознав другар од 23 години. Се дружиме повеќе од недела дена, се гледаме скоро секој ден бидејќи живееме блиску. Тој живее сам, јас со родителите. Иако знаат за мене, не ме прифаќаат и премногу се грижат за мене кога ќе искочам со друштво. Oва наше дружење не е нормално дружење кога сме кај него бидејќи се гушкаме и уживаме во тие заеднички моменти. Нагалено го викам памукче бидејќи за секунда го омекнувам и го скротувам заборавајќи на стресот секој ден. Кај родителите е проблемот што тие никогаш не виделе да донесам некого дома, дали девојка или дечко / другар, тие едвај чекаат да го запознаат другарот. Не знам како би реагирале ако видат дека во негови прегратки навистина се осеќам сакано, можеби само им треба доказ дека навистина сум среќен можеби тогаш би ме прифатиле. Од друга страна, тој е млад, храбар со малку искуство со девојки и другари и ми кажа дека се плаши да се заљуби во мене бидејќи не сака да си ги поттиснува чувствата кога сме во јавност, а знаејќи каде живееме, ќе мора да се адаптира на тоа. Во тој поглед е неискусен, но гледајќи ја разликата во години од 9 години (исто како и моите родители) верувам дека би можеле навистина убаво да се надополнуваме, тој ме прави да се осеќам помлад и похрабар, а јас му давам животно искуство бидејќи сум 9 години испред него. Не знам како ќе биде, времето ќе покаже. Од друга страна пак неколку геј пријатели ме советуваа никогаш ни под разно да не сум се заљубил во бисексуалец. А сега да се надоврзам на тие што плукаат по хомосексуалноста. Плукате по љубов по двајца што се сакаат. Кога две жени се лапаат во порнич, мажите лудуваат, а оваму е ненормално? Нормално е да се држите за раце заљубено за атар на децата, а дома да си ги вадите очите? Нормално е мажот да се пијанчи со друштво, а жената да се чука со кој ќе стигне, мажот пијаница да ја тепа жената и децата. Ама да, тоа било нормално во нашево нормално конзервативно општество. Половина општество ни е бисексуално ама заглавено во животи зацртани од нашето патријархално општество. А за деца, верувајте, дека геј парови можат да растат дете многу посреќно и подалеку од предрасуди и насилство отколку "нормалните" парови. А за тоа имаше безбројни истржувања низ светот. Толку ми текна на брзина на темава.
Шо ги мешаш сеа работите? Ако ти е убо бидиси педер кој сака нека е лезбејка а нас "нормалните" немора да не клеветиш оти ти си имаш мака.
Не клеветам, само кажувам реално како е. А вас ако се осеќате прозвани од кажаното според онаа народната...кој си ја има мувата на капата сам си вика иш...не сум јас крив за тоа. И ве молам без вулгарности, јас сум геј а не педер. Ама по начинот на изразување ви се гледа домашната култура.
Сакаш да кажеш дека во истополовите заедници нема такви работи? Нема насилство кон партнерот, пијанчење или неверство ? Само прашувам, навистина сум љубопитна.
Од мое искуство скоро непостоечки бидејќи не сме многу на број, знаеме колку е тешко да се најде и задржи партнер и затоа не се случуваат такви работи.
Еве ќе те цитирам и ќе го демантирам твоето мислење со мое лично искуство. Јас имав дечко скоро 6 години и во тој период врската ни беше прекрасна. Во живот не беше повишил тон на мене ниту па да ме удри (чувај Боже). Во моето искуство со женски-женски однос девојките знаеле да бидат многу саркастични со цел да те навредат. Знаеле да повишат тон и да те стиснат. Бев во врска со девојка околу година ипол и беше премногу љубоморна и понекогаш знаеше во бес да ме стисне грубо за раката. Сакам да кажам од мое искуство женско-женски однос може да биде многу токсичен и агресивен. Може да биде и прекрасен (зависи од личноста)
Здраво луѓе, веќе 3 недели се дружам со еден дечко. Иако поради работните обврски се организираме временски да поминеме 2 3 часа заедно, се трудиме да биде редовно. Една работа малку ме замисли па сакав да ве прашам за мислење. Пред некој ден во 1 саат навечер ми пратил заклучен албум на Гриндер, јас дури ја видов пораката следниот ден кога и го прашав што било тоа што ми пратил а тој ми велеше дека ништо ми нема пратено и дека 10 дена нема отворено Гриндер. Потоа приметив дека пораката беше избришана. Вечерва и сношти скоро секоја вечер го гледам уклучен на Гриндер за кратко време. Јас кога се гледам со некого и ако имам сериозни намери со него за нешто озбилно, јас нема да отворам Гриндер и да се допишувам со некого од забава или од досада колку да тепам време, а уште помалку би се гледал со некој ако истовремено веќе се дружам со некого со кого имам искрени намери. Секако дека не можам никому да забранам да се допишува ама ако се гледа со некого додека се гледа и со мене, сметам дека треба да знам, без разлика што меѓу нас уште нема ништо сериозно. Но бидејќи од првиот ден рековме дека играме со отворени карти, треба да бидеме доследни на тоа. Дали можеби претерувам?
Ај просветли ме шо е тоа Гриндер,ако е апликација за запознавање или нешто слично треба отворено да разговарате и да ти каже дали има искрени намери со тебе или не,за да знаеш на шо сте.
Бара подобра опција од тебе. Штом дреме на апликации, верува дека секогаш може да најде нешто подобро. Имав слични искуства. Као супер ни е, бараме моногамија, а потоа продолжува да дреме на апликации. Обично кога наоѓаш некој и си емотивно и сексуално исполнет, не те занимаат други. Штом е активен таму, кога тогаш ќе почне да се допишува или веќе се допишува со други. На такви апликации не се разговара за глобално затоплување. Денес имаш и особи кои се во брак, а се активни на тиндер.