Не, тоа е последица на гревот. Оригиналниот коине-грчки збор за грев е „амартија“ и буквално значи „промашување на целта“. Целта за која бил создаден клучот била бравата, капачето - тенџерето, пенисот - вагината итн. И ова не се однесува само на хомосексуалноста, туку и на оние кои имаат желба да блудствуваат, да изневеруваат, да бидат себични, да оговараат, да лажат, да крадат, да повредуваат, да бидат склони кон алкохолизам, дрога итн.
Хомосексуалноста не може да се спореди со ниедно од овие што ги наброја погоре. Жално е што постојат луѓе што се уште размислуваат на овој начин.
Сега малку се збунив. Сериозно ќе прашам, значи без потсмев: во првиот ред работите се нормални, а во вториот не се? И ако вториот ред не е нормален, зошто е тоа така?
Како го кажа ова како ние со ваквиот нормален начин на размислување да сме малцинството, а луѓето што сметаат дека хомосексуалноста е нормална - мнозинството. А уствари е обратното.
Аха. Добро. Дека рече во множина "работи кои се и кои не се нормални". А јас би рекла дека нормалното и природното не може да имаат исто значење за сите. Па за мене единствено природно и нормално е тоа што е на третата слика. Тоа значи дека е природно само тоа што се случува во ДНК-та и утробата на мајката додека го носи детето. Или, во превод, каков ќе испадне човек - таков треба да биде и е нормално и природно. Се' друго е резултат нс човекова активност. А ако некој во утробата прими вишок естроген или тестостерон и ако пројави поинакви преференци од оние на кои сме навикнати, тоа е пак природно и нормално, или што би се рекло - виша сила. Патем, и љубопитноста кај човекот е нешто нормално и природно.
Не станува збор за тоа кој е малцинство а кој мнозинство. Дури и таквите како тебе да се мнозинство, не значи дека се во право. И не знам каде живееш и во какви кругови се движиш, но јас можам да кажам дека луѓе што ја споредуваат хомосексуалноста со набројаните нешта од тебе погоре, за среќа ги има се помалку и помалку. И на крајот на краиштата, не е ни важно дали некој прифаќа или не, се додека постојат храбри луѓе што знаат да се борат за тоа што го сакаат.
Поранешниот директор на клиниката за психијатрија - проф. д-р Георги Чадловски (невропсихијатар и супспецијалист по клиничка психијатрија и психофармакологија) во учебникот по Медицинска психологија јасно ја има опишано хомосексуалноста како сексуално растројство. Секоја чест на храброста и непоколебливоста на проф. д-р Чадловски. Мило ми е што сеуште студентите учат по овој учебник.
^ Истиов невропсихијатар да не користи френологија случајно за да докаже дека хомосексуалноста е растројство? Срамота е во ерата кога е веќе докажано дека хомосексуалноста е комбинација на генетика и добивање на одредена доза на хормони во матката да се земаат вакви „научници“ застанати и заборавени во времето за пример. П.С. И кај животните хомосексуалноста ли е разултат на грев?
Мала анализа...текстот ми е копиран, не е мој... Во истиот учебник се групирани растројствата според МКБ-10 на Светската здравствена организација, но таму не може да се пронајде хомосексуалноста во групата „растројства на сексуалната преференција“ - каде што се сместени „фетишизам, фетишистички трансвестизам, егзибиционизам, воајеризам, педофилија, садомазохизам...“ Значи, Георги Чадловски, кој е потпишан како „директор на клиниката за психијатрија при ЈЗО Клинички центар - Скопје и шеф на Катедрата за психијатрија при Медицинскиот факултет во Скопје“, самоволно ја прогласува хомосексуалноста за растројство, иако таа не е специфицирана во листата на ментални растројства на СЗО. Во оваа листа (во одделот F66) кристално јасно е укажано дека „Сексуалната ориентација самата по себе не треба да се смета како растројство“ ("Sexual orientation by itself is not to be regarded as a disorder").
ај објаснете ми сега нешто , ако хомосексуалноста е растројство , еве јас сум била интимна со женско САМО од љубопитност и од остварување на моите сексуални фантазии , физички не ме привлекуваат женски , туку ме привлекуваат само од машкиот пол! Сега дали љубопитноста и фантазијата се сметаат за растројства ( болест , пореметување) ?
Нема врска, сосема си нормална... тоа што некои сакаат да го прикажат тоа како некакво пореметување, би било добро сами да се преиспитаат во тој поглед... Праксата покажува дека најголемите хомофоби се всушност прикриени или потенцијални хомовци...
Многу исцрпни одговори паѓале овде денес,од поклопци,тенџериња,брави,клучеви,до книги и нз.тамо што. А зашто почнаа да се користат тенџериња ,тави,јајца,домати и сл.на протести? Хахахахаха П.С.очигледно намената им е за повеќе работи само кој ке се досети,желбата си го прави своето!
Кај животните е забележано и јадење на сопствениот измет или лижење на анусот после голема нужда. Кај животните е забележано и секс помеѓу различни видови. Дали однесувањето на животните одредува што е нормално? Луѓето не се животни, туку имаат разум и свест да укапираат што е нормално и природно, а што не е. Тоа не прави посебни и не одделува од животните. Тоа што скоро сите хомосексуалци се родени и изгледани во хетеросексуални бракови е доказ дека хомосексуалноста не е генетски предодредена. Во спротивно ткн. „ген за хомосексуалност“ ќе се пренесуваше од родители на деца
Па никој досега не кажа дека хомосексуалноста е нешто што се наследува. Едноставно, ДНК-та на секој организам е преполна со заспани гени на кои им е потребен само некој тригер за да се разбудат. Имено, се смета дека може да биде и вродена и „стекната“.
Имaше некoи чудни прoфесoри и кaј нaс нa фaкултет сo чудни стaвoви зa истoпoлoви врски. Али не збoрувaa зa некaкви пoреметувaњa туку беa oнaкa пoлитички кoректни не билo прирoднo, a нa лице му се читa декa сaкa дa викне мрaзaм педери/лезбејки.
Толкувањето на функцијата на заспаните гени е рамно на толкување созвездија во астрологијата. Да хомосексуалноста може да се стекне, на пример кога деца во развој се злоставувани од хомосексуалци. Има еден куп такви случаи.