Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Однесувањето на животните одредува што е природно, нормално е субјективен збор и нема некоја објективна тежина. Ама, дека хомосексуалноста е природна - е, бидејќи се случува во природата.

    Инаку, нели хомосексуалноста кај луѓето е резутат на гревот? А кај животните на што е?

    Луѓето се животни, само со повисоко ниво на свест и разум. Инаку, апсолутно ништо друго не е одделува од нив.

    Тоа може да биде доказ и дека еден од родителите бил прикриен хомосексуалец, ама принуден да стапи во брак со личност од спротивниот пол, од општеството и таквите како тебе. :)

    А никој не рече дека се работи за еден конкретен ген, како и дека тој е доминантен, па да мора да се јавува толку зачестено. Се смета дека всушност се работи за генетика, но и дека голема улога игра колкава доза на хормони (и кој хормон) ќе се испорача до мозокот на фетусот помеѓу 6-8 недела од бременоста.
     
    На Lolo5, theowndemon, Papillon.Papi и 6 други им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.721
    Допаѓања:
    10.229
    Пол:
    Машки
  3. Hapburn Audrey

    Hapburn Audrey Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против хомосексуалноста и хомосексуалците како и склулувањето на бракови помеѓу нив. Но, не ми е јасно малку тоа со посвојувањето на дете какво ќе биде неговото детство дали ќе биде тоа нормална средина дали детето ќе се развие во нормална здрава индивидуа...
     
    На oblace1, Rama и EvAngelos им се допаѓа ова.
  4. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.507
    Пол:
    Женски
    секој нека си прави како што сака и како му е кејф , вие што си немате попаметна работа и осудувате и оговарате местото ви е покрај селска чешма да си седните и да гракате ;)

    На секое дете му треба љубов и внимание , сигурно подобро би поминале децата ( посвојами, со вештачко оплодување и сл.)што се од истополовен брак отколку од разведени родители со трауми!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.721
    Допаѓања:
    10.229
    Пол:
    Машки
    Многу добра поента. Тешко дека детето ќе има нормално детство и ќе има потешкотии да се развие во нормална и здрава индивидуа. На секое дете му треба мајка и татко. Девојчињата што се растени на пример без татко се склони да се заљубуваат во постари дечковци затоа што во нив го бараат таткото што го немале. А го бараат, затоа што им треба.
    Може да се надмудруваме до 101 и назад, ама ставете се за момент баш нивна кожа и ќе сфатите дека нормално и здраво за секое дете е да расте во нормален брак склучен меѓу маж и жена т.е. да има мајка и татко.
     
    На Rama, LUCERKA и Hapburn Audrey им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Евангелос, немој со вакви линкови – еднаш веќе не преместија во друга тема, страв ми е дека следното преместување ќе биде во канта. :D

    Всушност, воспитувањето и средината во која е растено детето има многу мало влијание врз неговата сексуална ориентација. Исто како што повеќето хомосексуалци произлегле од „нормални“, хетеросексуални семејства, со мајка и татко – така и детето одгледувано од страна на хомосексуалци, ако нема такви предиспозиции, ќе израсне во хетеросексуалец. Едиствено, воспитувањето од посвоените родители ќе му помогне да не биде хомофоб.

    Евангелос, дали ти тоа алудираш дека освен хомосексуалците, и децата растени со самохрани родители се ненормални? :D

    Битно е детето да расте во средина исполнета со љубов и хармонија – што фајде ако има татко и мајка, ако во семејството владее психичко и физичко насилство?
     
    На Lolo5, theowndemon, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Hapburn Audrey

    Hapburn Audrey Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Поентата не ми беше да кажам дека детето ќе стане хомосексуалец туку каков ќе биде неговиот живот растено во смејство со родители од ист пол. Сепак девојчињата се повеќе поврзани со мајките, а момчињата со татковците дали тие истополови родители било да се од машки или женски пол ќе можат да одгледаат нормално едно дете не знам само си се прашувам малку ми е чудно... Тоа е само мое мислење времето ќе покаже што и како ќе биде со тие деца.
     
    На EvAngelos и Rama им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.803
    Допаѓања:
    169.942
    Пол:
    Женски
    Сериозно мислите дека дете посвоено од хомосексуалци ќе стани и самото хомосексуалец? |(
    Мислам неодамна беше кога увидовме дека тоа е до одреден степен вродено?
    Сепак за хомосексуалноста има два вида: генуин и оказионин.
    Генуинот е вроден облик на хомосексуализам, и не е наследен. Генетските фактори може да се разгледаат од аспект на асоцираност на својството со некои хромозомопатии, но и од аспект на генетската детерминираност на персоналитетот и цртите на личности и оваа опстојува низ целиот живот (зошто имам читано за луѓе кои ја „лечеле“ хомосексуалноста).
    Оказионинот е средински облик и е карактеристичен за такви средини, во кои срединскиот фактор може да се третира како екстемно изменета, но и за подолг временски период неменлива варијабла (накратко - кога се нема избор, обично во некои стари племиња каде е застапено како обред, а не кога семејството се хомосексуалци).
    Барем до сега, се немам среднато со некој податок кој укажува на тоа дека ако родителите на посвоеното дете се хомосексуалци дека и тоа ќе биди, дури и ако неговите биолошки родители се хомосексуалци нема како тоа да биди хомосексуалец. Тоа е индивидуално. Како шо кажа Бендер погоре, има семејства без еден родител, деца посвоени од други родители, одвоени од биолошките, високо нефункционални семејства со два родители, и ова е семејство кое може да варира како и сите останати.
    Мислам дека и порано се имам искажано на темава, јас поддржувам истополови врски, бракови. Мене лично не ме засегаат, не ми сметаат, немам никаква штета, па оти и тие да не бидат среќни? Мислам кој има штета од туѓата среќа? :?:
     
    На Lolo5, Ketchup, Jordanovska-K и 2 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.721
    Допаѓања:
    10.229
    Пол:
    Машки
    Сидата е многу позастапена меѓу хомосексуалците и бисексуалците. Во Америка хомосексуалците и бисексуалците се околу 2% од популацијата, а сепак тие биле дури 72% од сите новозаразени во 2010 година на возраст од 13-24 години или 30% гледано од сите возрасти.
    http://www.cdc.gov/hiv/risk/gender/msm/facts
     
  10. elenkata20

    elenkata20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Па нормално негов живот негова ствар ( ако сакаат зошто да не тие и кон тоа целат ) но мн е Лошо малку кога ќе се вратиш во реалноста..Родители,Другари,Пријатели,Познаници.. Во другите држави можеби е поразлично..А кај нас :/ тапа е и здравје утре детето го прашуваат на Кого си ти ?! Штознам..Глупаво е се што ти и твоите сте стекнале пред таа одлука се руши и ..детето ( невино ) суштество Страда..едноставно е поттурнато..мое мислење..Поздрав !!
     
  11. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против , само не ми е јасно дали гледаат иднина? Пород и сл ..
    Против вера ми е секако , но нивна работа. Познавам неколку такви , ок се со мене, муабети нормални , кафе ,седенки ... Не сум читала премногу за ова, дали е во прашање хормонско пореметување или психа , ств сакам да знам . Знам само дека од спротивен пол чувствуваат одбивност ,па ако ги прави среќни нека си живеат како сите нас , но мислам во јавност пред очи на деца , не!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Иван404

    Иван404 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Според мене ова е болест, болест која се создава од необразованост... Ако добро го воспитате детето нема да ви биде хомосексуалец верувајте.. Поубаво да им кажете кој телесен отвор за што служи него да се срамите од мив цел живот.. Во никој случај не ги подржувам, а најмалце во посвојување на деца..(кутрите деца)...Размислете само што учи вашето дете кога ќе види таков случај на улица..Знам дека ќе бидам премногу осудуван за мислењево ама тоа е, тоа е моето мислење.. Тие таквите што ве има овде можам да ви кажам само продолжете да живеете..Тешко на родителите кои се мачеле и се мачат цел живот за вас..
     
    На simonna.a и Petar80 им се допаѓа ова.
  13. Иван404

    Иван404 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Читам мислења на некои хомосексуалци и се чудам...си признава дека е недоволно образован.. Човече имаш 300 болници 300 психијатри или незнам какви чуда, кога на време сте го откриле тоа па иди лечисе.. Или полесно ви е изгледа да ја продадете честа и угледот на семејството за сексуален нагон....Жално.. Со какви ли луѓе го разменувам воздухот....
     
    На Sesil и Petar80 им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.620
    Допаѓања:
    43.234
    Пол:
    Женски
    Да се е тоа од недоволно образованост како досега не им текнало по толку испитувања дека тука лежи зајакот. Помило ќе ми е син ми или ќерка ми да се изјасни како хомо отколку да гледа како ќоњ и да има мрвка ограничен мозок како тебе.
     
    На Lolo5, Sanjichka007, Filiposka и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Иван404

    Иван404 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Па добро.. само со такво размислување незнам дали ке станеш мајка, ако станеш незнам дали ќе видиш внуци... а и да имаш деца хомосексуалци причина ќе биде тоа што ќе ги учиш да немаат ''ограничен'' мозок како мене... Ни фалат изгледа и Хитлер и Тито и Сталин......
     
    На Petra777, simonna.a и elimkd им се допаѓа ова.
  16. Аliсe

    Аliсe Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    6.979
    @Иван404 :x
    Не знам на кого всушност му треба лечење тука...
    И демек само гејовите имаат орален и анален секс?Веројатно сметаш и дека девојката треба да остане невина до прва брачна ноќ,така?
     
    На Lolo5, Sanjichka007, Filiposka и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Иван404

    Иван404 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Што сметам јас напишав... Господ не створил џабе два различни пола... и немам ништо против никакви односи машко со женско освен силување.. позз
     
  18. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.080
    Пол:
    Машки
    Не ни навлегува детално во темата но би прашал само.
    Како би опстанале како општество како луѓе доколку станеме сите геј. Како би се размножување нели размислуваме дека тука нашата лоза застанува се прекинува и дали е тоа природно
     
    На MilaP, joy1, Outlook и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Иван404

    Иван404 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Другар ако барем ти ме разбираш.. не сакам детето да ми гледа такви работи не само мое дете, сите деца, не рекол Господ така, а они ако се скренати нека се тргнат од местата кај што живеат нормални луѓе..
     
    На Outlook и Petar80 им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    @Иван404 добро бе, се читаш ли само какви сè работи измеша? Како успеа да ја поврзеш темава со писменост и образование? :?:
    Образованието, цивилизираноста треба да нè учат да ги прифаќаме луѓето онакви какви што се и да не ни пречи различноста во тоа како некој друг си го води животот, а што нас истото не треба да нè засега.
    Уствари не знам зошто и ти објаснуваат девојкиве, со твоиве ставови изгледа ти треба стварно временска машина за у времето на Хитлер, Тито и Сталин... :clap: :|
     
    На Lolo5, Filiposka, Ketchup и 8 други им се допаѓа ова.