Светот е пренаселен, така што на никого не би му штетило луѓето да не се размножуваат толку многу, а хомосексуалците инаку имаат начини да се размножуваат.
Не може сите да станат геј тоа не се станува таков се раѓаш...не е загрозен светот од тоа што некој дел од популацијата е хомо, исто било уште на почетокот на времињата само што луѓето се прекривале. Светот ќе исчезне оти има луѓе кои решиле да се убиваат ради религија, боја на кожа и националност.
Едноставно сакам подобра иднина не само за моите деца туку и за другите, до кога со овие банални работи, немам против ништо, нека се затворат у соба и нека вршат работа тоа не им се мешам, ама зошто на улица ?? или да бараат деца да посвојуваат?? зошто... Кога се работи за нешто што не е нормално се ке спомнувам ако треба...
Wtf? Нема цел свет да стане геј само затоа што постоеле. И сега има и вештачко размножување. И да не зборам за преголемата популација што почна да ја уништува земјава... Не знам како можеш на толку животински (ма да и изразов не е на место пошо има и животни што се геј-упс, чекај нели геј не беше природно? ) начин да размислуваш, да гледаш само на размножување игнорирајќи ги светските проблеми. Божем не се доволни невините деца што страдаат, па ни требаат уште.
А што мислите,како би му било полошо на едно дете-да гледа насилство и карање дома,или да има двајца старатели од ист пол? И кога си видел двајца гејови да вршат работа на улица?
Неможеш ти да одлучиш место твоето дете и некои други , таквото нешто не е одлука која треба да се донесе и да се реши и да се промени се ... Живееме во време каде што секој има право на свое мислење и секој одлучува за својот живот, што ако утре друг ден твоето дете е геј ? Ќе бидеш лош родител ? Ќе се откажеш од него и ќе го фрлиш на улица ? Извини ама јас мислам дека со тебе нешто не е во ред штом така судиш,затоа што луѓето треба да се сакаат и почитуваат без разлика на нивната сексуална ориентација затоа што секој е човек пред се . Но за жал секогаш ќе има луѓе кои тоа нема да можат да го разберат и сватат,да ги подржат таквите луѓе и да ги гледаат како нормални,заради таквите размислувања најчесто се напаѓа и малтеретира хомо популацијата.
Добро бе како да ти кажеме дека не се станува геј ако гледаш двајца луѓе од ист пол какп на улица се држат за рака. Тоа е вродено, ете јас ќе си се дадам за пример никогаш во моја близина не сум имала хомо луѓе, но мене во иста мера ме привлекуваат и мажи и жени, значи тотално не одбивам да кажам дека некогаш може ќе бидам заљубена и во жена. Мене ме привлекуваат луѓето и нивната страст за животот, карактер и душа, не ме интересира што пол е значи буквално. Ете од каде ајде кажи ми кај мене оваа појава? Необразована сум и луда, така?
Исто и мене многу ме нервира кога ке видам дечко и девојка се бакнуваат на улица... Мислам, мали деца гледаат, каков е тој пример
Ако почнеме со разглобување на сеопфатност околу светски размери има милиони причини и полоши работи ако се смета за нешто за лошо сексуалната ориентација. Јас произнесов мој став и гледиште објективно и искрено не би навлегува повеќе и не би се впуштал во дискусија
Да точно, ќе го фрлам на улица ако е геј, ќе се откажам од него.. Ама најпрво не би дозволил да стане геј... Инаку мене со ќотек ме воспитаа и ништо не ми фали, што е најбитно не сум геј, пу пу скраја било..
Би сакала да ти го видам изразот на лицето ако твоето дете ти каже дека е геј. Првата реченица ќе ти биде „ПА ЈАС НЕ ТЕ ВОСПИТАВ ВАКА!!!“
Секако дека има. Туѓата сексуална ориентација не е твој проблем ниту мој, затоа и немаш право да се буниш и да плукаш по нив.
Јас сум една од оние кои си гледаат дома а не кај комшиите, па воопшто не размислувам за другите. Кој е геј, кој не е дали е стварно тоа моја работа? Ми менува нешто? НЕ! Зошто би ги мразела, мислам глупаво е. Секој за себе, во туѓи животи не се мешам. Верувам дека е тешко да се отвориш за таква работа, посебно кај нас оти таков е менталитетот само не ги разбирам родителите кои си ги отфрлаат децата поради тоа кога обврска на секој родител е да го сака и прифати своето дете такво какво што е па и цел свет нека е против.
Види стварно ќотек бил лекот. Знаете што џабе пробаме да докажеме нешто на човек кој има толку закоравени мислења. Ако мисли дека подобар човек е со тоа што ќе исфрли дете на улица, мислам што има тука да се дискутира понатаму.
Па еве богами незнам зашто прадедоми,дедоми,таткоми,јас никој од нас не е геј... Ама беља кога ќе направев јас стапот или каишот играше не мацо цуцо..