Зашто тоа е твојата СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА. Таа не е генетски пренослива, ниту се воспитува, така си роден и така ќе останеш. Нешто што се воспитува е игнорантноста и нетолеранцијата кон другите луѓе само поради пишан збор за кој слепо се верува дека е господов.
Во никој век не е зголемена, само сега геј популацијата не се плаши за да си се открие себеси толку многу како во минатото
Никогаш не бил зголемен ниту намален, луѓето само се криеле во тој период. Сега луѓето имаат поголема слобода и затоа ЗНАЕШ за нив. Иначе има многу историски личности кои биле геј, но криеле само заради системот на уредување и менталитетот во тоа време. Луѓето еволуираат со секоја секунда, мозокот има поголем капацитет, различни сфаќања, уредувања, технологија...
Против тоа сум најмногу незнам дали дури сега ќе ме разберете, нека прават дома што сакаат, сум против за тоа на улица и да посвојуваат деца, знам дека не сум единствен со вакво мислење иникогаш нема да го сменам...
Ти нема да го смениш, но после тебе ќе има други луѓе што ќе мислат на друг начин. И воопшто не ми беше целта да ти го сменам мислењето, извини ако се почувствува загрозено и навредено од моите ставови, продолжи да размислуваш така.
Уште си живеете во заблуда дека живееме во опшество каде секој може да каже и да прави што сака? Лесно е да кажеш - немам јас проблем со таа популација, а никогаш не си бил во нивна близина, лесно е да кажеш моите деца нека избираат сексуална ориентација, а немаш деца. Нашите родители се пораснати во комунистички режим, оди кажи им дека си хомо, или би, па да видиме што ќе кажат тие и околината, која болка, разочарување и срам ќе им биде нанесена. Вие што кажувате дека сте воспитани во името на љубовта и почит без разлика на пол пишете дали родителите би го одобриле вашиот статус Иначе во минатото не криеле дека се геј во спротивно како ние би знаеле?Од еден Александар , Да Винчи, Оскар Вајлд и многу други.
Кутрите ли деца како само ќе се чувствуваат кога ќе го разберат животот, секако ако и тие не ги наследат нивните таканаречени ''родители'' Стависе во кожата на едно такво дете и размисли малце подлабоко..
Тоа и сакав да го кажам... 99 % од моиве противници овде немаат деца (предпоставувам), а кога ќе имаат незнам дали би дозволиле да си ја изберат сексуалната ориентација или ќе бидат тоа што им дал Господ...Не верувам дека некој би дозволил своето дете да му биде хомосексуалец...
Направи таква тема па да видиш и за тие што ќе коментирам... Тогаш би ме утепале да можете, колку ли само би ги сожалувале силувачите нели ?? па и тие се луѓе, што има да се мешаме во нивните сексуални активности....
Што објаснување ќе беше тоа, се те сфатив Знаеш, кога некој нема што да каже за да си го оправда тврдењето обично вика дека треба да се 'размисли подлабоко' Што ли ќе чувствуваат децата кога ќе научат дека светот порано бил многу заостанат, дека секој си имал посебна улога според полот и бил дискриминиран доколку отстапи, а еве сега живеат со либерални родители кои ги сакаат без разлика на се и им е дозволено да си го живеат животот онака како што сакаат?
Уште си во развој изгледа.. уште си тинејџерка каде ти го полнат мозокот со секакви чуда во школо што денешницата ни ги воведува, демек за подобро утре... Мислам дека мене со таткоти ми е место муабет да правам а не со тебе пошто не сум ти врсник...
Мозокот ми е полн од многу чуда што денешницата ни ги воведува, но не од школо. Секако, пред да ми се наполни мозокот со тие чуда јас проверувам колку се тие точни и дали имаат логика. А тебе, за разлика од мене, воопшто не те интересира дали тоа што го тврдиш (воведено во минатото) има смисла, битно ако некој не е како тебе ненормален е. Затоа, тоа што си постар укажува дека годините немаат врска.
Несакам да се расправам понатака поради што си женско и сум постар, а и мразам вака кога анонимни ми делат памет и тоа помали од мене... позз
Интересно. Отстапуваш од твојата света книга... Што не ги дадеш твоите ќерки да ги силуваат непознати мажи за кои мислиш дека се архангели?
Те сфаќам, сите знаеме дека женските знаат поубаво да се расправаат, а мразам вака кога анонимни ми делат памет и тоа поголеми од мене па демек попаметни се си мислат... позз
Јас кога бев мала не паметам моите да ми викале: "Ќерко, ти кога ќе пораснеш ќе бидеш само и само хетеросексуалец" или "Никако не смееш да бидеш геј, инаку ќе ти го удриме ќутекот". Верувам, што и да ми зборувале тоа немало да влијае врз мојата сексуална ориентација. И побогу, не е болест, одамна е заклучено тоа. Како што некој е роден "стрејт" ,некој се раѓа геј или би, не верувам некој да стане еден ден од кревет на 30 години и да си рече, еј јас од денес сум геј. Не знам зошто само би ориентираните не се толку добро прифатени од ЛГБТ заедницата, и од стрејт популацијата, за првиве или не се доволно геј, или се само во фаза на експериментирање, а за другиве не е возможно тоа да им се привлечни двата пола, значи геј се дефинитивно. Имаше еден израз за луѓето што не го гледаат полот, туку карактерот, душата на човекот ама ич не ми текнува како се викаше. @1209 Јас себе си мислам дека можам да се "класифицирам" како bi-curious, значи заинтересирана сум за жени, но не знам дали би можела да се замислам во врска со една, додека поубаво би се чувствувала ако сум интимна со жена, отколку со маж.