Не ми се веруваше дека не си бил саркастичен. А, да те прашам едно малку лично прашање... Мазохист да не си случајно? Познавам еден добар садист за тебе.
Е ова го покажува твојот разум...Ако жените знаат поубаво да се расправаат тоа ги прави попаметни ???хахахахах се лажеш.... имај почит кон повозрасни, немора да ги слушаш но имај почит, Татко можам да ти бидам како не ти е срам незнам, 15 годишно девојче си гарантирам...
Мислам тоа бидејќи некои бисексуалци се polyamorous, а за тие што не се, некои мислат дека сепак би изневериле со личност од спротивен пол од оној на партнерот на бисексуалецот. Јас мислам дека зависи, сепак не сум би и не знам како е тоа да ти се допаѓаат и жени и мажи па не знам дали навистина тоа би можеле да изневерат. Но ако некој бисексуалец си кажува дека не е таков тогаш ок мислам зошто би лажел, why not give it a try
Ја би одјебал од сајтови кои се 18+ а имам 15.... И секој знае повеќе за морал и права на луѓе на тастатура ама ретко кој ги почитува во реален живот.. И едно запамти дека јас учев едно а вие друго, тие права што вие денес ги знаете се само половината од тие јас што ги знам и учев, другата половина ви се измислици кои некој ги измислил за да им даде права на ненормални луѓе за тој да се збогати и стане славен... позз..
Не спомнав дека жените се попаметни бидејќи знаат да се расправаат, но сепак. Знаат да се расправаат бидејќи се попаметни. Инаку јас за разлика од тебе немам надприродни моќи да гарантирам кој колку години има според нивни мислења, а не ме ни интересира бидејќи како што кажав годините немаат врска. Возрасните секогаш ја имале привилегијата да си го покриваат паметот со годините, т.е. требало да се почитуваат бидејќи се постари, повеќе живееле, повеќе научиле за животот. Не дека не почитувам, но почитувам според паметот. Мислам дека има некои возрасни кои си заостанале со него и колку и да живеат (како што кажа ти никогаш нема да смениш мислење), нема да се надоградат бидејќи толку им е капацитетот. А за тоа време помалите ќе си пораснат со паметот и секогаш ќе си се надоградуваат.
Е да, и тоа го имам слушнато, но ми е некако глупаво размислување. Секој може да изневери, и жена и маж во хетеросексуална врска, и во хомосексуална врска, или и двајцата еве да се би. Мислам дека проблем настанува ако пример една девојка е би, а другата лезбејка, и доколку таа што е би изневери со машко, на лезбејката и се повредува егото, како смее она мене со машко? Мене ако некој ме изневери, ќе ми биде болно дали тоа било машко или женско. Имам другарка што е лезбејка, и ми вели дека би луѓето речиси и да не постојат, туку сите лезбејки како мали најчесто ја поминуваат таа би фаза кога уште не се сигурни што сакаат.. Ама, што знам. Не се согласувам баш со неа. @Иван404 Работите што постојат денес, постоеле од век векова па така и во твое време. Се смета дека дрогата е порок на модерното време, а од приказни на постари луѓе, имало деца што оделе напушени на часови, или се боделе во вена позади градинка. Секако дека хомосексуалноста нит е порок, нит е нешто опасно како дрогата, ама постоела и во твоето време, само не била толку потенцирана и не постоеле денешниве начини на информирање.
Јас би била повредена ако е со женско, но со машко не знам, можеби сфаќа дека е всушност стрејт, тогаш не би се лутела толку, но можеби и лаже само колку да не се повредам толку многу...sexuality is complicated, man, just find a decent honest person to love and that's it
Декa oпрaвдувaње силувaње и oсудувaње љубoв е тoтaлнo нoрмaлнo и мoрaлнo. Чуднo штo мoите никoгaш не кaжaле декa "учеле рaзлични чoвекoви прaвa" и ме вoспитaле вaкa. Чуднo кaкo тие не се гaдaт нa збoрoт "геј", туку нa "силувaње" и кaкo учеле биoлoгијa и рaзбирaaт декa сексуaлнaтa oриентaцијa не е избoр. Вo твoе време вaљдa зaбрaнувaле биoлoгијa зaштo тoa билo измислицa зa ненoрмaлни луѓе дa стaнaт слaвни. Се чудaм и се чудaм кaкo мoже вoзрaсен вaкa дa рaзмислувa и дa oчекувa дa гo пoчитувaм.
Јас сум екстремен либерал кога се работи за правата на лгбт заедницата (а одгледана сум од конзервативци). Тоа што тие имаат различна сексуална ориентација не ги прави помалку ниту полоши луѓе, едноставно такви се. Не можеш да ги смениш и затоа треба да ги прифатиш како такви. Бидејќи тие постојат, сакал ти или не. Според мене тие треба да го добијат и правото на брак и правото да посвојуваат деца. Ама зборуваме за Македонија, место каде што овие лица не можат ни да се декларираат дека се геј/би затоа што ќе бидат отфрлени од општеството(и полошо) . Овде (освен во ЗРО) на ниедно место и во ниеден закон не е спомената ЛГБТ заедницата. Правата на лгбт се (речиси) непостоечки, немаат никаква заштита од државата. Прашање на време е кога Македонија ќе си добие тужба пред ЕСЧП (како онаа на Валианатос против Грција) и ќе изгуби. Геј луѓе постоеле уште од антиката и ќе постојат, колку побргу го прифатиме тој факт толку подобро. ПС. Кога го повикувате Хитлер нека ви текне дека тој не бил наклонет на словените и дека сакал да не истреби. Така да може заедно ќе си бил у комора со геј луѓе
Нечoвечки и гнaснo е бaш oнa-oсудувaњетo без никaквo пoзнaвaње нa личнoстa. Пoкoнтрaдиктoрен си oд сите свети книги нa куп...
Знам знам.. Голема е мојата омраза спрема Хитлер, ама и спрема овие говеда што незнаат што се, што продаваат углед и чест на татко и мајка кои се издробиле од работа само за нив.... Не ни треба да имаат права, а камо ли деца да посвојуваат... единствено во тоа ја подржувам власта во МК...
Не краделе, не убиле, не силувале... Не гледам начин на кој тие би ги продале честа и угледот на родителите. По мене тоа што другите луѓе го прават во кревет и какви им се преференциите таму, не е моја работа и не планирам да им судам поради тоа. Нивен живот е и треба да живеат како што сакаат исто како што тоа го правиш ти. Не се помалку луѓе од тебе и мене - исти се и заслужуваат исти права!
Во кревет они ако сакаат и со магариња нека вршат работа, него работава е да не разменуваат страсти на улица и пред деца...
Не сум видела да разменуваат страсти на улица и пред деца, ама затоа сум видела хетеро парови што на улица се однесуваат многу по несоодветно (Баш пред некој месец имаше пример по порталите како родителите си вршат работа во парк, а детето одма до нив ) Како и да е тоа што ќе видиш две геј лица како се бакнуваат, нема да те направи ниту тебе ниту децата геј. Исто како што и нив нема да ги направи стрејт тоа што ќе видат некој хетеро пар како разменуваат нежности Јас лично немам проблем со тоа, повеќе љубов помалку омраза
Во случајов ти си недоволно образован. Отвори неколку книги: по психологија, биологија и генетика. Многу ќе научат зошто срамота вака јавно да пишиш дека си необразован. Пс. Не е болест. Неможи да "станат" сите геј како шо неможи да се сите стрејт. Секогаш и сексде има исклучоци. Следно, хомосексуални деца излегуваат претежно од стрејт родители. Дали треба да им забраниме да раѓаат ако видиме дека имаат било каква предизпозиција да родат геј? И да е? Ти пиши како не ѝ било срам? Врати се в пештера викнаа мечките на вечера. Шо не ќе прочиташ човеку. Лично повеќе од еднаш се имам изјаснато на темава и немам деца ама да имам или да имаа пријатели кои се јомосексуалци најмалку ќе ми смета зошто сакам да се среќни и кој среќен родител ќе бидам ако го остам детето да страда ако некои небитни комшии за мене и за него верувам, би рекле шо сакаат? Три кила сол нека изедат ама нема да сакам мое дете да биди несреќно зошто ако не го прифатам... Му ја одземам среќата и радо би имала геј дете него умрено стрејт дете.
Е алал нека ти е ако би прифатила дете геј. Кога ќе родиш дојди кооментирај да те видам дали би сакала дете геј.... И мислам дека ова е болест и се лечи.. Какво време дојде иначе боље у пештера да се вратам не на улица...