Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    @Outlook, а оние со патријархални, ортодоксни и дискриминирачки ставови кој ги финансира од светскиве моќници? Или тие си се такви и за беспари, гратис? :D
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    иформирај се подобро ќе видиш дека така е, имаше и на нет сведоштва од дечко од овде од кај нас ми се чини што влегол во некоја таква шема за да стане познат манекен и станал, ама едвај се средил психички и секако после тоа. А постојат и др. документарци, не ги гледај ти луѓето кои се со чисти намери хомо, било маж било жени. Овде во МК не сум слушнала некого да претепале затоа што е хомо да не се лажеме.
    А кој кого финансира не е твоја работа и зошто ? Е, за да браниш став треба да знаеш зошто пред се финансира некој па, после ќе разговараме.
     
  3. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    А не знаев дека семејствата и одгледувањето деца не треба да се финансира од држивте и да се помага, јас грешам нели ?
    Еден тон деца по домови што не можат сами себе да си обезбедат леб на маса, се финансираат здрави прави ? и тебе ти е смешно тоа?
    ОК, излишна е дебатава ако е смешно.
     
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    Не ме разбра - ти викаш дека има луѓе кои се декларираат како хомосексуалци и се залагаат за нивните права само затоа што се платени за тоа, а уствари не се геј.

    Прашањето ми беше - дали по истата логика постои и некој што ги финансира хомофобите и оние што шират омраза против геј луѓето, или тие таквите си се такви pro bono?
     
    На Lolo5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Јас не ширам омраза ако така се гледа на моите ставови не можам ништо околу тоа.Геј имало и ќе има, тоа не е ништо ново ама новитет е нивната експонираност посебно медиумска, а сигурно не е џабе тоа, знаеме сите дека е така. Таа ЛБГ заедница не е ни од блиску нешто наивно и невино.
    Точно, има нарочито мажи што се декларираат геј и живеат така ама само поради интерес, а не поради нешто друго. Омраза има затоа што се гледа на нив како обиди да се промени поредокот и така е секаде во светот, МК е ситна рипка во тоа море.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.189
    Допаѓања:
    175.721
    Пол:
    Женски
    Јас не се залагам за некој кој е финансиран од некој друг, јас се залагам за хомосексуалци, за луѓе чии права за нарушени (безразлика на пол и полова идентификација). Јас работите ги гледам од аспект на хомосексуалец кој не е замешан во било шо, не зборам за они остали. А расипници сегде има, ама зошто да црниме се заради поединец?
    И да знам за нападнати хомосексуалци кај нас, а и општо. Само по смртта на мојата омилена Кристина, во истиот град по неколку дена напднаа геј бар и убија многу луѓе. Ете како најсвежа вест ќе го кажам:
    http://www.telegraph.co.uk/news/201...-regular-at-lgbt-nightclub-pulse-before-atta/
    49 умрени, 53 повредени. Сигурно убо им дошле парите, мм?
    А сигурно си слушнала и за ова од пред неколку години кај нас:
    http://novatv.mk/video-shto-registriraa-kamerite-od-napadot-vrz-lgbt-centar/
    Невино или не, ретко кој би се нафатил да го стави животот на цедило само за да добие пари, да биди дискриминиран, да биди омаловажуван, да се обидуваат да го убијат и да го претепуваат и да му е целосно одземена слободата и правото на безбедност.
    Ова не е прв напад врз ЛГБТ центарот во Старата скопска чаршија. Последен пат Центарот беше нападнат пред десетина дена, при што беше повреден и полицаец
     
    На Lolo5, Lella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  7. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Многу наивно гледаш на ова, тоа е одраз на тебе како човек но, не и на тоа надвор. Животот не им е не цедило туку бизнисот им цвета на тие. Овие извадоци за надвор од МК не кореспондираат на темава зш ние можеме за овде само да зборуваме, за надвор од МК не. ЛБГ контролира и мн весници и прортали, знаеш нели ?
    Немам ништо против геј, ама апсолутно ништо освен ако маж жена земе колку дете да има и сл. и овие манипулаторски игри.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Иван404

    Иван404 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    По 100 пати кажав, јас не сум тој кој може да ти каже со кој да имаш секс, ако сакате и со магариња имајте.. Само немојте пред деца да ги изразувате тие гнасни страсти ве молам... Иначе ја мајкати и таткоти ги жалам што те родиле, кутрите родители....
     
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    Јас не ни реков дека ти лично шириш некаква омраза, прашањето ми беше генерално за хомофобите кои тоа го прават.

    Инаку, ти си таа што е наивна, ако мислиш дека со гледање на еден документарец за ЛГБТ заедницата си сфатила како функционира светот. У сите сфери на животот постојат луѓе кои лажно се претставуваат и застапуваат ставови кои не се нивни лични за пари - одредени жени кои носат бурки и мажи што пуштаат бради, свештени лица кои ни самите не веруваат во тоа што го проповедаат, него работат за пари, луѓе што одат по митинзи и контрамитинзи за сендвич и сокче или бедна дневница, луѓе што се учленуваат у партии, без разлика на идеологијата, за работно место, жени кои спијат со шефовите за унапредување, итн., итн.

    Се слагам дека е ниско некој да се претставува како геј (а да не е) само заради финансиска добивка, ама како е тоа поразлично од тоа некој да се учлени у ВМРО само за да се вработи, на пример? Поентата ми е дека луѓе што ги продаваат своите вредности и верувања за пари или некаква добивка има насекаде - не е тоа никаков ЛГБТ феномен.

    Геј луѓето отсекогаш ги имало и ќе ги има - а најголем дел од нив не ни членуваат во ниедно ЛГБТ друштво - наше е само да ги оставиме да живеат на раат, ништо повеќе.
     
    На Lolo5, eloves, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.493
    Допаѓања:
    43.302
    @Иван404 ( здрав разум ) not found

    1. Ако се станува геј од гледање некој како се лапа, тогаш јас сум педер, лезбејка, бисексуалка, нетеросексуалка, веган, силувач, крадец, пијаница, курва, дебил, неписмена и све што очиве мои виделе !

    2. Ако најголема болка ти се децата ( а не твоето газе - ма да не се секирај, сигурен си ), отвори теми каде би се зборело за лечењето на комплексите на родителите врз децата, наметнување на ставови и очекувања врз децата кои не зависат од нивниот карактер, загорчување на нивните животи од најмали години , кое резултира со самоомраза и депресија, а па да не зборам за педофилија, млатење ...

    3. Збориш за морал, а интересно како силувањето на животни ( зоофилија ) го израмнуваш со соогласен секс и љубов помеѓу две возрасни личности.

    4. На сите оние хомосексуалци кои имаат деца, да им ги одземеме? Или пак ако си геј, значи и родителите ти се геј ? Ама како тогаш те направиле у комунизмот кога тоа не постоело?!

    5. Добар родител е оној кој го учи детето на добри морални вредности, а сексуалноста не е под никој услов морална вредност. Ако по тоа се гледа твојата најголема грижа како родител - дали ти некогаш си бил добар родител?
     
    На Lolo5, Ketchup, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Не го разбирам ни тоа хомофоби и не пишував само поради еден докуметарец ... што се однесува до да си живеат како што сакаат, таман работа па, дури и да сакаш нема да можеш да ги спречиш, кој сака нека е уште поголем отпор се создава и се раѓаат жртви.
    Не мешај продавање етика и нееднаквост, манипулација и желба за нормален живот со борба на луѓе која се гледа како промена на поредокот. За жал до некаде и така е. Едно се партии и се др. што си пишал, а др. се се други нешта за кои искрено ни на форум ни било каде не би пишувала.
    А од каде знаеш дека не членуваат, не членува никој ни кај Масоните нели ?
    Има разлика и тоа голема, не би повеќе на оваа тема.
     
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    Ја друг мотив позади постапките на ЛГБТ заедницата освен прифаќање и еднаквост на хомосексуалците со хетеросексуалците - не гледам. Можеби начинот на кој се решиле да го остварат тоа не е најдобриот, ама инаку баш никаква штета од нивното делување не можам да видам.

    Што мислиш ти дека им е крајната цел - цел свет да стане геј? :D
     
    На Lolo5, eloves, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Јас не разбирам зш не би ги прифатиле, не може мене жена со сила да ме натера лезбејк ада станам кога не ме привлекува и крај. Нема потреба од страв, лек за се е само да кажеш НЕ.
    Ова е прв пат да се гордеам од својата маана хаххахаххаха
    Не знам која е конечната цел ама ако е така наивна и само да се живее раат не би имало потреба од толкава моќ. Само толку можам да ти кажам, кај да е може и погоре од Папата ќе стасаат ако не се и таму веќе.
     
  14. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.988
    Пол:
    Женски
    На планетава има 4 милијарди луге еве и повеќе нека се.
    Хетеросексуалците се нормални за повеќето од вас...
    Но еве да земеме вака , ако хетеросексуалците се толку сјајни и според природата и според библијата или не знам ти што, немаше да направат деца потоа ги оставаат како сираци на улица или слично.
    Не велам дека за сите е така.
    И ако не се овие Геј паровиве ретко кој ќе посини дете.
    Безразлика што се хомосексуалци тие што посиниле дете, вас ви треба да почувствувате љубов и грижа.
    Ако беа хетеросексуалци и секако те измачуваат и малтретираат ќе ги почитуваш само заради тоа што се хетеро?
    Нема врска кој кого сака, дали од ист или спротивен пол, битно е да сака.
    Повеќе се согласувате две жени или двајца мажи да си вперат пиштол, отколку да се држат за рака.
    И затоа ги пооддржувам, ова е само една од причините.
    Секој не барам да се согласи со мене и мојот начин на размислување. ( Да не бидам погрешно сфатена.)
     
    На Lolo5 и Gosh им се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.493
    Допаѓања:
    43.302

    Си ги смешала со педофилите и садистите.
     
    На Lolo5 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Иван404

    Иван404 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Да те земам за советник да ми го дотераш паметот уште малце може ?? пошто јас неписмен сум... Кога ги осудував хомосексуалците ги осудивав во множина, така да ако те навредив навредиме и ти само не ме потенцирај само мене те молам...
     
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Ова не треба да се коментира.
     
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Доцна е Аутлук, требаше да мислиш порано.
    Пред ние Илуминатите да ти влеземе во трага.
     
    На Someonespecial, kim.k, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.493
    Допаѓања:
    43.302


    Не реков дека си неписмен. Еден од најписмените си на форумов ,искрено.

    Те потенцирав, затоа што одговорив само на твоите мислења во темава.

    Ако си дошол монолог да држиш, на погрешно место си. А ако немаш ништо попаметно и поиздржано да возвратиш на мојов пост, барем не ни враќај рандом муабети.
     
    На Lolo5 и ku4ence им се допаѓа ова.
  20. Иван404

    Иван404 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Те бива за водење дијалог. :)