Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    @EvAngelos

    Сигурен си дека таа преобразба не се случила во длабоко духовен момент на deepthroat?
    Не зборувам искуствено, само ме интересира како функционира покајанието.
     
    На Читател, Lella, RoseRain и 2 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Терај ја пропагандата без да ме цитираш, не можеш? Кога веќе не можеш - докажи дека човекот бил принуден така да се изјасни и да почне да се чувствува. Како ти или било кој друг овде изнесува обвинувања без доказ и очекувате некој зборот да ви го зема здраво за готово?
    И настрана овој случај, како тоа за вас е морално исправно транс да посака да промени пол и истото да го стори, а не е исправно геј да реши или да се обиде да стане стрејт? Двојни аршини, нели?

    Колку и да глумите магистри на тема хомосексуалност, вие не знаете повеќе за неа од други членови редовно активни во слични дискусии низ форумов за да го наметнувате вашето толкување над останатите.

    Тоа за Бог не знам, но познавам и јас луѓе кои се премислија. Имам и многу близок пример меѓу нив, само не сакам да навлегувам, а и не е соодветна темата. Она што го знам е дека во реалниот живот (настрана медиумите) работата не е црно-сиво-бело како она хомо-би-хетеро што си го земале здраво за готово повеќето денес.
     
    На Abeja, baba Rada, bebaa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Краток одговор: Не!
    Долг одговор: Нееееее!
    Се е исправно, нека си прави секој што сака. Не е исправно да оди наоколу и да убедува други да "станат" стрејт.
     
    На Кена Рис, x.Daisy.x, Читател и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    За сите хомосексуалци кои станале стрејт и го нашле Бог успат - guess what, they're still gay.

    Па тие не се ни први ни последни неистомисленици со мене. Јас имам и пријатели црнци и Азијци со кои не се согласувам по прашањето на расата, па не се викаме едни со други расисти. Таман работа. :D Само мислам дека сите треба да си направат пластична операција и да станат белци бидејќи јас сметам дека тоа е порок. Кој, јас расист? Пфф, имајте толеранција за моето различно мислење.

    @EvAngelos Ни останува на сите нас да се надеваме дека не мастурбираш, бидејќи ќе завршиш во третата дупка на седмиот круг, баш кај гејовите. Можеби и ти ќе треба да се свртиш кон Бог. :)
     
    На Fauhxy, BlackAndWhiteSwan, Ketchup и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Не, не се. Хомофобијата и трансфобијата (како и ксенофобијата меѓу тие „фобии“) не се екстремен страв, не се како останатите вистински фобии кои се психички проблем за кој самата личност не е виновна. И ти тоа многу добро го знаеш.
    Хомофобија е и да се правиш загрижен оти хомосексуалност/бисексуалност=манијачење по онлајн четови со никови go.pusam и сл.=екстремен промискуитет=ХИВ/сида, па демек ради емпатија сакаш да ги едуцираш, а всушност ете која е целта. Сѐ се сведува на религија на крај, и тоа протестантизмот кој го славиш. И сѐ е тоа еден тежок патетичен sugarcoating, исто како и она дека вашите организации - перални за мозок се за емоционални интелигенции, лидерства и слични привлечни ствари. Тоа е тоа што навидум те дели од хардкор православните makedonja cela dae фанатици и хомофоби.
    Мене ми требаше подолго време да те провалам до крај, ама помина и тоа време :)

    Морално неисправна е целата ситуација на многу нивоа, тоа што човеков преживеал масакр во геј клуб таргетиран токму поради сексуалноста на луѓето, и сега не само што „станал стрејт“ туку е искористен и гласно да зборува против хомосексуалноста.
     
    На Ketchup, crimson, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    @Lella, има едно правило што важи од обична селска караница па се до расправија во највисоките академски кругови:
    Луѓето користат ad hominem кога немаат аргументи :) Кога има човек аргументи за својот став, тогаш ги користи нив, објаснува, дебатира, аргументира... но штом сите аргументи му/и ги побијат, тогаш во хистерија почнува да ја напаѓа личноста, да користи сарказам, навреди, клевети итн. Ова се уште не важи за тебе, само внимавај да не паднеш на ниво на твоите истомисленички погоре. Навистина тебе нема да ти личи тоа.

    Во однос на паралелата што ја правиш меѓу црни-белци и хомо-стрејт:

    Гледано во рамките на родовата идеологија, како што црнците и белците се раѓаат како црнци и белци, бидејќи тоа е вродена карактеристика, за нив е исто и тоа дека луѓето се раѓаат како стрејт или хомо. Но тоа е само нивно верување.

    Гледано од научен аспект, децата на црнците се црнци, а на белците - белци. Си постои ензим „меланин“ кој е одговорен за бојата на кожата. Научно е докажано дека тоа е природна вродена карактеристика.

    Што се однесува до хомосексуализмот, педофилијата, зоофилијата итн. овие не се вродени, нема нешто такво како „ген на хомосексуалноста“ и не е наследно.
    А плус има многу многу докажани случаи каде што стрејт човек доживеал некоја сексуална траума, најчесто бил злоставуван од некој геј како дете, и потоа тоа кај него/неа се изразило да и тој/таа посакал во дел од животот да биде геј. Затоа и во медицинската психологија хомосексуализмот спаѓа во инверзија и растројство на сексуалниот нагон.
     
    На Abeja, baba Rada, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Твоето комуницирање ја преминува границата на секоја нормална комуникација и прераснува во психолошко малтретирање. Еве, јас сум лезбејка, и што правиме сега? Должна сум да ги трпам твоите коментари затоа што ти не ја прифаќаш мојата сексуална ориентација?
    За ад хоминем можеш да зборуваш како нема да дискриминираш, вака, слободно трескај се колку сакаш. Чекај? Ова твоето со тоа "какви сме биле ние" не спаѓа во ад хоминем?
    Кажи ми, ајде, кој го повел новиот верник на прав пат?
    Научиле некој нов збор и ќе го употребуваат во секоја нова реченица |(
     
    На Bloom19, Lolo5, BlackAndWhiteSwan и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Се надевав дека ќе успееш да ја сфатиш поентата на последниот пасус. Намерно го напишав во таква форма, само за да го истакнам двојниот стандард, што претставува falacy во секоја дискусија. Нема смисла некој да зборува за пороци и гревови ако ги практикува самиот.

    Кога веќе зборуваме за медицината, секоја релевантна медицинска организација во светот е позитивна во однос на хомосексуалноста. Одамна е тргната од групата ментални нарушувања од причина што не го нарушува менталниот резон на единката.
    Сè уште не се знае од каде точно доаѓа хомосексуалноста и што може да ја предизвика, не е докажано ниту постоењето на gay gene, ниту заразување од гледање телевизија, па затоа не е коректно да одиме таму. Она за што сме сигурни, од друга страна, е што сите обиди за конверзија на хомосексуалци се нехумани (покажување слики од голи мажи на пример, па насилно повраќање), а и во најголем дел неуспешни. Велам во најголем дел, бидејќи по такви претрпени трауми (низ што претпоставувам поминал и преживеаниот од Орландо), личноста е веќе ментално пореметена и не може да размислува свесно, па затоа тврди дека го сменила сексуалниот идентитет.

    Сепак, главната причина поради која не треба да има conversion therapy е истата причина поради која не треба сите црнци да ги праќаме на пластична операција. Не бидејќи не избрале да бидат црнци, туку бидејќи нема ништо лошо во тоа да се биде црнец. На ист начин, бидувањето геј не ја повредува ниту индивидуата, ниту некој околу неа, не влијае на нејзиниот ментален склоп и не ја попречува во ниту едно друго поле во животот. Од таа причина не треба да се обидуваме да ги смениме гејовите, без разлика на нашите лични верувања.
     
    На Fauhxy, BlackAndWhiteSwan, Ketchup и 11 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Само неписмен ќе ја нарече хомосекусалноста „идеологија“. Јас не ја нареков хомосексуалноста идеологија, туку реков: „родовата и ЛГБТИ идеологија“. Пиши "Gender Ideology" на Google; ќе ти излезат над 5 милиони резултати. Тоа не е ништо ново, ниту пак јас го измислив.
    Родовата идеологија вели дека луѓето не се раѓаат како машки или женски, туку дека секој треба да си го пронајте својот „род“ и дека не постојат само два рода (машки и женски), туку над 100 рода, на пример:

    Polygender (личност која се идентификува со повеќе родови во исто време)
    Hydrogender (личност чиј што род е флуиден како водата)
    Aerogender (род кој што се менува согласно околоната)
    Heliogender (род кој што е жежок и гори. (Helio - Сонце)
    Pangender (личност која се чувствува дека ги има сите родови во себе)
    Cisgender man (чувство дека си оној род со кој што те регистрирале при раѓање)
    Gender fluid (флуиден род)
    Non-binary (родови кои не се ниту машки, ниту женски)
    Two-spirit person.. (личности кои веруваат дека имаат два духа во нив, и затоа може да имаат и по два рода)

    Итн. Има многу листи на родовите од родовата идеологија, никогаш не се исцрпни бидејќи постојано се измислуваат нови родови. Еве една таква листа:
    http://genderfluidsupport.tumblr.com/gender


    Од врв на Водно се гледа дека немате толеранција кон сите што не се од родовата идеологија и не ја подржуваат агендата на ЛГБТИ движењето.

    Не. Немам страв од непознато, ниту дека хомосексуалец ќе ми наштети, ниту дека ќе ме направи мене хомосексуалец. Престани да ми „гаташ и баеш“ за моите „стравови“. Ако те интересира, прашај, а не да измислуваш глупости за мене.

    Не водам кампањи, освен една против одредени членови од Истанбулската конвенција. И не ја водам само јас, туку многу души застанаа против одредени членови од неа, вклучувајќи го и претседателот Иванов, Македонската Православна Црква и други. Во Бугарија, Хрватска, Босна се водеа и протести, а кај нас Царовска ја протна низ мала врата
    http://www.balkaninsight.com/en/art...rotesters-turn-against-croatian-pm-04-13-2018

    Во Хрватска се огласија и академиците од Хрватската академија за науките и уметностите. Тие изјавија дека родовата идеологија која е дел од Истанбулската конвенција не е прифатлива за образовниот систем на република Хрватска.
    http://vijesti.hrt.hr/422635/na-izjavu-znanstvenog-vijeca-hazu-a-uslijedile-brojne-reakcije

    Не се плашам дека машко ќе ми легне во кревет, туку неколку членови од таа конвенција го присилуваат образовниот систем и сите неформални културни и спортски институции да ја форсираат родовата идеологија кај децата. Луѓето треба да се информирани за ова, а не сето ова да им се пакува во целофанот „ова е само за заштита на жените“ (facepalm)
     
    Последна измена: 3 мај 2018
    На Abeja, baba Rada и sjdgo им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    За заштита на СИТЕ е, ама нели си ти straight white chriatian male, што има да ти е гајле за другите :wasntme:
    Глупости? Научно е докажано дека хомофобијата и ксенофобијата, во случај кога не се пропратени со уште некоја дијагноза се резултат на неукост или нерационален страв. Или кај тебе се пропратени со уште некоја дијагноза?
    Убаво реков, значи пак погодив, страв ти е дека твоето потомство ќе "научи" да биде хомосексуално во иднината.
    Пак гатам на гравче, или сега сам си кажа?
     
    На lovestoneddd и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Од WHO листата на ментални нарушувања беше тргната исклучиво заради силното лоби на ЛГБТИ. Со други зборови, не постоеше никакво ново научно откритие заради кое беше тргната. Во науката, кога една теорија се заменува со друга, тоа се прави затоа што некое ново научно откритије придонело до нови факти заради кои се менува теоријата. Во овој случај, немаше ново научно откритие, туку само политика, лобирање, демонстрации, притисоци и така се издејствува. Ни Н од Наука, ни М од Медицина.
    А за тоа дека тие се растројства на сексуалниот нагон, тоа го гледаме според последиците:

    - Драстично повеќе депресии меѓу ЛГБТИ лицата
    - Драстично повеќе ХИВ заболени меѓу хомосексуалците и бисексуалците
    - Драстично зголемен промискуитет меѓу нив, со стотици сексуални партнери. Ова следи од потешкотијата да се прилепат со партнерите, што пак укажува на нивната некомпактибилност.

    Значи науката ја гледаме на дело, во фактите, а политиките и лобирањата нека си ја тераат својата агенда.
    Во нашиот учебник по медицинска психологија хомосексуалноста, педофилијата, зоофилијата сеуште си фигурираат како инверзии и растројства на сексуалниот нагон (види атачмент). И ајде сега слободно удрете ад хоминем по авторот на книгата :)

    Да се оградиме од претпоставки. Да почекаме во Недела ќе има јавно обраќање, се надевам брзо ќе го објават видеото, па ќе погледнеме низ што како поминал човекот. Голем е, сам ќе си каже.
     

    Прикачени фајлови:

    На Petra777, Abeja, baba Rada и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Беше тргната затоа што сфатија дека не треба да биде таму in the first place. Демонстрациите за кои зборуваш само го потенцираа тоа, по што tptb се сложија дека нема реална основа да биде сметано како ментално нарушување, затоа што не го нарушува менталитот. (duh). Ова не е научно откритие, туку отсекогаш се знае, само било игнорирано додека не било потенцирано.

    No shit? :D Секако дека ќе се во депресија кога мнозинството ги сметаат за биолошки отпад.

    Тоа не е последица на менталитетот од самото бидување хомосексуалец, туку на незаштитен сексуален однос, кој се практикува и кај луѓе што не се хомосексуалци. Ако поради ова ги праќаме гејовите на конверзија, треба да ги кастрираме сите индивидуи кои имаат незаштитен секс, за да бидеме фер.

    Ниту ова не е последица на ментално растројство, туку на нивниот избор да имаат секс со повеќе луѓе.
    Претпоставки зошто имаат секс со повеќе луѓе (што патем, ако се повикаме само на истражувања од 90-те, не е ни точни), се сосема небитни и гаѓање во празно.
    Повторно, има и нехомосексуалци кои имаат секс со повеќе луѓе, па и нив треба да ги спречиме во тоа.

    Она што ќе го каже личност што не е при здрав разум не е валидно. Испран мозок сешто кажува.

    Сè уште чекам одговор зошто да ги менуваме хомосексуалците кога сè е во ред со нив исто како со сите други луѓе? Да не случајно не ти се допаѓа самата хомосексуалност? Бидејќи тоа е сосема невалиден аргумент, присети се на примерот со црнците.
     
    На Joi, Ketchup, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Абе ајде? Ако денес не се почитувани и недискриминирани, не знам кога. Особено во западна Европа или Америка каде што и на отворено си се бакнуваат, држат за рака, па сепак и таму процентуално имаат повеќе депресии.
    И христијаните ги сметале за непогодни личности во времето на комунизмот, па немало зголемени депресии меѓу нив. И ромите денес ги сметаат за граѓани од втор ред, па нема зголемени депресии меѓу нив. Не ќе да е од тоа, али добар обид признавам :)

    Чекај сега, ако и хомосексуалците и хетеросексуалците имаат незаштитен однос, нели би требало процентуално да е ист бројот на заразени од сида кај едните и другите? Но што вели статистиката:

    • Хомосексуалците се 2% во САД, а сочинуваат 70% од новозаразените со сида.
    • Хетеросексуалците се 98% во САД, а сочинуваат само 23% од новозаразените со сида.
    Извор: Официјален завод за статистика на hiv.gov

    Ахам, значи да не му веруваме на тоа што тој има да си каже лично за себе и како тој се одвратил од хомосексуалниот и промискуитетен начин на живот, а да им веруваме на 2-3 форумџики од далечната Македонија кои прв пат слушнаа за него од моето постирање? :D
     
    Последна измена: 3 мај 2018
    На Petra777, Abeja, baba Rada и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Толку.
     
    На Кена Рис, Amellie13, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Најпрво, хомофобија постои секаде, без исклучок и не верувам дека постои хомосексуалец кој не бил опресиран поради тоа барем еднаш во својот живот. Генералната неприфатеност уште активно постои и далеку сме од тоа да ја сметаме хомосексуалноста како обична демографска карактеристика, а не порок.
    Втора работа, хомосексуалците не се сметаат како граѓани од втор ред, туку како што кажав, биолошки отпад, порок на 21 век, луѓе кои ќе горат во пеколот, педофили, развратници...
    Трета и најважна работа, дури и да точно што се во депресија бидејќи не се компатибилни еден на друг (што не е воопшто точно), пак не е доволно добра причина да ги менуваме. Зошто на медицинарите би им било гајле дали некој геј таму ќе си најде партнер?

    Сосема е небитно на кој начин дошло до статистикава. Ќе те замолам да се држиш до темата. Она што нѐ интересира моментално е дали заразеноста со хив треба да биде причина да ги подложиме хомосексуалците на conversion therapy.
    Одговорот е секако не, затоа што тоа би било еднакво на убивање на сите црнци, заразени и незаразени од ебола, а неубивање на ниеден белец што е заразен од ебола.
    (Црнците би биле гејовите, еболата хив вирусот, белците стрејт луѓето)

    Секако дека ќе му верувам кога ќе каже дека преку разговор со одредени лица успеал да го пронајде Исус и да се врати на вистинскиот пат. Но ќе ми биде жал, бидејќи се нашол во ситуација да менува дел од себе кој треба да го прифати, затоа што е во ред.

    Евангелос, чекам да ми дадеш валидна причина за менување на сексуалноста на луѓето. Ми се чини дека се враќаме на религиските причини. Кога медицинските лица тврдат дека хомосексуалноста не влијае на менталната способност на луѓето, со што апсолутно се отфрла секој аргумент од типот градење совршено општество без ментални растројства, сѐ што останува се некои форми на закони од светите книги, кои тврдат дека на Бог му е гајле кој кого љуби.
    Чекам да ми одговориш, што има лошо во бидувањето геј за да ја менуваме сексуалноста на луѓето?
     
    На Joi, Ketchup, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Поената на темава е дали религијата ја оправдува хомосексуалноста или за верглање да се покаже кој е по потркрепен со факти?
    #justasking :^)
    Да знам во кој правец да ги пишувам мислењата а да не изедам вајбер ќутек 8):D
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Никој никого не може со сила да го тера да менува сексуална определба или општо стил на живеење, стил на музика, стил на облекување, начин на хранење итн. Кој сум јас или која си ти да му влезе на некој во спалната и да му рече „не смееш вака да имаш секс, треба вака и не смееш со такви луѓе, туку со вакви луѓе да имаш секс“? Личен живот, лична слобода и лична одговорност. Се разбира, се доколку твојата слобода не загрозува нечија друга слобода, благосостојба или живот. Тоа е темелот на кој се градат мултиетничките, мултикултурните и мултирелигиските слободни општества.

    Сепак во слободната и демократска држава постои слобода на говор и толеранција на неистомислениците. Што значи ти слободно можеш да си ја фураш родовата идеологија и атеистичкиот светоглед, а јас слободно можам да си го фурам христијанскиот светоглед и хетеросексуалниот моногамен брак и семејство. Ти слободно кажувај си и аргументирај дека хомосексуалноста е нормална, природна, вродена, дека нема никакви последици, дека не постојат само два рода (машко и женско), туку над 100 флудини родови, а јас слободно ќе си кажувам и аргументирам дека постојат два рода - машки и женски и дека тие се создадени да бидат компактибилни, а дека хомосексуалноста е инверзија и растројство на секусалниот нагон. Ти пишувај си ги твоите аргументи, јас моите.

    Дел од моите аргументи се дека секоја девијантна појава во општеството, во природата или во човековото тело си има и последици. Дел од последиците се и овие:

    - Драстично повеќе депресии меѓу ЛГБТИ лицата
    - Драстично повеќе ХИВ заболени меѓу хомосексуалците и бисексуалците (40 пати повеќе!!!)
    - Драстично зголемен промискуитет меѓу нив, со стотици сексуални партнери. Ова следи од потешкотијата да се прилепат со партнерите, што пак укажува на нивната некомпактибилност.

    Дури и луѓето што се болни од рак не смееш со сила да ги лечиш. Со законот на РМ можеш да го прекинеш лекувањето кога сакаш со потпишување изјава дека своеволно го правиш тоа. Така што не можеш сосила никого да менуваш. Сепак, ако некој увидел дека се движи во погрешна насока и самостојно сака да се промени и те праша за совет, секој од нас ќе му помогне како што знае и е убеден дека е правилно.

    Ајде баш ќе видиме што ќе каже. Баш ме интересира дали ќе каже како што вие велите дека „ги менувале хомосексуалците“ со покажување голи слики, со тортури и разни глупости.
    Нема потреба да ти биде жал, бидејќи очигледно тој не верува како тебе. Тој не верува дека променил дел од себе кој треба да го прифати, туку верува дека променил дел од себе кој му правел само штета и деструкција и дека се вратил кон целта за која бил создаден - да биде вистинско машко, со пенис создаден да еректира во вагина и сперматозоиди создадени не за да навлезат во гомната на дебелото црево на друг маж, туку во матката на жената и да оплодат јајце клетка која содржи компактибилни гени за создавање на човечко битие. Се надевам вака е појасно :)
     
    На Abeja, Rama, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Кена Рис, Ketchup, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    :d:
     
    На Кена Рис, kim.k, dayla и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Тогаш не гледам кој ти е проблемот со пенисот кој еректира на анален отвор?

    Не сум кажала дека постојат 100 рода, не ми ставај зборови во уста.
    Никој нема проблем со тоа ти да си го живееш христијанскиот моногамен стрејт живот, сè додека не посакуваш да го наметнеш на некој друг. Истото важи и за некој што живее геј промискутентен живот. Нека прави што му е по ќеф додека не пробува да го наметне на друг.

    Само што не сум видела ниеден таков да го наметнува својот начин на живот. Од некоја причина наметнувањето доаѓа секогаш од хетеросексуалци, како тебе.

    Тоа е само на листата на растројства на Евангелос, за разлика од релевантните медицински организации кои се целосно против conversion therapy.

    Ова е последица на појавата наречена хомофобија.

    Ова е последица на појавата наречена незаштитен секс.
    (Бидејќи и да имаш секс со 20 000 луѓе, ако е заштитен, нема да се заразиш)

    Ова е последица на појавата наречена право на една личност да има консензуален секс со кој му душа сака, покрај некоја си некомпатибилност, што значи може некој да има секс и со 20000 луѓе одеднаш, и пак да немаш право да го менуваш тоа, бидејќи newsflash, на никој начин не те засега.

    Апсолутно. Само кога велев зошто да ги менуваме, не мислев зошто да ги тераме намерно да повраќаат, туку зошто воопшто да ги тераме да мислат дека треба да се променат?

    Не, тоа е нелегално. Сигурна сум дека му дрвеле за Исус додека не му се поматил умот. Затоа велам, жално. Кои сте вие да тврдите кој е вистинскиот пат? Не, кои сте вие да ја наметнувате и форсирате вашата идеологија? Затоа ова вашето не е толерантно искажување став, туку мешање во туѓи штипки. Каде гледаш геј човек да оди наоколу и да труби дека сите стрејтови се на погрешниот пат? Збори ми за ненаметливост и толерантност.

    Океј, според ова, на терапија за да се променат исто така треба да одат сите стрејт луѓе кои практикуваат анален секс, сите стрејт луѓе кои практикуваат орален секс и секако сите стрејт луѓе што воопшто имале некаков секс, а тој не резултурал во репродукција. А и претпоставувам сите кои мастурбираат земајќи предвид дека сексот треба да служи само за репродукција, а никако за задоволство.

    Евангелос, зошто само гејовите од сите овие да одат на терапија, кога излезе дека сите се ненормални?
     
    На lovestoneddd, Someonespecial, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.