Да се речи дека некој туку- така од едното се трансформирал во нешто друго, особено за сексуалност, тогаш навистина не познавате човекова психологија. Ако јас се декларирам како нешто што длабоко во себе не сум, секој ден си ја истиснувам среќата и се форсирам во некоја врска која за мене е пекол - само ќе заврши негативно врз моето физичко и ментално здравје. Сепак, изгледа тој е критериум за прифаќање во општеството. Дали знаете колку невозможно е човек да смени верување или став ако е апсолутно убеден во тоа верување или став, а не пак промена на сексуалност. Особено со случајов. Некој психопат пука во геј клуб. Некоја, кутра, трауматизирана душа го преживува тоа. Оди на психијатар, бара помош. Уз пат открива дека тој бил во „грешка“, дека ова му се случува зошто „Бог го казнува“, почнува да гледа на пукањево во геј клубот како „просветлување“, на еден начин „ако не се случеше ова, немаше јас да сфатам“. Реално, или длабоко во себе експериментираше тој ден, или едноставно сега ја истиснува својата вистинска причина ради траума. Една трауматизирана личност мора да бара значење, мора да се држи за нешто, за да преживее после трауматичниот настан. Тоа е уствари, ситуацијата тука. Сега за другите точки кои ги пишувате, логично е да има повеќе депресија кај ЛГБТИ лицата. Прво, поради притисокот од општеството, осудите, дискриминацијата. Колку и да се глобално прифатени, тие уште не уживаат одредени права како што се да стапат во граѓански брак. Ама, тоа и не е толку важно. Тука е стресот да кажат на роднините и пријателите, дали родителите ќе прифатат. Па колку родители ќе реагираат бурно и ќе ги избркаат децата од дома, а колку ќе ги прифатат да останат дома? Па се држат за рака, и има луѓе кои ги гледаат под око, зошто се поинакви. Доволно е да отворат на интернет и што не ќе видат. Почнуваат да се осеќаат како тоа што општеството го вели за нив, и од таму, зголемена депресија. Не е депресијата само зошто се хомосексуалци, до околината е. Ако сте загрижени за зголемената депресија кај одредени лица, немој да бидите причината која ја предизвикува. Уште за поголемата заболеност на ХИВ кај ЛГБТИ лицата ќе прокоментирам. Главна причина зошто хетеросексуалните лица користат заштита е за да спречат несакана бременост, не за да се заштитат од болести. Прочитајте само во темите за секс колку често и хетеросексуални лица не користат заштита само зошто е подобар сексот без неа. Е сега од таму, хомосексуалните лица не гледаат причина, да речам, зошто би користеле заштита кога нема ризик за бебе. Накратко, зошто на некој би му било грижа? Знам дека мене не ми е за тоа како некој си го живее својот живот се до моментот кога тој некој не проба неговиот стил на живеење да ми го наметни мене. Тогаш ми смета.
Оние луѓе кои дискриминираат не-хетеро луѓе се всушност луѓе кои не можат да ги разберат различностите во светот. Хомофобијата е производ на игнорантност и неразбирање. Религијата не создава хомофоби. Луѓето кои дискриминираат не е потребно да припаѓаат во некоја религија. Не е потребно да бидат атеисти. Или whatever. Познавам атеисти кои сметаат дека геј луѓето се "болни и потребна им е помош" исто како што познавам религиозни луѓе кои го делат ваквиот став. Лично јас сметам дека религијата не игра улога во формирање на хомофобијата. Дури и да не постојат религии сигурна сум дека луѓето ќе дискриминираат подеднакво. That's just the way it is. Јас сум верник од кога знам за себе. Исто така од кога знам за себе не сум имала никаква аверзија, гадење кон геј луѓе. Како мало дете на тв сум ги гледала со исти очи и стрејт паровите и геј паровите, како луѓе меѓу кои има привлечност/ чувства. Не би можела да ја дискриминирам љубовта/чувствата меѓу две лица кои не повредуваат никого. Ниту сум сметала дека се болни. Нема ништо болно во љубовта. Болно е колку многу си наштетуваме поради неразбирањето на различностите. Не сум совршен верник. Но ниту постои таков. Гревови правиме сите ние. Никогаш нема да разберам како две личности од ист пол, кои се заедно, вршат некаков грев само затоа што се САКААТ. И во животинскиот свет постои хомосексуалноста како што постои хетеросексуалноста. Затоа "паѓа" во вода онаа теорија дека хомосексуалноста е неприродна појава. Секој кој барем малку читал, се едуцирал е свесен за овој податок. Во однос на овие конвертирани "геј во стрејт" луѓе некако не верувам. Верувам дека се измачуваат затоа што се дискриминирани, неприфатени и затоа подлегнуваат на вакви "процедури" кои што мене лично ми се неприродни. Дури и Фројд кој своевремено вршел conversion therapy, сметал дека нема ништо срамно во тоа да си геј и дека геј луѓето не се болни. Сметал дека таквиот вид на терапија е опасен и штетен метод за човечката индивидуа. Можеби треба да постои терапија за лекување на хомофобија. But im sure that they'll say it is natural to be homophobic. Like it is natural to be homosexual
Дискусија ли е поставување на сликички каде се величи хомосексуалноста? Темава многу повеќе личи на пропаганда и наметнување, се знае што ќе се случи ако човек пише мислење дека не поддржува хомосексуалност како нешто нормално и здраво. Кога сум тука, сум пишала и пак ќе пишам, хомосексуалноста се коси со природата и нормалното, притоа не се трудам овој мој став да го наметнам на никого, како што прават одредени членови. Во христијанството барем се знае дека хомосексуалноста е грев и нешто што му е одвратно на Бог па кога оваа вистина не ви чини, станувате атеисти и поборници за правата на ЛГБТ. Терајте. Секој по својот пат.
Многу ме иритира зборот хомофоб, затоа што таква фобија не постои. Измислена е од страна на хетеро некој си психолог, но во суштина не постои. Зошто фобија ? Касаат, тепаат, што прават овие луѓе? Не, овие луѓе не се агресивни. Напротив. Баш се кревки и емоционално растроени. Се работи за сериозно пореметување на хормони, па подоцна на психа. 4год се дружев со ваква личност, а и познавам доста слични, сериозен проблем имаат. Не се за осудување, се изгубиле во време и простор. Јас ги гледам со сожалување. Никогаш нема да осудам, ама не оправдувам затоа што има лек. Се испитуваат хормони, се зема соодветна терапија. Од религиски аспект и од биолошки, како сакате свртете, се знае за што се создадени мажот и жената, на кој не му јасно нека земе учебник од основно,нека си повтори. Се знае каков е патот до потомство. Се крши законот на природата и тоа е тоа. И не наметнувајте свои мислења со тоа што бришете наши. Ако некој лично го допрело нешто, јас се извинувам.
Хомосексуалноста ја има во голем дел од животинскиот свет, хомофобијата само кај човекот. Кога сме кај биологија
Aко аргумент за неприродноста на хомосексуалноста ви е неможноста за размножување,по таа логика секој хетеросексуален пар кој е неплоден и плодот го создаваат по медицински пат, за вас пак би биле неприродни суштества. Друго , многу 'интелигентно' од ваша страна е изнедначувањето и поистоветувањето на сексуалните деликти со сексуалната ориентација. И Трето . Хомосексуалноста не е убиец на човечкиот род, туку религијата е. Нема таков случај на светов, некој да има убиено друго суштество во име на својата ориентација, додека секојдневно се губат по илјадници животи во име на вашите богови.
Многу животни си го јадат сопствениот измет, мачките и некои кучиња си го лижат газот после вршење нужда. Дали човек што го прави ова го сметаш за нормален? И зошто не?
Кај хетеросексуалниот пар кој е неплоден, обично барем еден од партнерите има некаков проблем во репродуктивните органи. Затоа и одат на лекар, се испитуваат, се бара кај е проблемот и како да се реши. Никој не се помирува дека „едноставно е таков“, туку јасно е дека станува збор за некаков медицински проблем, нарушување или девијација. Слично е и со хомосексуалноста. Таму станува збор за инверзија или растројство на сексуалниот нагон и како што немаме „фобија од неплодните луѓе“, исто така не треба да имаме и фобија од луѓето со хомосексуални нагони. Не знам кој ја нарекол хомосексуалноста „убиец на човековиот род“, ама тоа не е точно. Веројатно тој или таа мислел на тоа дека хомосексуалците не допринесуваат на наталитетот, но сеедно; и без нив популацијата се зголемува. Што се однесува до второто, атеистите убиле многу повеќе луѓе од христијаните. Земи ги за пример само атеистите Сталин и Мао Це Тунг кои имаат убиено околу 100 милиони луѓе! Ако спориш дека тоа го направиле во име на „атеизмот“, јас уште полесно ќе спорам дека ниту еден вистински христијанин не би убил во име на Христовото учење.
На фб наидов на веста за фамозново „епифани“ на жртвава од Орландо. Се разбира има куп негативни коментари од здраворазумни луѓе. Еве и еден reality check коментар од геј личност, морав да споделам (има одговор и за депресијата/самоубиствата):
@Someonespecial Искрено,ич не ми е гајле за преживеаниот, туку за последиците од ова негово 'просветлување'. Со ова ја одведе целата геј популација неколку чекори наназад. На верските фанатици толку им треба за да продолжат со своите изопачени проповедања. Верувам дека дечкото е во шок и доволно истрауматизиран за да лесно подлегне под манипулации од побожните шарлантани,кои точно знаат кога да нападнат, кога човек е најслаб и му кажуваат тоа што во тој момент му треба да чуе. Но не верувам дека на ова ке остане. На крајот на денот, нема да може да побегне од себе и своите сексуални преференци и пак ќе се врати на мажи, бидејќи тоа е она што тој е . Eдит: Постои и друга опција. Да е целосно свесен за неговите постапки, односно да е дебело платен за да шири ваква пропаганда. Читав за еден случај од пред 5 6 години. Една од многуте анти хомо здруженија во УСА,као успешно конвертирала геј маж во стрејт, дури му имаат доделено и награда наречена National Ex-Gay of the Year.. Арно ама не им траело за долго пошто по отприлика месец дена отпосле,медиумите го раскринкале, го фатиле дотичниот одново со мажи и така се завршила нивната фамозна конверзија.
@EvAngelos Нападот во Орландо е на 12 Јуни 2016 година. Твојот "хомосексуалец што го нашол Бог па веќе не е хомосексуалец" е евангелист од првиот ден од кога му постои профилот на фб. Еве ти скриншот од една негова објава од 2015 година. Hereby, I rest my case
Како зборите за овој случај, како да е тоа единствениот геј човек што се одвратил од хомосексуалноста, па демек сега тој направил „штета“ на останатата лојална геј заедница. Еве јас споделив дека само од Скопје лично знам тројца што исто така се одвратиле од хомосексуалноста и сега дури и си се во брак, заљубени до уши во своите партнери/ки. И @sjdgo и уште некој споделија дека имаат такви пријатели. Значи не се ретки хомосексуалците што се одвратиле од хомосексуалноста. Хомосексуалците, кои генерално просечно имаат над 100 сексуални партнери верувам дека знаат и многу повеќе од нас такви случаи на „бивши партнери“ кои веќе не им се партнери. Така што нема тука ништо за чудење или пак да мислиме дека еден познат случај ќе направи „проблем“ кај мислењето и верувањето на луѓето кои се убедени во идеологијата на ЛГБТИ движењето.
Имаш право! Фала ти за оваа информација. Сега му нурнав во фб профилот и видов дека тој и пред 12ти Јуни 2016 речиси секој месец има Public објавувано христијански постови, коментари, видеа. Така што него јавно го знаеле дека е христијанин. Нема тука никаква тајна или криење од негова страна. Очигледно веста дека тој станал христијанин по нападот во Флорида е масло на новинарска дезинформација или пумпање на веста. Едвај чекам да видам кога точно станал христијанин, а кога се одвратил од хомосексуалниот и промискуитетен начин на живеење. Иначе, нека не те изненадува тоа ако дознаеш дека некој христијанин е геј, или пијаница, или прељубник, или насилник, или лажго и сл. Сите луѓе се грешници и тие продолжуваат да грешат и откако ќе се покајат од гревовите и ќе станат христијани. Тие имаат шанса и можат да се менуваат, ама понекогаш не сакаат сите области од својот живот да ги менуваат, или пак за некои е потребно малку повеќе време.
Бидејќи има гледам едно чудо забуни за природноста и неприродноста, животните, ова она... Морам да појаснам нешто. Генерално вака оди муабетот со просечен хомофоб. Хомофоб: Хомосексуалноста е неприродна. Геј/Ally: Всушност, хомосексуалноста се среќава во природата, кај овој овој овој и овој вид животно. Хомофоб: Добро де, ако се среќава во природата кај животните, ние животни ли сме, па да гледаме тие што прават? Excuse me? Го воочувате ли проблемот? Луѓето против хомосексуалноста тврдат дека неприродна работа не е океј, што автоматски имплицира дека природна работа е океј. Кога ќе посочиш дека всушност хомосексуалноста е природна работа, излегува дека имало природни работи што не биле океј. Well no shit. Повторете по мене: природните работи не се по автоматизам во ред. Неприродните работи не се по автоматизам не во ред. Природни работи: љубов, кивање, рак, стерилитет, среќа, силување, зајдисонце, канибализам, бакнежи, смрт, хомосексуалност... Неприродни: вакцини, хемотерапија, компјутер, форум, војна, операција, наочари за вид, терористи, шампон, подно греење... Мислам јасно е дека има убави природни работи и добри и полезни неприродни работи. Исто така има ужасни и неморални природни и ужасни и неморални неприродни работи. Ако може веќе да престанеме да го употребуваме зборот природно во вакви дискусии бидејќи е крајно нерелевантен и апсолутно најслабиот аргумент против хомосексуалноста. Единствениот поглед во кој хомосексуалноста барем делумно може да се разгледува е индивидуалните верувања на некои луѓе, бидејќи како што видовме ни на медицината, ни на животинскиот свет, ни на моралот хомосексуалноста не им претставува проблем. Библијата ти вели дека хомосексуалноста е грев? Татко ти како мал ти трубел дека педерите се најголемо зло што постои? Не можеш да се помириш што некој сака да има секс со повеќе од 1 човек? Guess what? Сите тие се твои проблеми. Според мојата религија pastafarianism сите луѓе кои се нетолерантни на глутен прават грев пред the flying spaghetti monster и мислам дека треба да се одвратат од таквиот безглутенски начин на живот. Ова го кажувам бидејќи е моја должност како пастафаријан да им укажам дека грешат и дека вистинска среќа ќе најдат јадејќи разни тестенини, само бидејќи јас уживам во тоа. What's that? Нетолеранцијата на глутен не е нешто што еден човек може да го промени? Не е точно, јас имам еден куп пријатели кои беа нетолерантни, ама преку длабоки разговори за летачкото шпагети чудовиште успеаја да се одвратат од тој пат и станаа толерантни. Со божја сила сè е можно. Жими сè, ги гледам, јадат тестенини и се среќни со тоа. Од секој грев може човек да се откаже со доволна посветеност. What's that again, зошто нејадење тестенини воопшто да претставува грев бидејќи не повредува ниедно друго човечко и нечовечко суштество? Океј, како прво ме повредува мене и моите пастафаријански чувства. Второ, во светата книга пишува така што значи не е според стандардите на шпагети чудовиштето. What's that? Зошто би ти било гајле за сомнителното шпагети чудовиште? Хелоу, јас верувам во него па затоа сите други мораат да се приспособат на тоа, duh... Жими сè вака звучите. Mind your damn business and let people love.
Повторувам: Природните работи не се по автоматизам во ред. Животните се водат по инстинкт, а не по разум. Машко куче знае и на човечка нога да и се качи или на некаков предмет кога му е периодот. Кој чувал машко куче - знае. Женски кучиња и мачиња знаат да се „местат“ и на луѓе кога се во сезона на парење. Кој чувал куче, маче знае Значи животните понекогаш ни животно од предмет не разликуваат, а не па пол. Ама затоа пак ние не сме животни и добро знаеме што е машко, а што женско. Добро де, барем некои од нас знаат
Одлично. А сега продолжи да го читаш моето мислење и можеби конечно ќе дојдеме до заклучокот дека разумот вели дека нема нешто кај хомосексуалноста што ја нарушува мојата, твојата и добросостојбата на планетата. Токму поради тоа, разумните човечки суштества не чувствуваат потреба да им се мешаат во штипки на други човечки суштества. Барем некои од нас.
Така де, токму поради тоа пропагаторите на ЛГБТИ треба да научат да бидат толерантни и да не се мешаат во убедувањата на другите и да се чудат зошто некој не верува во нивните убедувања за секусалноста и родовата идеологија. И не треба да ги етикетираат како „хомофоби“ сите што не се согласуваат со нивната идеологија и не треба да им ја наметнуваат насилно или пак суптилно, подмолно и манипулативно преку конвенции за „заштита на жената“ со цел присилно да ја наметнуваат нивната родова идеологија кај децата на луѓето со нормална сексуална ориентација.
@Lella не би рекла баш дека силувањето е природна работа.Јас би ја ставила во нова категорија : ИЗОПАЧЕНИ работи. На хомосексуалноста не гледам како болест, таков се раѓаш јбг.Покасно, порано ќе искочи на виделина или никогаш.Не би правела параметри на хомосексуалноста и религијата.Бог ги сака и ги чува СИТЕ.Пред Бог сите сме еднакви, сепак хомосексуалците не бирале да се такви, едноставно такви се родиле. Океј можда не е нормално машко и машко или женско и женско да имаат односи и факт е дека нема да имаат потомство по природен пат, но има толку многу дечиња по домовите кои чекаат да добијат топол дом.Ако некој е добар и совесен, и доволно способен и зрел нема везе дали е стрејт или геј.И немора да значи дека и детето што ќе го расте тој пар ќе е такво.Гооолем дел од хомо.се од стрејт родители.