Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Упорно говориме цело време дека нам ни смета лгбт идеологијата и ширење и промовирање на истата а вие како слеп за стап сте се фатиле демек нам ни смета што тие прават во кревет помеѓу 4 ѕида. И тоа да ми смета јас тоа неможам да го сменам туку тоа само останува мој или нечиј личен став а вам упорно ви сметаат нечии ставови. Многу е чудно и несфатливо кога некој зборува како треба да бидеме толерантни а тој не толерира ама баш ништо. Значи штом нив ги прифаќате и велите такви се родиле зошто нас не не прифатите дека такви сме се родиле и дека неможеме со сила да сакаме изопачени работи?
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам.
    Сите гејови треба да престанат да викаат: ,,Мојата сексуална ориентација е нормалната и природната. Јас нема да прифатам некој на дете да му каже дека постојат луѓе со поинаква сексуална ориентација бидејќи тоа не е точно. Јас знам дека Бог ја преферира мојата сексуална ориентација и според тоа сите луѓе на светот треба да имаат таква сексуална ориентација."

    Упс чекај малку... Овие работи ги кажуваат само хетеросексуалци. Како и да е, барем се сложуваме дека тие што ги кажуваат горенаведените работи треба да прекинат, било геј или стрејт.

    @Feminka22 Да, се сложувам. Силувањето е природна работа бидејќи како и другите што ги спомнав, се јавуваат кај повеќето животински видови што ги знаеме бидејќи е еволуциска предност. Поентата беше дека тоа што е природно (што се јавува кај животните) не мора да значи дека е добро, како што силувањето не е добро. А исто така и дека тоа што е неприродно не мора да значи дека е лошо (како вакцините и лековите, и секако хомосексуалноста, која ниту е добра ниту лоша, туку само една обична карактеристика која ја имаат луѓето и која нема причина некому да му пречи). :)

    @Vitaly Никој не се раѓа со омраза, нетолеранција и неприфаќање група луѓе. Тоа го учиме понатаму во животот, дали од родителите, училиштето, општеството. Кога бев помала и јас се гадев, верувај, но научив дека не е во ред и се променив кон подобро. Ставови се менуваат, сексуалности не.
     
    На theowndemon, DAngel, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Низ интернет има еден iconic транспарент, на кој пишува - Bombing for peace is like f*cking for virginity. Е толку логика како и во овие две има и во верглањево за толеранција на вашата хомофобија. :(

    И дај жити сè престани со таа родова идеологија и 1247475-те рода, престани да си додаваш и измислуваш дека некој од нас тука и тоа го поддржува. Аман веќе, земи ако не у потпис стави си ги тие новоизмислени родови заедно со табелата со научници христијани (протестанти) и чича мича, готова прича... (facepalm)
     
    На theowndemon, DAngel, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Да точно ставови се менуваат, барем јас сум сменил многу пати. Јас не само што се гадев туку бев со ептен радикални ставови во врска со хомосексуалците. Сега сум само против промовирање на нивната идеологија, во кревет кој што сака нека си прави, не е моја работа, а дека тоа е неприродно е став кој никогаш нема да го сменам ниту некој ќе ме убеди дека е природно. Мојот став нема да им наштети на хомосексуалците како што нивните акти во кревет нема мене така да мора да прифатите дека постојат и луѓе како мене кои никогаш нема 100% да ги подржуваат таквите луѓе.
     
    На Таа Сум, EvAngelos и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Не можам да прочитам како некој станал геј а да не помислам на 7c7970b23f5db27b83fb9ea0e5062e00.jpg :D.
    Само сеуште немам сфатено како престануваш да бидеш геј. Сигурно целава ситуација е многу повеќе од самовили, богови, дрва, еднорози.
     
    На theowndemon, DAngel, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Никој не се раѓа како хомосексуалец. Сексуалниот развој кај децата е во пубертетот, а тој настапува после 8-9 години од излегувањето на бебето од утробата, а не во утробата. Претходно децата се гушкаат само од пријателски побуди. Од друга страна, има многу многу примери на луѓе кои што биле сексуално злоставувани како деца, па таа „траума“ довела до инверзија и растројство на нивниот сексуален нагон, па подоцна или станале хомосексуалци или пак во дел од животот пројавиле хомосексуални наклоности.

    Или се преправаш или не си баш доволно запознаена со лобито чие знаменце го мафташ :) Ако те дознаат дека не ги прифаќаш, не ги признаваш и ги дискриминираш другите родови идентитети (од родовата идеологија), може да те екскомуницираат од ЛГБТИ движењето. Затоа повнимателно со вакви изјави.

    Ти што мислиш @Lella , се согласуваш ли со ортодоксните ЛГБТ-исти дека постојат стотина родови идентитети или си од огранокот на @Someonespecial која не ги признава овие? :)
     
    На Petra777 и Vitaly им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Најинтересни ми се машкиве, горди на својата хетеросексуалност,со сите сили пробуваат да укажат зошто и како хомосексуалноста е неприродна,затоа што не постои потомство , а пооосле легнуваат у кревет, пуштаат филче со две надарени женЦки кои се пипаат, и ја продолжуваат својата лоза, оплодувајќи ја сопствената рака.:lol:
     
    На WildMk и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    А ако е толку лесно да се „смениш“ и од геј да станеш стрејт, што мислиш нема да им е полесно на милион геј луѓе едноставо да се трансформираат и водат „нормален“ живот?

    Или они се мазохисти очигледно, и сакаат цело општество да ги мрази, да ги бркаат од дома, да живеат стресен живот, онака од чиста мира?
     
    На theowndemon, DAngel, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  9. RoseRain

    RoseRain Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Ние бисексуалциве сме само пола истрауматизирани :D. Ај барем постоиме ако ништо друго. Еднаш разбав дека не постојам и замислете која траума беше тоа. За малку геј ке станев.:sweat:
     
    На Fauhxy, WildMk, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Во односот на религијата кон хомосексуалноста препознавам еволуциски отпор на човекот кон таа појава, непродуктивна за продолжувањето на родот. Тоа дали е хомосексуалноста вродена, не би била убедена. Можеби постои некаков ген, меѓутоа многу е извесно дека дали ќе се манифестира зависи од срединскиот фактор и потребен е тригер, како и при многу други појави. А хомосексуалец може да се стане, во стара Грција станувале преку воспитување. Сите луѓе сме потенцијални бисексуалци.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Можели мајка ти да те воспита и научи дека синот на нејзината пријателка треба да ти е маж?
    И ти вика мајка ти, ти со него ќе бидеш и крај. Он ќе ти е убав, он ќе ти е секси, он ќе ти е паметен, он ќе ти биде прва љубов. Така решила жената, сака сваќи да бидат со другарка и.

    Не сум знаела дека можеш да одлучиш дали ќе се заљубиш во некој или па уште полошо дека некој може да ме натера да засакам некој?

    Ако некој ми е привлечен, привлечен ми е од некоја причина, потсвесно. Јас свесно не можам да се убедам дека пример Том Харди не ми е секси, туку дека секси ми е Ryan Gosling. Прост пример.

    Исто како што на геј мажите секси им се мажи, а не жени.
     
    На theowndemon, Feminka22, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Воопшто не е лесно. Сексуалниот нагон е еден од најсилните нагони кај човекот. Затоа и цела Фројдова психологија се темели на сексуалната желба како основна мотивациона енергија на човековиот живот. Сексуалниот апетит кога се храни во соодветна насока, тој станува уште посилен во таа насока. Сите тие искуства и ментални слики длабоко се тетовираат во мозокот и потребно е доста време и напор за да се ослободи човек од нив. Ова не важи само за хомосексуалнсота, туку и за прељубата, за порнографијата и сл. Има многу луѓе што се зависни од порнографија и секој ден/ноќ поминуваат по саати гледајќи порно. Тоа им одзема многу енергија, разочарани се, сфаќаат дека тоа е „сув бунар“ што не може да ги задоволи, се осеќаат емотивно празни веднаш штом го изгаснат компјутерот, се осеќаат разочарано, сакаат да се променат, ама тешко им оди. И најчесто промената почнува откако ќе побараат помош. Ама пак на тоа му претходни да сфатат и да си признаат првенствено себе си дека им треба помош.

    Е сега пази ја оваа ситуација. Во многу места во Македонија пиењето алкохол се смета за нормална работа. Кавадарци, Неготино се само еден пример. Таму не си „муж“ ако не пијш рачија. Т.е. порано беше така, сега редовното пиење алкохол е унисекс. Сите пијат и се фалат со тоа колку испиле. Скоро сите шали им се поврзани со алкохол и пцовки. „Моме, појака си од на тета ракијата“, „Има да те истресам џоа Смедеревка“ :D Итн. Тие што не пијат се сметаат од околината за слабаци, не се кул, не се ИН. Е сега, размисли, во таква околина, дали класичниот пијаница воопшто ќе биде мотивиран да се откаже и рехабилитира од алкохолизмот? Ќе има ли подршка? Од кого? Од оние што му велат: абе ај не дупи, не биди џоа ниа... дај тури од тоа рачијата да и го ***** на мајка ти? Тие ќе го охрабруваат дека тоа е нормално, дека не му треба промена итн.
    Епа слично е и со ткн. „заштитници на ЛГБТИ лицата“. Тие мислат дека им помагаат, а уствари ги охрабруваат во нивната состојба, им велат дека не ни треба да помислат да се променат, дека така се „родиле“, дека така „природата ги создала“ итн. И кога овие ќе се осеќаат лошо, депресивно, овие, „бранителите нивни“ ќе им кажат ама неееее, не ти е од тоа, од друго ти е. Кога ќе закачат сида, ама нееее, не ти е од тој начин на живот, од друго ти е. Итн. Во такви околности, промената е уште потешка.
     
    Последна измена: 6 мај 2018
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Мајкаминеможе. Но, зарем не познаваш лесно заљубливи луѓе? Јас знам такви кои без проблем ќе ги наведеш на некого.

    Штом веќе тргнa со несоодветни хетеросексуални примери, тогаш знаеме дека луѓето се вљубуваат и се одљубуваат. Двајца верувале во вечна љубов еден кон друг, па си здосадиле, преминале на нови личности. Некои дури и развиле одбивност иако некогаш се сакале. Чувствата не се трајни, непостојани се.

    Кога го разгледуваме античкиот свет, педерастија е споменувана практика во одредени кругови и класи. Возрасен маж одржувал интимни односи со момче во развој. Растејќи, младите момчиња ги прифаќале навиките кои им биле пренесувани. За тоа воспитување во стара Грција пишував.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Ова не држи вода бидејќи да беше навистина тоа причината за хомофобијата, ќе се јавуваше кај други животински видови. Хомофобијата, како и расизмот, сексизмот, ксенофобијата се работи измислени од човечкиот род и стриктно карактеристични за нас. Последица се на работи како Библијата, на пример. Тоа се потврдува ако го земеме предвид фактот што во Гилгамеш има хомосексуалци (напишана пред Библијата) и буквално на никој во градот не му е гајле за тоа. Исто така во Илијадата, која била пишувана roughly во исто време, но не под нејзина зависност. И таму ниту на боговите, ни на луѓето им пречат.
    Инаку, популација од животни во која има и хомосексуално однесување се покажала повеќе еволуциски издржлива, отколку популација во која има стриктно хетеросексуални односи. Така што, ако некој е ептен загрижен за иднината на човештвото, да знае дека истребување на гејовите побрзо ќе нè доведе до крајот.

    @EvAngelos Небитно е кога се развива сексуалноста, дали се одредува во утробата или понатаму во животот (иако првото е силно поддржано од фактот што истражувањата покажуваат дека колку повеќе постари браќа има некој толку поголеми шанси има да биде геј), туку дали е избор на поединецот. Како што ти не си ја избрал твојата сексуалност, така ни тие. Е сега, ти најде да кажуваш дека твојата сексуалност е онаа природната и нормалната, а нивната не е и треба да се смени. Ако некој геј го кажеше ова, ти би го етикетирал како ЛБГТ пропаганда, но од некоја причина тоа што ти го кажуваш е сосема во ред.

    Втора работа, ако одиме според логикава, твојата сексуалност исто така може да се промени. Во ред, тогаш зошто да ја менуваме? Па види, има многу повеќе разводи помеѓу хетеросексуалците отколку хомосексуалците.
    Може ова да биде доволна причина да ве седнеме на разговор да си ја промените сексуалноста? Не, нели, бидејќи хетеросексуалноста не е лоша (ниту добра) работа само поради разводите. Исто е и со хомосексуалноста.

    Никоја објективна и непристрасна организација (или поенинец) не вели дека има нешто лошо во бидувањето хомосексуалец.
    Има лошо во имањето сида секако, ама тоа не е еднакво на бидување хомосексуалец исто како што развод не е еднакво на бидување хетеросексуалец.

    За родовите цитирај ме во друга тема ако сакаш да правиме муабет, овде е офтопик.
     
    На WildMk, Someonespecial и DAngel им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Погледни му убаво профилот и ќе видиш од кога оди да зборува по телевизии. Значи времето за пумпање на веста поминало, сега новинарските агенции кажуваат што им пренел тој.
    Мислев дека му е исперен мозокот, сега мислам дека профит е во прашање :)
    Жално е да користите контороверзни теми и слаби точки на луѓе за да си го полните џебот, ама тоа најмалку ме изненадува. Убаво си кажа:
     
    На lovestoneddd и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    1. Битно е, затоа што има некои што тврдат дека хомосексуалец не се станува, туку хомосексулец се раѓа, дека тоа е вродено, а со тоа нели у пакет иде дека тоа е и нормално, природно, такви не создал Господ и сл.

    2. Девојки кои се растени без татко, имаат поголеми шанси да се заљубуваат во многу постари мажи. Зошто? Веројатно затоа што им фалела таа машка татковска фигура во нивниот развој. Исто и машки кои се растени без мајка, имаат поголеми шанси да се емотивно поладни личности, недоволно емотивно созреани. Зошто? Па слично им фалела мајчинската фигура во нивниот развој.
    Епа како што секое тело е склоно кон секакви болести и психолошки девијации, така и кај секој човек може да се случи инверзија или растројство на сексуалниот нагон. Тоа истражување само покажува дека децата кои имаат повеќе машки браќа, кои што се постари и авторитет врз нив, растејќи во таква машка заедница имаат поголем потенцијал да го развојат иницијалното растројство во сексуалниот нагон - што може да се јави кај секој, но не и да се развие кај секој.


    Ама истово може да го каже и педофилот и зоофилот. И педофилот може да рече ама јас не избрав да бидам пефоил. Така се родив. Уште од малечок ми се свиѓаа помалите деца од маало. И зоофилот може да рече ама јас не избрав да сум зоофил. Уште од мал сексуално ме привлекуваа мачињата и кучињата у маало.
    Од друга страна, ни многу болни луѓе не ја бираат својата болест, ама ете понекогаш не закачува некоја болест.

    Точно, како што може и сечија телесно-психичка здравствена состојба да се промени.

    Тоа е така само затоа што мнозинството хомосексуалци воопшто не склучуваат официјални бракови. Но ако го рачунаш просечниот број на нивни сексуални партнери (по неколку стотини), разделбите кај нив се драстично повеќе. Има хомосексуалци кои имале и над 1000 сексуални партнери. Па тој нема ни време подлабоко да се запознае со некој од своите парнтери со цел да разговараат на тема брак.

    Сосема е он-топик овде. Родовата идеологија е тесно поврзана со верувањата на ЛГБТИ пропагаторите, а овде темата е религија. Одговорот беше лесен, само со да или не, но искрено очекував да го избегнеш. @Someonespecial знае зошто ;)
     
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Тие работи кои ги наведе не се измислени, туку природно доаѓаат. Како кога куче чувствува дека му ја нарушуваш територијата и напаѓа, тоа не те потсеќа малку на ксенофобија? Инаку, колку што знам, во животинскиот свет е вистински раритет чисто хомосексуално однесување, т.е. животно кое се впушта во хомосексуални односи најчесто не се откажува од парење со спротивниот пол. А од друга страна на темава се тврди дека геј-луѓето не можат да станат стрејт. И животните немаат религија за да бидат анализирани тука. Купови теми за хомосексуалци со иста содржина.
     
    Последна измена: 6 мај 2018
    На Таа Сум и EvAngelos им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ама дете и животно не можат да дадат consent.
    Едноставно е: има consent - во ред е, нема consent - не е во ред!
    Ајде, повторувај по мене: "има consent - во ред е, нема consent - не е во ред" :D

    Ако тврдиш дека сексуалноста се развива во пубертетот. очигледно не си поминал доволно време со деца.
     
    На WildMk, lovestoneddd, RoseRain и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Да може, ова го има кај муслиманите. Детето очи уште нема отворено тие жена или маж веќе му имаат најдено. За жал во многу случаи таквите парови доживотно остануваат заедно.
     
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Полека, читај прво за што збориме пред да реплицираш. Конкретно овде не збориме за морално и неморално, или дали едното е со взаемна согласност или не, туку само дали се вродени карактеристики и дали се избор. Ако некој рече дека хомосексуалецот немал избор да биде хомосексуалец, тогаш истото може да го речат и педофилот и зоофилот. Педофилот може да рече дека уште од мало дете го привлекувале бебиња или зоофилот дека го привлекувале маалсктие кучиња и мачиња. Едноставно така се родил, зошто да го осудуваме или дискриминираме за неговата/нејзината сексуална ориентација или зошто да се менува? Па тој/таа не го избрал тоа, едноставно така се родил :?:
     
    На Vitaly и sjdgo им се допаѓа ова.