Одлична поента. Некое машко куче може некогаш (ептен ретко) да му се качи на некое друго машко куче (пошто толку разбира у глаата), ама по неколку дена донесете му да помириса женка во период на парење, па да видиме дали ќе ја одбие и дали ќе и каже: Извини, јас имам хомосексуална ориентација, ти не ме привлекуваш, чаооо
Затоа што наштетува на околината. И немој да ми кажеш дека искрено мислиш дека педофил и зоофил може да се променат?
Ова си го измисли на лице-место и морам да забележам дека беше не толку добар обид. Според daddy issues споредбата, би требало децата кои имале бројни машки фигури во животот воопшто да не бараат машки love interest. Сепак, ова не се случува бидејќи кога жената е бремена со машко дете, телото и' го смета за надворешен објект и создава антитела против него. Колку повеќе пати жената имала машко дете, толку повеќе нејзиното тело се адаптира на фетусот, што значи негово феминизирање, што најчесто подразбира привлечност кон машкиот пол. Исто така, ако едниот близнак е геј, шансите дека и другиот е геј се 70% повисоки, што повторно предлага силна врска меѓу хомсексуалноста и генетиката. Но дали хомосексуалецот избрал или се родил таков, како што кажав, не е воопшто важно. Не е раѓањето таков причина за да толерираме некој, туку ефектите кои таквото раѓање ги има. Океј, и што? Како што кажав, не ни е гајле дали педофилот избрал да биде педофил, туку дали таа негова карактеристика на некој начин влијае врз туѓата добросостојба. Одговорот е да, повредува мали деца, ги осакатува за цел живот, што значи педофилијата не е во ред. Љубов, брак и секс меѓу двајца consenting adults, од друга страна, не влијае негативно врз ничија добросостојба (вклучувајќи го и самиот поединец), што значи дека е сосема во ред. Тоа е причината што хомосексуалците не треба да бидат дискриминирани, а не фактот што не избрале. Можеш слободно да му го кажеш примерот со педофилот на некој кој тврди дека хомосексуалците не треба да бидат дискриминирани поради тоа што не го избрале тоа. Јас велам дека не смеат да бидат дискриминирани бидејќи не е твоја работа кој со кој има секс. Моја грешка во изразноста. Стапката разводи е поголема, што значи поголем процент хетеросексуалци се разведуваат од хомосексуалци. Сепак, ја промаши поентата повторно. Работата е што потенцирам дека нешто како стапка на разводи и сида не може да биде причина да се менуваат навиките на одредена група луѓе, без разлика дали се хомосексуалци, хетеросексуалци, црнци, белци итн., бидејќи ако веќе менуваме треба да ги таргетираме само оние кои имаат такви навики, затоа што навиката незаштитен секс (ако сакаш и промискуитет) и навиката развод не се среќава само кај едните, т.е. другите, и покрај тоа што се среќава повеќе кај едните, т.е. другите. Оттаму, хомосексуалноста не е по дифолт имање сида па да се интервенира со нејзино искоренување. Тоа е само наоѓање изговори за да се оправдаат вашите идеи за ,,чисто" општество. Исто така, интересно е што сите светски медицински организации кажуваат дека не е медицински проблем, но ти од некоја причина упорно го посочуваш како ментално растројство кое треба да се искорени, иако ниту е ментално растројство, а ниту пак има причина да се искорени. Ти кажав, цитирај ме во друга тема, ќе ти одговорам.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10160153832705580&id=348524600579&__tn__=*s*s-R https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10160161444185580&id=348524600579&__tn__=*s*s-R https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10160170041740580&id=348524600579&__tn__=*s*s-R
Се разбира дека може, освен ако сексуалното растројство не е толку големо и не траело толку долго за да не може да се корегира (не е ни прва, ни последна неизлечлива болести). Но дури и целиот живот до смртта да е видлива промената, да нема никаков испад, ЛГБТИ пропагаторите никогаш нема да му/и ја признаат таа промена на личноста и ќе верглаат дека тој се уште е педофил, хомосексуалец, зоофил, некрофил итн. ама ете тоа успешно го потиснувал до крајот на животот. Се разбира бидејќи они имаат скенер на душите на луѓето и точно гледаат дека не е промената, туку само потиснување
Але, аман те..се отепав од читање и никако да најдам врска некоја од пишанициве ваши со насловот на темава..знам дека има веќе отворена тема за хомосексусалноста и дрндрн..ама овде читам пак едно те исто...Каде е религијата овде??? нема, нормално дека ќе ја нема, ниту една религија не го признава педерлукот
Нормално дека може да те присили да се омажиш, ама не може да те присили тој со кој што ќе се омажиш да ти биде привлечен, да се заљубиш у него, да ти биде атрактивен. Разликата ја сфаќаш или?
Повторно одите надвор од темата..убаво си пишува во насловот... Постои библија за гејови..ете може некој што ја прочитал да ни раскаже во кратки црти. Може да дискутирате за хомосекс. во светитте писма, дали негде е спомната и дали е осудена. Може да се спомне и хомосексуалните односи на светогорските монаси... Дали библијата е морален контролор на сексулните однесувања т.с.религијата како примарна сила во најмала рака ги воспоставува и ги одржува сексуалните ставови и ги регулира секс.однесувања...идр.
Кои глупости зборува членката Лела. Чудо невидено. Нормално е меѓу хетеросексуалните бракови да има повеќе разводи, затоа што хетеросексуалците сочинуваат 98% од популацијата и многу мал процент хомосексуални бракови се регистрираат. Тоа што е познат факт е дека 80% од сидашите се хомосексуалци. И убедливо најголем дел од педофилите. Околу толеранцијата. Дали членката Лела се дружи и поканува на својот роденден нацисти, фашисти, националисти, расисти, хомофоби, ксенофоби? На кој начин таа ја репрезентира својата толеранција и различната политичка определба? Или јас сум добрата и имам право да селектирам, мразам?
Младите момчиња ги прифаќале тие работи бидејќи така им било наложувано. Што не значи дека они чувствувале сексуална привлечност кон други мажи. Да, луѓето го прават тоа. Поентата беше со сила никој не може да те натера да се вљубиш во некој. Исто како што не можеш да одбереш кој ќе ти биде убав а кој не.
Не, не е онтопик ни тука, ни на ниедна тема каде што напнуваш со ова. Тука зборуваме за хомосексуалност - што значи привлечност меѓу две возрасни личности кои се обете од машки/женски пол, и консензуален секс меѓу нив. Туку ти немаш реални и валидни аргументи за твојата пропаганда, па затоа насекаде забегуваш во троловско и провокаторско посочување на екстреми на либерализам низ светот и одвратни компарации со навики на животните, објектофилии, бракови со животно итн. Нашол кој да збори за избегнување одговори, лол... @Lella, јас и останатите што „го вееме виножитното знаменце“ сѐ уште те чекаме да (се обидеш да) дадеш некој валиден аргумент зошто е лошо и погрешно да се биде геј и зошто би имале потреба да ги конвертирате, а побудите за тоа да не ви бидат исто забегани и бизарни како oние на ККК за избелување на црнците. Рековме дека кај зоофилите и педофилите проблемот и изопаченоста е во немањето согласност, во педофилијата страдаат деца обележани со траума за цел живот поради овие луѓе. Кај пијаниците сите ги знаеме ефектите на алкохолот врз организмот и опасноста по околината, за насилници/криминалци исто така. Што е тоа со што две свесни, согласни, заљубени лица од ист пол реално му штетат на општеството, па и на самите себеси - а да не е отстапување од наметнати религиски традиционални вредности? СПБ веќе се разбравме (at least I hope so) дека се добиваат поради отсуството на заштита. За депресијата нема никаква друга причина, освен околината и нејзината хомофобија која им ја уништува психата. Упс, да не имаш и некакво објаснување за поврзаноста со сексуалноста, кое некој пастор/апологет си го склопил за да го ширите низ светот, или пак се крчка во квазинаучните лаборатории? Па уште ние straight allies сме им одмагале на гејовите, а вие хомофобите ќе ги спасувате Ако знаев депресивна геј личност, секако дека ни на крај памет нема да ѝ „помагам“ да се врати на „вистинскиот пат“ - туку ќе направам сè за да ѝ ја покажам ирелевантноста на вашите глупости и дека треба да се прифати таква каква што е Јас искрено со огромна резерва ги земам и вашиве примери на луѓе кои ги познавате, во најмала рака како им ја перцепирате психата и чувствата во согласност со тоа што ви одговара, како што и овој пример со човеков од терористичкиот напад смрди од сите страни на измама и пропаганда. Перцепцијата ви е тотално искривена, никогаш не биле ЛГБТ заедницата поприфатени и помалку дискриминирани, yeah right... само пред 2 години се случи масакр во геј клуб во сред Флорида, a сега жртва од истиот се искористува вака Дејзи супер објаснила и дала добри примери околу „воспитувањето“. Да, може семејството на крај навидум да те „убеди“ дека некој избран од нив е добар избор за тебе... Низ светот во руралните краеви на многу земји, па и во пософистицирана форма има сѐ уште многу договорени бракови. Аналогијата би била супер јасна со „конвертираните“ хомосексуалци со сопруг/а и дете/деца, колку всушност во себе се и тие среќни и заљубени во таа претстава за пред општеството/блиските. Во останатите случаи, за ваша информација - постои и нешто како бисексуалност И со какво дно на општеството од луѓе уште ќе ги ставиш хомосексуалците во иста реченица, а уште да се жалиш и очекуваш да не те викаме хомофоб, а Евангелос...?
Не е прашање на 'моралност' консентот, туку прашање на нарушување на туѓи права и слободи. Правна работа, која влијае на психичката состојба на жртвата. Двајца возрасни ако одлучат да имаат секс, нивна работа. Не знам зошто воопшто некому би пречело, што некој прави во својот кревет? Сигурно и ти имаш сексуални преференции кои не се вообичаени, па никому-ништо.
Ама членот Мамли изгледа прочитал, ама не дочитал да види дека зборуваме за стапка на разводи, а не број на разводи. Ајде одново. Во нормалните држави каде што се легализирани и истополовите бракови има луѓе хомосексуалци кои се во брак, покрај луѓето хетеросексуалци кои се во брак. Од хетеросексуалните бракови, одреден процент годишно завршуваат со развод. Од хомосексуалните, одреден процент годишно завршуваат со развод. (Процентот инаку, секогаш варира до 100, без разлика дали реалната бројка е 8 или 8 милиони. Ова се надевам го знаеме од седмо одделение математика ) Процентот на разведени хетеросексуални бракови во сите држави е поголем од процентот на разведени хомосексуални бракови. Апсолутно не. Членката Лела знае дека let's agree to disagree се однесува на несогласувања кои опфаќаат храна, омилен спорт и музика, а не нечие чисто постоење и основни човечки права.
Во ваков случај каде бројот на бракови од двете страни е премногу голем нормално е и стапката на разводи да биде поголема кај хетеросексуалните бракови. Е кога би биле пола пола дури тогаш би можеле да ја употребиме таа пресметка и да ја користиме како аргумент дека истополовите бракови биле помалку подложни на развод. Плус проблем е тоа што не се легализирани секаде. Спојлер Секогаш ми ги бришеш офтопиците во темите кои ги застапуваш како модератор. Овде кој ќе ги брише твоите? Религија и хомосексуалност е темата а ти религија еднаш не спомна овде. Има друга тема само за хомосексуалност па таму може да ги изразиш овие мислења. Нели?
Не не, гајле ни е. Знаеш зошто ни е гајле? Затоа што ЛГБТИ пропагаторите се тие што излегуваат со аргументот „ама хомосексуалецот така се раѓа, тоа не е избор, таков Господ го создал, и затоа хомосексуалноста е нормална и природна и затоа треба присилно да навлезе во сите пори на образованието и да им се перат на децата мозоците уште од најмали нозе дека тоа е нормално, да си пробуваат вариетити на сексуални ориентации и да не се срамат од тоа итн. Јас само се приклучувам на оваа „ЛГБТИ логика“ посочувајќи дека истото може да го кажат и педофилите, зоофилите и некрофилите (луѓе што сакаат да имаат секс со мртви тела) И уште нешто, дали сите вие од ЛГБТИ движењево сте вегани? Ако велите дека зоофилијата не е ок затоа што подразбира секс со животно кое не се согласува да има секс, тогаш дали и месната индустрија исто така не е ок бидејќи и таа ги убива животните без нивна согласност т.е. влијае на добросостојбата на животните? Од кај ти е овој податок? Сега баш гуглав малку за ова и видов дека се работи за некоја математичка грешка во истражувањето: Sam-sex divorce rate not as low as it seemed https://www.washingtonpost.com/news...t-as-low-as-it-seemed/?utm_term=.1d127bd7b38e Всушност процентот бил ист како и нормалните бракови.
Човекот ви објасни погоре вие пак упорно.. Неможе да споредуваш човек со животно. Ина животни кои си го лижат задникот или го јадат својот измет, дали ако човек го прави тоа го сметаш за нормален? Инаку животните некогаш знаат и на некој предмет да се качат или на друго животно така да не биди сигурен дека тоа е хомосексуалност кај животните.
Нема животни хомосексуалци. Машко куче може да му се качи на друго машко куче (бидејќи нема разум, толку му фаќа црпката), ама по 3-4 донеси му женка, нема сигурно да ја одбие и да рече „ааа извини цуро, јас сум хомосексуално куче, ти не ме привлекуваш Плус, многу животни си го јадат сопствениот измет. Дали тоа значи дека е природно и за човекот да си го јаде изметот? И многу кучиња и мачки си го лижат газот после голема нужда. Дали тоа значи дека е природно и за човекот да си го лиже газот после голема нужда?
Се извинувам, не ја прочитав цела тема. Иначе сексуалноста, нема врска со хигиената. А има и луѓе кои лижат задници и јадат измет....