Искрено, немав нерви да читам многу од тоа што сте пишувале. Но морам ова да си го кажам. Помина времето кога ми беше гајле што другите мислат за нашата врска. Сега ми е важна само таа. Среќни сме. Убаво ни е. Да, љубовта си е љубов. Истите оние пеперутки во стомакот што ги чувствувате и вие кога сте со саканите, истото задоволство кога поминуваме време заедно, без разлика дали само разговараме, се држиме за рака или нешто друго. На блиските не им беше сеедно. Но кога ја гледаат мојата среќа, омекнуваат и признаваат дека другите не треба да ми бидат важни. Се работи за моја љубов, моја партнерка, мој живот. Се додека не наштетувам никому, не гледам проблем. Непроценливо убаво чувство грее во мене. Веќе со години. Греота е човек да губи време на тоа што мислат другите за врската, кога има толку моменти што чекаат да бидат доживеани и запаметени. Имавме многу тешки моменти, гордо кажувам дека таа и јас се покажавме доволно цврсти и ги надминавме. Ние излеговме посилни од погледите накриво што ги добивавме секојдневно, од лошите зборови, од непредвидливите проблеми. Продолжуваме да си ја градиме врската. И ако некој се наоѓа во слична ситуација, јас можам да ве охрабрам, да ви кажам дека не е невозможно дури и во оваа, уште т.н. "затуцана" средина да се гради и да се одржи ваква врска. Ако љубовта, желбата и храброста ви се доволно силни, ништо нема да ве спречи. Така што дискусиите се губење на време. Сакајте и бидете сакани, а се` друго е споредно.
Во право си, еве ги имало и кај хетеросексуалците: Хомосексуалците се 2% во САД, а сочинуваат 70% од новозаразените со сида. Хетеросексуалците се 98% во САД, а сочинуваат само 23% од новозаразените со сида.
хаха не се мои, од hiv.gov се. Вкупно ако ги собереш испаѓа 101%, значи или направиле заокружување на цели броеви или пак има поклопување во тие 3% Gay and bisexual who use drugs со претходните 70% Gay and bisexual - кои се генерална бројка и ги вклучува оние кои земаат и кои не земаат дрога.
Мене друго прашање ме мачи: Дали доминантната (буч) лезбејка со кратка коса, широки цврсти рамења, кожњак, тетоважа и ланец околу струкот е повеќе машко од пасивниот геј со нежен глас, испеглана коса, што носи розева танга и се фрцка?
И 'лечеле' жени од 'хистерија', со метод дркање. Да, докторите ги дркале жените и така ги 'лечеле', Толку. Мора да се промовираат, се додека не бидат апсолутно прифатени и да не с епод ризик дека некој ќе ги убие од ќотек, ако ги види како се држат за рака. Со промоција се зголемува знаењето. Ајдее... промискуитет, прељуба и силување го стави во ист кош. Ти бе, имаш воопшто почит спрема жените??? Силување е сексуално насилство. И после, Бог-ова она, моралност. Преиспитај си ја моралноста човече, ќе испозагиниме од такви моралисти ко тебе.
Не, затоа што според она што го налага порно индустријата, лезбејките се секси, а педерите гадни It's all Hollywood, baby, хаха
Апсолутно. Да не постоела хомофобијата како дел од воспитување, наметнат морал и индоктринација - немало да има такво нешто како ЛГБТ заедница, ниту пак геј паради. Исто како што ние стрејт луѓето ги немаме, бидејќи немаме потреба од тоа - никој никогаш во историјата и никаде во светот не нѐ дискриминирал сите нас поради таа наша сексуалност. Тоа „промовирање“ во превод е залагање да ги прифатат како луѓе, да не ги ставаат во иста реченица со педофили, зоофили, насилници и личности со пороци, да не треба да се кријат од општеството итн. Ниту пак има индоктринација кон која демек оди образованието со наводен геј идеал за новите генерации, сѐ е тоа параноја. „Јас не сум хомофоб, АМА ми пречи јавното искажување на геј љубов/промовирањето на ЛГБТ заедницата“ е едно од најбаналните оправдувања на екшуал хомофоби