@EvAngelos Ова што ке го кажам нема ни тронка сарказам. Параноја дека одредена група луѓе „доаѓа“ за да биде над тебе и се стреми кон целосна доминација не е нормална психолошка состојба. Побарај помош.
@EvAngelos Кога заедницата јавно ќе истапи со изјава ,,Сметам дека треба да се забрани хетеросексуалниот брак, да не им се даде на хетеросексуалците да посвојуваат деца и да не смее да се одредува полот на детето во изводот на раѓање.", тогаш ќе зборуваме за принудно наметнување. Засега, хетеросексуалците се единствените што ги кажуваат горните изјави, so please do sit the fuck down. И за малку да ти помогнам да спиеш добро навечер, во еден мој учебник од кој учев во 2017 година пишуваше дека ЕУ има 15 земји членки (значи најмалку 14 години не е сменет), така што не знам зошто упорно трубиш за тоа дека во учебниците ќе пишувало за 100-те рода, кога учебниците уште не информираат ниту дека постои различна сексуалност од хетеро.
Мене страшно ме интересира за Евангелос и останатите кои го поддржуваат во лудите идеи дека гејовите се спремаат како ИСИС да го преземат светот или пак ги сожалуваат, им бараат решение за личниот живот, ги споредуваат со педофили и сл. - а тврдат дека имаат геј пријатели... Како ли им глумите за да ви останат пријатели?! Па јас лично да сум лезбејка - очи не би ми виделе, искрено... Исто звучите ко националисти кога ќе речат „абе ја имам еден другар шиптар, ми има помогнато у животот, има луѓе и меѓу нив али углавно се затуцано племе“. Фали уште расисти да почнат да се избацуваат со фазон „абе и ја имам другарка црнкиња, ама ги жалам, инфериорна раса се, па има и по некоја таму болест што повеќе е застапена кај нив како раса (оти ако ни е за обични празни статистики - има и такви)“...
Има разлика меѓу ЛГБТИ лица од една страна, и ЛГБТИ пропагатори и организации од друга страна. Во вторите има многу стреј луѓе. Првите се заложници и жртви на вторите. Вторите се тие кои користат подли и манипулативни стратегии за наметнување на родовата и ЛГБТИ идеологија кои сите луѓе на планетава, па и кај животните ако е можно. Параноја е нереален страв. Јас немам страв (туку загриженост), а најмалку па она што го зборам е нереално. Реално е затоа е веќе видено во земјите каде што ЛГБТИ се во понапредна фаза од нивната агенда. Ако не е реално, кажи ми што од тоа што напишав е нереално? Што? Реално е дури и дека ќе го избегнеш ова прашање, бидејќи знаеш дека се што пишав е така Не е реално дека во Америчката држава Орегон, 15-годишно дете не смее да стави тетоважа, не смее да пуши, не смее да донира крв, не смее ниту да оди во солариум, ама затоа смее да си го промени полот без знаење и дозвола на родителите и тоа на сметка на државата? Сум бил таму, имам пријатели што живеат таму, од прва рака знам. Гуглај колку сакаш, има доста дебати околу спорноста на тој ЛГБТИ закон: http://www.foxnews.com/politics/201...t-state-subsidized-sex-change-operations.html Не е реално дека преку тужби се криминализира секое поинакво изнесување на мислење? Светки познат случај е за двајцата хомосексуалци кои со намера му влегле на некој христијански слаткар во Колорадо и од него побарале да им направи торта со геј симболи и тоа торта што не била од менито на слаткарницата. Тој им рекол дека таква торта не е дел од менито и нема да ја прави и овие му стегнале тужба. Овој случај цел свет го знае, дојде и до врховен суд во Америка, не знам што не ти е реално тука https://www.nytimes.com/2017/12/05/us/politics/supreme-court-same-sex-marriage-cake.html Не е ли реално тоа што во Истанбулската конвенција го пишува за имплементирање на родовата идеологија во образованието на децата? Еве што вели 14-от член од конференцијата кој што е за образованието: Член 14 - 1. Страните ги преземаат, кога тоа е соодветно, потребните чекори за воведување на наставен материјал за прашања како еднаквост меѓу жените и мажите, нестереотипни родови улоги,.. Дали знаеш кои се тие „нестереотипни родови улоги“? Еве што вели и вториот став од овој член: Страните ги преземаат потребните мерки за промовирање на принципите споменати во ставот 1 во установите за неформално образование, како и спортските, културните и установите за слободни активности и кај средствата за јавно информирање. Ова дословно го пишав јас во предходниот пост. Еве ти и линк од конвенцијата каде што можеш да се увериш во реалноста: https://rm.coe.int/168046253a Немам денес многу време за фемина, се читаме подоцна вечер!
@Someonespecial ме потсети со болестите за конверзијата на црнците. Знаеме дека еболата е најраспространета кај црнците, но има и белци заразени. Е сега, решението на луѓето како Евангелос е да ги најдеме сите црнци на светот, заразени и незаразени, и да ги претвориме во белци со операција. Зошто? Бидејќи фактот што еболата најмногу ја има кај црнците кажува дека бидувањето црнец не е добра работа, бидејќи очигледно има последица - заразување со ебола. И не, сево ова не е бидејќи нашите лични верувања нѐ тераат да не ги поднесуваме црнците, туку бидејќи ние сакаме да им помогнеме да не се заразат со ебола. Fuck logic.
Ти би имал нешто против твоето дете да учи дека може да прави и "машки" работи иако е женско, или пак "женски" работи, иако е машко?
Уште понелогично. Зошто стрејт луѓе би имале корист... од диктатура спрема нив?! Не ги коментирам линковите со екстреми. Бајато е веќе. Тешко тебе ако ние пробуричкаме вести за екстремни небулози од (про-Трамп) евангелистички пастори низ светот... ама не сме пропагандисти како тебе Erm, на пример, да може жена да негува панк стил со избричена/кратка коса и да има силна физиономија, а машко да се депилира, грижи за својот изглед и да не му паѓа на памет тој ваш фамозен воен рок - а да не заклучиш само по тоа дека се геј и лезбејка и да правиш bully хехенца со нив?!
Ииииили да учи машкото уште од мало дека мама не е слугинка дома и дека е сосема во ред да измие чинии, зачисти, вклучи машина, направи ручек? Сега сфаќам што е работата Пусти страв дека ќе мора по дома да работат
Ова ти се што го напиша е дел од борбата да се сруши т.н. хетеронормативно општество што е самообјасниво - општество изградено на норми дека сите се хетеросексуалци, дека може да има само две полови определености, а тука спаѓаат и стереотипните полови улоги. Исто така дел од борбата против хомофобија (примерот со геј парот кој порачал торта). Не гледам апсолутно лошо во тоа. А најмалку од се гледам дека е план за доминација.
Немаат бомбаши-самоубијци? Шала на страна, сметам дека реалните потреби на ЛГБТ и хетеро-луѓето лежат некаде помеѓу двата небулозни екстрема на „постојат 60 полови и 100-ина сексуалности“ и „агендата на ЛГБТ лобито е да не’ попедерчи сите“. Бракот е дефиниран како заедница помеѓу маж и жена само поради религиозни („мојата света книга вика така“) и традиционални („тоа си е така, останато од времето“) причини, што, само по себе doesn't amount to much, у смисла на објективни и добро образложени аргументи. Луѓето кои не се хетеросексуалци едноставно сакаат да имаат еднакви права како и нив и тука не гледам ништо спорно. Законските дефиниции за „брак“ ќе претрпат малечка измена - наместо заедница меѓу маж и жена, заедница меѓу двајца луѓе и - завршена работа. А црквата комотно може да продолжи да ја застапува дефиницијата дека бракот е заедница меѓу маж и жена и да венчава само хетеросексуални парови, нивно право. На крајот на краиштата, затоа постои „црковен“ и „граѓански“ брак. У однос на приказната за 15-годишното дете кое си го сменило полот без знаење на родителите, признавам дека ми делува како fake news, ама знам дека @EvAngelos знае како се проверуваат извори, па ќе му верувам на збор. Мислам дека ниту еден разумен човек (хетеро или ЛГБТ) нема да го оправда тоа, ниту пак се залага за такво нешто. Едноставно, неразумно е и погрешно, од повеќе различни аспекти (да не разглабам, не е темава за тоа). Но да се рече дека ако дозволиме бракови кои не се хетеросексуални тоа е нешто со кое ќе се соочат сите наши деца е исто толку (ако не и повеќе) неразумно.
Добро е, барем признаваш кој е тој што „руши“, во случајов ЛГБТИ Ај вака од почеток, овој пат смирено, значи не планирам да те негирам или да се расправам. Значи на оваа тема, постојат два типа на луѓе со две различни убедување за родовите. 1. Едните веруваат дека постојат само два рода - машко и женско и дека тие се еднакви со половите - машко и женско. Овие генерално веруваат во една нормална сексуална ориентација (машко-женско). 2. Другите (ЛГБТИ пропагаторите) веруваат дека постојат стотина родови идентитети и десетина сексуални ориентации. Не може да се негира ни постоењето на првите, ни вторите. Виножитото вели дека не има секакви, од сите бои така? И треба да се прифаќаме, толерираме. Е сега, кога станува збор за образованието, јас немам проблем да се поучува дека и вакви и онакви. Но она што ми смета, и тоа превентивно, е кога едните сакаат да го наметнат своето убедување, поточно да ги присилуваат другите да веруваат како нив. Знам дека се уште не е таква ситуацијата во Македонија, ама гледано од поширока перспектива, дека и во други земји не било така, па за 10 години станало, факт е дека и Македонија се движи натаму, особено со оваа власт. Во случајов слаткарот не бил хомофоб, туку двајцата хомосексуалци биле хетерофоби. Повторувам - хетерофиби. Слаткарот не отишол во геј клуб и да нарача некое кафе со хетеросексуален симбол. Не бил ни во ЛГБТИ клуб и да нарача знаме со хетеро-симболи. Туку овие му дошле на негов терен да се закачкаат. Тие можеле и на друго место да си нарачаат торта. Но тие намерно дошле кај него. И намерно нарачале торта што не е на менито. Повторувам што не била на менито. Повели ти отиди во некоја слаткарница што не служат шампити и нарачај шампити. Што ќе ти кажат? Извинете, немаме. И чао пријатно. Ти не можеш да ги тужиш зошто тоа не го служат. Бујрум менито, ако не ти се свиѓа нашата услуга, слободно идете у друга слаткара. Ама овие не, има да направиш или ќе те тужиме. И цело ЛГБТИ лоби застана зад овие, со цела правна гарнитура на адвокати. Што пак издава дека ова не било и така непланирано, туку добро испланирано на некој состанок на ЛГБТИ закачковците, пардон пропагаторите. Затоа велам, овде станува збор за хетерофобија и присилно наметнување на својата идеологија кон другите.
Туку што читам јас, на coбиров во Вашингтон дошле цели 36 луѓе https://www.lgbtqnation.com/2018/05...2&tse_id=INF_6e0e88e052d811e8804f9df8933ed465
Во врска со случајот со тортата, гејовите побарале лгбт декорација, која слаткарот одбил да им ја даде, поради религиски причини. *shocker* Не побарале ЛГБТ торта, туку обична торта (која била на менито), но со ЛГБТ декорација. Е сега, ако слаткарницата не прави декорации ни на други луѓе по желба, нема основа за лутење. Ама ако одбиле да декорираат торта со ЛГБТ симболи само поради симболите, тоа е веќе дискриминаторско однесување (што е против законот). Не е нешто страшен случајов, ама дефинитивно е чиста загуба за слаткарот.
Ако ти имаш слаткарница твој избор е какви торти ќе правиш и некој нема право да ти кажува. Искрено ако имаше и ако јас ти нарачав торта со свастика дали ќе ми направеше? Не, дефинитивно! Епа исто и со овој случај, човекот не прифатил да прави таква торта и крај. Според мене случајот е чиста провокација а не дискриминаторско однесување.
Ама одвратни сте кога споредувате работи како свастика (и педофилија, радикални муслимани итн.) со ЛГБТ.