Не споредувам туку ја прашав што би направила во таква ситуација кога јас би нарачал торта со свастика бидејќи таа го обвини слаткарот дека дискриминирал. Тоа чекав инаку, во незнаење да ве фатам. Појма немате што е свастика а веднаш се контрате. Словенски знак е инаку, по цркви го има.
Против законот? Првиот амандман од Уставот на САД вели дека конгресот не смее да донесе закон кој ќе противречи на слободата на религија, религиско практикување, говор, печат, мирни демонстрации итн. https://en.wikipedia.org/wiki/First_Amendment_to_the_United_States_Constitution Државата не само што не смее да го казни слаткарот, туку не смее да донесе ни закон што ќе го тера да прави уметнички дизајни што се косат со неговите верски убедувања. Дали двајцата хетерофоби биле толерантни спрема слободата на верското изразување на слаткарот? Или зборот „слобода“ спрема ЛГБТИ значи дека само тие смеат да бидат слободни и цел свет треба да се ориентира спрема нивните идеолошки убедувања? Нели слободата значи твојата слобода да не загрозува нечија друга слобода? А каде е тука слободата на слаткарот да не прави дизајни кои се косат со неговите верски убедувања? Дали ти доколку си слаткарка и некој ти дојде и побара од тебе да му направиш торта на која ќе пишува „само хетеросексуалноста е нормална сексуалност“, дали ќе го направиш тој дизајн? Пази, после може да ја стави на инстаграм и да пише дека ти си ја дизајнирала Ќе го направиш ли тоа @Lella ? Ноуп. Слаткарот го доби случајот и судијата пресуди дека тој може слободно да си продолжи да не прави геј дизајни на торти Хетерофобите и ЛГБТИ заедницата која стоеше зад нив заборавила да го прочита првиот амандман од уставот пред да го направат овој атак на туѓите слободи Исто и во Калифорнија слаткарката го доби случајот: https://www.nbcnews.com/feature/nbc...ke-same-sex-wedding-cakes-judge-rules-n845501 А еве ти твит директно од Белата Куќа објавен пред само 6 дена https://twitter.com/WhiteHouse/status/992068272861405184
Не се прави сега паметен, многу добро знаеш што и како напиша и со што се асоцира свастиката т.е. што стои зад симболот. Да ти одговорам, свастика = (имплицира) дискриминација, логично дека не би требало да се става на торта. Декорација геј куклички не е хејт симбол. Одбивање да се услужи геј пар само заради нивната сексуалност = дискриминација.
Кој смее мене да ми брани да ставам свастика на торта? Како што некој може шарено знаме да става или куклички гејови на торта така јас можам свастика. Ако вас веднаш ве асоцира на нацизам проблемот е во вас тоест со вашата запознаеност околу тој симбол. Твоите тоест нашите предци некогаш го носеле тој симбол, еве прочитајте, едукација малце.. https://mk.wikipedia.org/wiki/Коловрт
Па веројатно, или тие потекнуваат од словените тоест ариевците или ние од нив. Не сум одел толку далеку наназад во историјата. Ова е пагански симбол. Да не забегуваме од темата ако може.
Тешко дека тие од нас потекнуваат. Он топик. Денес свастиката е поврзана со ариевизмот. Нема 'ама'. Се знае што значи. Ако некому не се допаѓа фактот, нека се буни кај Хитлер. И да споредуваш милиони убиства, со желба за правна интеграција, е нехумано.
Имам направено цело истражување за најраните христијански симболи, што го вклучува гореспоменатиот. Истиот не е легално да се прикажува во одредени западни земји заради начинот на кој се искористил и што означува денес. Не се битни нашите предци. Така да (иако не секаде), некој може буквално да ти забрани да го ставаш на торта.
Wow, чекај да најдам некое шокирано meme од шпанска серија Посебно за Трамп Let me see... "America is a nation of believers, and together we are strengthened by the power of prayer." Ама чекај малку бе другарче, нели ти беше за секуларност? Или тоа само кога те нервираат македонскиве православни фанатици за кои си секташ, а сеа те лајкаат за хомофобија? Велиш случајот на суд го добиле и овој слаткар, и уште една во ист случај (претпоставував, ама имам и попаметни работи од проверување на настаните со кои напнуваш). Океј. Епа тогаш каде е таа закана која се шири во легислативите, уредувањето, воопшто општеството низ светот? Инаку, во нијанси можеме да спориме дека можеби не е за тужба и суд случајов, ама дека слаткариве се обични хомофоби од религиозни причини кои заслужуваат неформална осуда од општеството - се. И тоа линкчето за Орегон што го трубиш за можност на деца од 15 години да сменат пол, па уште државата ќе им ги киднапирала да им го сменат полот Тоа е уствари закон што постои на хартија најверојатно од 2015 (од тогаш ти се вестите), за личности со gender dysphoria. Ако го гуглаш не излегува ниту еден конкретен таков случај. Да се десеше такво нешто, мислам дека ќе стигнеше и до нашите вести (и оправдано, бидејќи во пракса сите со либерални сфаќања тука се согласуваме дека е погрешно и ван здрав разум). И сеа? Друга некоја бабарога приказна за мали деца имаш? Туку со Ирска на Евровизија шо праиме? У недела мижи, да не ти дојде многу ненормалност
Мислам дека темата не е љубовта на @Vitaly кон свастиката. Знаеме убаво што означува, прошетај по ранохристијанските археолошки наоѓалишта низ државата, ќа ја видиш. Но исто така знаеме и што означува за нацист како тебе, штом не издржа веднаш да ја спомнеш.
Во повеќето стејтови законот исто така вели дека не смее да се врши дискриминација врз личности поради сексуалноста. Од друга страна, ако мојата религиска определба е пастафаријанство, и некој дојде и ми побара да нацртам сланина врз тортата, apparently тој што ми побарал мене, слаткар кој е должен да го нацрта тоа што го бараат муштериите, ми ја нарушува религиската слобода. Муштеријата ич не е крив што мојата религија смета дека луѓето што јадат сланина ќе одат во пеколот. Да. Сепак не би напишала на торта ,,смрт за сите гејови", ,,смрт за сите нацисти" или нешто слично. Има граница, се вика hate speech. Овде спаѓа и свастиката. Луѓето побарале торта за нивната свадба, а чичево ги одбил бидејќи Бог така му кажал. What an asshole. Се надевам дека му пропаднал бизнисот. Едит: Дали сериозно со твитот? Trump is a fucking joke.
Луѓе, не знам што толку се оптеретувате со коментари од секој. @sjdgo @Vitaly @EvAngelos и останати, ај сетете се како сте размислувале кога сте биле адолесценти и се ќе ви се разјасни . Тука некој ни врска немал, па се дрзнува да коментира за врска и брак. Мислам дај...
Да де, го знам тоа, како што можат и за шарено знаменце така и за нацистички сибмол кој исто така е свастика но не и за симболот за кој ставив линк. Не е инаку Христијански симбол, незнам што си истрањувала, ова е пагански симбол, а може да се сретне по црквите бидејќи се пренесувало како традиција. Многу луѓе денес се чудат што бара тој знак по црквите кои се постари и од времето на Хитлер ама ете кога ќе се фати некој за тоа и крај, нацизам значело и готово. Велиш не се битни нашите предци ама битно е начинот на кој се искористил. Па за да видиш кој го искористил и начинот на кој го искористил мораш во минатото да погледнеш нели, а кога ќе погледнеш ќе видиш дека нашите предци го користеле за да му се молат на Перун.
Според мислењава твои, периодот кој сега го минуваш сум го поминал пред 3-4 години. Еве ова кажува се. Ти си и бетер од нацист, да се деклариреш така ок ќе беше, само што велиш си либералист е тоа е mind fucking овде бидејќи твоите ставови се косат во голема мера со либерализмот. Мислам дека нетреба да те интересира нечија политичка определба.