Гејовите во бракови со жени вам ви признаа дека се принудени и дека се чувствуваат лошо во тие бракови, или ваше лично убедување е дека им бил вршен притисок и се несреќни? Како може возрасен маж да го тераат родителите да прави нешто што не сака и да тврдите дека проблемот е во околината? Зошто тогаш постојат многу хетеросексуалци кои одолговлекуваат стапување во брак иако сите им кажуваат како им дошло времето?
Ок. Мојот став е дека не може да се промени биолошкиот нагон, не може, едноставно е вродено тоа, исто како што не може мене некој со сила да ме натера да станам лезбејка. Друго е ако некој е бисексуалец, тој може да реши да го фокусира нагонот кон еден пол, како што веројатно е случајот со тие т.н. преобратени.
Ok, го почитувам твојот став. Сепак мојот став е дека не е научно докажано дека хомосексуалниот нагон е вроден. Од друга страна, има многу луѓе (со нормална хетеросексуална ориентација) кои заради сексуална траума во минатото, сексуално злоставување од страна на геј или сл, или пак претерано гледање порнографија од поширок спектар на жанрови, пројавиле хомосексуално однесување одреден период од животот, а потоа некои од нив се оправиле и вратиле во нормалната сексуална ориентација. Ова времено пројавување на хомосексуалност проследено со злоставување како претходен причинител или порнографија, е добар доказ дека тоа не било вродено кај нив, туку дека било периодна девијација од нормалата.
Нагон е. Роден си со него. Секој нагон ни потекнува од рептилскиот мозок и е нешто што не се контролира. Нагон е гладта, жедта, преживувањето, секуалната привлечност... Ај убиј нагон за јадење? Колку време можиш да одолееш? или уште појако.. нагон за по голема нужда. Ај не оди да завршиш работа!! ))
Од каде ваков заклучок? Статистика некоја ке прикачиш? Или ке кажеш дека тебе така ти се чини? Кое е тоа истражување кое може да покаже дека одреден процент на луѓе (и ова под знак прашалник, колку испитаници учествувале?!) биле хетеросексуалци, па ради порно или сексуална траума постанале геј, па се вратиле пак меѓу "нормалните"???
Жедта е нагон, ама тој нагон е за вода. За жал има алкохоличари кои тој нагон се обидуваат да го угаснат со пиво и локаат по 3-4 пива на ден. Друг пак се зависни од кока кола и кога се жедни мислат дека нагонот ги тера да пијат кока кола, а уствари ги тера вода да пијат, ама го раштимале малце нагонот и им треба време да оправат нели? Гладта е нагон, ама тој нагон сака храна со нутритивни вредности, ама за жал има луѓе што кога се гладни јадат благо, чипсови или уште полош џанг фуд. Значи нивниот нагон е малку раштиман и потребно е време да се оправат. И вкусот е навика што може да се штима и раштима. И сексуалноста е нагон, ама и тој нагон може да се раштима и тоа да се одрази на сексуалноста кај луѓето. Кај некои тоа се одразува со педофилија (сексуален нагон кон деца), кај некои зоофилија (нагон кон животни), кај некои некрофилија (нагон кон мртви тела), кај некои хомосексуалност, кај некои бисексуалност, кај некои објектoфилија (нагон кон предмети) итн.
Изгледа телегонијата и хомосексуалноста на ист начин настануваат, од гледање порно Озбилно, да се стануваше геј од гледање порно повеќе од пола популација ќе беше геј. Плус ако се земе во предвид дека најпопуларен вид на порно помеѓу женскиот род се лезбејките, до сега требаше речиси и да нема стрејт девојка
Точно. Проблем настанува кога твоите акции ќе наштетат некому. Хомосексуалноста, бисексуалноста и нагонот кон предмети не штети никому. Затоа олабави со драмата
Не, ја мислам дека немаше да има толку многу парови, туку лека- полека многу личности ке влезат у treesome врска. ЖЖМ, да се разебереме.
Пореметување си е пореметување. Дали тоа пореметување ќе штети некому или не, тоа е веќе друга дискусија. Исто така има научно докажана поврзаност и помеѓу детското злоставување од страна на родителите и нивната сексуалност подоцна. Децата што биле физички злоставувани од родителите, во адолесцентниот период од животот пројавиле хомосексуални нагони, значи се случила девијација на сексуалниот нагон. Еве ја научната студија: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3535560/
Злоставуваните имаат поголема шанса да станат злоставувачи, не хомосекусалци. И всушност, тоа и е дискусијата, како и за се' друго во глобалното општество: дали штети некому и со тоа дали е криминално однесување или не? Нема потреба од анализирање на под-преференции. Еден куп хетеросексуалци се возбудуваат на најразлични парафилии, тоа не значи дека треба да ги осудуваме и да правиме теории на заговор за нив. Не прават нешто за инает на другите ако се возбудуваат на БДСМ, туку тоа го прават доброволно и свесно. Тука завршува секоја дебата од надвор. Ниту можеш да ме натераш да јадам нешто што не ми е вкусно, ниту можеш да ме натераш да се палам на нешто или не. Исто, ни ја тебе. Пушти кој што сака нека и прави.
Мене ми се интересни постовите кај што кажувате како некој ви кажувал за тоа дека имал секс, особено па со личност од ист пол. Па на кој нашол? На хомофоб со диплома. Кај ги наоѓате бе тие луѓе? Мене никој досега не ми се избацил со тој муабет. Абе Роуз да знаеш јас имав секс па морав тебе да ти кажам во случај да те интересира. Не, не ме интересира. Задржи го за себе. Ни најдобрата другарка не ме напаѓа со вакви муабети. Се знае што е интимност. Ме потсеќаат на муабетите на оние сељачина кои се фалат наоколу како ебеле некоја. Ама не верувам тоа да е случајот. А за тоа дека многу си ги сакале сопругите. Или се би или и двајцата се геј па прават шоу.
Не значи дека ако некој ти е близок и зборувате за неговата истополова врска, дека ти кажува за детали од сексот. Јас зборувам за моите врски, тој/таа за неговите. И ти со другарките сигурно зборуваш за твоите врски, но не за сексот во нив. Нели?
Така е. Ако не ти одговара нешто кај едно место, едноставно не одиш таму. Само што ова не е случај со слаткарницата. Случајот со слаткарницата би бил како Таргет да им кажува на сите: амм, извинете ама ако не сте трансџендери не смеете да одите во нашите тоалети. И тоа не е во ред и проблемот би бил кај Таргет, а не кај луѓето што сакаат да одат во тоалет во Таргет. Ти на ова би рекол, па штом не ги сакаат таму обичните луѓе, нека одат во Волмарт. Слично и слаткарницата, тоа што слаткарот одбива да нацрта геј симбол покажува дека проблемот е кај него бидејќи ги дискриминира своите клиенти. Тоа што профитот би му се намалил поради тоа е негова загуба, како што кажав. Туку, забораваме дека кога се збори за геј знаци, најверојатно се мисли на виножито. Жити сè, колку треба да си тврдоглав да не сакаш едно обично виножито да нацрташ. Свашта шета по светот.
Зборуваме да. Како ти е? Дали те почитува? Дали има потреба да го/ја тепам? Ама сигурно некој кој не ми е близок нема да дојди и да ми каже како имал секс со многу луѓе. Да не барам погоре ама некој имаше пишано како познавал многу хомосексуалци и му/и имале кажувано како престанале со тој живот. Не може да имаш многу блиски луѓе што ќе ти го кажуваат тоа. Па уште и хомосексуалци. Јас се на се 10 дали знам што сум во кругот нели. Нема некако логика.