Батали ги гледаш дека и самите се изјаснуваат за неверници,не веруваат во бога,што можеш од такви да очекуваш. Не им се замарај @Shalitra Барем прочитајте ја библијата да се информирате.
ок,дај ми автор на книгава да ја побарам. Ова вака не ми е релевантен податок. @veteruska баталени се одамна.... ама ај нека си играат научници,и сезнајковци. Тешко е да се живее со комплекси,па вака ова им е издувен вентил
За што ти е пример Качавенда? деца,ги мешате брзините. Ја замолувам @RainBow да ги избрише овие примери бидејќи не коренспондираат со темата Врски од ист пол.Качавенда не бил хомосексуалец,туку психички пореметена особа која полово општела со деца.Примеров не ви е за тука.
Океј толку е тешко да се прифати дека може да се појават симпатии кон ист пол? Не знам што ви е толку трагично и страшно, нит бараат од тебе и ти да станеш хомо нит бутур. Не мислиш дека секој заслужува да е среќен и да не биде осудуван и малтретиран цел живот? Што е подобро според тебе, една лоша токсична хетеро врска или среќна хомо врска?
Така е, убаво и самата рече дека хомосексуалност не е исто со педофилија Туку православен бил, психички пореметена особа која силува деца на највисоко ниво во православната црква. Таа православна црква што ти тука ја претставуваш како безгрешна. А Реин ќе се појави за твоите незрели и напаѓачки мислења, не се секирај, повеќето ти се пријавени.
Имаш три факултети на кои се изучува генетиката као наука слободно можеш да си појдеш и да си ја побараш книгата по генетика, нема да утнеш, помачи се малку. Ако само биологијата што се учи до 3та година средно ти е релевантен податок, тогаш се ми е јасно. Поздрав.
Ах да, сега немал врска. Боли знам, ама твоето чисто Православие е апсурдна делузија за безгрешно и исправно. До утре сабајле можеш да пишуваш спротивно, на мене останува да се смејам. А исто и твоите мислења се пријавени. Ако Качавенда не е за тука, уште помалце се твоите мислења кои содржат бог во нив, во темата Парада на гордоста. Колку што знам, Господ нема да присуствува на настанот и со самото тоа нерелевантно ти е мислењето.
Ете тука те чекав! Зошто едноставно не го напиша авторот? Книгите по молекуларна биологија и генетика ги имам,ама сакам да видам од која база на вакви бизарни податоци го зема овој пример.Ама како што очекував,ти упорно се вадиш...имаш таму и таму побарај....а конкретен одговор нема.....so pathetic.....
Пролистај во генетиката последна тема е. Не ти верувам дека ја имаш книгата или тоа издание. Конкретен одговор доби, до утре можеш да паметуваш, тој што разбира ќе знае за што зборам. Не ти полагам тебе сметки за да ти се вадам. Ти даов факти, а ти шо сакаш праи со нив, ниту сум геј ниту иам потреба да се правдам. Поздрав.
Да бе златна у право си, невернициве и на Марс се качија, што ќе очекуваш од такви. Среќа ве имаме вас верниците да ни го опраите светов со божја сила.
Ако не можете да дискутирате без навреди, тогаш воздржете се. Одамна се провлекува религијата во дискусии за хомосексуалност, ако сакате да дискутирате за тоа може посебна тема да отворите и да не се збори во секоја тема за истото.
Срцка јас имам една книга да ти препорачам "The Grand Design" од Стивен Хокинг. Има и попаметно нешто од таа Бибилја што можеш прочиташ. You're welcome!
Ајде, кој сака дебата РЕЛИГИЈА версус ХОМОСЕКСУАЛНОСТ, да дебатираме. Имам прочитано и библија (стар и нов завет), Куран и Талмуд. Еднаш за секогаш овие контрадикторности да се решат!
Јас сакам една работа,а тоа е другарка ти да ми го прати авторот на книгата за која вели дека пишува само Генетика, каде што го извади цитатот дека хомосексуалноста е вродена.Ништо повеќе. А бидејќи не ми верува дека ги имам сите книги за Молекуларна биологија,и генетско инжинерство ја поканувам еве јавно да ми дојде на кафе и со задоволство би и ја покажала мојата библиотека. Да излажев дека имам ферари,ај како ми како, ама да лажам дека имам книги за генетика и молекуларна биологија .... ми е ...хм глупаво?!
Или доволно е да прочита нешто од генетичарот чие истражување го пишав. Не знае за него но знае за сексуалноста и има генетика дома, за прашина ли? Толку.