Едноставно морам да претпоставам дека или навистина не сте имале лгбт личност во близина, или од далеку „смрдите“ на нетолеранција и осуда па затоа никој и не се осмелил да се отвори пред вас. Затоа и се расфрлате со термини како ненормални, генетски фалични, обратни... Зошто најдобра другарка на моја другарка е лезбејка, колега од факс беше геј, најдобар другар на колешка од факс беше геј, еден симпатија од средно ми испадна геј (добро, не е дека немаше знаци ама јас не сакав да ги видам ), на другарка симпатијата од средно исто испадна геј (не беше истиот )... И ова не е случува во гламурозен ЊуЈорк туку во најобичното Скопје. Ниту сум јас нешто екстра а ете, пред мене никој ништо не криел. Лгбт луѓето се насекаде околу нас. Ок, голем дел ја здувнаа во Странција, се прашувам зошто само Ама навистина сакам да верувам дека вие што сте толку против, кога би дознале дека другарка/ братучетка/ комшика/ колешка... некоја блиска личност која одамна ја знаете и ја сакате, е лезбејка, нема да ја отфрлите како изрод. Што знам, можеби ако нешто такво се случи, ако другарка која ја знаете сто години и ја сметате за сестра испадне дека сака девојки, тогаш ќе увидите дека лгбт ништо не се поразлични од нас, дека сексуалната ориентација ништо не менува....
Нека си прават луѓето што сакаат, нивна работа нивно право не сме среден век па инквизиција да правиме, за брак на овие простори тешко дека би бил прифатен ама бар некакво регулирање на истополови заедници/партнерства, па и вонбрачни ако ништо друго би требало да имаат (мада што од правен аспект и нема некоја разлика во тоа дали си или не си во брак, освен наследување и признавање деца за што си има и други начини) додека за посвојување повеќе тежнеам не, бар дур не се покаже и докаже психолошкиот ефект врз тоа дете во иднина.
Имам жив пример од блиска "фамилија" што мајката упорно ги носеше во цркви и манастири децата уште од мали, значи од литургии до причестување до први застанати до владики за сликање и што уште не. Пораснаа и замисли девојката моментално е во затвор, големиот син е трансџендер а малиот атеист. Не те цитирам да се расправаме туку само да ти кажам дека и деца растени во религиозни семејства по цркви и манастири можат да бидат геј, би, атеисти, мафијаши наркомани итн. Геј не се станува оти така ти текнало туку таков си роден и тоа е тоа, никоја религија ни црква или манастир не може тоа да го смени.
Живеам во држава каде што хомосексуалците се прифатени (иако наметнато), немаш што да правиш. Секој има право да прави што сака ама ДОМА. Како што не сакам да гледам дечко и девојка кај што се лапаат сред кафич, така ни овие од исти пол. Само имам против посвојување на деца.
Хомосексуалците прифатени? Е убаво ме насмеа сеа Зошто да не се лапаат у јавност, има нешто лошо у ширење љубов?
Да прифатени во Австрија, живеам тука. За мене љубовта е приватност, интима, нешто помеѓу мене и мојот партнер, почитување во јавност да ама не и лигаење, како што кажав тоа важи и за хетеро и за хомо.
Нема врска со државата, има врска со карактерот. И јас не сакам лигавења во јавност. Едноставно срам ми е на 30 и кусур да се лигавам. Не сум дете. Не мешајте карактеристики и сељачизам.
Секој си има право на сопствено мислење, без разлика од каде му е потеклото и каде живее ако во Австрија е нормално семафорот да е со двајца мажи, не значи дека сите Австрици се согласуваат на таа тема. Како што кажав, наметнато.
Немам проблем со хомосексуалноста,секој има право да си прави што сака во приватноста на својот дом. Дали е морално или не,оправдано или не,тоа не на нас да судиме,но посвојување на деца,хмммм? Само не ми се јасни тие LGBT паради,за што тоа ти парадираш? Како одговор на ова гледав некој видео клип, мислам беше Молдавската правослана црква,организира контра парада против LGBT заедницата за заштита на семејните вредности. Нели мислите дека ова е погрешен нејзин чекор и се става во улога на судија? Сето ова може да се реши по институционален пат.
Прородно е маж и жена да си направат детенце. За жал некои имаат преголема желба ама Господ не им дава, ги исполнуваат сите услови за посвојување и пак чекаат со години, што треба сега хомосексуалците да имаат предност за да се осеќаат прифатени? Ако е за вас нормално дете да живее со двајца мажи кои се бакнуваат за добро утро или убав работен ден пред детето тогаш не знам.. роботи да не ќе се дома тие па разговорите и понашањето ќе им е на дистанца? Можеби за вас сум ограничена, со заостанато мислење ама тоа е мое.
Да де. И тоа мене не ми е ок. Не дека ми пречи ако друг го прави, ама не ми е пријатно, вртам поглед едноставно. Сељанка ли сум?!