Не мора да присвојуваат само. Може и да имаат свои деца. Со донирани јајце клетки/сперма. Иначе, може и две жени да се, не само двајца мажи. И во жените има хомосексуалци. Еве јас сум би. И имам дете. Јас го родив. Да не требаше да не раѓам оти и на жени се возбудувам?
Абе не ми смета ама дека непријатно чуство ми ствара е факт. Ни хомос не ми смета, не се умарам кој со кој пол спие. Само било какво лигавење во јавност од било каков пар едноставно не ми е пријатен момент.
Маж и жена ќе си направат детенце, и секој ден ќе им минува во кавги и расправии. Или уште полошо, жената ќе биде малтретирена психички или физички, небитно, и детето ќе биде сведок на сето тоа. Вака подобро е?
немам ја проблем со public display of affection И не м исмета да гледам, и не ми смета да се шлапам по улици Само немам со кој
Не,мислев на решение за истополови бракови. Според нашата легислатива,досега,бракот беше дефиниран како заедница меѓу две единки од спротивен пол,незнам како е сега,не сум запознаена....
У Грчка сум, денес колку парови видов со public display of affection, срце ми е пуно. Па мажиштана, колкави ќелави бугари од по 120 кила мускул, коа си се залапаа, сум си собрала матерјал за долго сеа ќе ме држи либидо
Јас како дете на хетеросексуални родители, не сум видела ниту еден бакнеж меѓу нив за добро утро или за убав ден пред работа. Ете тоа ним не им било природно. Што е природно, што е нормално, тоа се прашања за длабока дискусија. Сме се навикнале на идејата дека бакнежите и слични искажувања на љубов меѓу лица кои се сакаат на повеќе од пријателски начин се во поголем број случаи за насамо. Можеби е претерано малку, но така сум растена. Ама, затоа не сум го видела татко ми ни да ѝ истура нервоза на мајка ми нешто посебно да ѝ се дере, освен нормални спречкувања. Едноставно емоциите ги контролирале во јавност, без разлика позитивни, негативни. Нема врска хомо, хетеро, во колку опуштена средина си растел по тоа прашање. Токму поради тоа, не ми се многу по кеиф ни паради, иако не сметам дека не треба да има (не ми прави разлика Прајд или Лиска). Едноставно не би можела да гледам предолго. Ако некој не ме сфатил, опуштеност и стегнатост по некои прашања ми е тема. Не да ве убедуем дека сум светица или слично.
Omg. Морам да ви искоментирам. Какви глупости трескате, какви биологии какви теологии.... Прво и основно сите ние по некоја случајност сме луѓе така? Е сега, секој од нас има развиено некаква свест нели? Биолошки, нашите тела функционираат да речеме исто. Но нашите тела се само оклопи на нашите души. Нашите души се всушност енергија. Енергијата во нас е Бог. Вие религиозни фанатици не ја разбирате поентата на верата, вербата на религијата. Вие не сте доволно духовно развиени. Вие немате право, никакво, да судите, да дискриминирате, и да омаловажувате никој. Но вие сте безгрешни, добри луѓе и сакате да одите во "рајот". Како бе душички, со тоа што ќе му го правите пекол животот некому? Тоа ве прави добри луѓе и верници? Каква е таа религија која учи на дескриминација? Така вие ја толкувате! Така ви ја раскажале. Ние луѓето сме повеќе од ограничени суштества кои се обидуваме да бидеме. Сами си ја блокираме свеста, поради нешто "нормално" или "ненормално"! На секој нас му фали љубов, некој ја пронашол некој уште ја бара, некој никогаш не ја наоѓа. Но секој сака да е сакан, и да сака. Тоа го прави жив и исполнет. Секој од нас има душа близначка. Е некогаш душите се во две тела од ист пол. И што? Тие души не треба да бидат заедно поради тоа што телата им се од ист пол? Тие не заслужуваат да бидат среќни, и да ја почувствуваат таа љубов, која ќе ги прави живи и исполнети. Дали таа љубов ја заслужуваат само тие кои се привилигирани, а тоа се некој од вас? Не би рекла. Престанете да ги исмејувате и да ги сметате за ненормални, болни, генетски модифицирани, истрауматизирани, растроени итн. Не им требате и вие плус како сол на рана. Поддржете ги со тоа што нема да го правите тоа повеќе. Никогаш не е касно да си го промените веќе програмираниот мајндсет. Така ќе се развиете духовно, ментално и емоционално. Ќе бидете посреќни. Поздрав.
Еден од најчестите слогани на ЛГБТ движењето е „Love is love “ (слободно преведено: „секојa љубов е љубов“). Но дали е навистина така? Дали љубовта навистина нема граници? На пример, љубовта на еден педофил кон малолетно дете е погрешна; исто, (сексуалната) љубов помеѓу блиски роднини: брат и сестра, мајка и син, татко и ќерка...(инцест); Љубовта помеѓу оженет човек и друга жена (прељуба) е исто така погрешна. Понатаму сексуална љубов на човек со животно (зоофилија), љубов на човек кон мртов труп (некрофилија)... Очигледно љубовта сепак има граници, а каде се границите зависи од моралниот вредносен систем на човекот. Дополнително, не можеме да оправдаме секакво поведение во име на љубовта. Вистинската љубов нема да манипулира со малолетна личност и да ја повреди; таа нема да го изневери својот брачен партнер; нема да врши дела кои носат здравствени и емоционални штети; вистинската љубов не е себична и не мисли само на своите интереси. Затоа, иако доста поетски звучи тоа "љубов е љубов", сепак не е баш така.
'Дополнително' има разлика меѓу љубов и криминал. Во љубовта не може да има повредени, а во тоа што има повредени - не е љубов.
Ако го земеме предвид фактот дека сидата се шири 40 пати повеќе меѓу хомосексуалците, а исто и сифилисот, хепатитот, очигледно е дека повеќе повредени има меѓу нив, отколку помеѓу прељубниците на пример. Така што се сложувам, ако има повредени - не е љубов.
Грешка си. Најмногу заболени од СИДА има во неколку Африкански земји, каде се проповеда Христијанство, и каде кондомите се анатемисани.
Повели наведи линк од една единствена сериозна анкета каде што се вели дека сидата се шири повеќе меѓу христијаните, во споредба со овие од ЛГБТИ. А за моите тврдења бујрум докази од владиниот центар за зарази на САД: HIV статистика: https://www.cdc.gov/hiv/group/msm/index.html Сифилис: https://www.cdc.gov/std/syphilis/stdfact-msm-syphilis.htm Хепатит Б: https://www.cdc.gov/hepatitis/populations/msm.htm
Јас можам да најдам линкови за свештени лица што се педофили и што треба да плукам по христијанството?
Преку анален се шири полесно - ако не носиш кондом! А црквата забранува контрацепција. Па ај ти сега види.
List of countries by HIV/AIDS adult prevalence rate Eswatini (Swaziland) 27.20% 220,000 British rule over Swaziland 1906–1968 Lesotho 25.00% 330,000 British rule 1866–1966 Botswana 21.90% 360,000 It unilaterally annexed Tswana territories in January 1885 British overrule South Africa 18.90% 7,100,000 Portuguese contacts Dutch colonisation British colonisation Ова ти е... им одиш на сиромашни земји, ги окупираш, им спроведуваш Христијанство на ниско образовани луѓе, и еве ти пари за лапање и ресурси за црпење. Тоа што ќе изумрат од глад, жед и болести.. ич не те интересира.
@EvAngelos Океј ај разбравме кај човек, родителиве не го едуцирале да не потклекнува на нагони. Aј те молам објасни ми ја сексуалната "девијација" кај животни и инсекти?
Ако животните се репер за тоа што е природно и нормално за човекот, тогаш и педофилијата и некрофилијата се природни работи бидејќи и овие се среќаваат кај животните. Кај животните среќаваме и односи меѓу различни животински видови. Дали тоа значи дека е природно и за човекот сексуално да општи со други животински видови? Понатаму, некои како свињите си го јадат и сопствениот измет, а други како мачките си го лижат газот после нужда. Некои риби, птици, пајаци си ги јадат децата веднаш по раѓањето. Дали и овие работи се природни работи за луѓето? И да бидеме прецизни, не постојат животни хомосексуалци, туку животни кои некогаш пројавуваат хомосексуално однесување, затоа што некојпат не разликуваат машко од женско, а често пати не разликуваат ни живо суштество од предмет - што често го гледаме кога кучињата или мачките се во сезона на парење
Евангелос, едноставно, не можеш да споредиш педофилија со хомосексуалност. Просто не можеш, уште 2 милиони пати да напишеш. Ако не ти е јасна дистинкцијата од едното до другото, не знам што да ти кажам.