Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Брак меѓу вакви лица -институционално подржувам од повеке аспекти. Како прво кој сме ние да им судиме на другите за тоа како и со кој да го живееат НИВНИОТ сопствен живот? Овие луге на ваков или онаков начин одлучиле да се заедно до крајот на животот. Доволно е што сеуште повеќето ќе ги гледаат како фрикови па нема потреба уште толку да им се комплицира животот. Проста ситуација..во болница е едниот партнер и дозволено е да го посетува само НАЈБЛИСКОТО семејство, кутриот партнер не ретко е омразен од другите ( со мисла дека ете може тој го заведе нивното дете :^) ), а нема никаков друг документ со кој би си го остварил ова свое право останува надвор од можеби последните мигови на неговиот сакан . Или цел живот заедно живееле, граделе, создавале,едниот умира и остануваат еден куп проблеми со наследеното. Секој има право да живее во љубов со оној кој ќе си го одбере..да не се правиме многу Господ и да судиме ние смртниците..Е за прашањето на деца мислам дека сепак не треба да се дозволува посвојувањето, сепак детенцето ќе расте во невообичаени и поинакви услови од нормалното..Но потоа си мислам дека денес скоро сите хомосексуалци живееле во нормални семејства па ете, не станале хетеро...Или дали е подобро да расте во дом за сирачиња без љубов отколку во ваков дом..Искрено овде сама со себе се конфронтирам... :?: Ама сепак нека остане не за посвојувањето.
    п.с. Верувајте дека хомосексуалците се најискрените луге кои ќе ги запознаете, никогаш нема да ви заријат нож во грб како некои закоравени хетеро! Ова од искуство,за жал мојот пријател мораше да се исели од нашава модерна Македонија,нo барем знам дека сега е на безбедно.
     
    На Lolo5, Jordanovska-K и An4e.1 им се допаѓа ова.
  2. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Секој си има право на избор со кого ќе легне да спие. Така да, јас на никого не можам да судам. Поддржувам врска, брак, што и да е. Меѓутоа, сметам дека на ваквите парови не би требало да им се дозволи да посвојуваат деца бидејќи ќе растат во неприродна средина. Тоа е мое мислење. А кој сака што сака нека прави со својот живот. Немам никаква основа да се противам на тоа. Според мене, хомосексуалноста претставува дух заробен во погрешно тело. Е сега, дали е болест или не - не знам. :^)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    За ова неприроднава средина не сте ми јасни некако. А природна средина е само со еден родител? Природна средина е со родители што нон-стоп се караат, да расте во нездрава атмосфера, ама тоа е ипак природно?
    Доколку има љубов и грижа за детето мене тоа ми е природно.
     
    На Lolo5, Jordanovska-K, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јас сум во брак но не со ист пол. Не го подржувам склучувањето на брак од ист пол, како тие ќе посвојат дете и во кој дух ќе го воспитуваат, и како тоа дете ќе живее и како ќе биде прифатено од средината прво другарчињата има да го деградираат и да му викаат твоите родители се педери или лезбејки. Инаку нема против нив секој има право да живее онако како сметаат дека треба да живее но да инволвираат и деца во тоа мислам не е фер ниту хумано.
     
  5. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Јас под природна средина не подразбирам само еден родител или родители кои нон-стоп се караат и сл. Барем во мојот пост нема таков муабет. Природна средина СПОРЕД МЕНЕ е средина во која детето треба да расте со родители од различен пол, да може едниот да го нарече МАЈКА, а другиот ТАТКО, затоа што сметам дека детето се оформува под влијание токму на различноста на родителите. А љубов и грижа секако може да добие и од родители од ист пол, но прашање е какви сфаќања ќе има тоа дете кога ќе порасне ако е растено во таква средина...Сметам дека неговите норми ќе се косат со она што е општо прифатено во светот.
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151
    Подржувам хомосексуална врска и брак (иако кај нас не е дозволен) од неколку причини.
    Прво, и тие луѓе имаат потреба од љубов и близина од оној кој го сакаат и кои сме ние да судиме?
    Потоа, мене апсолутно ништо не ми менува дали некој ке живее во таква заедница. Ниту ми го земаат лебот ниту ми сметаат. Исто така, овие луѓе градат заедница како и сите останати хетеросекуални парови, што значи дека по одередно време би требало да им следува делење на заеднични стекнат имот и слични имотни работи.
    И сите оние кои сум ги запознала и биле хомосексуалци се прекрасни личности, кои вредат како личности и како пријатели, и сум сигурна дека би биле и добри родители.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.151
    ако под ова мислиш дека детето по дифолт ке биде хомосексуалец, не заборавај дека родителот растел во нормална средина па пак станал хомосекуалец . За мене, најбитна е љубовта која му се дава на едно дете.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Епа еве ако сметаш дека е природно прво замисли се себеси во ситуација да си го минала детство со двајца мажи!?
    Можеби ти подариле љубов, дом, пари, семејство...
    Но што ќе научиш ти за твојата сексуална определба? Нема да биде малку необично и чудно кога можеби некогаш ќе минеш и ќе погледнеш како тие меѓусебно се бакнуваат и си разменуваат нежности? :worried:
    Сепак мислам дека нема да ти биде сеедно каде и да си.
    Јас се сметам како девојче на мои години со отворени сфакања но и без кршење на законите на природата што би се рекло :!:
    Точно е детето дека не треба да расне во караници, нервози и глупости но исто така не треба и да расне со татко и татко ( така му доаѓа ). Од страна на општеството ќе биде исмејувано, дискриминирано и неразбрано!
    И да не ме сфатиш погрешно јас немам ништо против хомосексуалците (напротив ги поддржувам како луѓе), но знам и да ја поставам реалната граница до каде можат да се толерираат таквите работи.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Па кога расне детето само со татко кој го учи за сексот, за сите тие работи?
    Што дека детето цел живот гледало љубов помеѓу мајка му и татко му, маж и жена, а на крај пак е педер(лезбејка)? Никој не знае кои фактори влијаат на сексуалната определба.
    Знам дека кај нас сето ова би било чудно. Но јас си го кажувам мојот став дека не сум против ова.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Sto ako vrskata e homoseksualna???

    Прва работа никогаш не би се заљубила во личност што е од мојот пол затоа што ме привлекуваат лица од спротивниот пол.
    Ова прашање треба да го поставиш на конкретни личности кои имаат вакво искуство. Тука никој нема да знае што да ти каже (освен како што кажав некој кој има вакво искуство).
     
  11. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Sto ako vrskata e homoseksualna???

    Зависи од личноста во која сте се заљубиле. Првин дали ти го љубиш истиот пол или е само експериментална фаза, друго дали тој / таа има афинитети кон истиот пол?
    Ако ти си геј а таа личност не, и прашуваш дали да се обидеш да го / ја убедиш за врска, мислам дека ке биде губење време бидејки сексуалната ориентација се детерминира многу порано (две теории: во мајчината утроба или рано детство).
    Може да се обидеш, ама каква ке биде реакцијата и какви последици ке има, единствено ти можеш да претпоставиш бидејки пак ти најдобро ја познаваш таа личност.
     
    На Lolo5 и Hipster им се допаѓа ова.
  12. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Не ги осудувам хомосексуалците, според мене хомосексуалноста не е определба туку хомосексуално пораметување, болест, а болен човек не можеш да го осудиш заради тоа што е болен, никој намерно не се разболува. Штом има хомосексуалци мора да има и такви врски ги одобрувале ние или не ... али не сум за да се легализираат ваквите бракови... треба да си остане бракот заедница само меѓу луѓе од различен пол.
     
  13. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    што сакаат нека си прават,нека си бидат во врска,во брак ама деца да не им се дозволува да посвојат НИКАКО!!!!
     
  14. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Љубов е љубов, не е толку важно со кој ја споделуваш, се додека е вистинска.

    А друга работа е што ова е Балкан... со закоравен менталитет кој нема тенденција кон развој.
     
    На Lolo5 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Немам ништо против луѓето кои имаат хомосексуална определба и не сметам дека станува збор за болест во никој случај. Оваа појава е евидентна уште во античко доба и тоа што со векови се затварале очи пред појавата, само ја влошувало состојбата, бидејќи резултирало со тоа хомосексуалците за да бидат и натаму увазувани од околината да стапуваат во бракови со хетеросексуалци и замислете какво е чувството кога ќе се дознае. Зборувам за реален случај тетка од другарка ми имаше ваков сопруг и еднаш ги начекала со неговиот најдобар другар на многу интимен начин, па шок за цело семејство и развод. Муабетот ми е подобро да си стапуваат во брак меѓусебе отколку вакви маскаради да се прават.
    Ама не го оправдувам тоа да посвојуваат деца, иако не рачунам дека хомосексуалноста е болест, сепак сметам дека ваков дом не е баш најприкладна средина за раст и развој на едно дете.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Немам ништо против хомосексуалците ниту против тоа да се легализира таков брак се додека им е забрането да имаат деца.
    Навистина сметам дека децата треба да растат и да се равиваат во присуство на мајка и татко.
    Ако кажам да растат во нормална средина можеби ќе бидам погрешно разбрана :)
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Го почитувам тоа, и ги почитувам хомосексуалците. Како што смееме ние да бидеме во врска или да стапиме во брак, зошто не и тие? Од каде тоа правило дека нивното е грешно?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Каква болест? Ако е болест - ќе се лечи ( знам дека постојат и неизлечиви болести ама и за тие болести се бара лек). Кај кој доктор да се обратат хомосексуалците???
    Тие и самите кажуваат дека не се болни. Тоа е нивна определба.
    Неможам да кажам дека е нормална појава, ниту пак би сакала некој мој близок да отстапува од нормалното, но кога би бирала пријател хомосексуалец или пријател криминалец (ете му се споиле жичките) би го одбрала оној првиот.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Според најновите истражувања, било некакво пореметување демек. -.-
     
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    зошто болени? не разбирам