Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Еве ајде чим сте запнале. Хомофоб според мене е да ги мрзам тие луѓе, да им посакувам се најлошо дури и смрт. Јас не ги мразам само не поддржувам.
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Хомофобија се нарекува поради фобија од хомосексуалноста, не дека ти се плашиш од хомосексуалци, туку се плашиш од хомосексуалноста кај себе, затоа се нарекува хомофобија.
    А многу гласни хомофоби, многу пати на крај испаднале само добро сокриени хомосексуалци, така да кого го убедуваш ти овде, нас или себе си повеќе се убедуваш? :)
     
    На noteforself, martiiinna, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Ти најде да ми кажуваш во кој Бог верувам?
    Цитирај во кој дел од библијата, Исус или Бог кажал, мразете ги тие и тие..

    И не ми кажувај дека си безгрешен.
     
    На Mencia, Annath, Stressed Out и 2 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.797
    Допаѓања:
    169.781
    Пол:
    Женски
    Замислете да имавме зборано шо е хомофобија и зошто така се вика ама некој упорно да игнорира оти не е во корист ... Замислете последно за то да беше зборано ... Вчера. И милион пати пред то. Ама секоја страна на темава, нова амнезија.

    [​IMG]

    За љубопитните шо пропуштија. Хомофобија се вика дека хомофобната индивидуа се плаши дека можеби е геј. Можеби и не е геј ама идејата толку го плаши ( ваљда социјалната неприфатливост) шо толку голем страв има шо му створа аверзија кон хомосексуалноста. Voila. То е хомофобија.
     
    На senjorita-v, Annath, Dentina и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    И ете. Значи не сум хомофоб :party: остајте ме сега на мира.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.797
    Допаѓања:
    169.781
    Пол:
    Женски
    Мхм. Користење на зборови како ненормални, е дискриминација и ширење омраза. Ти ја даде дефиницијата. Не јас.

    За вториот цитат. Сериозно мислиш дека стравот е свесен? :D Несвесен и интернализиран.
     
    На Annath, Dentina, mode-kristina и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Може и јас грешам, ама тешко ми е да поверувам дека некој што не е геј така рекреативно силно пробува да ги убеди сите околу себе дека не е во ред да си геј, само ми паѓа жалче колку е самиот геј, а не се прифаќа себе си.
    Да кажеш еднаш дека ти е чудно, ај ќе сфатам, на луѓе чудни им се многу работи.
    Ама да пишеш реферати, со емоции, хммммм.
    Да не испадне на крај последен/на "дозна" дека е геј, на сите околу него/неа веќе им беше очигледно одамна.
     
    На VoodooGirl, Annath, Stressed Out и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Какви небулози...
    Значи клаустрофобија е тоа дека си затворен простор? А не од затворен простор? Циркузи... И ова ли го превртевте наопаку?
    Колку за појаснување фобија е страв од нештото, а не дека си нештото тоа барем ти е просто за разбирачка.
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.607
    Допаѓања:
    43.173
    Пол:
    Женски
    Ох боже, епа да де, клаустрофобија се плашиш ти самиот да не се најдеш во затворен простор, хомофобија да не си ти хомо или да не станеш, што не е јасно?
     
    На Annath, Dentina, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Јасен е стравот дека ваквите нормални се повеќе ги има, јасен е стравот дека си контра со некој за на терапија некаква и нема разбирачка, јасен е стравот дека се опасност по младината, јасен е стравот дека заради финансиска моќ или секташки убедувања пропагираат насекаде, каде треба и не треба.
    И јасен е стравот колку лесно сте потпаднале под влијание...
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.607
    Допаѓања:
    43.173
    Пол:
    Женски
    Од каде го извади муабетот, а и не го разбрав некако. Е не можам веќе, 24 саата не сум спиена и веќе ми умраат клетките во мозокот од вас. Арно сум си рекла со верски фанатици не дискутирај за ништо, ама ете дека ненаспиена многу думам. Поздрав жено, живеј си во твојот мал безгрешен свет, јас ќе продолжам да се борам за поголем, според тебе грешен ама поубав, пољубовен и посреќен свет.
     
    На noteforself, senjorita-v, Dentina и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Важи... Ќе те прашав и нешто приватно, ама друг пат, нема проблем.
     
  13. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.174
    Пол:
    Женски
    Сакав да напишам свое видување, ама ајде, секогаш истите аргументи, џабе...
    Само ова ќе кажам:

    Сакам да можев, не можам да дочекам да заминам од место каде што:
    - Хомосексуалците се болесници, а не е лошо мажот да си ужива со нозете на маса, па ќе му зготвиш и исчистиш, а тој можи и ќе ти ја мавни една, ако, битно маж и жена да сте.
    - Ќе ги чипираат со вакцина и нормално е да лапаш исто лажиче во црква или да се бериш по џамии.
    - Нормално е да одиш на бајачка и да ја носиш маицата наопаку да не те почудат, ама срамота е да одиш на психолог и психијатар.
    - Те прашуваат на прв дејт со колку си спиела, ќе те осудат ако си немала секс до 30 години ама и ќе му се гнаси ако си го имала со повеќе од двајца.
    - Свекрвата кажува кога да пуштиш бојлер.
    Имаше уште ама ме мрзи.

    Чудо големо ако детето има две мајки, двајца татковци или само еден родител шо ќе го сакаат повеќе од се’. Лошо е да јади ќотек секој ден, ама ајде бе малку по газето не е ништо...
    Ако не дочекаме ние барем идните генерации да дочекаат да се мрдни од 19ти век.
     
    На citiesinflames, noteforself, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  14. supersandy

    supersandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Абе луѓенца, дајте ослободете ги умовите од тие лоши мисли и ставови кон останатите. Има многу по важни работи од тоа кој како е сексуално определен. Најбитно е да сме живи, здрави и среќни во својата кожа. Секој заслужува љубов, дали со ист или различен пол е скроз небитно. Само така ќе створиме ние самите една здрава околина за живеење и никој нема да се чувствува безвреден.
     
    На Mese4ka92, LadyD, tinka-mace и 5 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.261
    Пропагандата не е за сексуалното искуство, туку за рамноправност на истополови врски, со врски кои се составени од луѓе од различен пол.
    Значи, да нема ризик дека некој ќе те акни со пепељара по глава во кафич, оти се лапаш со девојка, а не со дечко.
    Си слушнала до сега хетеро пар да претепа некој, оти биле хетеро и се држеле за рака по улица и се бакнувале во некој ќош?
    Секој ден хетеро парови парадираат по улици и 'пропагираат' хетеросексуалност, па никому-ништо.
    Ти една жена си запознала што е лезбејка и цел ден паѓаш во несвест за тоа.
    Не ти кажува тоа нешто?
    Оти мислиш дека некој 'потпаднал под влијание'?
    Тебе кога ти се влажни на некој маж, тоа се должи на тоа што си 'потпаднала под хетеросексуалното влијание', или ти се влажни, оти ти е секси?
    Одлучуваш на кој ќе се возбудиш, кого ќе засакаш, или 'ти се случува'?
    Исто е и за хомосексуалците.
    Значи ти кога ќе сретнеш некој дечко и ќе ти истечат очите од што ти е привлечен, така и на хомосексуалците им е.
    Нема разлика.

    Е сега, откако заклучивме дека сексуалниот нагон 'ти иди од внатре', а не оти ти рекла мајка ти да се палиш на мажи, тогаш, слободно можеме да кажеме дека нема никаков ризик за младината.
    Тие што се привлечени од различен пол, си се привлечени од различен, тие што се привлечени од ист пол, од ист се привлечени... и не е нешто на што можеш да влијае друг, апро-по: Тие деца што се геј, ќе си бидат геј, тие што се хетеро, ќе си бидат хетеро.
    Па ти колку сакаш убедувај ги кого требало да сакаат, а кого не.
    Колку тебе некој што може да те убеди, кого да сакаш.

    Иначе, колку за инфо, ЛГБТ луѓето не се стерилни и можат да имаат деца.
    Ти можеш до утре сабајле да се буниш, ама јас сум бисексуалка, во хетеросексуален брак и имам ќерка.

    Да не не требаше да ја родам според тебе?
     
    На citiesinflames, senjorita-v, 1209 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме, хомосексуалноста НЕ е болест. Тоа што некој сака личност од ист пол не го прави ненормален. Тие не ви наметнуваат да бидете хомосексуалци. Тие што наметнуваат сте вие што велите дека се болни и ненормални, а не тие. Не ве спречуваат да бидете во врска или брак со личност од различен пол. Доста со глупостите дека се болни, неморални, ненормални итн.

    Јас сум стрејт, ама ги поддржувам хомосексуалците. Зошто? Затоа што како што никој нема право мене да ми кажува што и кого да сакам, така и ним немате право да им кажувате што и кого да сакаат. Престанете да ја споредувате хомосексуалноста со педофилија, зоофилија, некрофилија и што ли уште не. Како што кажа една членка, животното, детето и мртвиот не се прашуваат дали сакаат да имаат секс или не. Тие појави се болести, а не хомосексуалноста.

    ФМП.
     
    На Bezimenka90, noteforself, GirlRose и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Па сега не може да ме цитираш и да се чудиш оти пишам, мислам ете си одговарам според мислењето мое.
    И во врска со правата, шо ако ги акнат со пепљара? Мислам и мене да ме нападне некој ќе си одговара кривично, нели сите сме исти пред законот? Или овие некоја етикета на ранлива категорија треба да им се залепи и врз основа на што? Менталното здравје или сексуална ориентација? Барате нешто што реално нит се објаснува нит се разбирате сами во истото.
    Во врска со тоа што си нашишала да си жена, со маж, со жена си била или би била или како и да беше тебе тоа ти е нормално? Ако зборуваме за хомосексуалност нели тоа го имаш или не, за маж кој не осеќа возбуда смрема жена и обратно тоа им е состојбата, не се станува преку ноќ, а ти сакаш упорно да ми кажеш дека се друго не е пропаганда како е добро и нормално, и психички растројства кои придонеле да ти се испробаш на другата страна па затоа си со одбранбен став? Ете тука е таа штета за младината, ако се разочарала од дечкото пробај си со дргарката па ќе видиш, ако не сигурно имате и останати резерви во глава.
    За ќерка ти не коментирам секако на твоја одговорност си е што и како ја воспитуваш.
    Ќе возам сега ајт можи после пак ќе ви пишам
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    55.874
    Пол:
    Женски
    (facepalm)
    Не е исто постојано да бидиш изложена на ризик бидејќи си со партнер од ист пол. Да законот (треба да) е ист за сите, ама не верувам дека ќе ти биди сеедно да знаеш дека од секаде и секогаш можи "некоја пепељара" да ти заврши в глава, што дефинитивно не е така ако си со партнер од спротивен пол.

    Колку пати се кажа досега дека хомосексуалец се раѓа, не се станува оти тоа било модерно сега? Ако на некоја ѝ се присакало со другарката значи или го потискала фактот дека сака девојки за да не ја осудува општеството или е би. И е сосема океј.

    Дај остајте ги луѓето нека се сакаат аман.
     
    На Bezimenka90, 1209, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.094
    Пол:
    Женски
    јас лично сум за не ,но не ги осудувам луѓето нити ги презирам за тоа.имам видено гејови фатени за рака и никому ништо која сум јас да мислам нешто .мене ми се има пуштано девојка била разочарана од машките и јас само и кажав не инаку беше убава и се прашував што виде она во мене тоа само ми беше како мисла незнам како некои реагираат бурно како којзнае што да е.јас се зверам само по чудно облечени луѓе но тоа е друга тема
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    ...И после сѐ, не ме чуди зошто Македонија покрај долгогодишни борби не влезе во Еу и подобро е.
    :worried:
     
    На Bezimenka90, WildMk, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.