Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Имав период кога заради една другарка постојано бев во друштво на геј девојки. Се тоа беше во ред ама буквално секое седнување нивната сексуална определба беше тема на муабет. Можам да кажам дека тие повеќе се замараат со тоа отколку стрејт луѓето. Дали дека не се прифатени од околината, па мора постојано да нагласуваат дека се геј, не знам. Некако премногу нападни и наметливи беа со 'јас сум геј' |(
    Прекинав контакт зашто на секоја седенка ме убедуваа дека сум геј ама уште не сум сфатила. Ок. Пренапорни беа.

    @Vittoria Сите сме еднакви пред законот, но тие стварно се ранлива категорија. Веројатно кога идеш на одмор со дечко ти немаш проблем да седнеш каде сакаш со него, но не си видела како србите млатат геј парови по грчки плажи. Претажно е. А зошто? Зашто е опинок и му се може. Погоди колку од нив одговарале кривично пред законот. Полека со осудите, не знаеш каде ќе те однесе животот.
     
    На mode-kristina, christinnn и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.311
    Допаѓања:
    19.681
    Пол:
    Женски
    Зошто и двете страни не прифатите дека секој има различно мислење. Џабе се натегате до 101 кога ако на некој не му е нормална хомосексуалноста џабе убедувате исто и обратно. Затоа се и мислењава да се дебатира, а не одма да се дига прашина и навреди од типот... болни, ненормални, затупени... ако сите имаат исто мислење и за све се согласуваат, тогаш нема да биде интересно не ни треба тогаш форумов за што ќе се дискутира после..
     
    На ElenaOfRivendell и mode-kristina им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Народ што не се почитува себе си, нема ни другите да го почитуваат. Овие на чело со муртинецов го продадоа името на државата, идентитетот, историјата, учебниците итн... и ништо не добија, освен некои лични и фамилијарни бенефиции.
    Зошто мислиш дека ако ни го продадат и моралот, дека тоа ќе смени нешто? Нема. Пак ќе измислат некој друг изговор за Македонија да не влезе. А и зошто би сакале да влеземе без достоинство, како некој безличен дворски шут?
     
    На Аргентина * и Vittoria им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.664
    Допаѓања:
    39.560
    Пол:
    Женски
    Какви добри манипулаторки сте вие две. 8)
    Стравот од нешто е главно поради тоа што нештото е непознато или некој друг ти го има наметнато тој став.

    Зашто темата е хомосексуални врски, искрено никогаш не сум осетила гадење спрема нив или потреба да ги избегнувам, најверојатно поради фактот што никој никогаш не ми всадил омраза и не ме поттикнал да размислувам на начин на кој ќе чувствувам одбивност.Да скокале моите дома како попарени кога ќе излезел геј пар на тв веројатно и тоа ќе ми влијаело да се осеќам чудно кога ќе ги видам.

    Ама од други работи знае да ми се згади.

    Е сега според според вашата дефиниција, тоа што ми се згадува кога ќе прочитам дека некој педофил силувал дете или кога ќе слушнам за инцест меѓу членови на блиско семејство е знак дека потајно сакам да сум како нив?Или тоа што мислам дека оние кои имаат аверзија кон прифаќање на својот пол па те тераат да измислуваш специјални заменки за нив имаат сериозен проблем, е резултат на моја несигурност?

    Омразата доаѓа најмногу како резултат на вредностите со кои растеме и прифатеноста од општеството и најблиската средина.Повторно, стравот од непознатото и заканата некој да ти ги наруши вредностите е главна причина, не стравот од себе си.

    Меѓу милион други примери, да ми било наметнато како нормално полигамното семејство, сега немаше да ги гледам со одбивност оние што имаат 5 жени.Некој од надвор да дојде да ми пропагира дека сите треба да живееме на тој начин, најверојатно ќе пружам отпор.Истата аналогија применете ја на оние кои дрско реагираат на прифаќање на хомосексуалноста.
     
    Последна измена: 17 јануари 2021
    На ElenaOfRivendell, Different7, Vittoria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    39.524
    This!!!!!! Обично тој што најмногу вреска против, потајно мастурбира на геј порно и се мрази себе дека е "обратен" според неговиот светоглед:D
     
    На Bezimenka90, noteforself, senjorita-v и 5 други им се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.311
    Допаѓања:
    19.681
    Пол:
    Женски
    Не ми сметаат хомосексуалци имам пријатели се дружам со нив, тоа што они сакаат да бидат со некој од ист пол мене тоа не ми менува ништо. За деца посвојување ако сакаат нека посвојат, незначи дека ако се геј ќе бидат лоши родители и децата ќе бидат несреќни.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Бог е против секс пред брак,го почитуваше тоа?
     
    На Bezimenka90, WildMk, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.796
    Допаѓања:
    169.776
    Пол:
    Женски
    Точно. Општествен притисок е моја претпоставка. Прво спомната од теоретичарите Калвин Томас и Џудит Батлер. Ако јас манипулирам тогаш имаш проблем со овие двата оти прво од нив прочитав дефиницијата. Таа и е дефиницијата која се тврдеше дека две години немало кој да ја кажи лмао. Исто така тврдат дека ваквиот однос и чувства се позастапени кај машкиот пол.

    Не ја сфаќаш разликата меѓу овие? Чим сум манипулатор, ваљда до сега ќе те изманипулирав да сфатеше. Ајде да тргниме пак. Согласност.

    [​IMG]

    Педофил силува дете.
    Зоофил силува животно.
    Хомоси си даваат согласност за секс. Енд соу он. Ако тебе ти се гади дека две возрасни индивидуи се сакаат емоционално и/ли сексуално ти имаш проблем. Биле тие возрасни индивидуи маж и жена/ жена и жена/ маж и маж. Дури и за инцест има причина зошто се смета за нешто лошо и то нешто лошо не е дека Бог така рече туку последици по здравјето на роденото бебе и дефекти.

    Точно. Општеството е круго. То го велам 60 страни веќе на темава. Само зошто нешто е нормално ко просек не значи дека е исправо зошто некогаш насилство беше испавно, крвна одмазда, жената немаше право на глас and so on. Просекот се менва. Не е никакво мерило. Од таму "нормално" имллицира постоење на ненормално. И навреда е. Дискриминација.
     
    На Bezimenka90, WildMk, Ugly Duckling и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Да го почитувам моментално
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Не зборував од политички аспект.
    Во Европа треба да научиш прстот во џеб да го чуваш. Хомосексуалците се штитат меѓу себе,а има и такви што ќе застанат во нивна одбрана.
    Треба да сфатите дека секој збор,постапка ги боли затоа што се дискриминирани.
    Се сеќаваш на дечкото од Охрид што шминка? Ршум го направија,и фамилија му навредуваа и Господ го бараа.
    Поради тие луѓе не заслужуваме да сме во Европска унија бидејќи од страна гледано е СРАМОТА.
     
    На Bezimenka90, WildMk, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  11. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.311
    Допаѓања:
    19.681
    Пол:
    Женски
    И во Европа и во Америка и секаде низ светот има луѓе кој не ги прифаќаат хомосексуалците не се само кај нас на балканов неприфатени.
     
    На ElenaOfRivendell и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.664
    Допаѓања:
    39.560
    Пол:
    Женски
    Ах бре демоне, баш од тебе очекував да ме сфатиш што зборам, ама ништо.:D

    Нема потреба 1000 пати да ја повторуваш согласноста зашто не ми е поентата да кажам што е нормално, а што не туку да објаснам како ни влијаат вредностите на кои нѐ учат и влијанието од околината.

    Во делот кој НЕ си ми го цитирала, нагласив дека мене не ми се гади од хомоси веројатно поради фактот што не сум израсната од луѓе кои ќе ме учат на омраза.

    Потоа ги напишав примерите со инцест и педофилија за да уште еднаш покажам , како влијае тоа што ни е наметнато за да формираме сопствен систем на вредности, а НЕ за да покажам корелација меѓу нив и хомосексуалност. И секако, дека гадењето од тие појави е резултат на учењето, а не дека ми се гади од педофил пошто потајно сум токму тоа.

    Мислиш дека девојче што го мажат на 14 години за 40 годишен знае за согласност? Не, нејзе ѝ е нормално, исто како на сите во таа средина.Порано кога аристократијата се мажела и женела во рамките на фамилијата размислувале дали е тоа морално или не? Секако дека не, зашто во таа средина и тие временски периоди било нормализирано.

    Баш ми е мило што ги осудувам овие појави од погоре, а не сум дел од средина кој ги поттикнува, а нема причина да објаснуваме зошто се штетни како да имаме 5 години. :)

    И ете, за членкиве тука(врз кои одредени феминки си лечат фрустрации) хомосексуалноста не е прифатлива, и сѐ додека не наштетуваат некому на директен начин(како баш хардкор хомофобите), нема што вие тука да ги убедувате дека они се потајно лезбејки, да ги терате да си го сменат мајндсетот и да ги правите полошо од најголемиот злосторник.
     
    На Vittoria му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Едно прашање. Зашто не излеговте на парадата лани или прелани не знам кога беше. Да не ви е брука случајно дека сите ќе ве ругаат? Имаше двајца без тројца
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Да има ама не се замараат,си гледаат пред свој нос.
    Нив законот ги штити затоа што законот не бира кој е,што е по сексуална ориентација.
    Во Мкд не се заштитени ниту пак некогаш ќе бидат,затоа и никој јавно не произнесува за себе.
     
    На Bezimenka90, GrimTheReaper, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.311
    Допаѓања:
    19.681
    Пол:
    Женски
    Па и не баш и таму ги дискриминираат на работа или ги тепаат. Гледав една емисија странска и баш имаше гејови, трансродови личности што кажуваат дека се дискриминирани и малтретирани. Можеби во некој земји имаат повеќе права ама не насекаде во многу земји во Европа и Америка баш и немаат права. Најди ако те интетесира баш во кој земји хомосексуалноста е признаена.
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Не гледај многу тв :)
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.796
    Допаѓања:
    169.776
    Пол:
    Женски
    Согласноста ја повторвам поќе за други него за тебе. :wasntme: Мислењата ми се често таргетирани на поќе страни и некои работи веќе на сон ги повторвам на две- три тригер теми.

    Само едното сум цитирала нема врска ќе пишам за се со еден цитат, основата на дефиницијата иди од таму како и да вртиш. Не можам да ти речам дека хомосексуалноста иди од друго. Коренот и причината зошто се вика така е ради Калвин Томас и Џудит Батлер шо ги спомнав претходно. Е сега, не значи дека секој хомофоб е геј или дека се плаши дека е геј зато и не ми се интересни преписките тука. Ама дотичниот побара дефиниција шо не ја добил две години во шо се сомневам зошто не се користи терминот хомосексуалност само последнава година. Та е дефиницијата како и да ја вртиш и не е од сега.

    Следно. Општеството го прај човекот. Ако човекот нешто го смета за ненормално, и тоа како некој човек би се плашел шо ако тој е дел од "ненормалната" група или шо ако детето му е дел од "ненормалната" група. Општествено инициран страв во секој случај шо се интернализира. Пак ќе речам, ваквиот страв шо често резултира со агресија е позабележан кај машка популација исто така наспроти кај женска. Ама терминот, изворно, е ист за сите пошто не можиш длабоката причина на некој да му знајш, во случајов омраза кон хомоси ама можи за се да биди омразата, без да го пратиш на терапија па да се види оти хејта.

    И уште ова, какви се тие хардкор хомофоби? Мислиш на насилници? Пошто хомофоб е хомофоб. Дали вербално или физички ја прај штетата, боли во секој случај и во секој случај повредва друго живо суштество ради лични фрустрации.
     
    На senjorita-v и Dentina им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.664
    Допаѓања:
    39.560
    Пол:
    Женски
    Оние кои свесно дискриминираат во смисла да наштетат некому само зашто е геј, оние кои се насилни, оние кои си ги исфрлаат децата од дома, оние кои ги пцујат по социјални мрежи и изјавуваат работи од типот гасна комора...ама, не може сѐ и сешто да се смести во хомофобија само за една заедница да се заштити од било какви критики кои и не мора да се поттикнати од нетрпеливост.Битно е човек да се однесува исто кон сите луѓе, а секој си одлучува кои вредности ќе ги почитува повеќе.И мене ми сметаат прости луѓе што не знаат 2+2 колку е, не значи дека немам основна почит кон нив и повикувам на нивно угнетување.

    Поентата ми е, на сите им смета некој и нешто, сѐ додека не преземаат конкретни акции да наштетат не им вршете толку притисок на луѓето дека мора да прифатат одредена појава.
    Океј, еве дел се плашат да не се геј па претеруваат со хомофобични изјави и слично.Имам баш ваков пример од околина, ме потсети дискусијава, АМА не може да важи за сите ова.
    Цело време го спомнувам ова а не ми одговараш, дали истото важи и за осуди кон педофили? Дали ако ми се гади од нив ми е страв да не сум како нив?
     
    На GrimTheReaper и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Па и во Македонија се заштитени со закон и не се дискриминирани. Каде си видела во нашиот законот некаде да пишува: Ова важи само за хетеросексуалците или ова не важи за хомосексуалците? Никаде. Сите закони важат подеднакво за сите луѓе во Македонија.
    Тоа што мнозинството не ја прифаќа хомосексуалноста како нормална појава, тоа нема врска со законот, туку има врска со моралот и светогледот на луѓето.
    Атеистите не ја прифаќаат верата во Бог, па сепак не сум видел христијаните да прават паради и да си го бараат "правото" СИТЕ да станат верници или да ги нарекуваат богофоби сите што не де сложуваат со нивните верувања.
     
    На Vittoria и VDT2906 им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Каква врска има религијата со хомосексуалноста?
    Ти дечко ги измеша работите.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.