А според кој критериум не прифаќање на нештото значи фобија од истото? Јас толку различни спротивни ставови имам во однос на ситуации и настани околу мене значи се се тоа некои си фобии... Јас повеќе би рекла дека е до способноста на една психички созреана особа за нормално расудување. И жално за вас што вака напаѓате као навредени, некој со спротивно мислење без аргумент и без да посочите кој тоа ви забранил или ускратил право на некое инакво чувство кое си го имате или е од вчера. Или си го прифати и барај си чаре, или односи се со какви сакаш и не ми рекламирај прифатливи нормалности.
Што не ми одговара? Јас сум во Еу земја каде е то нормално и никому ништо. Сфаќаш дека туѓите животи и ориентации се само туѓи и ништо повеќе. Никој не го засега твоето мислење,цркви,чуда,политики сфаќаш? Ги засега само пред нос, се држат за рака,се бањаат,гушкаат,бацуваат живеат нормален живот ко и секоја друга индивидуа. И не знам што е тука толку спорно?!
Точно. Ако некој е кретен е кретен безразлика на неговата сексуалност. Хомофоб е тој шо има против само на база на сексуалност. Ако ти сакаше да го кажиш тука ова. Ако мислеше дека како група имаат проблеми, како група на хомосексуалци, те молам образолижи. Прилично сигурна сум дека ти одговорив. Со дистинкција на педофилија и хомосексуалност. То треба да ти дај одговорот. Оти едното е грозење кон сексуален напад, другото е грозење на туѓа среќа и задоволство. Изворот на "гнасење" иди од различно место. Зато беше дистинкцијата шо ја напрјав во првата реплика кон тебе. За овај дел.
Стварно ли си во Еу? Бугарската ли? Оти јас на местата каде што сум била зборувале и тоа како имаа што да кажат на оваа тема, посебно зошто е толку актуелна години наназад. Во едно си право, секој си гледа за себе, си држи до ставот без последици, напади и вакви прикаски - како тоа тебе не ти е нормално... А мене секој што ме праша ќе си кажам според што и зошто тоа ми е неприфатливо и не го одобрувам, како што и сте прашале на почеток тема.
Не го сфаќам релевантно мислењето од особи кои веруваат дека болести не се пренесуваат ако сите лижат една иста света лажичка.
И мислиш дека некој геј ќе го гајле за твоето лично мислење? И ќе престане да има односи со маж оти тебе лично ти се гади?
Што е суштинското бе душо? Што не може да имаат деца? Што се закана за општеството? Што ви се гади? Во последните страници ти и твоите истомисленици само тоа го трубите небаре сте некои влијателни личности. Што има да се дебатира тука? Дај да отвориме тема хетеросексуални врски и таму да дискутираме.
Кога бев средно, професорката по Психологија ни предаваше, дека хомосексуалноста не била прифатена во Психологијата, и дека била психичко растројство. Иако ми беше омилена и многу добра жена, некако имав одбивност после тоа. Дури, пола од учениците влеговме во жестока дискусија со професорката. Ама жената си имаше зацртано, и целата дебата беше како одење со главата во ѕид. Зошто според вас, некој прави "лошо" и е "пореметен" ако шири љубов? Сигурна сум, дека барем еден од вас има направено поголем "грев" од нив. Проблемот е шо, кај нас, научени сме да се мешаме насекаде. Те у проблемите на комшијата, па експерти сме за секоја тема, итн. Се додека некој, не ми прави лошо, не треба да ми е гајле, дали комшиката ми е геј, дали има девојка, дали оди во геј кафичи.. Еве, и мене ми е гадно кога дечко и девојка се лапаат пред сите, како да не се виделе сто години, ама не е мое право, да кажувам кој, што да прае.
Јас многу добро знам колку и дали сум влијателна. Тема ти можеш да си бараш за нови нормалности зашто на оваа не можеш да се докажеш. Деца секако не можат да изродат двајца мажи.
Ама можат да посвојат. И тоа е сосема нормално според мене. Имам познаничка од интернет, каде девојчето е посвоено од две геј жени. Девојчето е нормално, се понаша како секој од нас. Живее во Америка. И зошто мислете дека е нормално, да кажувате шо и како, некој треба да живее, кога не е ваш ЖИВОТ. 21 век сме, испаднете од пештерата во која живеете.
Сакав да кажам дека било која дискусија што ја вклучува цела заедница(кај што спаѓаат и трансџендери и др.) завршува со имаш фобија!Лични напади. Чист пример на форумов, трансфоб си ако мислиш дека на деца не треба да им се дозволи да транзиционираат, ги мразиш хомосексуалците ако поттикнеш прашање каков ќе биде развојот на детето во истополово семејство и ти ставаат етикета, иако твоите чувства се далеку од омраза.Во превод, олабавете, глупо е да ставаш некој што само сака дебата и тргнува со рационални аргументи во ист ќош со полуписмени имбецили на кои им е страв да видат гејови на нетфликс, или уште полошо, што се насилни. Добро, јас не се сложувам, кажав веќе зошто, заради наученото, ама ќе оставам на тоа.
На лични прашања одлучив да не одговарам. Ние можеме да ти посочиме зошто е тоа погрешно, ја следам темата од вчера и сметам дека имаш погрешни перцепции. Ние сите го сакаме Бог а Бог налага луѓето да се сакаат еднакво. Така да, во ова не се меша ниту црква,ниту религија ниту пак политика.
Јас мислам дека има мажи што родиле, некој погоре го спомна Томас. Тој се смета за прв маж што родил,а по него има и бројни примери. https://www.theguardian.com/society...ho-gave-birth-pregnant-trans-freddy-mcconnell
Според мене твоите принципи се погрешни ете. И јас сите си ги сакам, душички се секој со своите демони, ама далеку е ова од нормалното заради нечии сексуални нагони да се бара право врз децата како миленичиња да се. Ете нека се среќни таму и нека си ќутат со изборот во денешните можности. Се знае која е нормална заедница за одгледување деца.
Ова ме потсети на одвратниот „Саем на деца за хомосексуалаци“ во Брисел, повторувам: „Саем на ДЕЦА“ каде што богатите хомосексуалци можат буквално да си купат деца, како да се тоа кучиња или папагалчиња на излог Најниската цена за тие „поневредните“ деца била 95 000 долари, а тие „највредните“ деца била 160 000 долари. Позабегана и поодвратна работа од ова немам видено, да се продаваат деца, а зад тоа стои една цела индустрија на фетуси и сурогат мајки кои исто така се злоупотребени како машини за расплод. А за пародијата да е уште поголема, истиве овие ти гракаат за демократија и човекови права
Премиерката на Финска пораснала со мајка и' и нејзината партнерка. Татко и' бил алкохоличар и поради тоа. Премиерката изјавила дека добивала љубов од двете мајки (мајка и' и нејзината партнерка). Ама не, требала да расте со татко-алкохоличар, зашто хомосексуалноста е болест.
Па убаво пишав јас дека не е само да напишеш нешто. Они ги прифаќале така ете оти луѓе биле без разлика на последиците кои ги носи тоа. Без конкретно да ја видат суштината, позадината или страдањата на нивните поколенија. Таквите нека си се односат со кого сакаат ама барања за права врз деца заради финансиска моќ со која се заќутува неморалот и се прикажува како за пример ми е тотално неприфатлива. Има толку начини да се помогне на тие деца и домови во кои се, нивното образование или болести на пр. Ама да си земеш дете заради каприц и задоволување на не нормалностите,за кое ќе се дискутира дали ќе му бидеш мајка, татко или втор татко. Убаво си напишал цела индустрија е веќе тоа каде страдаат сиромашните и ќе раѓаат за пари.