Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Едно време имав негативен став за бракот специјално, ама како минува времето моите погледи стануваат еластични и велам „зашто да не“. Бидејќи се од ист пол, не ни се совпаѓа со нашите сфаќања за бракот?
    А, кои се тие сфаќања. Дека двајца треба да живеат во заедница, која ќе биде доволно здрава средина за одгледување семејство.. ваљда тоа ни е дел од сликата за бракот. Епа, ако е тоа, што, ако се од различен пол демек посигурно е дека ќе имаат супер заедница за одгледување семејство.
    Па само во мојава зграда имам едни пет станови, населени од луѓе со распаднати бракови. И не само таткото и мајката, туку и децава.. нивните поколенија кои се неколку генерации пред мене.
    Ако двајцата дали маж и маж, жена и жена, можат да живеат заедно и да створат заедништво какво ние остатокот не умееме, која сум јас или ти, да им велиме не!, кога колку повеќе размислувам воопшто на тема брак, колку повеќе слушам за пропаднатите бракови или се уште постоечките во кои жената е малтретирана, децата се малтретирани или се изневеруваат како да се невидени и неизживеани тинејџери.. дај им на луѓето слобода да си прават што сакаат. Секако не е ништо гнасно, не е ништо перверзно, болно. Подеднакво чисто е како и љубовта помеѓу маж и жена, а може да биде подеднакво грдо исто како љубовта помеѓу маж и жена. Во друга насока на грдоста мене ова прашање не ми се движи.. за оние на кои им се движи.. прифатете ја реалноста. Поинаква е од едни стари времиња. Се се менува, вклучително и ова.
     
    На Lolo5, Jordanovska-K и tessie им се допаѓа ова.
  2. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Еве да споделам една случка,се договоривме со една пријателка да одиме в кино,се убаво сакавме да го гледаме Бед тичер ама се јави татко и и инсистирасе и тој да дојде премиера на филмот бесе и ајде зосто да не.Девојчето само ми рече `ние не сме обична фамилија ` :?: ..почекавме 15 мин кога дојде татко и со дечко му и усте еден пар хомосексуалци со нив .. за ракичка фатени а јас вака :o
    девојчето си зивее со татко и и дечко му и искрено малце ми бесе чудно нели сепак јас сум од балканот и не ги осудувам но сфатив од каде потекнуваат некои особини и фрустрации кај пријателката,усте од почеток бесе поинаква од другите и затоа само ке казам нека прават лугјето сто сакаат ама деца во вакви околности немозат нормално да растат
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Абе и внук ми дете на 10 годишна возраст има фрустрации и ќе има уште поголеми фрустрации, бидејќи е посвоено дете. Од малечок го знае тоа. И фрустрациите му се погоди од каде...„та-на-на тебе твоите те посвоиле“ „та-на-на тебе мајка ти не те сакала, те оставила“.
    Фрустрациите кај сите луѓе се јавуваат уште од детството и причина за тие фрустрации сме ние „нормалите“ кои си ствараме конкретни стандарди за тоа што е нормален живот и живеење, а што не, па си обожаваме да си го буткаме носот во туѓите манџи и да им ги забиберуваме, пошто полесно е туѓото „несовршенство“ за нас да го исмеваме и да имаш милиони „ау“, отколку да се занимаваме со самите нас и нашите семејства. Фрустрации си имаат и децата од стандардни семејства, во кои татичко ја тепа мама, татичко доаѓа камен пијан, татичко носи тетка на гости итн. итн.
    Кај нас има инаку прилично позната и успешна девојка, која што преживеала распад на нејзиното семејство, бидејќи по некои си преку 10 години брак татко и решил да признае дека сака мажи. Но, не гледам дека тој факт ја направил нешто подолно од многу деца на сосема ок, совршени родители, татко и мајка.
    Што е здраво, а што не.. е индивидуално. Доволно им беше на тие старински приказни за нормално и не0.
     
    На Lolo5, Jordanovska-K, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    не сум за брак со партнер со ист пол, тоа ми е несто најгадно па не дај бозе да им дадат да посвојуват деца! и на сто ке лиЧи тоа?
    педери посвојуват деца, океј, па ке ги воспитуваат дека сексуалната ориентација мозе да си ја одередат самите кога ке пораснат-па следеЧе и тие ке бидат педери- следи дека: потомвствa повеке ке нема -светот ке пропадне :D :rofl: :D
     
  5. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Па подобро педери да посвојат дете, отколку тоа дете да седи во дом....Како и да го воспитаат, ќе биде сигурно подобро отколку улицата да го воспитува...
     
    На Lolo5, Jordanovska-K и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    не-најдобро ке биде да биде посвоено од нормални родители.
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Oд каде ти е само таа луда теорија дека дете одгледано од родители хомосексуалци би било автоматски ПЕДЕР, бидејќи такви родители го посвоиле. За 20 годишна возраст би требало бар тие работи околу сексуалната ориентација и привлекување помеѓу половите да ти е јасна. Ај те разбирам твојов личен став си е да нема бракови меѓу нив, ама ова ти е просто :)
    а кои се тие нормални родители инаку? по што ги определуваш, бидејќи се маж и жена ли?
     
    На Lolo5 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  8. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    :D за тоа дека детето одгледано од педери ке е педер се сегував затоа и ставив повеке смајли ;)
    инаку да, нормални родители се бас тие!
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Тогаш светов има проблеми со нормалните родители :). Види бројки на напуштени деца од своите нормални родители, види бројки на деца силувани од своите нормални родители, види бројки на деца тепани од своите нормални родители и што ли не друго. :)
     
    На Lolo5 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  10. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    тоа да, не викам дека не. но ако зборуваме за посвојување дете едно е сигурно-кога се посвојуваат децата родителите сто го посвојуваат мора да се добро ситуирани, паметни, добри и сто ли усте не. знаЧи нема санси посвоено дете да се даде на некои ненормални. дури и да се даде-по некое време дрзавата пак ке си го зема.
     
    На mona.s му/ѝ се допаѓа ова.
  11. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Леле со жена...јас никако...алоооо коси ке си искубиме една со друга :D ....како што умеам да зборам со 100 на саат :talk: па и таа сигурно многу ке збори ..а уствари кој ке не слуша??? ...вака барем мм си почутува...јесте да после ми повторува што се сум зборувала, се со цел да се видело колку многу зборувам...ама боље е бе... И ми вика....дека и кога сум сама не ми е досадно, оти сама со себе сум си праела муабет :rofl: ...и уште една како мене...лелеее ....никако...ужас...па шо ке прават комшиите бе, нас ли ке не слушаат, сеир ке си фаќаат.. ]:) ... а сигурно ке ми чепка и по шминки,козметика,облека...лелеее...рацете ке и ги искршам :D ...па штиклите...леле неможам ни да замислам дека ке ми ги облекува и ке се шета со нив низ дома,дури јас не сум тука :punch: ...аааа така ли морииии...вратчето како на пиле квввррцццц ке ти го свиткам :muscle: ...а пак ако ја слушнам на мајка е да и се жали од мене...леле леле ...кај ке оди, кај ке се крие бе :D и на крај мајка е нејзина да ми е мене свекрва :lol: не не неееее ....никако...кошмар :drunk:
     
    На Lolo5 и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Незнам колку би биле рамнодусни доколку васе дете би бил хомосексуалец,би сакала тогас да слуснам мислење од тие либералните сто ги одобруваат ваквите врски,јас лично сум ептен индиферентна (читај гајле ми е ) и не сум полна со предрасуди се додека не дојдам во ситуација не дај бозе да размислувам на таа тема.Сум видела секаков народ,сум била во безброј ситуации и секогас нормално сум пристапувала,но како сто казав претходно таквите деца немозат толку лесно да се вклопат во средината а и точно дека има деца сто и во `нормални` семејства имаат проблем дали со девијација или десоцијализација но тука полесно се наогја коренот на тој проблем во однос на детето со двајца татковци или мајки,психолоски гледано тој продир и доказување дека се е дозволено се знае кај мозе да доведе,пак ке повторам тоа е мое мислење секој има право на свое па воспитајте си ги децата да бидат хомосексуалци тоа е нели нормално :fubar:
     
  13. Downy

    Downy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    43
    ма нека се сакаат :) додека се сакаат ич не ми смета дали е маж со маж или жена со жена... не го сметам тоа нешто за ненормално ниту за некоја болест,едноставно животна определба и тоа е тоа... сметам дека нормалната средина за растење на дете не е условена од полот на родителите туку од нивната меѓусебна љубов и разбирање и љубовта која му ја пружаат на детето.. и не сметам дека сексуалната ориентација на детето зависи од ориентацијата на неговите родители... нека склучуваат бракови нека се сакаат и нека бидат среќни .. мене не ми сметаат ниту па им судам.. и мислам дека треба да бидеме малце по либерални и со помалку предрасуди такашто и на овие луѓе ќе им биде полесно да се изјаснат и вклопат во општестото... :)
    Лично јас неможам да се замислам во врска со жена и неверувам дека некогаш ќе можам.. но за да се дружам со некого и да имам добар пријателски однос не ми смета ничија ориентација... всушност одсекогаш сум сакала да имам геј пријателче за шопинг и за женски муабети нАли :D :lol:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Јас не се согласувам со геј или лезбо врските, бидејќи тоа не е нормално бре! Како може да те привлекува човек од ист пол на ТАКОВ начин? Нели треба ние да го зачуваме човештвото а? Кој ќе прави деца, ако сите се попедерчиме и полезбејчиме? И уште нешто. Што е бе тоа геј паради што ми прават? Зашто ние што сме стрејт не правиме СТРЕЈТ-паради? Одвратно, неприродно, глупаво, не го оправдувам ниту пак некогаш ќе го оправдам ова сексуално определување.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Никој не си го воспитува детето да стане геј. Едноставно се случува, се уште не е докажано зошто или како. И сега ако ми дојде детето и ми каже вакво нешто што треба? Да го избркам од дома? Да се откажам од него преку весник? Мое дете ќе си биде, ќе си го сакам најнормално, па ова не е крај на свет. Не е убиец, силувач, или некои многу други пострашни работи.
     
    На Lolo5, ChocolateStrawberry, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Пред се да се изјаснам позитивна за темава.
    Арно ама, има тука и други аспекти,не само љубов или секс,зборувам објективно и не сакам никој да биде навреден или повреден.
    Било во врска,било во брак,еден ден партнерите ќе посакаат да имаат деца,што е нормално за секој човек да посакува потомство. И што тогаш?
    Кој ќе биде мајка, а кој татко?
    Како ќе биде прифатено детето од околината,кога знаеме дека и луѓето од стрејт -родители се здобиваат со непристојни етикети во нашево ужасно општество?
    Јас ги прифаќам и почитувам овие луѓе,но нашиот пештерски менталитет не е подготвен за таков чекор.
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не знам како би реагирала некој мој близок од фамилијата да е хомосексуалец, искрено не ни сакам да има некој таков :) Вајда со тек на време ќе се навикне човек.
    Знам некои хомосексуалци и ја подржувам нивната врска во глобала, имам колега хомосексуалец супер си е типот. Е сега малку ми беше одвратно кога дознав дека бившиот на другарка ми во кој таа беше вљубена и сечеше вени е во суштина хомосексуалец, ал од друга страна се ми стана јасно за тоа што се случуваше во врската нивна. Верувајте ни на сон нема да приметите дека тој лепотан и кул дечко, кој секоја мајка би го посакала за зет е педер :)
    За брак не сум, иако реално мене и онака не ми значи многу тој потпис ако постои љубов.
    Али сум против посвојување на деца од страна на хомосексуални родители. Неможе да ми се разјасни тоа тато 1 и тато 2 или мама 1 и мама 2. Не не. Тоа ми е неубаво. Можеби тие деца и се посреќни и имаат поубаво детство од родителите хетеро или уште повеќе од самохрани родители, но сепак сеуште неможам да речам да за тоа семејство. Можеби во иднина ќе го променам ова мислење, засега против :)
     
  18. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Па токму од таа причина се изјаснив дека ке размислувам на таа тема ако не дај бозе моето дете ми дојде и ми казе дека е геј,а до тогас сметам дека не е нормално,јас имам пријател геј на гејовите и толку убаво си поминуваме заедно буквално како другарка ми е,исто пријателкава чиј татко е геј,не ми смета дури се однесувам како тоа да е несто најнормално,ми казувале детали пријателкава ми казувасе за лубрикантите и кондомите на татко и и дечко му,ете признавам мозеби сум конзервативна не им судам не ги потценувам но никогас не би сакала да ми се случи такво несто!Никој не го воспитува детето да е геј,а зосто да не го воспитувам да НЕ биде геј,да му указам дека сите се лугје но не мора да биде како сите и сакате да казете дека така воспитаните деца ке бидат хомосексуалци или дека тоа им е вродено?Добро е да се почитуваат лугјето дали вера раса други припадности не е битно ама да му подавам рака на моето кога ке ме праса мамо добро е да си имам дечко (ако е маско)? па да, не е убиец не е злосторник ке го сакам ама се ке направам да го усмерам по друг пат,не е точно дека децата сами се определуваат за несто СЕ ама бас се зависи од воспитувањето,околината,фрустрации,трауми,потреба за внимание, се тоа се само некои корени за насето денесно размислување
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.823
    Пол:
    Женски
    Па сите родители им зборат на децата против дрогата, ги воспитуваат да не посегнуваат по неа, па пак постојат наркомани нели? Сакам да ти кажам дека ти можеш да му укажуваш, ама џабе ќе биде ако него тоа го влече. Кога ќе почне да излегува ти нема да бидеш до него и да му кажуваш сине не гледај по мажи, гледај по жени. Секој со својот начин на размислување :)
     
    На Lolo5 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    не осудувам секој си е господар на својот живот тие луѓе не се болни брак не бидеки бракот по дефиниција е нешто друго но некоја заедница која ке биде признаена од државата да а за деца да посвојат незнам сеуште сум скептик заради нормалниот развој на детето ма да има деца кои се излезени од нормални бракови а тие се далеку од нормални