Добро, ама мислам вакви аргументи не се нешто значајни. И да не сум 100% стрејт, не ми менува ништо во однос на тоа што знам дека сум екшали стрејт.
Кој го вика ова? Каде е пишано дека тоа ни е основна задача на постоењето? Секој сам си одлучува која му е , во спротивно со оглед на тоа што имаш матка секој од фамилија тетки, стриковци и стрини или пак рандом сељак може да ти рече "Кристин, ти сега да си баталиш студиите пошто основна задача ти е да раѓаш. Затоа те створиле и со оглед на тоа што си стара мома веќе на 20 години, мора да побрзаш да родиш". Не ти се свиѓа вака нели?
Така одредила природата, ама човекот одредил, дека парови кои имаат проблем со стерилитет, можат да одат на ин-витро, или да најдат сурогат мајка, или да се оплодат со донирана сперма, или да посвојат дете. Затоа што секој кој сака дете, треба да има. Деца се имаат оти се сакаат, а не оти 'се фатило'. Ама кога ќе почнете да размислувате од таа перспектива, тогаш ќе сфатите зошто луѓето се стремат кон еднакви можности за сите. Зошто е доблест да се бориш за правата на секој човек на планетава. Секој угнетуван, секој нападнат, секој оневозможен, секој обесправен. Само вие сте зафатени со хијалуронот на некоја си старлета и што носела денес Ким Кардашијан, па 'немате време' за учење хуманост. Муабетот ми беше дека не е каприц да имаш истополов секс, туку мора да имаш одредена доза сексуална привлечност кон одредено лице. Иначе, нема да ти е убаво, нема да посакуваш секс со тоа лице.
Се извинувам многу, требаше да нагласам дека тоа е лична одлука на секој човек. Кој не сака да се размножува, не мора. Ама, сакала ти или не, реалноста е таа. За да опстои човечката раса мора да се размножуваме. Ако не сакам да родам јас, ќе роди Петкана, Стојна итн.. Сигурно нема да паѓаат од небо новите генерации.
Факт, ама нема да исчезне човековата раса со тоа што ќе им се овозможат еднакви права на брак и семејство на хомоексуалните парови. Напротив... Откако се родив, од 4 милијарди, до скоро 8 милијарди луѓе стасавме. За пола од времето на просечен животен век на еден човек.
Во првото мислење напишав, не можам пак да пишувам реферати. Стручно сигурно не е, зашто не сум стручњак. Исто како и ти што не знаеш повеќе од професори на психологија.
Сурогат мајчинаство во многу држави не е дозолено,што значи многу тешко можат да имаат свои деца,со сурогат мајка. Дрштвото не е либерално никаде колку и да се прави дека е. Живееме во лажен либерализам.Секаде. Од тие причини хомосексуалните парови уште долго време ке имаат проблеми. Не сум против регистрирани заедници и брак но за посвојување сум против зошто треба да се гледа од агол на детето,а не на желбите и правата на посвоителите од ЛГБТ заедницата. Детето кое треба да се посвои не треба да биде алат за друштвени промени. Децата кои треба да се посвојат не треба да бидат објект на нечии права туку субјект само на свои. При посвојување на Детето го има право на најдоброто за него,не смее на негов грб да се бараат права. Децата не треба да бидат изложени на експеримент,а особено што истражувања на деца израснати во истополови заедници ги има многу малку. Не е решение дете со посвојување во истополова заедница да го изложуваш на можен булинг во тек на неговиот раст и развој. Долгорочно се бира што е најдобро за детето. Дали тоа дете ке биде шиканирано,избегнато,изложено на булинг од врсници,околина и сл.изложено на друштвени проблеми,дали во друштвото каде живее е голем процентот на деца како него или не. Сепак многу помал е % на хомо заедниците.
Не рече дека е така во нејзиниот светоглед, така е во устројството на природата. Кучињата, кенгурите, жирафите и останатите, имаат секс за да се репродуцираат. Растенијата имаат семки, за да остават следна генерација растенија од нивниот вид. Не е ништо спорно ниту фашизоидно во таа реалност. Човекот, го има надминато тој императив од природата и ниту во тоа нема ништо спорно.
Не знам повеќе од професори по психологија, затоа, пред да створам мислење за некоја проблематика, прво ги читам нивните научни докази, не се расфрлам со флоскули оти мене не ми се бендисва нешто. Ама не е загрозена човечката раса. Статистиката и предвидувањата знаеш што викаат? Толку многу не има, што ќе се самоубиеме со уништување на планетата. Што ти кажува тоа? Не е аргумент за право на врска, брак и семејство на хомосексуални парови.
Кај пишав дека ќе исчезни? Дај бе читајте малце како шо треба, а не само контра да одите. Тие 4милијарди настанале оти на некој затуцан му текнало да се размножува, така? Епа шо е спорно тука? Значи факт-тоа е природно. Просто ко грав.
Боже, колку длабоко, океј ако имаш тетки што те тераат да раѓаш карај се со нив, тоа нема врска со фактот што во основа на преживувањето на еден вид е да се размножува и имаш мал милион процеси насочени кон тоа. Иако лично не сметам дека хомосексуалците нешто многу го загрозуваат процесот, ама тоа не го менува фактот дека некој друг можеби од тој агол ги гледа нештата...
Кај реков дека е загрозена расата? Што се однесува до мене, поише корист имам од другите раси Исто реков- нема ништо спорно, секој може да живее и да се секса како сака. Аман од импутирање
Епа затоа и велиме дека некој ќе одлучи да нема потомство, друг да роди, трети да посвојат. Додека едни ќе ги родат децата и остават во дом, други сакаат да им обезбедат детство какво што заслужува секое дете. Тоа баш не ги прави ниту чудни, ниту помалку нормални, туку напротив - човечни. Кога станува збор за популацијата, Вајлд ете објаснила дека планетава и онака е пренаселена. Сигурно знаеш дека во Кина имаат законско ограничување во бројот на деца кои ќе ги имаат. Сите знаеме зошто е тоа така, пренаселено е и секако нема да изумреме како вид ако постојат хомосексуалци (освен ако во меѓувреме не нѐ посети некој метеор).
Мене многу ме интересира нешто во врска со терминологијава. Самото тоа што стрејт пар нема проблем да биде виден во јавност, а хомосексуален пар има, што тоа говори? Тоа говори дека не е прифатена појава, во многу општества. Што викате, зошто? Оти многу затуцани луѓе има или нешто стварно не штима? Друго, велите ,,ненормално" е навреда, ама еве ова не е прифатено како нормално, тогаш како да се нарече? Ако настојувате да го нарекувате нормално, а наидува на отпор и неприфаќање, пак нешто не штима. Како да го наречеме кога не е прифатено а не може да се искаже спротивставено мислење користејќи збор ,,ненормално"? Ќе се забрани воопшто да се искажува таков став? (На форумов прашувам, оти само тука биваме замолчени/избришани). Сум пишувала на оваа тема ама дигнав раце од 2 причини, едната ова со терминологијава, другата што не воделе никаде тие дискусии освен кон лични напади кон мене само затоа што имам мислење што на некој не му се допаѓа а притоа тоа е само мислење кое не им наштетува никако на хомосексуалците, оти ни се однесувам агресивно, ни им правам зло во смисла физички или вербални напади.
Па во интерес на децата е да живеат во стабилни семејства и не е здраво да се институционализирани. Докажано е научно. Вам проблемот не ви е за детето, туку 'како ќе му се објасни на тоа дете?' Исто како што им објаснувате за вас: Мама и тато се сакаа и те добија тебе. Мама и мама/Тато и тато те сакаа и те добија тебе. Процесот не е битен, оти дете исто се сака, и да е родено со полов однос, и да е родено со ин-витро, и да е родено од сурогат мајка, и да е присвоено... Ако ти се битни правата на децата, на тоа ќе внимаваш. Да не бидат дискриминирани по начинот на зачнување. Оти и во хетеросексуални парови има деца зачнати на сите горе-споменати начини.
Сето ова не го засенува фактот дека единствен природен начин нa оплодување е со спојување на машка и женска полова клетка. Ниту го начнав фактот дека Планетата е пренаселена, ниту прашав каков е законот во Кинa. А уште помалку реков дека хомосексуалноста го загрозува постоењето на човечката раса. Значи алал да ви е како си вадите зборови и реченици од контекст и си додавате ваши зачини по желба.
Ама како ќе влијае право на брак и семејство за хомосексуалните парови, на преживувањето на расата? Зошто ти е аргумент во темава? Расата е загрозена со тоа што постојат хомосексуалци? Во просек, 5%-10% од глобалната популација се декларираат како хомосексуалци. И таа бројка не е сменета откако се води евиденција за човековата сексуалност, значи уште од времето на античките нации пред 5000-6000 години Без разлика дали имаат право на брак и семејство, толку луѓе се геј. И пак ќе прашам: Како тие влијаат на преживувањето на нашиот вид?
Кај животните има случаи на геј парови кои посвојуваат младенчиња, овде некои расправаат колку било неприродно