Епа зошто е аргумент во темава тоа дека се размножуваме двополово? Знаеме сите, уште од деца. Тоа не го менува фактот дека хомосексуалците се обесправени.
Ќе научите кој збор што значи, дали за некого е навреда, па после ќе го користите. Така се одредува дали употребата на некој збор е слобода на говор, или говор на омраза. Тој шо го боли кажува што го боли, не тој што мава.
Никој не го ни демантира тоа. Кого сакаш од тука прашај, со каков сакаш став нека е, сите сме согласни зошто е факт. Епа јас го начнав, зошто сте најзасекирани за продолжување на човечкиот вид. Ви кажувам дека немаме опасност според ниту една статистика досега да изумреме од недоволно наталитет. Попрво би изумреле од тоа што си ја уништуваме животната средина, ама тоа е веќе друга тема.
Добро, а ако некој е самохран родител, и тоа не е природно така? Оти МОРА за едно дете да израсне, да има мајка и татко? Премногу ви се глупи аргументите.
Чим хомосексуалноста не го загрозува постоењето на човечката раса, зошто тогаш воопшто се спомнува како аргумент во тема за хомосексуални врски, односно права на хомосексуалците? Излишен ви е муабетот. Како да ти кажам....
Ама јас еве вас ве прашувам, сакам вие да ми кажите оти вие се противите на тој збор. Со ова ,,Ќе си научите" ништо не си кажала освен дека и ти не знаеш. Ако знаеш, кажи да знаеме сите.
Не е воопшто проблем што ке му се објасни дома. Тоа дете ке илезе од дома. Ако во училиште од 30 деца 28 се од хетеро заедници,тоа дете ке има проблем. Зошто да има проблем? Зошто децата да бидат грб на кој ке се кршат или добиваат права?Зошто? Зошто желба на ЛГБТ заедницата е да има деца? Прерано е за вакви егзибиции. Да дадеш дете на хомо пар во друштвена заедница каде не се прифатени ни хомо бракови ,не е експеримент,тоа е злосторство кон тоа дете.
Ти кажав: Оти кажува што го боли тој што е удиран, а не тој што удира. Ако ти рече мајка ти: -“Не сакам повеќе да ме нарекуваш со тој збор“ - што ќе и' одговориш? “Ама, мамо, зошто да ти пречи да го употребувам тој збор, кога го мислам? -“Оти ме боли ќерко“ 'Ненормално' е дерогативен збор. Да не учиме и македонски сега...Нема смисла... Да, ќе има проблем тоа дете, од заедницата која го дискриминира тоа дете. Значи, ако ти е гајле за детето, ќе направиш се', за да ја запреш дискриминацијата кон него. А не да ја промовираш, па уште да ја нарекувате 'мислење'. Практично ти им се закануваш на сите што не живеат по твој терк: Ако не се приклониш кон правилата на зедницата, ќе бидеш исфрлен од нејзе (ќе те иссмеваат 28 деца и две од тие ќе бидат мои) Промовираш дискриминација... како да ти кажам... Не ти е гајле за детето во приказнава... туку за твојот комодитет во меурот.
Какво злосторство? Океј, нека живее детето во дом, или во дисфункционално семејство (со мајка и татко), со насилство, ама важно да не го зборат оти неговите родители се двајца татковци или две мајки. БРАВО! Секако дека ви е грижа за децата.
Кај виде дека ми е аргумент во темава Реков на некој друг дека му е не мене. Буквално нагласив дека за мене не се никаква закана. Ако имате време да извртувате работи и да се заебавате, јас немам, ај.
Во првата реченица што ти ја цитирав. Кога таков став се вметнува во тема хомосексуални врски, логичниот заклучок е дека тоа е најголема грижа. Толку од мене на темава, пошто се вртиме на едно те исто.
Во темава го спомна. Ако не е битен за темава, зошто го елаборираш? Трошиме време и енергија на невалидни аргументи.
Да бе им е... од жал за детето, место да им речат на тие 28 деца да не дискриминираат, тие ќе одберат на едното да му речат, да се иссели од градот, или од планетава, ако може... Од љубов кон тоа дете... нели...
Почнав со тоа што е природно зачнување и дека природата им го ускратила тоа право на хомосексуалците. И јас мислам дека е доволно.
Факт е дека има деца кои нема да бидат посвоени од хетеросексуални посвоители зашто се превозрасни/болни/ непожелна раса или потекло и слично. Има хомосексуални парови кои би станале родители кои би се грижеле за овие деца. Зошто забрани ако се компетентни? Има хетеросексуални згрижувачи кои малтретираат деца особено документирано во америчкиот фостер систем. Дали сепак нив ке им се аплаудира секогаш, а хомосексуалците засекогаш ќе останат со празни раце како посвоители? Е не....првите во УСА одат во затвор, а вторите можат да посвојат.
Аха. Значи хомосексуалните врски не се прифатени ширум светот оти оние што не ги прифаќаат не ги привлекуваат луѓе од ист пол. А некој имаше пишано дека хомофобите се прикриени хомосексуалци.