Дали имаш влезено во дом во Македонија ? Појди види првин како се однесуваат со нив и какви услови имаат. Првин дали имаат шо да носат. Па после дојди и пиши.
Ама не знаеш тииии.. Тие од што многу ги сакаат тие деца, порадо би да живеат во дом отколку во семејство во кое се сакани.
Колку луѓе имало од питачи се милионери, ништо нема да им е ако носат од второ колено алишта... Ами нели институција е тоа, вака така ќе се најде. Така е тука. Ама сигурно дека е подобро да си порасне таму отколку со двајца тате оти имале за точак да му купат
Ама ти стварно не знаеш, немаш претстава шо се дешава таму. Донации се носат, ама од тие донации после ништо нема. Сум била во повеќе домови во Мк, имам се видено. Зато појди првин, па врати се ќе прајме муабет. не пишувам јас напразно. КАде нема тоалетна, ни сапун раце да се измијат. И е дом, институција, не е семејство.
Колку е процентот на посвоени деца од хомо заедници во Холандија @Dentina ? @WildMk Пак не одговори тоа што те прашав.Едно се либерални фантазии друго реалност. Дете за да биде посвоено од семејство,тоа семејство поминува низ проверки и анализи меѓу кои и друштвената,не се само финансиите. Во Зап. Европа посвојувањето од лгбт е дозволено е у поледниве 3-15 год.,и пак има минимален процент. Кај нас во моментов не е време за експерименти со децата,тоа е факт,а фактот не признава чувства,некогаш ке биде,за едно 20 год. Туку И на трансџендери би дала дете сега,тука кај нас? Вака некако https://www.dailymail.co.uk/news/article-5185209/An-entire-family-four-transgender.html @Mantub Нема да го дадам да биде искористено како рачка за промени. Нека се случат спонтани промени па тогаш,зошто брзање кој не е во интерес на децата. Ниедна промена во друштвото не се случува преку ноќ,нели? И на крај зошто па хомо заедниците да ги земаат тие деца што другиве не ги сакаат(ромчиња и сл.)? Пак ке тргнам од агол на децата,зошто едно несакано Ромче да биде тоа што ке биде втурнато како друштвена промена кај нас? Друго прашање. Кој ќе ја има мајчинската ,акој татковската фигура во тој раст и развој на тоа дете? Или не е важно. Најважно е да се исполнат желбите на ЛГБТ (политичката) организација.
Не е толкав проблем материјалното, повеќе духовни работи им фалат, љубов што би ја добиле од мајка и татко, мајка и мајка, татко и татко, самохран родител..
И? Што да правиме во меѓувреме со сите геј луѓе на планетава? Да ќутиме додека не се научи мнозинството? м? Не сфаќам шо е спорно во артиклот што си го постирала?
Kakvi i da se uslovite, i predobri da se ( a daleku od toa), institucionalnoto zgrizhuvanje vlijae na psihata i na razvojot na deteto. A najvazhno e detstvoto za razvojot na lichnosta. Sporedbive ti se nebulozi.
Ако гледаме вака на сите работи, тогаш никогаш нема да можеме да носиме одлуки сами за себе, туку секогаш општеството ќе ги носи за нас. Пред 100 години мнозинството мислеше дека жените и црнците не се доволно интелигентни. Дали тоа го направи вистина? Тоа што мнозинството не ја прифаќа хомосексуалноста зависи од многу неосновани фактори, како што веќе споменаа и другите членки (неинформираност и последователно страв од непознато, религиски причини - мнозинството се поистоветува со некоја религија која му вели дека ако сака личност од ист пол тоа е грев и ќе гори во пеколот итн). Дури и психологијата си имала своја улога преку третирањето на хомосексуалноста како ментална болест, сè додека не еволуира како што еволуираат сите науки и не „прифати“ дека не е болест. На мнозинството можеш да се потпреш за некои навистина универзални вистини: дека постои гравитација, дека ако допреш оган ќе се изгориш или ако пиеш чај потоа многу ќе ти се моча. Не можеш да се потпираш на вакви длабоки прашања, бидејќи просечниот човек оди по линија на помал отпор и одбира да верува или во тоа што му е пренесено од родителите/луѓето од околната средина (кои исто така го земаат здраво за готово тоа што им го кажуваат родителите итн) или во тоа што му е најлесно да го верува. Со други зборови, не е заинтересиран сам да размисли, туку само се потпира на размислувањата на некој друг, чиешто резонирање не мора да значи дека е во ред или без предрасуди.
Ромчето треба да си го преиспита своето постоење, или заедницата своето 'мислење'? Кој им е татковска фигура во семејства каде се растени само со мајка? Кај им е мајчината фигура во семејства каде се растени само со татко? Или 'не дај Боже' од баби и дедовци? Знаеш дека децата си одбираат фадр енд мадр фигјрс?
A зошто тоа дете треба 'да докажува' како е зачнато? На сите деца им барате да ви кажат како ги зачнале? И зошто воопшто би ви било гајле како некој е зачнат?
Треба да проверам. Не мислев исклучиво на Холандија. Мада овде познавам деца чиј татко во подоцнежни години се аутна како би, се разведе со мајка им и сега живеат со дечко му кој исто има деца свои. Паров ги знам лично , не е рекла казала. Децата им се ок и си ги сакаат и контактираат со татковците. Бившите сопруги сега имале свој живот( нив не ги знам лично) и никој од нив не е отфлен од средината. Работат, живеат содржајно итн.
Не. Да ги оставиме децата на мира се додека либералниот и про геј систем не профункционира. Тие деца се веќе напуштени,трауматизирани,злоставувани не им треба да бидат средство за геј еманципацијата. Во земји каде сеуште има неприфаќање на геј заедница,вие очекувате толеранција и прифакање на децата од истополни заедници. Дај приберете се и гледајте низ прозор.
Речиси истото ќе го напишев. Не се проблем 3ца на темава, проблем е 98% од популацијата. Сериозно мислите, дека во општество кајшто ,,му дала на дечкото,,, не била ,, невина,, и слични срања постојат, стигнавте до момент посвојување од хомосексуални парови? Нешто се промени во менталитетот на Србија, откако имаат геј премиер? Далеко је сунце, другарице...Ако и воопшто огрее
Кога велите дека хомосексуалците не можат природно деца да имаат па затоа не се нормални удирате и по хетеро парови што не можат да имаат деца по природен пат. Кога велите дека дете не смее да е посвоено од геј пар оти ќе му фали одредена родителска фигура (татко или мајка) удирате и по самохрани родители. Проширете ги малку ограничените видици и сфатете дека нема секој совршено среќно и "нормално" семејство составено од татко и мајка каде си ги сакаат децата и си живеат среќно до крајот на животот. Извадете ги розевите очила и заинтересирајте се малку за околината ваша.
Ова е тотално без врска споредба. Кај самохрани родители може да постои фигурата,може и не, доколку е родителот починат,Ако не сте работеле со деца на кој им фали во развојот татко или мајка,не зборете напамет. Кај истополни е проблем во дефинирањето,забуната со фигурата кај детето. Докази нема ,истражувања се малку за влијанието зошто периодот е краток. Едно е подржување на ЛГБТ сосема друго е посвојувањето,дали,како,зошто.
Не можиш да го тврдиш тоа ако не си се соочила со бројни такви примери во реалноста. На дете му е најпотребно љубов, поддршка, здрава средина, што не секогаш знае да доаѓа од "нормални" хетеро парови, а па од дом за деца ич.
"Стравот" за децата од домови што би биле доделени на хомосексуални парови не е за децата дека ќе бидат исмејувани или дискриминирани, или па нема да знаат кој е татко, која е мајка. Стравот е од промените. Дека ќе мора да се прифатат тие промени, оти се неминовни, а ваквите ставови се само грчевито држење за гранка да не потонеш во водата и да те однесе. Факт е дека светот се менува, сакале или не, вие кои се плашите од промени, мора да ги прифатите, порано или подоцна. Зошто вие да не бидете таа промена, да ги учите своите деца дека сите се еднакви пред Бога, и сите имаат еднакви права независно од сексуалната ориентација. Ама не можам да очекувам од луѓе што не се борат против булингот на сиромашните деца во училиштата, изживувањето врз деца што немаат најнов модел на ајфон и најк, да се борат против булинг на деца посвоени од истополово семејство. Додека да се прифатат тие промени, жртви ќе има. Неминовно е. Нема да успееме да ги заштитиме сите деца кои растат во истополови семејства од дискриминација, ама реално, не ни успеваме да ги заштитиме децата генерално затоа што самите дискриминираме и сме пример на сопствените деца кои го продолжуваат тоа, наместо да биде обратно. Порадо би го дала детето на истополово семејство што знам дека ќе го порасне со љубов и ќе го воспита да ги прифаќа сите без оглед на различностите, отколку на луѓе што земаат да чуваат деца само заради пари. Домовите за деца биле добра опција