А зошто да ја гледам ако од старт не ми се допаѓа? Зошто ти не престана да ја гледаш, доколку не ти се допаѓаат геј сцените? Никој не те тера со сила да гледаш Нетфликс.
Критиките на грим беа за медиуми и репрезентација, и има простор за дискусија, кај виде тука критика на нечие постоење жити се?
И јас го прашав истото, во Шпанија не се замараат луѓето можеби не се лижат у диско ама се по слободни во изразување на емоциите.
Аргументот, ако не ти се свиѓа не гледај. Тогаш ништо не треба да гледам. Затоа што буквално го завземаа целиот простор на Нетфликс. Те тук таму, некој прастар филм што веќе сум го изгледала. Не е проблемот да се застапени, туку во каков интензитет, со какви намери и поента. Не знам која е твојата сексуална определба, читај-I don't give a f*ck- (твоја си е, не е моја, да ја коментирам), дали би сакал да бидеш презентиран во медиумите како сексуално парче месо, или пак нешто повеќе од тоа? Затоа што така би те перцепирала, со она што ми е дадено на располагање. И истото е вметнато во секоја можна серија. Во ред, постојат, јасно ми е, тука сте, до степен аман веќе. Туку еве како, низ призма на такви сцени и прикажување би се влијаело на хард кор стрејт личност?
Нетфликс не е ни 5% од филмската индустрија за да кажеш дека нема што да гледаш. И проблемот е што во серијата што ја спомна, има експлицитни сцени и од стрејт парови, како што има и од геј. Ама тебе само вториве ти бодат очи. А ако сакаш, можам да ти дадам листа од минимум 50 геј филмови кои немаат ни малку експлицитност во нив. И да, на интернет тоа што го гледаш зависи највеќе од тебе.
Ако и' сметаат хомосексуални, а не хетеросексуални 'перверзии', тогаш аверзијата е насочена кон конкретно една група на луѓе кои припаѓаат на специфична сексуална ориентација; значи е нивното постоење проблем. Да рече дека општо и' смета 'перверзија' во филмови, друго е.
Ајде да речеме ми пречи перверзија проектирана од лица со специфична сексуална ориентација. Скоро повеќето порно страни имаат жанрови, преференци, тагови со она што сакаш да го гледаш. Ако сакам геј, цела страна ќе ми се отвори со геј видеа. Сосема легитимно. Јас сум љубопитна, јас барам и ако сакам ќе гледам. Но, на Нетфликс немам таков избор, јас сум приморана да гледам. Во сите оние што ги изгледав се застапени и прикажани онака како што претходно ги опишав. А и она што ми се прикажува на секоја серија е далеку од она што барем јас имав идеја што е хомосексуалец. Мм воопшто не ја прифаќа идејата и постоењето на хомосексуалци. Како да му се смени мислењето? Епа Вајлд, сигурно не, на таков начин. Туку, еве што сакам да доловам. Не знам ни зошто го сокрив ликот, ваљда да не го претепа некој што не видел, ама не заслужува. Имено, типов е дел од LGBT и учествува на нивните збирања и се залага за нивните идеи. Он е дискриминиран, грев. Драга Вајлд, што порака носи господинов? Што е LGBT? Што е хомосексуалец? Што сака да каже со сликата. И сега ме разбираш? Не сум против хомосексуалност, туку прикажувањето на истото како нешто нечесно, перверзно, неморално, ненормално.
Нема да ја судам цела геј популација заради еден лик што не ми се допаѓа И не гледај. Исто како што не гледаш геј порно, не гледај и филмови со геј сцени. Просто е И нема потреба од повеќе објаснување.
А зошто не ми одговарате упорно она што прашувам? Еве нема да гледам филмови, одговори ми која е пораката зад ваквите сцени или ликови? И не е еден и единствен. Можам до сабајле со слики да те спамам.
Дискусија на нивоу. Тогаш ќе го тумачам онака како што ми се прикажува. И ќе пишувам она што го гледам. И немој да ме коментираш дека критикувам. Јас сум уметничка душа со слобода на говор.
Факт е дека ќе постојат такви филмови, сцени и се тоа. Јас сум за разноликост. И геј и црнци и азијанти и транс и се. Ако на некој тоа му пречи океј, не мора да гледа. И да пишуваме и да не пишуваме. И да ни смета и да не ни смета сепак утре пак ќе има такви сцени. Ако толку ве тригернуваат и нервираат не гледајте. Друго решение нема. Зошто постојат? Ваљда ради тоа што сакаат да покажат дека е океј да си геј, црнец, азијант и се што излегува од „нормалните“ норми. Бел, стрејт маж. Според мене е океј да има секаков вид diversity. За тоа дека има секс сцени не би да коментирам. Има и цели филмови како: After, 50 shades, 365 days итн, ама изгледа тоа не е проблем пошто се гледа бел хетеро секс.
Ги немам гледано, сериозно. И зошто би? Ќе пуштам порно, straight to the point. Туку сакавте прифаќање од оние што не ги прифаќаат. Тоа ми е целата поента, штос, муабет, стрелка, болдирано. А со репликата, не гледај ако ти пречи, навистина ја менувата сликата за нивното постоење и нормализација. Тоа е исто како, постои загаден воздух, депонии, мито, корупција и да ми речеш пушти Сител во време на Вмро да ми стане се розево. Добро.
Какви гревови од луѓе сте вие што на членката која анонимно си го отвори срцето овде и сподели ситуација со брат и сте ја замарале и вознемирувале во приватни пораки? И што постигнавте со тоа што и пишавте на членката дека брат и сам така си одбрал? Нешто поубаво ви е, прејаки сте, препички, не разбирам? Никогаш нема да сфатам како постојат луѓе кои си ја отвораат душата и на тоа добиваат такви грди коментари, особено па ако е за член на семејството а не лично за себеси. Пишете де овде да ве видиме кои сте, па да подискутираме малку. Дно. Дна.
Стварно многу ми е криво за ненамерната грешка, некаква глупост по нет сум прочитала или го помешав со некој друг. Се извинувам најдлабоко за дезинформацијата со Никола Тесла. Со почит до сите.
@GrimTheReaper Во твојата омилена серија Елит, имаше романса односно перверзии меѓу полубрат и полусестра или step brother и sister (не се сеќавам точно), секако беше инцест ама тебе гејовите ти бодат очи.
Да заклучеме, дека сѐ што излегува од нормата знае да ни боди очи (и ќе им боди на многумина некое време) ама истото не треба да ни дава слика за една цела заедница. Не ми текнува кој беше филмот за наставничка и ученик што имаа романса а ученикот имаше некои 12 год, не се сеќавам дали имаше експлицитни сцени, ама после филмот развив аверзија спрема наставнички, бајаги време кога ќе видев наставничка ми се слошуваше и не сакав никако да сварам дека жена може да е во улогата за која сме навикнати дека е резервирана само за учители, наставници и професори, за мажи де! Денес се смеам за месеците поминати со таа аверзија, а тинејџерка бев тогаш. Навистина има и многу филмови /серии каде геј луѓето се прикажани од поинаков аспект кој го сметаме како вредност во општеството многумина од нас, и многу добро ти ја разбирам визијата за истиве заедници кои како "малцинства" по твое треба да бидат поспастрени и да се покажат/прикажат како достоинствени граѓани за да бидат прифатени и легализирани оти се "малцинства", а ние сме навикнати на сите можни голотии, гнасотии, перверзии, насилства, убиства од белиот хетеро свет и може со гиро да ги јадеме, ама од овие другиве и едно лижење нѐ паѓа во несвест, како мене со пустата наставничка со ученикот, оти од наставнички очекуваме да бидат "богородици", а на наставниците им се може како "факмани" и полесно ги вариме оти се прегледани како такви. Едно "малцинство" ги има сите добри и недобри карактеристики како и мнозинството, а додека се прифати како легитимно треба да биде најкултурно и најспастрено на свет според тебе? Ајде да речеме дека било такво и се официјализира, се легализира брак, се посвојуваат деца, некој од припадниците врши насилство врз детето или си го убива партнерот. Знаеш што ќе биде тоа??? Пак да им давате права на тие изроди, гледате што прават??? А, ако хетеро нормативни луѓе го прават тоа секој ден! Ама нив не ги перцепирате по нивната сексуална "ориентација"! Од ЛГБТ заедницата се очекува да бидат светци дури и за да биде оправдано нивното постоење!!! Би те разбрала да кажеш дека во Северна Македонија невладините организации или тие кои ги застапуваат овие заедници не прават доволно за нивна интеграција, или да размислуваш зошто тие невулгарните не сакаат да се борат и јавно истакнуваат како вредни граѓани, па обично има место само за вакви како овој кој се сликал во црква и се согласувам дека имагинарно неосвестени луѓе може да интерпретираат дека ваква е целата заедница. Па доста транс сексуални работнички се прикажуваа како дел од заедницата по медиуми таму се сеќавам, а ниту една која работи нешто друго и би дала подобра слика за заедницата, ама веројатно тоа е и реалноста, а од друга страна што друго би работеле активистите кога би успеале да ги добијат сите права? Грантови, патувања по светот и многу други привилегии не се наоѓаат така лесно.. Дај да го оставиме Нетфликс, од таму каде е снимано тоа веќе деца посвојуваат одамна, него прашајте ги вашите геј другари таму (некој рече погоре дека имал прекрасни геј другари) биле пример за општеството, оти не се борат јавно за своите права и дадат поинаква слика за заедницата од овие кои веќе 20 ет години ја застапуваат и уште се кај законот за антидискриминација? Толку е тешко да се соберат припадници кои ќе претстават и една друга слика? А, верувам дека ја има истата.
За твојот капацитет говори тоа дека споредуваш реален свет со серија Елит очигледно уживаш да гледаш такви сцени како што и самата иронично кажа. Како втора не си ти елоквентна да и го оценуваш капацитетот на членката која има реални ставови и мислења за разлика твоите сапуница ставови. Како очекуваш некој да ја разберете твојата поента кога живееш во виртуелен свет и веруваш во се што се покажува на телевизија. Луѓе се борат со реални емоции во реален свет. Во твојата Елит серија актерите сигурно зимаат суми како 30 просечни плати по епизода со оглед на огромната популарност на ликовите кај публиката не можеш тоа да го споредиш со ЧОВЕК што има емоции СПРЕМА човек од ИСТ ПОЛ. Уште не ми е јасно членката од погоре колку нема капацитет да сфати дека секој си има свое мислење и дека нема потреба некој да те сфати и разбере не си никаков фактор да мора некој да се води по твоето мислење и гледање на работите во светот . И впрочем која си ти да наметнуваш мислења и да одредуваш капацитети на луѓе со 2 реченици ти направија убиство луѓето па сега кој колкав капацитет има не знам И ДА ДОДАДАМ СПОРЕД ПСИХОЛОГИЈАТА ГИ ПРИМЕТУВАШ САМО ТИЕ РАБОТИ ШТО ГИ ГЛЕДАШ КАЈ СЕБЕ ТОА ШТО ТЕ ИРИТИРА И НЕРВИРА НАЈЧЕСТО ГО ИМАШ КАЈ ТЕБЕ ПА ГО ПРЕПОЗНАВАШ.
Мислењето беше за Нетфликс, за што да пишувам ако не за филмови. Што ви е? Идиокраси универзум? Говорам за прикажувањето на хомосексуалците во филмската индустрија. Дали мене ми е убаво да гледам инцест, отворете тема и ќе го приложам моето мислење. Споредување глупости. Темата е за хомосексуалци. Не стрејт, не инцест, не педофилија, не инфериорност, супериорност во брачна заедница. Хомосексуалност, стави наочари, х-о-м-о-с-е-к-с-у-а-л-н-о-с-т. Не е проблемот јас да не ги гледам, впрочем идејата на Нетфликс е индоктринација. Ако не гледам, тогаш и не треба да ме тангираат нивните права, барања и дискриминација. Што барате права, кога ми велите, не гледај ако ти пречи. Не треба да прифатам нивна нормална интеграција во општеството? Јас упатив добро прашање, на што добив различни реторички прашања вон секое мое размислување. Прво, хомосексуалците се малцинство во светот. Во Германија сега да сакаш да се преселиш, ти ќе се прилагодиш на нивните права, обичаи и државна структура, а не тие на тебе. Тебе светот не ти ја прифаќа перверзијата како хомосексуалец која сакаш да ја демонстрираш на екран. Јас ти кажувам дека за една хомосексуална единка да биде прифатена, истата треба да биде прикажана во токму таа ,,нормална" форма. И јас ќе го сменам каналот, серијата, филмот, но нема да го смени фактот, дека јас спаѓам во воздржана група, а каде се оние со вили и факели. Проблем со мене немаш, имаш прво со екранизацијата на хомосексуалноста, а потоа со онаа група на луѓе, т.н хомофоби. Туку си видов на quora тоа што ме интересираше. Очигледно на темава ништо не можеш да пишеш. Мислете си дека народот е спремен да гледа такви сцени. Јас сум крива.