Не ми сметаат личности со таква определба зашто да не и тие имаат право на љубов,за мене лично си го сакам дечко ми така да девојка не ми треба
Јас не можам да се замислам во ваква врска, а не па во брак. Воопшто не ми е нормално и природно. Немам ништо против ваквите луѓе, освен тоа да посвојуваат деца..е тоа ми е веќе премногу!
Немам ништо против таквите парови, иако не ми е некако нормално сето тоа, сепак не ги осудувам.. Нивни живот, никој не ги присилува на тоа.. Сепак јас не можам да се замислам во таква ситуација, ноу веј
Искрено ми доаѓа да им се исповраќам во фаца. :evil: :evil: Ај од љубопитност да проба некој нешто ајде па и врска да имаат. Ама брак ??? Нема шанси ... Прво тоа не е природно кај се видело две машки кучиња да се е*ат. Тоа се само измислици на лугето не е болест тоа туку злосторство како ќе опстои човечкиот род да не случајно деца ќе прават. И баш ми е мило што во Македонија ние сме ’’застарени’’ со размислувањата и не одобруваме такви работи ни па праиме. Најголем шок во животот ќе ми биде мое дете да биде хомосексуалец мислам дека нема да можам да се помирам никоаш со тоа
Поддржувам хомосексуални бракови. Поддржувам основање семејство со личност од ист пол. Каде ви е биолошката бесконечност?
Секој има право на свој глас,свој избор.Слободно нека си го изберат животот каков што го сакаат и нека го живеат,јас никогаш не сум го оспорувала дома и со мајка ми некогаш знам да се закарам за ова,за неа овие луѓе имале некакви пореметувања Но,сум против хомосексуалните врски да посвојуваат деца,и да се венчаат во црква.Неможам да се ставам во кожа на тоа невино дете што ќе има покрај себе двајца мажи или две жени тоа невино дете утре ќе страда,ќе биде осудувано од други... Така да како што кажав не сум против овие врски,океј нека го живеат животот како што тие одбрале но нека не вмешуваат некој трет во тоа
Јас лично сум против ова. Не сум била љубопитна да пробам како е што е. Едноставно не е нормално. Ајде за љубопитност во тинејџерските години онака некој да проба пак некако иде, штознам, ама брак, посвојување деца (недај боже тоа да им се дозволи) што е многу, многу е. Значи по гадно и по пореметено нешто од тоа нема. Гледам во животот да сум што повеќе современа и да ги гледам работите на таков начин и да сум што помалку конзервативна, ама што е многу, многу е. Можеме колку сакаме сега да се правиме демек тоа е избор или незнам ти што, ФАКТ е дека не е нормално. Мене барем не ми е ама ич убава глетка кога ќе видам низ град двајца од ист пол како се бакнуваат. И уште пострашно е што веќе не се ни кријат, апла на клупа си седат пред сите. И да, се согласувам дека е во прашање некакво пореметување, во тоа сум дефинитивно убедена.
Не ги подржувам , нити па би им дал дете да посвојат , сексуално пореметени или болесни или како сакате наречете ги луѓе кој ги има во милиони и таа бројќа секој ден расте се повеќе и повеќе. Лек нема оти не се ни бара , демек нормално е еден маж да го стави на друг маж и обратно. Во поголемиот дел се прифатени (Америка) другите се борат колку-толку , негде сеуште живееат во минатото(Балкан) а некаде пак не ни се осмелуваат да кажат дека се геј (Претежно муслиманските земји)
Значи буквално секој човек има право на избор во својот живот. Немам ништо против хомосексуалноста бидејќи сум имала пријатели кои биле хомосексуалци и баш сме се дружеле и почитувале, меѓутоа гласам за тоа дека не треба да парадираат низ светот и да ни ја покажуваат нивната сексуална ориентација и да не убедуваат дека тоа е ок, ниту пак да им се дозволи да посвојуваат деца бидејќи сметам дека тоа не е во ред како поради репродукциски причини така и поради многу други.
Како прво тоа не е болест, ниту пак се случува поради некои трауми во детството. Тоа е нешто што личноста си го знае уште од многу рана возраст и во тинејџерските години тоа се изразува секако тоа може и мн подоцна да се случи зависи кога ќе соберат храброст, некои си се прифаќаат а некои тоа го потиснуваат поради ваквото ваше мислење и однесување. Зошто таквите луге да живеат несреќно и да се прилагодуваат на општеството и заостанатите сваќања? Тие не ви прават ништо на вас само си ги бараат своите права што е нормално и не бараат многу само бараат убаво и среќно семејство. Што се однесува за бракот секако дека треба да се одобри затоа што замислете еден пар хомосексуалци од кој едниот доживува несреќа или било што и е сместен во болница неговиот партнер нема да може да дознае ништо од медицинските лица затоа што такви информации се даваат само на блиски роднини и смејство навистина е жално. И не сметам дека едно дете ќе биде лошо воспитувано од еден таков пар, доколку му е пружено се што треба да го овозможи еден родител.Исто така ако детето е одгледано во такво семејство незначи дека таква ќе биде и неговата сексуална орјентација пр. неговите родители се одгледани во "нормално" семејство.
Свесна сум дека секој има право да си го живее животот како сака и има право на свои избори и определби, но јас сум против хомосексуалноста. Од моја гледна точка тоа ми е некако ненормално и одвратно и строго сум против тоа!
Никако не сакам ни да размислувам за хомосексуалците. Но тоа е мој став за вас незнам. А пак за посвојувањето деца ич да не зборувам. Како ќе се осеќа тоа дете утре кога ќе порасне и ќе гледа „татко му“ и „татко му“ или „мајка му“ и „мајка му“ како се жваљат т.е бакнуват. Како тоа дете ќе изгради став дека треба да се ожени ако е машко или да се омажи ако е женско? Јас лично ако не ги подржувам и не ги сакам. А пак против геј парадите имаме многу.... молотови коктели, хебло, боксерици, шипки и тн..... (Оваа последново како шала беше )
Денес влегов во жестока дебата со неколку пријатели и изреволтирана да си го извадам негде мислењето, дојдов тука. НЕМАМ АПСОЛУТНО НИШТО ПРОТИВ. Значи дали е можно толку да сме плитки и примитивни како човештво? Хомосексуалноста не е избор, едноставно се хормони. Значи некој е привлечен од истополов чоек. И сега шо да прај? Да се убие? Зарем нема да се земи во предвид каков човек е тој во целина без прво да се плука по неговата сексуална ориентација? А ако е доктор? Докторот шо утре другиден би ти го спасил животот тебе или на твојте најмили?? И тогаш нема да ја заслужи вашата почит? Оти не му е даена шанса... Неможам да сфатам шо толку ве иритира шо луѓето си прат дома, со кој си имат секс и слично. Значи јас сум тотално хетеросексуална и немам ни познаници хомосексуалци ама моето мислење е следно, сите знајме за многубројни примери на хомосексуалци од светот шо имале храброст да го искажат то... И сите знајме дека во време на вакви услови кога луѓето немат за јадење подобро би било децата да бидат со истополовни родители од колку да питат по улици и да се дрогираат. ХОМОСЕКСУАЛНОСТА не се пренесва, не се труби. Ќе повторам хормони се во прашање, детето НЕМА да е хомосексуалец ако се родителите. Неможам доволно до утре да пишам за да се искажам колку сум револтирана... Само ќе кажам дека, најмногу од се на светот сакам да сум мајка и ако утре другиден МОЕТО дете, целта на овај живот, целта шо сум тука и шо се борам низ секакви не работи, ми кажи дека за да е среќен/а треба да биди со истополов чоек ЌЕ СЕ МОЛАМ САМО ДА Е СРЕЌЕН/А. Ништо поќе. Оти со никакви мерки на светот не би се сменило.
А детето кога ке се роди кога ке порасне и кога ке созрее треба главата во зид да си ја мава? Поубав живот битно.. Инаку ништо немам против ваквите бракови и јас, само во децата е проблемот.
Јас пред да се одлучам дефинитивно дали сум за или против деца во еднополови бракови, решив ќе чекам да видам какви луѓе ќе излезе да бидат децата на Елтон Џон и Дејвид Фурниш Ама и тоа дали ќе е јасно, ако излезе да бидат бараби и пропалици, дали ќе е ради форчун енд глори како што се дешава со многу деца на познатите славни и богати, или оти се со двајца татковци... А ако излезе да се добри, хумани и угледни луѓе? Па и стрејт озгора на се' може тогаш повеќе народ ќе рече, па и не било така страшно да имаш двајца татковци или две мајки.