Во ред тоа е твое мислење. Ама сепак НЕ ТИ СЕ ДАВА ЗА ПРАВО ДА СПУШТАШ НЕКОЈ ЗА ДА СЕ ИЗДИГНЕШ ТИ И ДА КОМЕНТИРАШ ЗА КАПАЦИТЕТИ НА ДРУГИТЕ ЧЛЕНКИ БИДЕЈЌИ ТИ МИСЛИШ ДЕКА СИ ПОДОБРА ОД НИВ. ТОА Е ПРОТИВ ПРАВИЛАТА НА ФОРУМОТ И Е НАВРЕДА ШТО КАЖА ЗА ЧЛЕНКАТА ДЕКА НЕМА КАПАЦИТЕТ . И МИСЛАМ ДЕКА ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИЈАВЕН ТОЈ КОМЕНТАР И ДА БИДЕ ОТСТРАНЕТ .
Ако мислиш дека треба да биде пријавен, зошто се мислиш, пријави го. Истовремено пријави го и тој коментар на кој се однесуваше мојот пост. Не биди селективна ко џандар во Палма Мол.
Го пријавив од проста причина што на членката и кажа дека е глупа со буквален превод , само бидејќи не сака да го прифати твоето мислење АПСУРД.
Постот се однесуваше на тебе. Тебе те тагирав Прва не почнувам никогаш. Го допре егото на Грим. Едит. ИнтелИгентна.
Ајде јас да споделам. Имам другар кој е хомосексуалец. Кога бевме деца учевме заедно и од тогаш се познаваше дека има тенденции да стане тоа. Дечкото е многу добар по душа, а и убав. Живеевме во помало место каде дојде на страшни осуди во средно училиште, што се пресели да живее во Скопје со партнерот со кој е. Многу лоши коментари добиваше па дури и закани. Зошто? Секој има право на избор, и никој не треба да му го скратува правото на некој друг да живее како сака. Дечкото беше и е капацитет во работата, но другото си е негов избор
Тоа што му значи некој од ист пол не го прави лош човек или неспособен. Еве реално искуство , а не споредување на реални луѓе и проблеми со ликови од Елит серија со буџет од десетици милиони евра.
За гадотииве на ликов имаше објавено и Боемот пред некое време, а постот наиде на огромна поддршка со дури над 15,000 лајкови. https://www.instagram.com/p/CUZ8ReuKXGT/
Уау Боемот го објавил. Наједуцираната фаца во државава. Тој па одвај чека вакво нешто јер на секојдневните постови ни 5% од лајковите што ги собра на постов не ги добива.
Ако веќе и ти индиректно ме спомнуваш, наврати се на се она што го имам напишано. Не правам споредби, Не го негирам нивното постоење, Не говорам против нив, Не дојдов тука да навредам некој што е, сака да биде или бил геј, Туку, Просто, Јасно, Прикажување на хомосексуалноста во серии и филмови и како тоа влијае врз стрејт популацијата. Сликовито треба да прикажам или конечно е јасно?
Конечно е јасно хохо, во иднина научи да ги почитуваш туѓите мислења кои се разликуваат од твоето и престани да наметнуваш ставови , никој не го негираше твоето мислење како мислење туку некој друг го изрази неговото мислење на твојот став и толку се е јасно.
Колку години имаш? Јас излегов од училишните клупи пред 2 години и потврдувам дека просечен средношколски клас има голем број на геј луѓе. Абе вие постари генерации немате појма како функционираме ние помладите со поотворен ум.