Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Супер, ајде оди сега прочитај што значел бракот во тоа време.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Не ми е гајле, ама ај, што значел?
     
    На 999 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.918
    Допаѓања:
    7.120
    Пол:
    Машки
    А што значи бракот во денешно време? Која е разликата од тогаш до денес? Бракот е институција помеѓу два пола, Машки и Женски. Тоа е природен закон и факт а пред фактите и боговите молчат.
     
    Последна измена: 22 октомври 2021
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Сериозно? Битно жена имал, тоа го прави хетеросексуалец. Односнот најмалку битен.

    Не ми беше поентата мАж И жЕнА, зборам за титули, интерес и слично.

    Немам коментар.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Три жени и само еден маж:D
    Сега ќе одам да гуглам колку уствари точно имал мажи...:bandit:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Каков однос бе човече? Ти за сериозен се сметаш што поддржуваш изопаченост?
     
  7. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Пази како се изразуваш, некој ден може на погрешна личност да го кажеш ова, верувај.
    Не е изопаченост, љубов е, исто ко хетеросексуалство, ова само со личност од ист пол.
    Нема ништо изопачено во љубовта.
     
    На staycalm, WildMk, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    А тебе што те прави сериозна? Каков придонес имаме на светов од тебе како хетеросексуална личност?
     
    На staycalm, WildMk, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Таа љубов што повеќето во светот ја сметат за изопачена, нека ја чуваат дома со затворени врати.
    Толку.
     
  10. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Тебе ќе те прашаме кај да ја чуваме:rofl:
     
    На staycalm, S.W.A.G, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Изопачено е од жената што се бара да биде витка, нашминкана, дамствена и убава.
    Изопачено е кога машките деца се учат да бидат цврсти столбови во домот,
    па така прераснуваат во насилници.
    Изопачен е човекот што чека да помине маче на тротоар за да притисне гас и го згази.
    Изопачено е што постојат бескруполозни луѓе, без ронка почит, емпатија и љубов кон својот род.
    Изопачен е светот, ама ете, живееш во него, егзистираш...постоиш.
    И се тоа некако во очите на луѓето кои чувствуваат презир станува невидливо, и останува само потребата за осудување која ги изедначува со сите грди категории кои ги набројав погоре.
    Знаеш, од тебе зависи каква личност ќе бидеш и кои идеали ќе ги браниш. Само од тебе.
    Ти бираш дали ќе живееш во свет во кој ќе прифатиш или презираш хомосексуалци.
    Јас имам кажано, камо среќа педерите и лезбејките да беа единствен проблем во општеството.
    О, колку би било тоа шарен и убав свет.
     
    Последна измена: 22 октомври 2021
    На Luminary, Избришан профил 146538, S.W.A.G и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.662
    Допаѓања:
    39.538
    Пол:
    Женски
    Ах бе душо немаш слушано за мажите во тие времиња
     
    На WildMk и mode-kristina им се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Јас се имам испокарано со пола фемина на темава и кога ќе размислам стварно не ми е гајле кој со кого е и што прави. Не можам да кажам дека ги поддржувам целосно ама не ми прават ништо лошо за да ги мразам. На крај крева секој заслужува да биде среќен. Немам респект само за тие што палат икони и прават лоши шеги за мојата вера. На пример ко припадникот на Лгбт заедницата што се сликаше гол во црква. Забегана работа.
     
    На eliesaab, ElenaOfRivendell, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Друштво, ви благодарам за поддршката и убавите зборови кои го добив од многуте тука.
    Се извинувам што ја разгорев темава која беше подзаспана и на некои им разбудив стари рани или страсти..
    Немам волја да дискутирам понатаму на мислења од типот дека хомосексуалноста е за по дома или дека била форсирана по телевизии заедно со мигрантите и дека црнците излегле од мода.
    Видете, не сум од оние кои ќе ја фрлат цела Македонија во канта само заради ваквите отпадоци, (се извинувам за терминот), оти истите можеш да ги најдеш и во Британија, во Франција, да кажам секаде во белиот свет каде хомосексуалноста ги има истите права како и хетеросексуалните. Колку луѓе-толку различни мозоци, а изненадена сум и покрај страшните услови во Македонија кои уназадуваат на секое поле, колку прекрасни, едуцирани и паметни луѓе имаме. Сакам да ги паметам нив и бескрајно сум среќна што ви се допадна нашата семејна сторија.
    Скоро запознав британски пар тука во Грција, бев шокирана од нивните ставови и фанатизмот кон јадењето месо, девојката буквално сакаше да ми го фрли зеленчукот од салатата оти не бил здрав, веруваше дека само месото било здраво и дека ние луѓето требало да јадеме само месо. Ги запознавме во една таверна со сопругот, почнаа да разговараат со нас, ние немаме против да запознаваме нови луѓе кога имаме време и волја за тоа, ни се видоа интересни културни на почетокот и ги поканивме да наздравиме за нашата годишнина со сопругот, и почна лудилото.
    Не можам да ви опишам што сѐ изнатрескаа, буквално да се исплашиш, истите ставови како овие погоре за хомосексуалноста, а отидоа до таму да го бранат дури канибализмот, сме морале да јадеме само месо! И сето тоа фанатично, со убедување!
    Ете, а Британци!
    Но, во Британија и многу други земји одлучувачките фактори што е добро а што не за општеството, функционираат многу добро и разумно од правото место, и луѓе како овие кои ги запознавме во таверната се згрижуваат каде треба кога ќе увидат дека се опасни по општеството.
    Кај нас во Македонија одлучувачките фактори постојат на Фемина, на Фејсбук, по невладините организации кои уште се кај законот за антидискриминација (кој поминува па се отстранува во собрание), истите во константна трка по грантови, неретко прават и контрапродуктивни материјали за како би имале работа и понатаму.
    Страшна сторија имаше за директор од невладина за ЛГБТ, колку средства присвоил за себе и колку припадници кои доаѓале во невладината биле малтретирани и дискриминирани од самиот директор. Истиот намерно креирал дискриминации, се служел со такви како овој со црквата за да потпали револт дури и насилство за подоцна да пријавува насилства и да добива средства од странските фондации.
    Не знам колку сте запознати, во Македонија има по 4 невладини орг по жител. Значи илијадници!
    Буквално се бизнис кој може добро да функционира со години, лесни пари преку грантови, нешто малку ќе се направи за да се оправда, другото се знае каде, патувања по конгреси, семинари, дешавки, а нешто направено, никаде.
    Чест на исклучоци, ама типов на "работа" погоре, многу ми е познат и сум била сведок на истиот.
    ЛГБТ заедницата во Македонија најмногу штета претрпе од тие кои ја застапуваат! До текстот за педофилија на еден од припадниците кој волонтираше таму, и пред години дигна голема прашина и многу луѓе ги ставија во ист кош, ако се сеќавате. А истиот текст не би поминал во Холандија, ама тука се пушти за да направи контра ефект.
    Најодговорно тврдам и имам докази кои беа за суд, но се откажав оти на крајот тие ја имаа власта а јас само ќе изгубев средства, време и живци. За брат ми имав многу лоши искуства со истите. Брат ми доживеа навреди од директори од невладини орг кои ја застапуваат ЛГБТ заедницата, оти сакаше да ја претстави и другата слика на ЛГБТ поединци , ама тоа не им беше во агенда на истите!
    Сакам да кажам, во една земја каде секоја институција доживеа колапс, горат и прокиснуваат болници и умираат луѓе повеќе од животни по улица, да барам права, па дури и да дискутирам за хомосексуалците, веќе ми доаѓа како пуштање серија на тв, а вредна тема е, ама во друго време, искрено.
    Споделив наша среќна сторија и истата се овозможи кога заминавме во странство.
    Брат ми да останеше таму, се плашам да мислам како ќе завршеше.
    На останатите ви посакувам многу здравје, дебели живци, најдобри желби.
    Сметам дека во Македонија нема да биде добро уште многу долго.
    Држете се, ве има прекрасни и многу сум горда на вас!
    Поради вас сеуште чувствувам поврзаност со таа земја која ме потсетува на многу тага и горки искуства, но се трудам да ве паметам само вас, добрите и умните.
    Ви благодарам и се извинувам за грешката со Никола Тесла уште еднаш.
    Секое добро!
     
    Последна измена од модератор: 23 октомври 2021
  15. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.958
    Кај планираш да го родиш детето, во Саудиска Арабија?
     
    На WildMk и bicycle им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Сакаш да ти кажам за луѓе што ги знам, кои имаат жени, ама и секс со мажи?
    Не е природен закон, човечки закон е.
    Луѓето ги пишуваат законите.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Парадирање е.
    Јавно промовираш дека си во хетеросексуална врска.
    Шо не се држите за рака само дома?
    Шо не се бакнувате и гушкате само дома?

    Ако веќе го барате тоа од хомосексуалците и вие правете исто.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Кој тоа го бара од хомосексуалците? Јас? Досадна е веќе истата реплика.
    И не си додавај дефиниции од свој ракав што значи парадирање.
    Screenshot_20211023-062359_Chrome.jpg
    Еве кажи ми, зошто е во ред во тие култури да се држат за раце со сопствениот пол, а не со спротивниот? Мене ми викаат, прави го тоа дома, зад затворени врати. И кога патувам, јас се акомодирам на туѓите правила и прописи, не тие на мене. Ако им пречи да се бакнам на улица со мојот маж и тоа го сметаат за некултурно дело, што има да демонстрирам револт? Едноставно почитувам туѓи обичаи. Не е казниво дело, туку општо размислување кое е широко прифатено.
    И не биди против дискриминација на само една група. Сакаш да ти набројам колку пати е извршена дискриминација на хетеросексуалец за вработување, само затоа што морало да има вработено лице хомосексуалец кое членува во здруженијата на LGBT. Настрана едукативната позадина, искуство и професионализам.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Yeah, I know.
    Хетеросексуалците се дискриминирани.

    Терај.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    52.109
    Пол:
    Женски
    Сакам. Колку? Каде?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.