Сѐ додека не ја видов сликата со еден гнида од "човек" како ставил Светец таму кај што не треба, јас не ни знаев дека уопште постојат овие чудесии. Ok, не баш дека не знаев, знаев од школо школски кога си викаа "кај си бе педер" на смеа. Знаев дека ги има такви навистина, ама воопшто не ме интересираше, што ми е гајле кој со кој што прави, секој си е приказна за себе. Никој не е Ангел за да суди, сите сме грешни, нема безгрешен на планетава па за да суди. Господ секому дава според делата. Сакале/неќеле - така е! Јас ниту ги поддржувам, ниту ме интересира што си прават, но кога гледам како се изживуваат над која било религија (поточно само над Христијанството се изживуваат) од што се исфрустрирани, никогаш нема да поддржувам!!! Секако, вакви работи се прават само над Христијанството заради тоа што сѐ така велиме има кој да им суди. Нека пробат вакво нешто да направат на тие религии што погрешен збор да кажеш за нивната религија, веднаш те колат! Или страв им е? Тоа секако. За ваквите ликови како монструмот од сликата подолу, не треба затвор. Каков затвор... Треба да ги врзеш на приморјето од Сибир како кучињата и да ги оставиш без јадење. ОДВРАТНО СУШТЕСТВО!!!
Дека секаде можат да ти се смеат за нешто, можат, се согласувам! И јас го напишав истото! Во Франција, во Париз, Французи, тинејџери ми се смееа во метро, не знам ни сама зошто. А, некои лгбт припадници можеби и ќе кренеа фама околу тоа и креваат и сите знаеме зошто. Целта е права, а под права не подразбирам дека ги имаш ако не ти ја скинат главата! БРАК БРАК БРАК БРАК БРАК, колку пати да напишам и кое е неговото значење, кажав и за брат ми од колку корист му се најде тој брак во поглед на осигурувањето конкретно и ЛГБТ припадниците никако не смеат да бидат покуси за истиот, оти исто придонесуваат за општеството и со ништо не наштетуваат притоа. Ете за тоа право е цела борба, секако дискриминација по нивна основа, се мисли најмногу на институциите. Ете тоа. Оставете ги сериите, стварно ги нема премногу, вас така ви се чини оти не сакате да прифатите различности. И мене некои различности не ми се пристојни за моево око, ама додека не наштетуваат на општеството, моето око ќе го сврти вниманието со друго. Не ми се привлечни неуредни мажишта со стомаци, поготово оние кои седат само на кауч и трескаат пиво, додека жената прави сѐ во куќата, едно време само такви имаше на тв. Ама истите имаат право на брак и не би се замарала со нив оти не одбрав да имам таков дома. Олабавете малку. Времињата се менуваат и размислете дека секоја различност не е за лошо.
Ти се извинувам, мал дел беше за тебе, за дискриминацијата од ЛГБТ кон хетеросексуалните, останатото за остатокот, али се согласувам во право си.
Ептен ми греј душата кога некој добар, морален, н о р м а л е н чоек толку злобен да е, да сака да убива, да мачи, да малтретира... Ама тој е добар, морален, нормален. Има право на то. Остај овие изопачените.
Никој не им брани да се држат за раце, ама ако се држат ќе ти биде океј да ги гледаш како се држат? Или гушкаат? Или бакнуваат? Како и стрејт парови? Ти сметале што ги гледаш по филмови и серии, бараш да не прикажуваат такви сцени, тврдиш претерувале... тогаш што ќе збориш кога ќе ги гледаш во јавност во реален живот? Патем, од каде тоа дека Бетмен е или ќе биде прикажан ко геј?
Ако ова се однесуваше за мене, еве да да си кажам пак. Правото на љубов никој никому не може да го одземи, најмалку јас. Нека се во врска две исти пола ако се сакаат, не ми пречи, не ме ни интересира. Ама таквите јавно што се изживуваат над религијата и ги стават таму кај што не треба Светите нешта, е за таквите морам да признаам дека сум бездушна и злобна. И да, јас никого не би убила ни по која цена, а ти ако си додаваш од тебе "факти" за мене, додавај си колку што ти душа сака.
Ако се позна, за тебе нека е. Исто така сфаќам дека чим се работи за себе е океј, и не се гледа иронијата и хипокризијата во изјавите. Пошто од една страна нешто било ненормално, не било морално, ама во други ситуации моралот в џеб си пикате и дупло полоши работи прајте и зборате. Ама ваљда Госпо проства ако стварно вервате дека е океј. Иако не е.
Се почесто гледам девојки како се држат за раце. Сега, не сум отишла да прашам каква е нивната корелација, мислам и не е моја работа. Често кога излегував имаше девојки кои се лапаа со ист пол. И погоди што? Никој не се замараше во околина, бидејќи секој си ја брка својата работа. За мажи се уште не сум видела, барем тука во МК. Друго Вајлд пиша дека меѓу младите тоа е се поприфатено и истакнато, па од кого сте дискриминирани? Од моја генерација и постара што кај и да е на инфузија, катетер и тестамент ќе оди? Чекајте да изумреме ние диносаурусите, што да кажам. А дека преку окупирање на екраните, услуга си прават, далеку од тоа. Друго, кога повторно сте се фатиле за сериите, во скоро ниту една серија, намерно потенцирам скоро, ликовите кои се геј, не го покажуваат тоа во прва епизода, па ако ми пречи да сменам серија. Најчесто, се случува во текот на сезоната, кога веќе ќе те навлече или пак ќе додадат лик понатаму. Затоа што, да не беше така, сакале или не да си признаете, не секој сака да продолжи да ја гледа серијата. Тука спаѓаат оние, кои се против постоењето на хомосексуалноста. Јас во ниту еден пост, не ги навредив, ги негирав, ниту пак држам лекции за тоа дали е нормално или не, едноставно да престанат да се појавуваат од секој можен филм, серија, реклама, видео. И секогаш со истата тематика, ние сме дискриминирани, или видете колку можам да бидам перверзен. Исто како спам мејлови кога стигаат на мејл, некој да ми каже па не го отворај сандачето, а имам потреба од истото, само дај еден спам, а не да бришам до сабајле и пак за една недела се преполнило. Со одговорен сарказам на моите постови, не го негира моето размислување или пак на околината. Како тоа моето размислување е нацистичко, расистичко, средновековно? Јас говорам за прекумерното прикажување на одредени групи во филмовите. Дека реков црнец, извини афро американец. До тоа ли дојдовме? Дека некој нареков мигрант? Па како инаку се нарекуваат мигрантите? Средновековно од кој аспект? Туку не може човек ништо да напише за хомосексуалноста. Се некого нешто се навредува од една проста критика да престанат да ги додаваат во секоја мочана серија. Едит. И во Walking Dead во следните сезони ги додадоа. Серијата е за зомбиња, каква е поврзаноста со нивната љубов? Кога барам одредена тематика и жанр, не сум се нафатила да гледам драма за хомосексуалност. Се уште не е јасно или ќе дрвиме како тоа јас да не плаќам веќе Нетфликс и што год и да е.
Мила наша калм грл, ги уби најгрозоморно на брегот од примирјето во Сибир во својата имагинација, али нејсе, те разбираме, смири се. Пишав погоре и цитирав погрешна личност, се однесуваше на тебе. Ако толку те боли религиозниот вандализам или како беше терминот, стани активистка и објавувај и слики и наслови од луѓе кои го прават тоа конкретно на таа тема, оти милион хетеро луѓе го прават истото за многу цели и причини, погоре објаснив дел. Смири се, таков ти е никот овде на крајот, ми те молам.
Хехеееее, оваа мојата имагинација не е ништо, душо. Види луѓето како си ја бранат религијата, не се како нас да дозволумаве и понатаму да ни се изживуваат на религијата. На навредите упатени за нивната религија што направија тие луѓе, а не пак што би направиле на тој/таа од кој/а што објавив слика јас тука. Инаку, таква сум и во моментов каков што ми е никот.
И ти ова го оправдуваш?! Бранење на религијата на ваков начин?! Ниедна религија не го оправдува ова, во ниедна религија не се проповеда убиство на оние кои не мислат како тебе. И Господ и Алах ги праќаат ваквите "моралисти" во пеколот, ако не си знаела.
Знам. Затоа и реков дека никого не би убила ни по која цена. Не оправдувам убиство никогаш, а не пак за тоа. Таа информација ја споделив бидејќи една членка ми рече дека со мојата имагинација сум го убила ликот од сликата што ја споделив. А ти го оправдуваш тој/таа на сликата што ја објавив јас тука?
Ама навистина постојат и треба да бидат, а убедена сум дека не се во секоја серија, иако не гледам телевизија. Драга наша, не можам да не те наречам тоа кога расни припадности и ранливи групи рече дека ти сметаат да бидат во секоја серија, а моментално во светот тоа и постои, а црнците никогаш не биле или излегле од мода. Постојат откако постои планетава, само ти сакаш да го уважуваш белиот хетеро свет кој е прифатлив за твоето око, поинаку не можам да те разбирам. И јас се извинувам ако бев прегруба, и да, е расистички и нацистички.
Се согласувам дека голем непотребен простор завземаат во филмови, серии .. На секое исто па исто дури досадно станува. Секогаш имало геј елементи во филмови ама сега пренападно е зошто во секој филм има. Иначе не би сакала да генерализирам дека ја исмејуваат религијата од причини кои поаѓам од самата себе. Јас имам почит кон нив, тие имаат почит кон мене. Мислењата за транс, хомосексуални лица, попови, цркви и џамии си ги чуваме секој за себе. Ако е човек, не ме интересира кој сака и шо праи по дома.
Па јас реков дека ако се сакаат две исти пола нека се сакат, ич не ме интересира. Мене тоа најмалку ми пречи. Ова ќе биди последно што ќе повторам. Ми пречи кога некој се изживува над мојата религија, а посебно на тој начин. Ама ако. Нека биде. Има кој да суди на таквите како ликот од сликата.
Ако не гледаш телевизија што тогаш? Очигледно никогаш нема да ти стане јасно што говорам. Тоа за црнците го напишав затоа што за улогата на Ахил беше избран црнец. Ахил?!Ахил?! Во кој паралелен универзум Ахил бил црнец?
Не е само твоја религијата, и моја е. Па не ми смета. Како што ти имаш право да изразиш свое мислење, така и тој/таа има право да го направи тоа.