Не е Бетмен геј, син му на Супермен е би или така нешто https://edition.cnn.com/2021/10/11/entertainment/superman-comes-out-bisexual-jon-kent-cec/index.html
Религијата секому кој што сака припаѓа. Не реков дека е само моја. А, инаку, сакаш да кажеш дека има прво да прави такви погани работи некој врз која било религија? Исто реагирам.
And there you go... Мора да се обработи таа тематика, иначе стрипот се пали, се нарекува хомофобен и го судат за дискриминација.
Никој нема право да исмејува религија. Било која. Но, и ти не смееш да генерализираш зошто амеби има и во политички партии, во лгбт заедници, во училишта, во паркови .. Луѓе сме, секакви не има и со по 2 и со по 200 мозочни ќелии. Во 7 милијарди ќе се најде некоја будала и во нив. Ако па за исмејување го сметаш тоа што така одлучил за себе да не го живее животот според религии, многу грешиш зошто тоа е негово право и тоа не треба да не засега или навредува нас.
Ама паричката може да се сврти на 2 страни. Од едната е "Зошто мора Супермен да е би? Зошто сексуалноста мора да е толку битна и претставена и да не дефинира?" Од другата е "Зошто Супермен ни смета да се out-не за би? Како што впрочем прават луѓето во реален живот. Секогаш се стрејт додека не се out-нат. Зошто сексуалноста негова е толкава пречка, ако има побитни аспекти кои го дефинираат?"
Не ми пречи некој да е неверник или што било друго. Да упатиле само навреда за религијата, нема ништо да кажам. Ама такво нешто како ликот од сликата што го објавив тука, никогаш не би рекла дека има право да прави такво нешто. А бе ако сака и 500 црнци нека викне чмарот да му го направат како Јапонско знаме, ни тоа не ме интересира. Ама такво нешто како што е на сликата, кој било да прави, иста имагинација имам.
@calm-girl ја спамираш темава само со оф топици, ќе те замолам повеќе да не го правиш тоа. Упати се во подфорум религија за вакви поплаки, не им е тука местото.
Ама ги ставаш сите во иста кошница. Сум имала пар лезбејки другарки и не земале да ми мавтаат пред очи со иконата на Исус. Напротив, како што се однесувале љубезно кон мене и покрај тоа што претпоставувам знаат дека имаме различно размислување на оваа тема, така и јас кон нив.
Синот на Супермен е би. Не Бетмен. Не Супермен. Не се менва веќе воспоставен лик. Некој таму 10ти, нов лик, не е целосно бел, стрејт, маж. Плусто пола вонземјанин ама помалку важно. Шо го спомнавте. А и пред една недела само навредени мажи читав на ова тема.
Се извинувам. Нема повеќе да се повтори, но не знаев дека оф топик одев. Мислев дека тука е местото да коментирам за тоа бидејќи од таа заедница е тој/таа што го направи тоа гнасно дело. Нема повеќе ни што да коментирам. Нека си продолжат самите. Уште еднаш се извинувам за офтопиците.
Не ми пречи син му на Супермен да е би, туку зошто воопшто во таков стрип со тематика светлосни години различна, да се експонира и говори за нечија сексуалност. Ништо чудно и Џејмс Бонд во 2023 да го направат геј. Оти се е геј, И би, Ај транс малку помалку. Пренападно е и скоро па агресивно. Замисли одиш во продавница и некој ти доаѓа со продукт и во фаца ти пафта за да го купиш, што просто и веќе ти е непријатно и не престанува. И секое влегување во таа продавница, истата ситуација. Нема да ти скурчи некое време?
Те разбирам ама мислам дека нема да се превртува Ахил во гробот поради тоа. А од друга страна мислам дека е добар и многу хуманистички потег за да престанеме да се врзуваме за расните или националните разлики кои не менуваат ништо. Како мала се сеќавам, најомилена бајка ми беше Девојчето со кибритчињата, и уште ми е. И денес знам да се расплачам кога ќе ѝ се присетам. Подоцна во 5,6 одд кога го гледав филмот каде ја глуми црно девојче, се преразочарав да бидам искрена. Во бајката е опишана како бело девојче со руси коси и такво очекував во филмот, но подоцна низ годините сфатив колку е тоа убаво и човечки.. Пак почнав да плачам на филмот, девојчето беше девојче кое навистина почина на Новогодишната ноќ од студ и глад, без разлика на нејзината боја на кожа.. Така и Ахил. Пак е истиот со неговиот карактер и дела. Го глуми човек! Бојата на кожата одамна не ми менува ништо, дури и кога станува збор за вакви промени во филмот, уметноста вооошто. Ете и Исус ако бил црнец, геј, би, асексуален или било што друго нема да ми смени ништо. Мене ми е драг по неговите дела како првиот комунист кој се борел против капиталистите и профитерите од неговото време и раскажувал за поубави почовечки вредности. Што направила црквата од него подоцна е друга прикаска, да не одбегнувам од темата. Барем како сум читала и сакам да верувам. Медиумите и луѓето во нив се многу моќни и можат да создадат многу непотребни сензации за подобро или полошо. Ајде да ја гледаме добрата страна, убедена сум дека мора да ја има. Во сѐ има парадокс. А лично не верувам дека толку геј тематики шибаат по сите страни. Во Грција каде од в година ќе ги имаат сите права со посвојување на деца, не сум видела никакво наметнување. Ги имало во филмовите овде уште во 70 тите и има прекрасни грчки филмови и романтични и комедии со геј тематика.
Менуваш историја и митологија. Како тоа бојата на кожа нема врска. Не бил црн, што го правиш црн. Направи пародија па и кинез нека го глуми. Немам против. Замисли Мартин Лутер Кинг белец да го глуми, за хуманистички потег. Фактите се тие. Не треба да се менуваат за никакви цели.
Мнозинството или моќниот бел хетеро свет прави такви "мали хуманистички потези" каде има/држи место за тоа, кон малцинствата или маргинализираните групи/раси/нации оти беа и некои сеуште се жртви на истиот. Како еден вид извинување. Не верувам дека би ставиле црна жена да ја глуми Маргарет Тачер. Токму во идентитети каде речиси е небитно дури и корисно, како со девојчето со кибритчињата. Па нели Бред Пит го глумеше Ахил? Али би те разбрала ако ти е битно.
Епа ваљда во тие кругови се движиш па гледаш, јас не сум сретнала.Сум слушала за лоши муабети, тоа да. Иначе не сум јас таа која е дискриминирана , ама гледаш, понекогаш да се ставиш во туѓи чевли е океј.
На сметка на тие мали хумани потези и оние што некогаш биле со отворени прегратки за она поразличното, го менуваат своето размислување. Затоа што замара, напорно е, наметнато е, вештачки, присилно, лажно, секојдневно, секогаш, секаде.