Само Мила да не го потфати па да го дигитализира Еве како го разбирам проблемот. Во Македонија, пред 25 години, имав пријатели и познаници L&G. Живееја како што живееја, кој повеќе, кој помалку отворено за својата сексуалност. Никој не правеше кариера заради или преку својата сексуалната ориентација, никој не правеше стриптиз пред верски објекти, и денес си се луѓето успешни во своите професии. Ниту сум ги барала за пријатели заради нивните сексуални преференци, ниту ми биле помалку пријатели заради истото. 25 години некои активисти градат кариера ради сексуална определба и до кај се остварувањето на правата? Тоа за Македонија. За телевизијата, понекогаш гледам програми за дизајн. Има едни двајца, ги заборавив како се викаат, пола емисија им е екранизирање на нивниот заеднички живот, па како добија дете, па уште едно дете. Никако не ми пречат, мислам и двајцата се срцки, и децата се срцки, и све е супер, ама побогу, гледам емисија за ентериер, ништо не ми менува дали Кевин Мекклауд е геј, стрејт или вонземјанин. И да, преферирам да го гледам Кевин, јер емисиите му се за дизајнот не за ова, она, ти реков ми рече. И најпосле, Џејмс Бонд ќе биде геј, јер побогу геј маж е подобар лик за Бонд отколку женски Бонд ( знам дека и ова го прочитав деновиве, вуала линк https://www.indiewire.com/2021/09/ben-whishaw-james-bond-gay-1234668061/ Што исто ништо не ми значи, јер не сум фан на Бонд.
Оф топик, ама се надевам дека следниот Џејмс Бонд ќе биде жена. Доста е од потпросечни глумци со преизразен jawline како единствена карактеристика. И да, поприфатено не значи целосно прифатено.
И мажите вака зборат за нас аман од феминистки, ништо не им е ускратено на жените денес, тие пак се бунат. Што сакаат повеќе, напорни, досадни, колку ни беше убаво до вчера ко владеевме 100 % со животот на жената, ете сега владееме 70 посто, тие 30 посто имаат право над својот живот и пак не се задоволни. Што се објаснувате вие погоре не знам, значи не се објаснувајте, cancel culture за хомофоби, расисти, шовинисти, сексисти. Нема шо да ги едуцирате и да им објаснувате, не се деца.
Филмот е децениски бренд и како таков не треба да се менува со цел да се задоволи само одредена публика. Се бира, како што кажа маж со изразена jawline и секогаш опколен со најубавите жени собрани од писти и други холивудски филмови. Мора се да се копира? Имаат буџет, нека направат сличен филм со припадници на LGBT. Само тогаш нема да биде Џемс Бонд. Одзивот на гледаноста ќе биде ист, како кога Бен Афлек го ставија да глуми Бетмен.
Бести, генерациите се менуваат и на луѓето им се здосадува цело време една иста приказна да се врти со години. И ти сега ќе речеш дека тебе не ти се здосадува, ама постојат статистики кои го следат перформансот. Ако минатиот Џејмс Бон филм имал добра заработка, следниот ќе го направат сличен на него, ако немал, ќе гледаат да привлечат внимание преку shock value и ќе го направат геј. Преедноставно.
Па добро, реков дека и мене ми пречи да гледам одреден жанр (крими претежно гледам) и да доминираат други работи наместо главната приказна за која сум се решила да гледам. Само што јас не го поврзувам тоа исклучиво со некое геј лоби, туку со чист маркетинг. Sex sells. Колку повеќе различни ликови, толку поголема публика може да се привлече. Искрено и да биде жена нема да се потепам да го гледам, пошто пак ми е веќе видено. Ни овој сега не го гледам. Не дека ќе ми смета, само сакам оригиналност. Мислам дека се што не е white, straight male сепак заслужува повеќе од рециклирана приказна. Ама мислам дека веќе ќе забегаме во друга тема наваму.
Пред 5 илјади години во Грција, најверојатно бил со темен тен. Можеби не црнец, ама голема е шансата да бил 'маслинест' И Исус не бил белец, според антрополошките истражувања за луѓето во тој период, во тој дел од светот. Оти бел е во филмовите? До првата (и втората) парада на гордноста во Македонија. Прв пат во историјата на државава.
Абе да не се упропасти шовинистичкиот стил на Џемс Бонд филмовите. Поарно да не постојат, вакви какви што се.
Истово сакав да го напишам за Ахил а веќе напишав нешто за "Девојчето со кибритчињата", едноставно се фаќаат за такви баналии кои дури се хуманистички ако сакаш да ги видиш како такви и за истите не се виновни никакви лобија и заедници. Ги направија ЛГБТ како да го купија светот и ќе владеат сега со него, господе боже! Кажа погоре кечап, маркетинг.. Еве дури и тие ги гледаат и уште дават овде за истите!!! И геј Бонд први ќе го гледаат, тврдам!
АмИ да, парада ќе ти ги регулира партнерските права. Ни закон за регистрирано партнерство нема? Колку закони се носат зад врата, ни лук јал, ни лук мирисал. Кажи мрзи се или ич не ги занима, друго објаснување немам. Удобни фотељите на сите
Кога селективно се чита, нормално е да доловиш поента на половични постови. Инаку, на машката хетеро популација му се допаѓа твоето мислење. Читај-сарказам. Од една страна, зборувате за дискриминација, од друга страна сите сакаме да гледаме геј филмови. Значи според она што го анализирав, хомосексуалците не се прифатени и дискриминирани, но со радост чекаме да гледаме секс геј сцени. Кого ти сега правиш глуп?
Зборував за она што сака да го постигне маркетингот. Ако денес прават сензација од лгбт теми, утре не знам што ќе биде. Во човековата природа е љубопитноста и потребата од адреналин. Многумина од нас не сакаат хоророри во нивните вистински животи, но истите гледаат хорори,трилери,насилства,убиства силувања и што не. Мене ми се досадни, незанимливи, поточно одбивни тие теми оти ги има премногу и не соодвестуваат со мојата природа, и токму од нив престанав да гледам телевизија! Кога и да пуштев тв летаа пиштоли, крв и силувања од сите канали и не беа од геј луѓе истите! А утре можда ќе бидат! Сега пуштам на нет романтични комедии по мој вкус. Поентата ми беше дека медиумите не се поткупени од ЛГБТ лобија како што не се поткупени од сериски убијци, насилници и мафии после толкуууууу такви теми и немаат ништо заедничко со правата на ЛГБТ луѓето кои секако ги заслужуваат во реалниот живот. Ете преедноставно е! Добра ноќ.
За ова пишав и погоре многу пати. Лично не сум воопшто задоволна од невладините таму и со истите имаше многу лоши искуства брат ми. Вистината е дека во Македонија тие кои ги застапуваат направија најголема штета на заедницата и истите освен лични придобивки не направија ништо, поточно сеуште наштетуват намерно, најодговорно тврдам, со чест на една невладина која нешто поднаправи во полето на образованието, нешто ситно. Но, за нивно понатамошно функционирање допринесуваат и недоволната аутираност и желба за активизам на прогресивни лгбт луѓе со визија и интегритет кои би направиле нешто продуктивно и дале една поинаква слика за припадниците. Кога ќе видиш и таа е реалноста во Мк, а овие погоре живеат многу добро од мизеријата на заедницата која ја застапуваат. Во прилог им е!
И да, ќе заборавев, реална дискриминација врз сексуална припадност има многу малку во Македонија, далеку помалку колку што невладините ја прикажуваат оти им е во прилог. За брат ми знаеше цел град дека е геј, реално два три пати ако доживеа навреди на улица од тинејџери, додека на работа никогаш не му се случи никаква дискриминација поради тоа, беше многу почитуван и сакан од сите колеги и дури од оние најтрадиционалните кога за некаков себап ќе ти кажат ајде до в година со невеста или со зет, нему му велеа, да ми ти даде господ што си сакаш. Преискрена сум и никогаш нема да ги подгазам оние прекрасни Македонци кои и покрај сите децениски силувања од власта, уште се при здрав разум и наоѓаат разбирање и љубов и за "различните" на нивен начин. Па се сеќавам додека живеев таму и јас, некои што знаеа, ајде зет за брат ти ќе ми речеа за некакво честитање, тој е од "модерните" на нивен начин, што беше многу симпатично од нив. Да, познавам неколку семејства во мојот град каде нивните членови се геј, лезбејки и транс лице едно познавам, од кои се супер прифатени, но сите за жал заминаа во странство, токму поради правата и тешкотиите при наоѓање стабилен аутиран партнер кои ги немаа таму и лошите услови секако генерално. Да, на многумина бракот или легитимното партнетство им е од значење, кажав од кои причини погоре. А дека во Македонија се прават тортури или дека убиваат како по Арабии и Африки, како што невладините сакаат да претстават НЕ, никако! Во Франција му викаа од кола педer -Французи на син му од мојата пријателка оттаму. Али он ужива права како и сите граѓани таму, и што и да му се случи ќе викне полиција, а кај нас законот за антидискриминација беше отстранет скоро. По улица на секој сѐ и сешто може да му се случи и да не е припадник на заедницава, поентата е институционално да нема дискриминација по сексуална припадност, а со оглед дека во Македонија најпозната е партиската и сите сме ја искусиле речиси, оваа на ЛГБТ припадниците му доаѓа како ништо, уствари стварно и брат ми никој никогаш не го праша или замери што е геј. Кога даваа решенија му бараа партиска книшка! Сума сумарум, со оглед на едни од најлошите услови на светот во кои живеат Македонците, ЛГБТ заедницата освен правата кои ги нема, не е за ништо повеќе малтретирана од хетеро нормативниот чесен граѓанин таму. Тоа што некои припадници се крајно арогантни, вулгарни и безобразни и нивниот идентитет и придонес во општеството е ништо друго освен ГЕЈ е исто нивен проблем, всушност тоа беше и во агендата на многу од невладините. -Ние сме геј и на глава ќе ви се качеме! Со толку погрешни и вулгарни пораки и претставувања, го прават она што им е во прилог, наместо да им се доближат на општеството со јазик и начин на кој мнозинството функционира, со неповредување на нивните вредности како религијата најпрво, со учтиво однесување и умно дипломатско претставување без ароганција, сарказми и интелектуални вокабулари кои многумина не ги ни разбираат и не треба, ставив акцент на ова, оти во неколку емисии во кои беа поканети лгбт директори на невладини, со гостите разговараа доста дрско, арогантно, со висок непотребен вокабулар кој повеќето не го разбраа, на крајот ја исповреѓаа религијата и христијанските вредности и не престанаа да зборуваат за дискриминација, а јас како сестра на геј брат тврдам дека не е така и до толку. Интелигенцијата е во прилагодувањето, и тие многу добро го знаат, ама не им е во прилог оти би немале работа и грантови. Кога Македонците истрпеа и трпат силувања од секој вид секојдневно децении, лгбт застапниците со правото претставување (прилагодување) и волја за работа, уште во 2004 та ќе добиеа озаконети партнерства и никој немаше да гугне ништо! Многумина од Македонците се непотребно предобри, плашливи и неосвестени, а тоа ги прави пасивни и непродуктивни во секој поглед, и за истото се виновни "старателите" кои ги застапуваат, што секако како и лгбт застапниците и понатаму користат на нивната пасивност. Револтот ќе го искажат на Фемина, Фејсбук, ќе изгасат животно, ќе напишат пеdер или кuрва некому на пост и секојдневието продолжува. Предобри (препасивни) сме и понатаму за условите во кои живееме и револтот е упатен секогаш на погрешно место и луѓе.
Е кај можи то ко имаш мнозинство луѓе кои би ги палеле на клада? Прво го менуваш јавното мислење, после носиш закони.
Мила моја, никој нема да ги запали, тоа е за по фејсбук. И во Грција се закануваа по фејсбук, па и црквата организираше протести и што не. Господинот Ципрас се изјасна, законот беше изгласан, следниот ден веќе никој не се закануваше со палење. Ако јавното мислење се базира по социјалните мрежи, истото се пишува и во белиот свет каде веќе уживаат брак. Во Германија знам примери. Кај нас стварно партиска дискриминација има речиси секој граѓанин! Ги следам статистиките,, по две три институционални дискриминации има годишно и најчесто спрема трансродови лица. Кажав погоре политичари и нивните застапници можат да го решат во еден ден во најмала рака партнерство, да го претстават како доликува, да потенцираат дека не е тоа класичен брак, најмалку религиозен. Пред институциите ќе бидат партнери и ќе ги негуваат правата на заеднички живот. Нема да посвојуваат деца(далеку сме од тоа ние) ќе се потенцира и тоа. И никој нема да запали никого верувај ми. Ма тие политичари не запалија ќе палат пеdeри, за по фб е тоа. Повеќето тоа и се латентни, дај ви се молам. Објаснив погоре кој е виновен.