земи ги е гејојте со тебе кога ке заминуваш ,тука нема институции за да се лечат од оваа ментална болест
и јас сум против овие бракови, а уште повеке за посвојување на деца. Не мислам дека е Библиски, Бог создаде еден маж и една жена, ги благослови и им рече плодете се и множете се и наполнете ја целата земја. така да не само што не е природно туку и против Божјата заповед. Инаку дека им се пореметил некој хормом не се согласувам со тоа и нее докажано дека тој им е проблемот,ако е тоа проблемот со хормони има и за тоа лек, значи не е. Станува збор задлабока повреда, од родител тоест таткото, каде што е повреден од својот татко, или отсуство на родителот, (мајка или татко), и таквите лчности преминуваат во бунтовници. итн. Верувам во брак каде што има Еден маж и една жена, Божји заповед и се друго е измислица од гаволот, и дека епа современи сме сега, право на избор, и ете се оваа каде не носи кога работите ги правиме по своја волја а не по Волјата на Бог. поздрав, и не очекувам да се сложете со мене зашто јас не сум современа и сум проста. но тоа е мојот став и мислење и нема да го променам. поздрав.
Предобро кажано. Значи што си го пикате носот во животот на другите луѓе? Што ве интересира што некој прави в спална и да ми простите на изразов, во која дупка го става морковчето? И тие луѓе имаат имаат право на живот. И што сеа, ај сите хомосексуалци нека се кријат и нека играат според некои си норми на општеството. А ги има и таквите многу. Кои според мене прават многу поголема штета од тоа да излезат и да се претстават пред јавноста какви што се. За мама да не плаче коа ке дознае дека е геј синчето и тато да не се откаже од него, оти нели тој е срам за семејството и не е "нормален", ке се преправа цел живот и кај и да е ке треба семејство да основа(шо подоцна и ке го направи тоа), со жена која го сака и која всушност цел живот ке живее со некој кој мисли дека ја сака.. па и деца ке му роди. Таквиот брак нема да функционира и двете страни ке бидат оштетени. Чисто пример давам. И кажете ми според вас овие "болни" луѓе како шо ги нарекувате, немаат ли право на срека и топол дом? А љубов? Кој човек може без тоа? И кој сте вие да кажувате овде дека таквите треба да се лишат од сето ова и цел живот да се преправаат нешто што не се? Ај замислете вие да се погодевте геј? И сеа што? Треба да гледате од сите аспекти и да НЕ осудувате. Впрочем кој сте вие да му го диктирате животот на некој и да кажувате што е нормално, а што не? Тие ве осудуваат ли вас? Се разочарав од некои луѓе на форумов што ги мислев за интелектуално напредни, коа видов како се изјасниле на оваа тема. Страшно. Тој што е безгрешен нека го фрли првиот камен.. Хомосексуалноста не е болест. Има нешто што се нарекува сексуална ориентација. Сте слушнале ли за тоа? м?
Секој има право на свој избор, и неможам да сватам зошто хомосексуалноста некој ја нарекува болест, немам ништо против хомосексуалците и сметам дека треба да се легализираат хомосексуалните бракови, ама сигурна сум дека кај нас тоа уште долго нема да се случи
А како би дискутирале на било која тема, кога наместо аргументи вакви глупости пишувате? Инаку, он топик, не знам зошто јас би требала воопшто да коментирам за туѓ брак или врска. Секој си бира сам, не го гледам проблемот да одбере да е со некој од ист пол.
Прво секој има право да дава и да добива љубов во животот, без разлика дали е истополова или не. Добро, до кога ќе збориме за другите наместо да си гледаме за себе? И хомосексуалците се луѓе, тоа што ги привлекува истиот пол не ги прави ништо поразлични од нас, кои по некоја случајност не привлекува спротивниот пол. Во врска со браковите, ги поддржувам и воопшто не би ми сметало да посвојат деца(познавам мал милион хетеросексуални парови во брак кои воопшто не заслужуваат да се наречат родители, а кои уште помалку знаат да воспитаат дете и истото да го претворат во психофизички здрава личност). Ако детето е воспитано од хомосексуален пар, не значи дека и тоа ќе биде хомосексуалец, исто како што не значи дека детето од хетеро пар ќе биде хетеро. Сите хомосексуалци во Македонија се одгледани од хетеро парови, па тоа ништо не менува. Друго што ме вади од такт е тоа балканско забегано понашање кон нив како да се вонземјани или не дај Боже болни од некоја заразна болест, па обично хетеро „мажјакот“(не е маж, туку мислам на мажјак во животинските видови), мора да си го покаже карактерот наследен уште од камено време и да ги малтретира и напаѓа сите кои се поразлични од него. И на крај да ги спомнам свештениците(без разлика на која вера и припаѓаат) дали се свесни дека кога ги напаѓаат хомосексуалците не го почитуваат едно од најважните правила во сите религии т.е. да го сакаш ближниот свој без разлика што направил и колку е поразличен од тебе. Инаку, и мене не ми се допаѓаат парадите(само поради начинот на кој се изведуваат), ама исто така и голем број на хомосексуалци не ги сакаат, па никому ништо.
Секој си има право да прави што сака со својот живот ама...НЕ, НЕ, НЕ и НЕ ! Не е нормално, не е природно, сѐ е тоа измислица на луѓето. Да било во ред тогаш маж и маж, или жена и жена ќе можеа деца да имаат.
Δ Ама види сега. И кај некои маж и жена се дешава да има пречка заради која не можат да имаат деца, па опција да посвојат, која е измислица на луѓето, каде и тука тоа природното потфрлило значи. Па ако нив им се може да добијат туѓо дете и да го викаат свое... по што да се водиме тука, исклучиво природно или општествено прифатливо
Може да се случи маж и жена заради X причини да не може да имаат деца, ама не може да се случи во никој случај никогаш и никако маж и маж или жена и жена по природен пат да створат дете. Што би значело дека и самата природа е против тоа Ништо лично, секој со свој памет само далеку од мене и од моја куќа.
Јас кажав и напоменувам дека секој си има право на свој личен избор, но мојот став на темава општо е НЕ. Прво не е природно и никој не може да ме убеди во спротивно, ако било природно маж и маж или жена и жена ќе можеа да создаваат потомство, второ доколку дојде до брак и еве посвојување на дете, во какво семејство тоа дете ќе порасне? Семејство на две мајки или двајца татковци? И ептен ме интересира вие што имате либерален став на темава ( за кој воопшто не ве осудувам ), еве утре вашето дете се изјасни како хомосексуалец и биде во хомосексуална заедница, како би го прифатиле тоа? Ќе ви биде сеедно? Не верувам
Мислам дека не е природна хомосексуалноста. Да, секој може си прави што сака и со кого сака кога не е во јавност. Не ми сметаат хомосексуалците се додека се подалеку од јавноста. Не за џабе луѓе од исти пол не можат да направат дете по природен пат. Бог создал маж и жена за да можат потоа да раѓаат деца и да се размножуваат. Бракот се дефинира како заедница на две лица од различен пол. Во денешно време бракот често се поистоветува со неофицијалните заедници на истополови единки, но таквите заедници неможат да се наречат брак поради биолошката спреченост да изградат семејство. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1%80%D0%B0%D0%BA
Природно или не, која си ти да судиш? Не мислиш дека ако не било природно немало да постојат хомосексуалци? Семејство со две мајки или двајца татковци е подобро отколку семејство во кое владее насилство или семејство кое не ги поддржува или постојано психички ги малтретира децата. И да, ако моето дете е хомосексуалец ќе бидам горда на него, исто толку, колку што ќе е хетеро, затоа што ќе знае да сака на негов начин. Само може да се надевам еден ден да биде среќно, без разлика на неговата сексуална ориентација и во каква заедница ќе живее. За секој вистински родител најважно е неговото дете да биде среќно и исполнето, се друго е споредна работа.
Прочитав некаде низ темава дека хомосексуалноста се дефинира како ментална болест. Јас не мислам дека е така, тоа си е прашање на лично определување. Моето мислење е дека не е природно нормална појава, за општествена да не ни правиме муабет. Сепак секој со свој памет, ништо лично против хомосексуалците. Мојот став за темава си останува НЕ. И не верувам дека некогаш ќе се смени. Правете што ви е убаво луѓе, само не очекувајте дека ќе бидете прифатени.
Треба да ни биде јасно дека хомосексуалноста отсекогаш постоела и ќе постои, само што нам ни е тешко сето тоа да го прифатиме. И да тешко ми е да го прифатам сето тоа, бидејќи не ми изгледа природно. Не можам ни да замислам маж со маж, се грозам од помислата. Се знае едно дете треба да има мајка и татко, а не татко и татко. Значи прифаќам гејови до некаде или лезбејки ама оние кои не се срамат да кажат дека се ориентирани кон ист пол, а такви се ретки. Има многу гејови кои знам дека се, сум слушнала, се сеќаваат, но никогаш и не си признаваат! Зошто? Ако тие не се срамат со тоа што го прават, зошто играат двоен живот?
Бидејќи се работи за голем притисок од околината, посебно во Македонија. Не знам во какви кругови си се движела, знам за случаи кога тие што признале дека се геј биле исфрлени на улица од родителите, биле мета на физичко насилство, биле напаѓани и ред други приказни кои ми ја ежат кожата. Не се работи за нешто што што се кажува туку-така. Се работи за признание кои го менува животот, затоа кријат. И притоа на многу им треба време да се помират и прифатат себеси најпрво па потоа да дозволат и светот да ги прифати како такви. Јас сум за брак меѓу припадници на ист пол. И да, сметам дека се способни прекрасно да воспитаат и израснат дете.
Од аспект на одгледување деца, има безброј примери кога ваквите парови се покажале како многу подобри и многу повеќе посветени родители. Читам во темава сте пишале: зошто детето да се лиши од мајка/татко... А што правиме со самохраните родители? Што правиме со оние деца кои се израснати во растроени семејства и не знаат што е љубов и внимание? Од хомосексуалните бракови можат да произлезат многу поздрави деца (кои не значи дека ќе ја имаат истата сексуална ориентација како и нивните родители ) за разлика од хетеро браковите.
Нема поголемо богатство за човека од успехот да се себеспознае и да се пронајде таму каде што најубаво функционира. Не еден случај имало на мачни, ама навистина МАЧНИ бракови меѓу хетеро и потиснат хомосексуалец. Хетеро партнерот се чуди што прави погрешно, со што придонел за нивниот однос, а всушност тоа не се состои во нешто што направил, туку во различната природа на двајцата партнери. И од таков брак едно дете истрауматизирано што ќе искочи, мх, мх, за мерак. На почеток бев скептична околу прашањето дали да им се даде право да посвојуваат деца или не (иако НИКОГАШ не сум ги осудувала тие луѓе поради нивната ориентација). Но тоа беше затоа што константно бев соочена со такви информации за таквите бракови, санкир како Марсовци да те одгледуваат би било. Се` додека немав прилика лично да соработувам со луѓе со таква ориентација. Луѓе пред брак. Ете, затоа сум против преагресивни и премаркантни геј паради, ги извитоперуваат сликите за ваквите луѓе кои се... едноставно луѓе како сите нас. Комуникација фина, нормална. Соработка на ниво. Не велам дека ги нема и лоши меѓу нив, како што постојат луѓе од сите други категории и добри и лоши, но од едни мои поранешни соработници бев презадоволна од нивниот пристап, колегијалност и прифаќање. И нормално дека добија ист третман и од мене. Дали и колку тоа што го прават е правилно јас не можам да знам онака како што знае Севишниот, но ги прифаќам доколку препознавам во нив духовни вредности и доблести, зошто да не? Која сум јас да прифаќам или неприфаќам некој, се`уште не сум свесна за сите свои гревови и колку всушност постапувам правилно како и повеќето од нас. Порано и јас бев на ставот „ама нека си одат, све тоа, мора ли бракови сеа?“ Но, откако и јас стапив во брак, увидов дека тоа е всушност една човечка потреба, потреба да создадеш дом, потреба да сакаш некого, потреба нечии други потреби да ставиш пред своите. Штом јас ја чувствувам во врска со маж ми, зошто некоја девојка да не ја чувствува кон друга девојка истата потреба? Деца се посвојуваат и се добиваат со вештачко оплодување на милион начини кои не се створени само за хомосексуалците така што тоа не ми држи вода дека демек нема да биде она ПРАВА фамилија. Колку и правната обврска да не е важна, кога законот те третира како цимер со личноста со која си поминал многу нешта (како во видеово и приказнава подолу), си споделил драгоцени моменти и љубов чија вредност општеството ја гледа со помали димензии односно воопшто не ја гледа само затоа што не е помеѓу маж и жена е навистина тажно. Замислете во паралелен универзум ние да бидеме прогонуваните од икс причини? Како би се чувствувале? Еве го тоа видео и таа приказна. Ако била веќе споделувана, се извинувам, ама јас ја гледав денес и поштено си се изнаплакав. Кога јас нивната љубов и пожртвуваност ја почувствував во 10 минути и преку 20ина снимки и фотографии и воопшто не ми беше поразлична од љубовта и пожртвуваноста која може да се добие во хетеро врска, не знам што повеќе да кажам. http://www.youtube.com/watch?v=pR9gyloyOjM Не дека гарантирам со глава дека не би била шокирана додека да ја сварам информацијата aко е за некој од моите блиски, но ако таму се пронаоѓа, нема што јас да чувствувам во врска со тоа што тоа дете ќе си прави во спалната соба. Негова интима, може само таа личност да си ја почувствува. А јас да бев од истополово семејство кое не ми ја прифаќа врската со маж ми како би ми било? Не би ми било убаво. За тоа какви деца би можеле да излезат од истополов брак, еве еден пример на еден 19-годишен дечко растен од две жени. Замислете, нема антени на глава, не личи на Марсовец, нема никакви психички проблеми и дилеми, напротив, додека самиот не им кажел, никој не го познал дека е од истополов брак. http://www.youtube.com/watch?v=yMLZO-sObzQ Немам ништо против овие бракови и семејства, но за жал нашето општество не е подготвено да прифати брак меѓу припадници на различни вери, дури и доколку е традиционален хетеро пар во прашање, не пак од ист пол. Тука такво нешто е се`уште преголем залак и се надевам дека луѓето со таквите сфаќања ќе успеат да си ја најдат својата среќа и исполнетост.
Во врска со децата сакав да пишам. tessie имаш право сосема, но не е проблемот во тоа што детето го одгледуваат две мајки или двајца татковци, проблемот не е во нив, туку во околината. Денес децата се малтретирани од други деца затоа што носат наочари, протези, акни и ред други работи. А па да не збориме кој притисок го прави околината на децата од вакви бракови, тоа се трауми, особено кога детето е одбивано од страна на своите врсници. А и не се само децата и возрасните ќе го гледаат со други очи тоа дете, како тоа да е криво за нешто. Е во другите земји незнам, но мислам дека е повеќе прифатено ова, но кај нас...ова е незамисливо!
Затоа и велам, се надевам дека ќе си ја најдат среќата во околина која ќе ја прифатат како своја и ќе ги прифати како свои. Не се однесува инаку конкретно на ниту едно мислење. Лична импресија од искуство а и од овие видеава.