Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.930
    Допаѓања:
    177.576
    Пол:
    Женски
    Договорот за партнерство ги има истите бенефити, права и должности кои произлегуваат од бракот. Направен е специјално поради истополовите партнери, со цел да ги уживаат истите бенефити како хетерополови во брак. Се е исто освен што се склучува и раскинува на нотар, а не во општина и на суд. Апсолутно не е брак на иднината затоа што ниедна држава нема да дозволи да губи пари оти и хетеропартнери почнаа се повеќе да го склучуваат.
    Притоа, со прифаќање на геј бракови, овој тип на договор стана нелегален во повеќето европски земји, во Германија на пример од 2017та.
    Во еу остана Грција, Бугарија..уште 2-3 други Унгарија и Полска чинам не ме држи за збор каде геј брак не е легализиран, а во Бугарија ниту договорот за партнерство не е легално.
    Чисто како инфо да знаеш дека договорот престанува да важи со прифаќањето на геј браковите секаде. Мислам дека имаш таков договор можда ќе сакаш да го смениш.

    На Крф се пораѓав, супер екипа имав и една од сестрите беше трансродово лице. Мило ми е што беше прифатен, но освен поголемите острови кои функционираат како посебни единици на кои живеат многу странци и измешани се многу различни култури и менталитети па се е поопуштено и поприфатено, останатиот дел од Грција е длабоко дискриминирачки. Кај мене на Крф ова лето посебно, се изнагледав дечки фатени за рака низ град, што е супер. Ама затоа не отишле на Халкидики.
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    60.621
    Пол:
    Женски
    Едно е да познаваш, друго е да ти се во фамилија или во најблизок круг на пријатели лепотице. И јас никаде и никогаш не деконструирам нечии чувства и емоции како што правите вие. Побогу 20+ мислења напиша како ти смета што се излапале двајца мажи у серија и очекуваш тебе некое геј лице да ти се отвори и да ти се довери како се осеќа и низ што врви? Вие може сте слушнале за некое лице, сте прочитале негде нешто ама јас глава сечам дека сте немале длабок, емотивен и конструктивен разговор. Нема да сака тебе нешто да ти каже некој геј човек, не знам како не го гледаш тоа. Тоа што некој е civil со тебе не значи оти ти е близок.

    Врати се во реалноста, сериозно толку живеете во некој бабл што не гледате ништо одоколу. Ти кажуваме сите тука дека луѓе биле нападнати од чиста мира, таа тропа дека и некој нејзин другар го нападнале оти бил мирен. Каква врска има едното со другото не ми е еве јасно.

    Од една страна не ми е гајле, не се замарам, што сакаат нека прават, од друга ревносно гледање на нешто поврзано со нив, ревносно докажување и покажување како све е океј, све е супер, ништо никому не фали а гледаме дека не е така.
     
    На WildMk, staycalm, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Да, токму таков договор имам овде и ги имам истите права за кои погоре тврдат дека не е така.
    Па тоа им викам, дека без разликата на нивните права има многу дискриминација и овде, но најсетне институцијалната е најбитна а таква не читам нешто да пријавуваат.
    Не знаев за ова со договорот, стварно бев убедена дека ќе биде брак на иднината..
    Ме разочара сега
     
    Последна измена од модератор: 24 октомври 2021
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ми се во фамилија и имам пријатели. Што сега?
    Извади го веднаш цитатот каде напишав како ми пречеле дека се лапаат во серија. Не ми вади зборови надвор од контекст лепотице. Си слушнала ли за реченицата shove it up my ass? Длабок, емотивен и конструктивен разговор и да сакам не можам да дадам, затоа што освен да прегрнам некого и да кажам дека го сакам, не сум стручна да се занимавам со таа одредена тематика, затоа што во тие моменти, нема да знам да најдам правилен збор, а случајно да не го навредам. Ми се довериле, сум го искажала своето мислење и сум дала поддршка. Но, да навлегувам во психа, не е моја специјалност. Има лица за таа работа. Ко сега некое лице да има конструктивен разговор со мене за анксиозност, секогаш ќе постои момент каде би можела да бидам навредена. Кога темата е сензитивна, освен да кажам тука сум за тебе што и да треба, како другачие да помогнам.
    И има врска едното со другото во однос на физички напад. Затоа што напад врз геј лице се карактеризира со дискриминација, а врз мирни луѓе нема ни термин. Јас сум против и судам секаков тип на напад врз сите лица. Без разлика на својата сексуална ориентација или постоење.
     
    На x-MajaEsposito-x и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  5. Ќе заборавев за бебето, честитки, живо, здраво со к'смет за навека!
    Се сеќавам дека беше трудна пролетта.
    Договорот во Грција ќе трае мислам подолго, не верувам да изгласаат брак..
    Имаме многу бенефиции и ние хетеро двојките.
    Иначе да, предобар е за да го остават таму каде има веќе истополов брак.
    Затоа брат ми склучил брак, немало веќе ваков договор во нивната земја.
    Немавме ни разговарано за ова.
    Како и да е, убаво што пиша!
    Те поздравувам од најјужниот дел!
    Се вратив летото ❤️
     
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.662
    Допаѓања:
    39.537
    Пол:
    Женски
    Абе сега искрено тука сите си пишуваме освен реални геј луѓе.:)Барем 99% од мислењава се како ние од наша страна ги перцепираме нив.
    Што мене ми кажува дека ни на форум(што колку толку е анонимен) не се многу отворени да си кажуваат каков им е животот и какви искуства имаат.Ама добро, надвор сите си биле искрени и безгрижни, само ние не излагаме од дома.

    И како релативизирате случаи на насилство, браво.
     
    Последна измена: 24 октомври 2021
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ако така гледаме, цела женска македонска популација не пишува, односно не е присутна на форумов. Дел од нив, без разлика на анонимноста не оди во детали или општо говорење за својот живот. Со оглед дека се работи за малцинска групација, зарем очекуваш 30 геј лица да пишуваат во темава?
    Едит. И зошто би очекувала геј момак да пишува на женски форум. Погледни ја темата секс со женско, не дека нешто се срамат да се искажат.
     
  8. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    25.364
    Пол:
    Машки
    Тоа што повеќето од геј/би лицата што пишуваат на темава, (а ги има повеќе од што мислиш) и оние што само читаат, не кажуваат дека се геј/би дури и на „анонимен“ форум, зборува многу за тоа на кое мизерно дереџе сме. Не станува збор тука за неизлегување од дома, и нонстоп да си излезен, ако некој не се чувствува сигурно да ти се довери, нема да ти се довери. А 100% има луѓе со кои често комуницираш, а не ти кажале дека се геј, ниту пак биле отворени за нивните искуства и проблеми. Проблемот е во тебе, не во нив.

    Никој не релативизира случаи на насилство, туку само е потенцирано дека напаѓање на некој „затоа што бил мирен“ не е во никој случај поврзано со хомофобичните напади. All lives matter mindset |(
     
    Последна измена: 24 октомври 2021
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Еве и тебе ти ја посочувам темата секс со женско. За какво мизерно дереџе зборуваш? Со анкета, со пишани куп страни, без влакна на јазик и цензура. Не бе друже, не е така црно како што го претставувате.
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    25.364
    Пол:
    Машки
    Каква бре тема секс со женско, што очекуваш да најдам таму? Аутирани жени со име и презиме? Не знам што пробуваш да поентираш со ова ама дефинитивно не ја доловуваш поентата на замисленото.
     
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    А што очекуваш да најдеш на женски форум? Секс со мажи наменета за геј лица? Отвори и ти таква тема кој ти брани. Ти зборуваш дека геј лицата дури и на анонимен форум не сакаат да пишуваат. Јас ти велам, дека на таа тема има куп на лезбејки, бисексуалки или па експерименталки. И слободно си го изнесуваат своето мислење. Без предрасуди, без ништо.
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    25.364
    Пол:
    Машки
    Леле :rofl: Темата секс со женско ти е показател за тоа колку луѓето слободно ја искажуваат својата сексуалност? Мислиш дека сите што пишуваат таму се жени? :rofl::rofl: А тие што се жени, никој не ги знае кои се, па анонимно си искажуваат фантазии :rofl:
     
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ме заебаваш нешто или што ти е?
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.662
    Допаѓања:
    39.537
    Пол:
    Женски
    Оф кај ме најде да ме цитираш со нула разбрано од напишаното?Буквално ме нападна а на иста страна пишуваме, ама добро, си имаш предрасуди од други теми. ;(
     
    Последна измена: 24 октомври 2021
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    25.364
    Пол:
    Машки
    Девојче, отвори ја темата, прочитај ги мислењата, погледни лево во корисникот што го напишал. Генерално сликата оди вака: НОВ ЧЛЕН, 10 мислења, 5 мислења, 15 мислења. (facepalm) Ти знаеш кој се крие зад тој јузер? Ниту се активни членови, ниту се стари членови.
     
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Анонимен е форумот! Кои се твоите очекувања. Што не кажеш ти име и презиме. Од кај да знам дали навистина си маж, геј, би, што год и да е.
     
    На Избришан профил 146538 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    25.364
    Пол:
    Машки
    Ок, I give up.
     
  18. Сестра на геј брат сум и се трудам да не сум пристрасна поради тоа и затоа ти звучам дека сум контрадикторна, оти доловувам и расправам за сѐ повеќеслојно како и треба.
    Со брат ми се чувме ноќва, оди на апликацијата ГЕЈ РОМЕО ми рече и некоја ГРИНДР ќе види колку се "плашат" да си најдат секс или партнер. Имало и такви скроз аутирани со слики од лице. Страницата била интернационална, со сите локации од светот, до сите наши градови. Имало опција за секс, врска, пријатели. Се'.
    Таму и се запознале брат ми и сопругот. Ми има кажувано и порано ама не сум знаела дека е тоа таа апликација.
    Значи, пишав и во првиот пост колку мажи му пишуваа на фејсбук на брат ми а некои од нив беа и женети, значи кuр ги боли.
    Бранев ставови за медиумската "застапеност", изнапишав цели романи, доволно бев дрска да ги наречам нацистички, расистички и хомофобни ставовите на девојката и изнапишав цели романи, оти така ми призвучеа, али тебе не знам во која категорија да те ставам и со која цел сакаш Македонија да ја направиш село во Саудиска Арабија а дури и оттаму имало еден куп акаунти на таа ГЕЈ РОМЕО или ПЛАНЕТ РОМЕО поточно.
    Што кυr ќе бараат на фемина те молам кажи ми? Кога имале стотици апликации и наши македонски мрежи и од невладините и приватни нивни за поддршка, чат, запознавање и истите најмногу биле користени за наоѓање на секс оти тоа им се сака, ако сакаат врска можат да ја имаат и никој нема да биде убиен.
    Ми кажа дека сеуште работи центарот за поддршка во која давале секаква бесплатна помош и организирале забавно едукативни дешавки со цел дружење /запознавање во ХЕЛСИНШКИ комитет и чак имало сигурна куќа за сместување лица во опасност која била празна и почнале најсетне да сместуваат жени со семејно насилство оти ЛГБТ припадници во опасност едвај имало, што е прекрасно од нивна страна за да не седат собите празни.
    Ете, по невладините по кои плукав од самиот почеток оти се сконцентрирани само и само и самите сееа само дискриминација (која ја нема толку) во нивен прилог а никаде клучната борба за доближувањето кон мнозинството и правата, и понатаму имаат отворени врати за секој кој сака да се социјализира или бара помош таму. Плус еден куп апликации!
    Ааа ми кажа дека отвориле центар за бесплатна правна помош ДУРИ во Св Николе деновиве!!!
    Можете да се распрашате слободно и пишете дали лажам. Ќе ми пушти линкови.
    Ми кажа дека имало центари за поддршка и бесплатна помош во речиси секој град, по истокот дури по малите гратчиња.
    Во Охрид немало само конкретно за ЛГБТ ама можеле да одат во центарот за сексуални работници Опција од Охрид кој соработувал со останатите по цела Македонија и нудел бесплатна правна/здравствена помош дури и психолог, едукативно/забавни работилници, бесплатен оброк за тие во криза..
    Стварно не знам што би барале на Фемина кога невладиниве без разлика на нивните цели и корист, изотвориле центри по сите речиси градови.
    Бог богова!
    Не знам од кој век пишуваш и која ти е целта со паранојата?
    Па ако не им се аутира ни по дома и им се сака само секс, на фемина пре би разбрала да дојдат за да ѝ се доближат на некоја латентна лезбејка за фиктивен брак!
    Пишав како сестра на геј брат со цел да дадам поддршка со примерот за нашето семејство да ги поттикне и нивните, ама не би да сеам паранои и лаги ако нема простор за истите.
    Брат ми на 5 години се аутира дома пред речиси 30 ет години и бевме претпазливи оти стварно не знаевме што можевме да очекуваме во тоа време. Имавме фиксни телефони тогаш и ништо друго. Сега барем сѐ е подруго. Немаме смртна казна во Македонија за хомосексуалност и ниту еден случај со убиство од тој мотив, верувам, можеби грешам, поправете ме ако има, ама стварно не сме Уганда!
    Тинејџери дури фора им било да експериментираат и да бидат поразлични и многу ЛГБТ парови имало по средно и факс и супер поминувале, внука ми ноќва исто ми кажа, 20 години има, медицина студира.
    Права требаат, за нив пишував, останатото горе долу најнормално функционира, освен ако не излегуваш од дома и живееш во имагинарен свет.
     
    Последна измена од модератор: 25 октомври 2021
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Боки ја имитираше Лепа Брена по дискотеки и правеше тезги како травестит уште во мое време кога излегував и како ми кажуваа супер поминувал (2007/2008) па продолжи во Србија подоцна.
    Боки, престана да се травестира кога стана хуманитарец всушност, обратното е и знаеме зошто.
    Па отвораше невладини, се сликаше со политичари како маж, ослабнат и во брендирани парчиња од глава до пети.
    Не знам што ви е со испревртувањево на фактиве?
    И никако не беше мизерија!
    Им отвори врата и се аутираа многу травестити и транродови лица после него за прв пат. Рекоа, кога го прифатија или не го "убија" него, нема и нас.
    Можеше многу да направи ако сакаше...
    Мизерни се тие кои не пробуваат ништо и остануваат вечно во плакарот!
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    25.364
    Пол:
    Машки
    OMG..
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.