Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Хетеросексуалка расправа за излегување од 'плакарот'. (facepalm)
    Па комотно може клуч на темава да стават.
     
    На Srckata28, mode-kristina, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Направете еден социјален експеримент.
    Изјавете дека сте геј (и да не сте) и видете како и колку ќе бидете прифатени.
    Една недела доволно е.
     
    На staycalm, mode-kristina, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Да, оти хетеросексуалкава имаше социјален живот таму и најблиското - брат, поради кого и јас од одредени слоеви на луѓе бев можеби гледана чудно, но никој не ми рече брат ти е педеr! А им рекле можеби на некои, велат за сешто!
    Сто пати кажав а и девојката од Крф ви пиша дека и покрај достоинствените права овде, прекрасниот договор за партнерство кој ги има сите права, бенефиции и должности како и бракот (и ние го имаме истиот како хетеро пар оти е фантазија од договор) и понатаму самите се дискриминираат и одлучуваат да живеат во плакарот. Кога општеството тука во Грција им ги дало правата и ги препознало како легитимни граѓани, тоа што самите одлучуваат да не ги "разочаруваат" родителите, да се женат и да имаат по 10 профили на геј апликации и понатаму, и во Сан Франциско пушти ги ќе бидат исти! И други родители дај им ќе бидат исти!
    Самите не се прифаќаат и одлучуваат да уживаат само секс со мажи, а има и такви, дури и термин им дадоа веќе мсм популација, мажи кои сакаат да имаат секс со мажи, но емотивно романтично не се декларираат како геј.
    Него за плакарајот, па барем во Скопје уште пред 10,15 години кога активно излегував, во Дамар се изнагледав ЛГБТ парови и аутирани припадници, и истото беше геј кабаре само што не беше регистрирано како такво.
    Последните години го паметам Радио Бар, Епицентар, Лонгбас, Шортбас, и уште многу други места по Ск ги имам заборавено, преполни беа со ЛГБТ припадници, и многу други хетеронормативни доаѓаа оти супер им беа журките и си сакаа да си се доближат едни на други што е прекрасно, и ништо лошо не се случи!
    Па една Румена Бужаровска со Пич Прич колку ЛГБТ теми отвори и нивни припадници аутирани си зборуваа на темите, паѓаа солзи од смеа на сметка од дискриминацијата која беше дури смешна, а верувам дека кај некои и не е, ама веќе кажавме сегде има насилници за било која припадност.
    Петар Андоновски писателот познат по прекрасната книга "Страв од варвари" како аутиран геј зборуваше на Пич Прич пред полна сала, доби само огромни аплаузи!
    Па ќе станам пак контрадикторна што се изнаплукав по невладините поради мои приватни искуства и визии за правата, ама еве кога ќе се присетам на социјалните случувања има и по нешто доста квалитетно што направиле, барем Пич Прич беше, не знам дали уште постои, многу убав начин на приближување и не само за ЛГБТ, имаа фантастични теми за сѐ ранливо.
    Кажав постојат центри скоро во секој град каде ќе добијат бесплатна поддршка од секој тип и родителите можат да си ги земат ако сакаат, и таква поддршка со психолог имало.
    Ако вие одлучувате од не знам која причина да се јавувате од други векови и да не го спомнете сево ова како нешто прекрасно, наспроти сѐ најморбидно и најцрно, стварно ќе мислам дека на Фемина го поминувате животот..
    Места за дружење, поддршка, заштита, социјални случувања имаат и од повеќе, а ако дел од припадниците одлучуваат да бидат во плакарот поради баба им Трајанка или мислат дека да кажеш дека си геј треба на цел свет, се лажат. Нивни аутирани припадници имало еден куп, со кого се дружат овие кои велат дека живееле како во Авганистан? Па и ја не се дружев со тие "тетките" од работа и не им велев дека не сакам да имам деца, си барав мои истомисленици.
    Не викам дека е розово и никаде не е, а тврдам дека истото ќе го викав и ако бев лезбејка и во таа недела на експериментација немаше ни да кажам некому можеби, оти немаше ни да ми е битно.
    Договор ми е битен за пред нотар или брак, закон за антидискриминација и тука сѐ завршува.
    А истите кажав каде се добиваат.

    Изјавија многу и ништо не им беше, пишав подолу за Пич Прич и местата по Ск.
    Вајлд многу те сакам, ама стварно не е така страшно, ви се молам!
    Изгледај ги сите пич прич и ќе видиш колку аутирани ЛГБТ припадници имаше!!!
    Ги има на јутјуб!

    П. С и најнова информирација добив дека трансродово лице е вработено во државна установа и истите можат да сменат пол во лична карта што беше проблем во минатото.
    Не знам од кој век се јавувате и што следите по социјалните мрежи пак ќе повторам.
    Ова се прекрасни вести, трансродово лице запослено во државна установа!
    Да, во Македонија ова.
     
    На simoncelicius и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.105
    Сè тоа супер, ама оди прави муабет на темава со што е можно повеќе луѓе. Мој впечаток е дека во градов има една мала група на поурбани поотворени луѓенца со поширок распон на размислување, а мнозинството нема абер да мрдне подалеку од маж + жена = нормално, одење у црква на велигден = религиозен, добар телефон = фраер, кола = најфраер. Звучам стереотипно, не би сакала, ама не знам колку пати во животот истото ми се докажува over and over again. Прашај ги повеќето дали воопшто чуле за Shortbus.
     
    На staycalm, Lady D ❤️, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    ^^ Македонија не е само Скопје.
    Македонија е десетици мали градчиња во кои владее конзерватизам и немаштија.
    Не е исто да си геј дечко од Скопје и геј дечко од Ресен ( лупам).
    Не е исто да излезеш од плакарот у Скопје и да излезеш од плакарот у Ресен.
     
    На WildMk, Amellie13, staycalm и 4 други им се допаѓа ова.
  6. И години нека се и вистина да беше така, ќе кажев најпрво на моите, ако не ме афирмираа, ќе заминев од домот и веројатно ќе гледав да заминам и од државата оти со мојата струка која е исто медицинска како на брат ми и мајка ми со средно образование, не ќе можев да преживеам сама со 300/400 еу едвај, и ако имав среќа да добијам решение за траен раб однос. А во меѓувреме немаше да ми е проблем да наоѓам партнерки за секс па дури и врска. Брат ми немаше убави искуства во тоа поле, ама знам ЛГБТ припадници и со убави, како што имам 10 хетеросексуални другарки со преразочарувачки романтичен живот и гледани се исто од одредени луѓе како да се ЛГБТ оти останаа "стари моми".
    Ќе кажував за мојата сексуална припадност на луѓе со кои ќе имав потреба за тоа, сигурно немаше да останев скроз сама, како што не остана ни брат ми. Ќе немав потреба по автобуси и продавач,к,и да кажувам за својата интима и можеби ќе станев и активист и ќе си ги барав правата како што сакав поради брат ми, поточно сакавме, ама не ни дадоа простор застапниците оти сакавме да кажеме и нешто убаво од луѓе кои живеат таму, ама тоа не им одеше во прилог.
    Сакаа само прикаски со дискриминација и насилства. Ги има истите ама ги има и овие како нашата.
    Да отворавме наша невладина и да се боревме за правата веќе немавме ни волја ни време, зафатени и уморни со преживувањето таму поради ниските плати и родителите кои старееа и почесто се разболуваа, во меѓувреме и двајцата имавме среќа да запознаеме прекрасни партнери од странство и се омаживме.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Имаше една зафрканција своевремено за г од лгбт:
    ако имаш пари, кола и алишта тогаш си геј
    ако не тогаш си педер скапан.

    така да, не е до ориентацијата, до парите е.
    ако имаш пари сите те сакаат, дури и да си педофил.
    општество со извртени вредности.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.105
    Точно така. Јас зборувам за моето лично искуство, немам појма како е по другите градови. Језда можам да замислам.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. И во Франции и Британии има такви гратчиња ви се колнам, секако со повеќе култура, оти се развиени, но исто со ЛГБТ припадници кои не се аутираат!
    Син му од пријателка ми од Тулуз ѝ кажа скоро а маж е веќе 30 и кусур.
    Хрватска веќе деца мислам дека можат да посвојуваат, или ќе посвојуваат за брзо, скоро самоубиство имаше од геј дечко од Трогир, оти не можел да ги усреќи своите родители канонски католици со деца и жена.
    Секогаш и секаде ќе има, особено по малите места што е очекувано и не знам дали би се сменило тоа скоро.
    Борбата е институцијално да бидат препознаени и легитимирани.
    А за Македонија, сиромаштијата на секое поле си го прави своето.
    Кога ќе се надмине истата ни во Ресен нема толку сите да ги боли кој се држел за рака или кој се регистрирал на нотар, и секој ќе може да се осамостои и да се афирмира пред себе пред сѐ!
    Во Ресен и другите мали места и старите моми се еднакво гледани како и ЛГБТ знаеме зошто.
    Велигдени и цркви и во преразвиени земји се слават. Пријателка ми од Тулуз оди секоја недела на миса.
    "Фраери" со скапи коли и мобилни има секаде ама и од тие другите има секаде како и таму, ваше и мое е да наоѓаме слични на нас. Никогаш нема да ги смениме!

    Културата и вредностите секогаш ќе бидат индивидуални и дефинирани од текови, а ЛГБТ припадниците е битно да бидат препознаени и легитимирани како такви, а во Хрватска и Грција не ги добија правата оти прво граѓаните се опаметија!

    Посочив што уште се случува и таму, ама имаат права и кој сака да си ги ужива ќе си ги ужива!!!
    А во многу од помалите гратчиња по Македонија пишав погоре дека имаат центри каде ќе добијат бесплатна поддршка од многу типови, социјализираат со слични на нив.
    Најновиот е отворен во Св Николе деновиве.
    И најсетне сметам дека скоро секој има интернет и може да се спои и едуцира со и за сѐ што го интересира.
    Од малите места и во најразвиените земји луѓе се селат оти во големите градови секоја различност е поприфатлива и поконцентрирана.
    Тие што живеат во тотална сиромаштија и без интернет и да се ЛГБТ, веќе се најдискриминирани од општеството првенствено по нечовечките услови за живот, а ги има многу кај нас.
    И истите се во потрага по храна.
     
    Последна измена од модератор: 25 октомври 2021
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Во Ресен жители нема:)Ама ќе мислиме како му е на некој непостоечки геј.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Брат ми имаше дечко од Ресен на времето, хахаха, на муабетов, навистина!
    Ок дечко беше. Не беше аутиран пред неговите тогаш, сега не знам што би правел, ама тоа што му требаше си го наоѓаше.
    И многу информиран и едуциран дечко беше. Тоа што сакаше да функционира така си е негов проблем.
    Да имаа права таму можда и ќе се осмелеше да се аутира.
    А правата безброј пати како папагал кажав од кого и каде се добиваат.
    И врска немаат со мислењето на граѓаните.
    Посочивме Грција и Хрватска, со жолчни протести, ама ги дадоа затоа што некој одлучи!
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Чек, дали истата особа која напиша преубав пост за брат и, се однесува сега вака? Пропуштив неколку епизоди. :drunk:
     
    На WildMk, lovestoneddd и staycalm им се допаѓа ова.
  13. Да, и истата изнесува само нејзини темелити многуслојни мислења оти некои сакаат да ја направат Македонија со смртна казна за ЛГБТ популацијата, кога "смртна казна" веќе постои за сите чесни граѓани таму подеднакво.
    И изнесе сѐ корисно и некорисно што постои таму со светски компарации, некогаш кога брат и' се аутира како дете и сега кога невладините по кои плукам имаат центри насекаде и нудат поддршка. А плукам од мои причини а она што веќе постоело по нивна замисла никако не можам и не сакам да го скријам.
    Ништо поинакво не кажав.
    Нити во првиот нити во последниот не реков дека животот на брат ми висеше на конец или дека доживеа институцијална дискриминација поради тоа што, а некои не порекнав дека доживуваат, но таму сите ја имаме најзастапената- партиската.
    И спомнав на претпазливоста од моите во 90 тите кога имавме фиксен телефон и не знаевме што може да очекуваме од дел од општеството со племенски вредности, за кои подоцна се извинив оти некому и тие вредности се тоа, но кога би имало права и овие на ЛГБТ би биле истите.
    Дечкото од Ресен беше прекрасен, но не сакаше ништо повеќе од слободни средби, а брат ми сакаше повеќе.
    Морам до детали да се објаснувам оти поинаку секогаш звучам контрадикторно, зашто сакате да гледате само една страна, а јас не завземам ниедна.
    Никако не сакам да сум пристрасна.
    Секогаш вистината, а истата многу слоеви има.

    Повели ако сметаш дека некаде грешам.
     
    Последна измена од модератор: 25 октомври 2021
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    A како се однесува? Мора ли секоја приказна поврзана со хомосексуалноста да завршува со дискриминирање, тепање, навреда? Лошо ли е да ги претставиш македонците како еден народ кој позитивно еволуира во однос на прифаќање на различностите?
    Се сеќавам имаше една тема, се говореше за тоа дали би биле со хомофоб. Сите изјаснати членки пишаа дека моментално не се со хомофоби, дури во нивна близина сите ги прифаќаат хомосексуалците. Од друга страна, на темава се прикажува сосема друга реалност. Контрадикторност или што е работата? И истите што пишуваа, меѓу кои и јас, зборуваат едно, тука друго. Не знам дали јас имам шизофренија или секоја тема, различна приказна.
    И кога ќе сумираш сите да имаат контакт со 100 души, толку е Македонија. Кој остана да дискриминира?! Или лаги се пишуваа на таа тема, или навистина дискриминацијата е скоро па незначителна.
     
    На christinnn и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  15. И ако од лични причини посочив на грешките и контрапродуктивноста на повеќето од невладините за кои само јас сметам дека им се од корист, некои од нив, дури денес се присетив и бев информирана дека за наши услови направиле многу.
    Најчесто со цели и акцент на дискриминацијата, но ете тоа е во нивната агенда, постојат многу центри, дури и таков со сместување на ЛГБТ жртви, но истиот поради недостаток од истите бил отстапен и кон жени жртви на семејно насилство што биле далеку помногубројни, што е прекрасно од нивна страна.
    Пич Прич сосема го заборавив и морав да напишам роман за истиот со најпофални зборови посебно кон Румена која направи многу за сите маргинализирани групи таму.
    Малите гратчиња не биле покуси за центарчиња по цела Македонија во која граѓаните и онака не знаат каде им е главата..
    Да одам ја по куќи и да ги носам за уши геј луѓето по центарчињата каде можат да се социјализираат од секој аспект, е веќе премногу.
    И ова ми го кажаа и ќе заборавев, дека дури превоз им плаќале ако немале средства да одат од било кое место, село до градот каде има центар.
    Со еден директор од невладините разговарав и никако не би го скрила ова.
    Прилогот и грешките нивни на една, а ова што го прават на друга страна, не би премолчела ниедно.
    Завршувам тука оти се изнаприкажав премногу.
    Треба да се фати нешто и по дома.
    Ако познавате некој кој има потреба од секаков вид на помош и поддршка слободно упатете го во Хелсиншки комитет и Маргини невладини, имало и уште многу..
    Поздрав и секое добро.
     
  16. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    2.651
    Болдираното:
    ама Е нормално!
    не се наметнува, ами ПОСТОИ и постоело и не ќе замре!

    зошто ви е тешко да сфатите дека како што Вие или јас сум/сме се родила/е сакајќи мажи, некој маж таму се родил со истата побуда и привлечност, или некоја жена таму некаде или во мое маало, се родила и нејзе ја привлекуваат жени... толку, ЕДНОСТАВНО е.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. "Коалиција Маргини" поточно и Хелсиншки комитет, имаат и фб страни и слободно може да им пишете ако некој ЛГБТ припадник има било каков проблем.

    А имало и многу други.
    Ете Македонија не е Авганистан.
    Али притоа бидете сигурни дека дома нема да им го решат проблемот со прифаќање, како што не можат ни во Франции, Германии и Британии каде имаат и права.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Значи ќе се криеше?
    Немаше јавно да бидеш во врска, што впрочем е причина зошто не можат долго да опстојат хомосексуални врски.
    И тоа за тебе е недискриминација?
     
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Вајлд ти со своите родители правеше муабет на тема секс, врски, лапање, драпање? Ако да, свака част. Јас до мои 25-6 години дома немам донесено машко. Од кај да знаеле што и со кој правам во кревет. Освен улогата на ќерка што треба да ја дадам во домот, и работник во фирма, и пријател на пријатели, немам намера улогата на љубовница, девојка, да ја презентирам никому, освен онаму за каде е упатена. Не е тоа криење, туку тоа е мој љубовен живот и апсолутно немам потреба да го искажувам на погрешни места. Друго, што подразбираш под јавност? Седиш на каса и размислуваш дали касиерката е геј или би? На чело треба да и пишува?
    И не секоја врска треба да опстане долго. Пошо е геј, мора со првиот да се омажи/ожени. Траеле кратко, многу знаеш. Од кога знам мојот шминкер е геј и е со својот партнер, живеат заедно. Твоите претпоставки, не се туѓи судбини.
    Не сите се кријат и не сите врски кратко траат оти биле хомосексуалци. Другарка беше со жена цела деценија, раскинаа од други X причини, ама ако деценија е за тебе кратко, не знам што да ти кажам. Барем пишувај од она што го гледаш во околина, а не она што ти се сервира по медиуми.
    Јас не спорам дека се уште не постои дискриминација, но не сакам и ти да спориш дека е доста поразлично од некогаш што било што ги афектира хомосексуалците.
     
    На simoncelicius, christinnn и (избришан член) им се допаѓа ова.
  20. А каде спомнав дека нема дискриминација те молам посочи ми, Вајлд што ти е???
    Ама нема ни смртна казна!!!
    Лично, ќе бев во врска секако и по ништо немаше да бидам поразлична оти не ја тупам со мојот приватен живот со сите наоколу и никако не сакам да се држам за рака со партнерот во јавност, смешно ми е, како деца да сме, ја немам таа потреба.
    Во автобус ми се случува да му заспијам на рамо или тој на мене кога патуваме долго, ама тоа го прават и другари и кој не, него дај да не ја тупиме, за сосема други аспекти на приспособување и осамостојување зборував и на крај реков ќе гледав да заминам во странство оти не ќе можев да преживеам со платата, а за љубов камо нека ја има, и најголемите искушенија и пречки ги надминува ако е вистинска, како и обратното, милиони разводи секоја година од бракови прифатени од јавноста.
    И знам колку е тешко оти го имав дома, и многу добро паметам колку ноќи имам изплакано за него од тага што баш во тинејџерските години кога се држеле за раце и паѓале во транс од првите љубови, тој седеше дома и ја читаше Анаис Нин.
    Ама седеле и други хетеро деца, не сите сме наоѓале љубов, и одбивам на сѐ да гледам патетично.
    Веројатно поради него и имам одбивност од држење за раце, во негова чест, да не се чувствувал покусо!!!
    Абе што ви е златни, нигде не реков дека сме Амстердам, само посочив и на убави работи кои се случуваат во нашето општество дури и во најмалите гратчиња, за прифаќање од некои семејства како нашето, и не за преголеми очекувања од земја која е една од најсиромашните на светот и истата како таква обесправува цело мнозинство на секое поле!
    Не ги испревртувајте нештата по ваша желба за да се зборува само за крв, месо и солзи.
    Има и понадежни прикаски.
    Сите ги кажав!
     
    Последна измена од модератор: 25 октомври 2021
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.