Ставот ми беше за женетите или оние со девојки за по град -мажи, кои му се додворуваа на брат ми, а истите беа гласни хомофоби и зборуваа за брат ми дека е тоа. И да, за мене лажиран брак или врска без да е прифатен,а од двете страни како таква, ми е мизерно оти е крајно неискрено и нечовечко. Се мизерни и ќе ми бидат! Со нив ми почна првиот пост, ми заврши и со поубави нешта. Кажав, ги гледам и пишувам за сите страни! Некогаш попросто и со доза на револт, некогаш смирено и разумно со желба да се разбереме сите. Дечкото од Ресен беше прекрасен оти кога го запознав си имаше свој став за тоа, не беше оженет, не се присилуваше да глуми стрејт мачак со девојки во неговото мало гратче. Нема ништо мизерно во неговиот прифатлив начин за себе - живот со кој не штетеше, лажеше и поднесуваше сметки никому! Не беше аутиран ама пак и не глумеше нешто друго! За неговите си е негов проблем! Не можам ја да му го средувам тоа... Сакаше послободна врска со брат ми, без многу очекувања, а ти сакаш да ми наоѓаш влакна во јајце на што веројатно нема, а ако сепак ги најдеш, имам доволно разум да се извинам и прифатам дека грешам, за разлика од многуте од вас. Човек сум и цел живот се трудам да бидам подобра.
Родителите и мене до скоро одвреме навреме ми спомнуваа за дете, онака суптилно дека сакаат внуче и од мене (а имаат од сестра ми) ама последно кога ѝ реков дека дете од мене ќе види на оној век, се изнасмеавме и двете, и ми се заколна дека никогаш нема да прашаат повеќе. И на свекорот и свекрвата овде им кажав внуци да не очекуваат никогаш, а и дека сите 4ца и моите и тие ќе ни бидат деца наскоро и наместо да ги закачам во некоја смрдлива геријатрија, ќе ги држам на раце, пазам и мазам подобро и со повеќе љубов и од прави деца, оти баш за тие малите немам интерес и потреба. А стари обожувам! Едноставно ја немам! И од многумина сум неразбрана на таа тема!!! Али, ја не сум од тие што ќе земат дете на душа и сами ќе се унесреќат за да ги задоволат потребите на другите! Лани нешто имавме замисла со сопругот за посвојување оти нема шанси да родам биолошки, прејезиво ми е! Ама кога сфативме и двајцата дека внука ми повеќе од еден саат не можеме да ја истрпиме се откажавме од имагинацијата. Не е секој за деца и не треба! А еве хетеро нормативна сум и го немам тој инстинкт и потреба! Светот е преубав со различностите и истите постојат за некаква цел. Од вам зависи дали правилно ќе ги искористите и ќе бидете искрени, спокојни и среќни најпрвин со себе.
Не знам за вас, али мене после ваков муабет би ми било малце срам да продолжам да реплицирам. Одлична поента. Иако дојдена од член кој сметам дека е трол, ама изгледа правото лице е јако занимливо за посматрање. Уште кирилица да пишуваше, ќе добиеше на легитимност. И јас би се сложила со истото. Колку поразлично третираш некој, толку поразлично ќе му биде наметнато да се чувствува или пак ќе сака да се чувствува. Колку си порамнодушен и не гледаш некој со сожалување, полесно ќе се интегрира во општеството. А со тоа што упорно пишувате, дека од секој сокак може да искочи некој и да ги прца со нож, кому услуга правите? Па и јас не би кажала дека сум геј. Параноја заебана работа е.
Настрана останатото помеѓу мене и вам, али за овој коментар лајк од мене! Социопат е тежок збор, а вие никаде не повикавте на насилство. Имате почит од мене за коментаров! ❤️
И уште нешто, подобро ќе пишувам како гејовите не се дискриминирани, дека луѓето не се замараат кој што прави во кревет, а со тоа да охрабрам некој да ја симне својата маска, отколку дека ако кажат, ќе ги избркаат од дома, ќе ги вреѓаат, тепаат, убиваат, масакрираат, бесат. Замислете некој од страна да чита и да го дрма тешка анксиозност на самата помисла да каже? Заебано е нели? Олабавете со црните сценарија, што сте ги чуле, а не виделе.
Пробав да си читам и да не се мешам, пробав, ама после болдираното тешко. Имам само едно едноставно прашање. Девојко, дали си ти нормална?
Три стрејт особи цела недела објаснуваат што треба хомосексуалците од мк да праат и како да се осеќаат. Брао!
И пар луѓе објаснуваат врз база на разни умствени статистички податоци како, ако каже некој дека е геј, ќе биде 100 процентно претепан. Брао!
Да, но не беше ништо сериозно превземено во сите случаеви. Покажува колку сме компетентни како општество и држава.
А што всушност се случило? Затоа што, полицијата не реагира доколку нема физичко насилство, што лично мене не ми се допаѓа ама воопшто.
Не треба никој да е претепан. Никој не ми одговара на постот во кој раскажав лоша ситуација, секако пошто сте ненормални и без емпатија и ќе прегазите преку вистински жртви само за да докажете некоја лоша поента.