Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хомосексуалност

Дискусија во 'Врски' започната од Boyfromtown, 27 март 2010.

  1. Кои навреди и потпалување на дискриминација од "борци и борки" за човекови права!
    И оние писанијата на латиница не содржеа дијагнози кои тие ги упатија кон некој кој сакаше да помогне и од сите можни аспекти раскажа свое најинтимно искуство со милион примери од секаде по светот кои ние можеме да ги менуваме ако се приспособиме на нивниот јазик и многу умно комуницираме.
    Истово го правеа легитимните борци и борки од невладините по медиуми. Пред години една борка дури беше запрена од водителката на радио оти почна да користи вакви дијагнози за целото општество и нанесе само штета на заедницата.
    Не знам зошто не разбираат дека ако не зборуваме само за лоши искуства, мислат дека ги негираме или поддржуваме истите.
    Јас барем кажав сѐ постоечко и добро и лошо и ме наградија со биполарна дијагноза.
    Жал ми е за дел од Македонците кои се навистина препрекрасни за условите во кои живеат, ама седејќи тука добивам впечаток дека најмногубројни се оние токму како "борциве" овде и дали свесно или несвесно, самите ја потпомагаат да функционира така како функционира државата.
    Реков погоре, самите одбираат да се валкаат оти не знаат за подлабока размисла и извини.
    Ти се извинувам уште еднаш за моите етикети кои ти ги доделив и драго ми е што на крајот доближив толку многу слики токму поради тебе.
    А најискрено, да не беше мојот брат геј и да бев доволно тврдоглава како борциве овде, ќе станев дури хомофоб!
    Совршено ги разбирам сега оние кои со нивниот капацитет и немање знаење и искуства кон овој проблем, уште во земја во која "старателите" - тие кои се задолжени, не ги учат, колку лесно може да се стане хомофоб!
    И згора, уште "борците" кои го потпомагаат истиот да стане уште погневен!
    Среќна сум што те запознав овде!
    Остани ми и биди добро понатаму.
    ❤️
     
    На simoncelicius, La Stilla и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Сите не може да ми велат секаде. Затоа што секогаш постои веројатност некој друг да не се сложува со првичната група. По таа логика и ти сметаш дека некој е ненормален, доколку генерализираш.
    И не се работи за повредување на чувства, збориме за форум. Туку неможноста да ја искажеш својата мисла, ја заменуваш со простачки речник, со цел да искажеш замислена супериорност. И нормално на таква акција, да дадам реакција, што не афирмира никаков допир со моите чувства.
    И кого тоа јас осудив, а не знам? Зошто да имам емпатија на туѓи измислени приказни? И како моето е судење, а не вашите навреди и испади со уличарски речници.
    Окееејјј
     
    На simoncelicius и (избришан член) им се допаѓа ова.
  3. Апсолутно, слободно може да се види статистика на страната од Хелсиншки, барем тие ќе објават и ако некој накриво ги погледнал.
    Не се свесни борциве која пропаганда ја шират и ќе направат феминизирани деца поготово, да не излезат од дома и да завршат на антидепресиви.
    Без негација кон сѐ возможно кон тие специфични стереотипни карактеристики, ама дајте им малку кораж дека не сме Авганистан, и самите добро го знаат тоа.
    Дадов инфо од невладините ако некој се наоѓа во опасност.
    Тие очекуваат ја и ти да плачеме овде.
    И ќе наречат некој емпатичен ако им стави емотикон со солзи..
     
    На simoncelicius и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Јас не реков 'ненормален' за никој.
    Само посочив од примерот дека не е убаво.

    А ти се обидуваш и навреда да рационализираш.
     
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Не сметам дека е болсест, постоела откако постоело човештвото, на почеток во тоа пелменските заедници и старешинствата, еве и во античка Грција љубовта меѓу постар маж, ментор и помладо момче се сметала за светост, жените и стоката спиеле на долните катови од куќите и се имало односи со жените само за да добијат потомство. Така да минатото укажува дека хомосексуалноста постоела и се гледала и доживувала на друг начин отколку времево пред неколку децении. Дека сметам денес има голем напредок и исчекор кон прифаќање на оние со различна сексуална определба. Но во вековите по античка Грција кога се очекувало да се има здраво поколение и потомство некако се наметнала како доминантна брачната заедница меѓу маж и жена, а и главно браковите имале финансиски побуди и мотив да се одржи доминација кај земјопоседниците, властелините, а обичната раја исто била мозочно моделирана да прифаќа и практикува таков брак, па некако хомосексуалците биле отфрлени и неприфатени, ама пак ги имало и тоа истакнати лица низ историјата. Оскар Вајлд, Бајрон итн.
    Поддржувам хомосексулана врска, но ми пречат ликови кои од финансиски побуди се декларираат како хомосексуалци да ги користат средствата и можностите кои ЛГБТ заедницата ги нуди (имам сигурни извори дека пред 15тина год. добиваа месечен надомес активните членови кај нас) и оние кои од лични побуди и помодарство се декларираат како такви, прават испади во јавноста со кои ги оцрнуваат хомосексуалците како заедница. Боки13 е типичен пример на кловн кој само го валкаше ликот и делото на ЛГБТ. И прочитав во темава како некои го величат, па дали сте вие во ред со тие вашо ставови?
    Друго сиромаштијата на народов правела да се занимаваат со тоа кој е кој и да мразат, ама истата таа сиромаштија втурнува млади да се декларираат како геј иако не се или може се малку збунети што се, за пари, така да, меч со две оштрици е ова. Ама се согласувам кога би биле економски појаки би се отклониле овие кловнови кои се фејкери за пари и баш сите бенефиции и права би ги користеле реалните хомосексуалци.
    Немам некое забетонирано, фиксно мислење во врска со легализацијава, ама па и не ми пречи да сум нешто борец против легализација, не сум. Има ситуации во кои парот има долга хомосексуална врска и порано како што било, ако почине едниот другиот законски нема право да наследи се што на хетеросексуален пратнер му следи. Така да ете поддржувам законски да се покриени партнерите во таков брак.
    Сум имала многу добра пријателка лезбејка, кога ми се отвори не ми се веруваше зошто знам беше многу посакувана меѓу машките и имаше долги врски со машки, ама ја прифатив и насамо со неа сум излегувала, не ме засегало како ќе ме доживува околината. Одев и кај што излегуваа, на журки организирани од нејзината група од ЛГБТ организацијата и тој период осознав многу нешта како функционираат кај нас и какви струења има па делумно го разбирам револтот кон нив некои членки што го имаат и јавно искажуваат.
    Ама дајте да бидеме реални носење розеви очила никому не помага, а и спалување на клада за изнесување на лични ставови исто не треба, треба прифаќање и на мислењата на едниот табор и на другиот табор за да се направи уште поголем исчекор кон подобро.
    И на крај ај Петар писателот на варвари е аутиран геј, а јас не знаев и пред некое време имав наивен флерт од моја страна кој не беше возвратен(facepalm) Е и заради ова сметам дека многу пофер и поетички е да се изразуваат јавно каква опредлеба имаат, а не да се женат имаат деца, исполнуваат желби на родители или нивни лични, дека не се 100% од внатре, од себе прифатени како нормални, како нормлано тоа што го прават, отколу да киснат по апликации.
    Не мора на барабан да тропаат и трубат што се, ама па и глумење лудило нема потреба. Сепак да не си им во кожа додека ја минуаат таа фаза, го сварат се тоа до моментот да објават што се. Пријател исто така близок од неприфаќање од дома, во јавноста не се истакнуваше, ама знаеа дека е геј, на работа исто никаква дискриминација еве го неколку години е надвор од државава за да живее слободно, што и укажува дека кај нас не е се идеално, ама дека е подобрено е многу од порано, од некогаш. Сепак дека дискриминација постои и не се сомневам за психичко и физичко насилство има, а не треба. И тие што запнавте дали пријавиле и изреагирала полицијата имајте во предвид дека многу хомосексуалци не пријавуваат свесни се за двојната виктимизација која им следи, мирно си ги залекуваат раните и физички и психички, што не треба, треба да се реагира, ама во нашето општество најбитно е да се смени свеста, климата и мислам тоа нема во иднина ич да се случува или минимално. И да истакнам младината има поголем праг на толеранција и разбирање и да варварски е да бидат жртва на психичка и физичка тортура, тоа е некое недопустливо понашање.
    Немам проблем дете да ми е геј, само сакам да ми презнае, да не се плаши од отфрленост, зошто никогаш нема да ми биде отфрлено и моите деца ќе ги научам да разберат и сфатат дека има разноликост и љубов и меѓу ист пол и тие имаат еднакви права и прифатеност како сите кои вистински се љубат.
     
    На Bezimenka90 и MissChievous им се допаѓа ова.
  6. Истото го напишав со сите добри и лоши страни,некогаш и сега, ама тие сакаат да се зборува само за палење на клада.
    И ме наградија со дијагноза оти објаснив сѐ. И доброто и лошото.
    Жедни се само за приказни со крв, месо и солзи, а ако кажеш нешто и поцивилизирано за да поттикнеш, се пуштаат како хиени дека ја негирам другата страна за која уште во првиот пост напишав дека ја има.
    Кажавме сѐ мислам.
    Ако толку имаат желба борциве и боркиве нека одат да волонтираат по невладините или сами нека се регистрираат како тоа и нека закажат за почеток состанок со министрите задолжени за ова.
    Не е ич тешко, кога веќе имаат толку време за да бидат на Фемина.
    Ги бодрам да го направат тоа!
    И оттука ќе ги поддржувам преку нет.❤️
     
    Последна измена од модератор: 26 октомври 2021
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Не читав од почеток се како почнала и се развила твојата дискусија во вакви размери, ги прочитав последниве 5-6 стр. ама и за тебе и за секого совет размислете зошто акцијата создава таква реакција.
    Поконкретно, јасно и пречистено писание е многу полесно за разбирање и отварање конструктивна дискусија. Не го читав случајот на момчето, ама претпоставувам е геј, трансродово, за Елена-Алекс да не станува збор, еве не знам, ама не можеш да кажеш не ме засега, не ме допира приказната нека се обрати таму и таму.
    Еве мене ме допира и да нека се обрати, да, а најубаво е да стигнеме до фаза во која никој никаде не мора да се обраќа за заштита, поддршка, пари.
    Кога секој ќе си гледа во свој двор и при тоа со емпатија и покажува акција каде што е потребна би биле ментално мн. понапред од тоа кај што сме сега.
     
  8. Изреволтирано напишав дека сум индиферентена, на нејзиното барање да се растажам на постот, кој поинаку не го разбирам, навистина, и беше напишан како трип за истото што и ти го напиша и се послужи или ги делиш моите примери.

    Тоа што и ти го напиша за невладините го кажав мал милион пати, но не скрив и дека истите без разлика на нивните цели и лични придобивки, ПРАВАТ НЕШТО по нивна замисла и истото е во корист на заедницата и дадов инфо каде да се обратат и останатите и другарчето од дотичната!
    Нека остави контакт од момчето, лично ќе го побарам и понудам помош и поддршка!
    На пост со трагична анонимна содржина можам да ставам емотикон со солза кој ништо нема да помогне, поготово кај нејзиниот со значење на трип, поради намерно одење контра на моите по нејзина погрешна замисла дека јас сакам да раскажувам само розови приказни.
    Бев дијагностицирана оти ги кажав и добрите и лошите страни, а тие сметаат дека е здраво да се гледа и уважува како единствена само една од нив.
    Самонаречени борци се испослужија со најниски навреди и потпалија уште повеќе веќе постоечка дискриминација и хомофобија.
    Лично нареков мизерни во знак на револт како сестра на геј брат - оженети хомофоби, и дури и тој термин ми е одвратен кај самата себе, едноставно навреди, дијагнози и етикети само одмогаат и имам доблест да се извинам за истите, што не беше случај со борците.
    За Боки.. Ниту го извеличав нити се согласив со ставот на дечкото кој го нарече мизерен, оти најсетне истиот Боки кој како првиот македонски травестит тврдам и имам примери дека ги поттикна да се аутираат многу припадници од буквата Т од ЛГБТ со негов капацитет, можности и визија, ма колку сакал бил тој кловн по твоја замисла , а со тоа и ти ја навреди истата целна група. Каков треба да биде травестит за да не биде кловн по твое?
    И травестизмот нема никаква врска со сексуалната припадност.
    Боки може да биде и стрејт сосема можно. Сѐ може да биде.
    Дури од невладините никој не го нарече кловн или го повика некако, оти истиот и никаква заедница не повика или изјасна за истата.
    Беше шоуман травестит и толку.
    Нити го величам нити ми беше мизерен. Кажав дека помогна и како таков, а не знам каков требаше да биде како шоуман травестит по твое. Поготово за наши услови и публика.
    Невладините ги обвинив за нивниот начин на работа и многу грешки во претставувањето на заедницата која ја застапуваат за која имам и докази преку лични искуства, и по моја замисла сметам дека им беше во прилог поради лични придобивки, но ова твоево со сигурни извори дека секој активен член добивал месечен надоместок во минатото без да бил вработен таму, веќе ги надминува сите лимити на имагинација , и јас која има капацитет и искуства да гледа и расправа од сите страни, како активен член на истите од самиот почеток ти тврдам дека никој не земал никакви средства, освен ако не беше вработен таму!
    Не ни постоеше некакво членство, некакви книшки.. !!!
    Во партии тоа го земаат!
    Ако имаш извори и докази слободно прикажи ги таму каде треба и отвори постапка зошто да е тоа така.
    Дека треба разумно да се разговара, се трудам цело време и покрај неразбраноста и навредите од многумина.
    Некогаш со малку револт, некогаш посмирено..
     
    Последна измена од модератор: 26 октомври 2021
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    А каде виде навреда за геј популацијата во моите постови?
    Досадно е веќе.
    Си пишувате нешто што вам ви одговара.
    Не бе не знам што е навреда, психопат сум, ако ти е полесно секако.
     
    На simoncelicius, Tanjamm и (избришан член) им се допаѓа ова.
  10. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Многу напаѓаш со потцртаното, пополека, смири се малку. Јас не навредив транвестити туку реков беше кловн зошто глумеше лудило. После зошто те напаѓале, епа не знам, нешто конструктивна дискусија да знаеш да водиш на темава без да ти е базирана на претпоставки и напади базирани врз нив.
    Парашај ме прво што мислам под тоа Боки беше кловн, е не ме нападна јас сум ги напаѓала транвеститите преку оваа изјава:drunk:
    За парите што им се даваа, објаснив како било и ми е предочено и мене лично пред 15год. сега да идам да пријавам и да се расправам за нешто како било и можеби е сменето, епа немам јас толку вишок време, а и вишок време да идам во неконструктивни дискусии со некоја што ќе нападне, изнавреѓа поради конструкт базиран на нејзини претопставки, па после пу пу не важи, ова мислев, не мислев мизерни итн.
    Јас пишав јасно, конкретно писание ќе надминеше ваков тек на дискусијата, ама зошто ја водиш наваму на оваа конкретна тема, па затоа се зафркаваат погоре некои кога пишаел хетеросексуалка кажува како гејовите треба и не треба ти си знаеш и не ме занима.
    Ако си конструктивна цитирај и објаснувај, ама ако не напаѓаш не очекувај некоја да те одмине без да ти каже дали си нормална|( Јас нема зошто да ти го кажам тоа, ама некоја е потемпераментна плеска. Полемики со тебе по ова толку ми се, моето го кажав, кој сака конструктивно да разговарам ок, кој сака да извртува и напаѓа слободно:bandit:
     
  11. Да кажеш читко, јасно и ГЛАСНО дека од сигурни извори некој земал пари е сериозна работа за која се оди на суд!!!
    А притоа немаш време и волја сега за тоа, ама имаше да го стресеш!!!
    Кловн е веќе навреда и навистина навредуваш цела Т група, оти сметаш дека штетно ги претставил, и самата го поврза, некој кој професионално се бавеше со шоубизнис како травестит и истиот го поврза со заедницата за која никогаш не се изјасна јавно, а притоа не заборави да ме оставиш покусо, поточно ги оправда навредите од "темпераментните" кон мене.
    И сѐ само заради тоа што посочувам да не се лупета така лежерно со секакви спамови тука.
    Ниеден од застапниците на заедницата јавно не го нарече кловн и не го поврза со истата!
    Исто е како да речам за некој кој мислам дека е геј а не се изјаснил јавно, дека му наштетил на заедницата со нешто, па уште на целата!
    Одговорот ти беше дека глумел лудило и стварно не знам какво е тоа и какво треба да биде лудилото глумено од шоуман?
    Драг кралици го прават истото, глумат, прикажуваат нешто, уметници се.. Ги има и добри и лоши, ама не се поврзуваат со целата заедница.
    Обично нивните трансформативни перформанси се поврзани со шоу-бизнисот!
    А Боки колку и да глумеше лудило по твое, и странски медиуми пишуваа дека дури потпомогнал на дел од заедницата да се аутира, и после него имаше и други транс перформери по скопските клубови, ги заборавив како се викаа 4 те драг кралици кои настапуваа едно време по Ск..
    Ако одбираш да мислиш дека само наштетил, во ред.
    Т буквата во ЛГБТ е широк поим, опфаќа еден куп транс групи и подгрупи, меѓу кои и шоу перформери и никако не треба така лежерно да се поврзе уште со целата ЛГБТ заедница!
    Хетеросексуалнава се занимаваше долго со оваа заедница и звучи ненормално оти нема живци веќе да расправа со постојани повторувачки спамови, сулуди визии, причинувања, поврзувања и обвинувања, и уште згора петпарачки навреди од уличен вокабулар, без да се каже извини.
    А истава воопшто не те навреди, само ти посочи каде смета дека грешиш.
     
    Последна измена од модератор: 26 октомври 2021
  12. Посочете ми и вие каде грешам без навреди или барем имајте образ да се извините за нив, како што се извинив и јас за две три од многу лесен карактер, и можеме да дискутираме со мислења, аргументи, визии и дури невладина да отвориме и права да им бараме, ама цивилизирано, не одма со ненормална и дијагнози без никакво цивилизирано образложение, оти некој гледа и сака да расправа за сите страни, и добри и лоши.
     
  13. Поврзувањето на Боки со цела заедница е истиот пример како на девојчето од скоро што вадеше примери од одредени припадници кои се изживувале со религиозни мотиви и сакаше да ја стави цела заедница во ист кош и изврши чиста дискриминација како и ти.

    Само легитимни застапници можат да одговараат и бидат поврзани поради некакви дела, штетни или не, кон тие кои ги застапуваат.
    Како политичарите за твоите услови и поведение таму, и оправдана огорченост со истите.
    Без разлика што ти по твоја замисла, за арно од заедницата сакаше да го отстраниш Боки од истата и уште да кажеш дека им наштетил, а истиот нити беше легитимен застапник, нити се изјасна за неговата сексуална определба јавно, припаѓаше само во таа мала подгрупа на буквата Т, трансперформери поради шоубизнис, и истите не прават ништо за целата заедница ако самите не сакаат да се вклучат во некаков активизам, нити треба да даваат некаква слика за истата.
    Обвинувањата за давање пари на членови и зачленување дури на такви кои не се тоа по определба заради истите, се сериозна обвина, па макар и пред 50 години да била, ако немаш готови докази дома.
    Конструктивно едуцирање на оваа ранлива тема, многу вистински искуства, готови докази и длабока размисла пред обидот да се направи било што за истата, советувам!
    Сите правиме грешки, ама затоа постојат извинувања, поправки и цивилизирани дискусии за да си дадеме шанса едни на други и помогнеме за добивање на правата од заедницата, секако продуктивно.
     
    Последна измена од модератор: 26 октомври 2021
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.637
    Допаѓања:
    25.355
    Пол:
    Машки
    @Interrupted Girl те молам престани, срамота е да го пишуваш ова што го пишуваш а да имаш геј брат.
     
    На Indiegurl, Bezimenka90 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Никаде јас ништо не оправдав, туку ти посочив каде грешиш во нивни очи па те навредуваат, јас ти пишав јас не би ти се обратила кон тебе така, ама дај смањи доживљај.
    Премногу се внесуваш и претеруваш и некои така темпераментни слично како тебе излетуваат и одат во лична навреда.
    Е така јас никаде не те невредив кога ти пишав што тие ти пишале и зошто туку ти псоочив каде грешиш ама културно, а не како тебе со навреди, клевети кој и кај и зошто да одел на суд.
    Пополека, смири се, не само со мене и со други ако сакаш да продолжиш да пишуваш конструктивни дискусии и бидеш перципирана озбилно, а не како бесна, изреволтирана странка која плука по се и сешто. Пополека, најиронично е што делумно исто пишуваме, како и самата што потврди, ама мене ме испонавреѓа и после сакаш да влегувам во асален муабет со тебе, па ќе размислам дали сакам иако може најреална и најточна поента да сакаш да доловиш, начинот на кој што го правиш и пишуваш не ти чини.
    Тука грешиш веќе кога си прашала што згреши.
    И едно извини и после пак ист начин на изразување ништо не мења. Прочитај, соџвакај, коректно обрати се и се надевам ниеден член на темава нема да има повод да те напаѓа, ќе дискутирате фер и со ферски тек на дискусија. Зошто вака препрочитај си ги само последниве 6-7 страници колку и јас еве како што реков прочитав и види си сама кој и каде греши, па после ќе дискутирам јас лично со тебе на ниво на кое ќе ми се обратиш. Ако ми почнеш со напад ќе те нападнам иако досега гледаш се ти одминав кај што буцкаш кај што не знаеш што е работата или не разбираш или не подраспрашуваш детално туку напаѓаш.
    На крај од денот ниту јас што сум пишала, нити ти како си рабрала, ниту која кога и зошто навредила не е битно, битно е како хомосекуслаците се прифатени, разбрани и живеат кај нас, прифатени и од нив и од околината. И зошто ако се е розево сепак идат во странство, еве мене другар ми многу ми фали, никој не го закачаше, на работа прифатен и напушти преубава служба и го осакати ова општество да му фали прекрасна, професионално комплетно изградена личност.
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Искрено, да не клеветам, ама мож брат и ги дели нејзините ставови, од перспектива на привилегија и среќа која ја имал да има прифатливо семејство и да се пресели и најде љубов во странство, па сеа демек не му било лошо.
     
    На Nikolina35, Indiegurl, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.411
    Пол:
    Женски
    Остави, немој да се правдаш повеќе џабе е.
    Повеќето од тука радо би да изиграваат констатно жртви, за се', не конкретно само за темава.
    Ќе те ценат само ако си со ставот дека геј луѓето во Македонија ги тепаат на секој чекор, ги плукаат па и ги палат на клада понекогаш, ќе те ценат ако тврдиш дека Македонците се племе нецивилизирано, заглавено со ставови од 10ти век итд итд.

    Само ако споделиш мислење мааалку поразлично од горното, ти си прогласен за Хомофоб, ма колку и да сакаш да се објасниш. Штом не ја оплакуваш тешката судбина на луѓето кои од мене и од тебе се разликуваат само по тоа што имаат партнери од истиот пол, ти си лоша и одвратна личност полна со предрасуди!
     
    На Tanjamm, La Stilla и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  18. Искинав пола од веќе цвикнативе живци за два дена што поседав тука и бев доволно будалеста да им одговарам и објаснувам до најситен детаљ за сѐ.
    Али во право си скроз, премногу непотребно се внесувам. Прифаќам.
    И упорно истото, брат ѝ ако имал среќа што поминал лесно немаат сите, ко јас да реков дека имаат и мора да имаат сите, или како да негирав дека дискриминација и трагика не постои!
    Ова се однесува на другите, не на тебе.
    Заминуваат дури и кога немаат никаква дискриминација како индивидуи на ниедно поле, оти ја имаат онаа од институциите.
    Не постојат легитимно како такви овде.
    Јас познавам неколу лез девојки кои од дома се прифатени, функционираат со супер друштва како тие луѓенцата прогресивни кои ги спомна и ти, супер се прифатени и на работа од колегите, не сакаат да чујат за заминување, не би го оставиле животот таму од кои се задоволни велат ама и активно се борат за правата, одлучија тука да го прават тоа, а никаде не реков дека нема еден куп оженети па и омажени лг припадници кои одлучиле да останат тука ама се присилиле да не отскокнуваат од нормата, впрочем со нив го почнав и првиот пост.
    Верувам дека прекрасни деца си заминаа таму каде ги имаат правата и совршено ги разбирам.

    Иако не познавам, (оти сите што ги познавам беа веќе во лажни бракови) али сигурно постојат такви кои засекогаш се имаат разделено од семејствата поради неприфаќање и тежок пат на осамостојување имаат поминато и минуваат..
    Никако не е лесно твојот да те отфрли. Тоа е болка за цел живот!
    За среќа брат ми ја немаше..
    Затоа и ја раскажав нашата која би внела надеж зашто навистина има освестени луѓе и кај нас.
    Можда некој преку мојата приказна конечно ќе добие храброст да им каже на своите и замислете со прегратка да биде прифатен.. ❤️
    Беснава странка нема лошо срце!
    Многу убав пример даде со другар ти кој не доживеал дискриминација на работно место пред сѐ, али си заминал поради правата за кои немал надеж дека ќе ги дочека скоро..
    Сите сакаме да сме препознаени и признаени.
    Свесна сум дека звучам како кучка напати оти општеството таму за кое одбивам целото да го фрлам во ист кош ми искина добри дебели живци кои ќе ми траеа до на старост на друго место.
    Али се трудам да останам на убавото.
    А да сакав можев да ги раскажам најтешките и најтажните прикаски оттаму, ама нема фајде од истите.
    Кажав права кај кого и како се бараат.
    Секое добро ти посакувам.
     
    Последна измена од модератор: 26 октомври 2021
    На GrimTheReaper и Idedemja им се допаѓа ова.
  19. Ако ги имаа исплакано моите солзи, верувај ми, немаа да имаат волја да напишат било што трагично овде, него ќе тропаа по вратите по кои сум тропала и јас и овде ќе гледаа да поттикнат а не да дозакопаат, веќе и онака закопани граѓани ни криви ни должни ниту пак припадници на ЛГБТ.
    Ти благодарам за разбирањето и поддршката!
    Најтопло ми те гушкам ❤️
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Зошто е срамота? Затоа што не го претставува како свет маченик? Сакате да читате само тажни стории, исполнети со насилство, што кажува повеќе за твојот извонреден ум.
    Еве уште ја чекам @Indiegurl да одговори на прашањата. Доста лесно се потврдува веродостојноста на приказните. Само што никогаш не се случиле и тоа е срамота. Да лажеш од корист, што на крај ќе ја немаш.
     
    На Need for Speed, Избришан профил 146538 и christinnn им се допаѓа ова.