Форумот е само празни зборови, реалноста е друга. Никој не се замара толку, како што тука изгледа. Нека биде среќен и исполнет брат ти каде и да живее, тоа е најважно. Му посакувам се најдобро.
Спомнав солзи оти очигледно се жедни за истите и мислат дека ги немав оти сум "ненормална". Плачев од мој сензибилитет за доживување на нештата за многу од нив. Едно време имав и страна за поддршка со кои комуницирав и им помогав со пренасочување во центрите. Никој од сите што се јавија не им висеше животот на конец, беа во школо закачани на исто ниво како дебели деца и слични естетски различности кои не им се по мерка. Еден случај запознав од истокот на Македонија кој се имаше соочено со насилство како трансродово лице. Ова пред 15 год. А сега во истото гратче има центарче за бесплатна правна помош и трансродовото лице веќе на хормонска терапија е многу уважен жител на гратчето. Нема ниту еден поглед накриву. И не оти отвориле центарче, отворено беше деновиве, оти никогаш немаше ни проблеми со мештаните. Се степаа со врсници за нешто во школо, не беше мотивот само оти е трансродово лице, али ајде го ставија како таков. Убиство поради лгбт фобија никогаш не сретнав во Македонија, а овие со јазиците извадени надвор нестрпливо чекаат да се случи. Солзи исплакав и по врати изтропав оти се борев доста активно на мој начин пред години таму, не оти нешто посебно му правеа на брат ми. Ми беше жал дека ќе се разделиме а многу бевме блиски, знаев дека еден ден ќе си замине поради правата и во негов случај тоа што не му одеше на љубовен план и цело време сонуваше со некој како живеат заедно како се признати од општеството што не е за отфрлање, ама на крајот мислам дека дури и права да дадеа ем пак немаше да се аутираат како во Грција, ем ние веројатно ќе заминевме поради сиромаштијата првенствено. Ние како среднисти едвај туркавме.. Во реалноста таму, секој чесен граѓанин е дискредитиран како и ЛГБТ и џабе брак на хетеросексуалните кога институцијално немаат никакво фајде од истиот. Ајде поздрав, и драго ми е што ја гледаш реалноста, и ти благодарам за честитката за брат ми❤️
Извини што почека неколку дена за одговор, не ми е приоритет да дремам на форум како што гледаш, сакав да го кажам истото и за тебе но нема да е баш соодветно. Инаку, за конкретниот случај што го спомнав страници наназад, се работеше за дете што доаѓаше нашминкано во школо, не сум имала шанса лично да го запознаам но знам дека беше многу мирно и кротко карактерче во средно. После школо беше начекан и претепан од соученици (не знам дали беа тие, можеби и генерација помлади, не се сеќавам баш) Детево заврши во болница и не го видов долго време, ама дечките се вратија назад после неколку дена ко ништо да не се десило. Едит: да не заборавам да напоменам дека дечките до ден денес си останаа исти. Што и како полицијата направила после тоа не знам, ама очигледно не било доволно. Ме остава само со една импресија, дека навистина нешто не е во ред со нашиот начин на справување со булинг од било кој степен. И полека малце, да го внесевте истово бодрење, енергија и компетитивност во животот надвор од фемина можеби на некого вашите мислења ќе му беа битни. Чирс
Има и вакви случаеви, поготово на Балканот, каде феминизираноста и сѐ што се смета за "женско" кај машкиот пол е неприфатливо од одредени индивидуи. А истите тие насилници комотно можат да бидат геј, би сеедно а да малтретираат па дури и истепаат феминизирано или другарче кое едноставно се коси со нивните машкулинистички критериуми, а жртвата никако не мора да биде ЛГБТ припадник. Ги има овие прикаски секаде по светот од шовинистички кланови и не знам дали некогаш ќе престанат. Анималното во човекот не знам дали некогаш ќе се исфилтрира до степен на здраво его и свест кај целата популација во светот. Жал ми е за детето и за многу жртви како него. Чув дека се работи и зборува на овие теми по училиштата веќе од стручни лица како контрабулинг и кај нас.
Прво. Зависи што подразбираш под дремење, но си била доста активна и вчера и завчера. Имаше време да вратиш, со оглед дека се работи за активност која траела неколку часа. Второ. Во првичниот пост напиша дека се работи за другар, а сега пишуваш дека не си го ни познавала. Ако не си го видела долго време, со оглед дека не си го ни познавала, можеби само не си го ни приметила. Што не значи дека се работело за тешка телесна повреда, и токму затоа полицијата не постапила со затворска казна. Трето. Говориш дека си била сведок на насилство врз повеќе лица, а всушност е само едно лице. Убаво ти реков, веродостојноста на приказната веднаш се открива. Али свака част на вложената енергија за креирање на фејк њуз. Види во штаб, кариера ќе си направиш Секој твој збор понатака е излишен. Кога веќе ме напаѓаш, барем внимавај на деталите на лагите. Чисто онака едукативно, ќе ти послужи утре. И да се докажам уште нешто. Јас насилство од хомофобна природа, со очи немам видено, но не негирам дека некаде постои. Јас ја презентирам мојата страна, но ќе ве замолам лаги и измишљотини да не се пишува за да ми се докаже нешто. Немате поента, а не дека и со ширењето лажна параноја ќе помогнете некому, освен да не спие навечер и да го дрма депресија затоа што е геј.
Премногу објаснување кое не води никаде конкретно на форумов. Ако толку се засегнати, можат да почнат да помагаат најсетне, оставив инфо од две големи невладини. Коалиција Маргини Хелсиншки комитет Секогаш се отворени за волонтирање а чак и за вработување може да прашаат и станат активни легитимни активисти, и радо можат да известуваат овде како стојат работите преку легитимни линкови. Нема смисла повеќе.
Мислам, не знам зошто толку значење си придаваш себеси, јас може у еден ден да завршам милион обврски и сепак се изнапишам во милион теми, а реплицирање на твоиве изливи на фрустрации да ми стојат најдоле на моите приоритети, додека кај тебе се најпрви, затоа што само тука може да се чувствуваш релевантна. ВтОрО, имам успешна кариера шо не се залага околу аргументирања и напади, ама гледам дека тебе за тоа поише те бива. Трето, се обратив со "другар" за тоа што (ова ќе го кажам најдобронамерно, и се надевам нема да се навредиш, но ако дојде до тоа слободно реплицирај уште еднаш со реферат на излив, ти ја сфаќам состојбата) ама затоа што не те сметам или перципирам како личност за која вреди да се влегува во детали или пак интересно дебатирање. Сепак, колку и да не се сложувам со членката @Interrupted Girl јас сепак имам високо ниво на почит за неа, поради начинот на нејзинот изразување. Ете барем тоа добро ќе го кажам за темата. Едит: и да не заборавам, висење во една тема со детерминација да испаднеш во право, кога самата си стрејт и се гледа дека не си ниту во лгбт ниту во некоја корисна заедница, и проверување каде и што одреден член пишува.. Мислам, болест..
Како геј лице, би ве замолил вас двете членки, културно, да не кажувате како геј лицата живеат во Македонија, и за тоа колку нема хомофобија само затоа што "вие не сте виделе како претепуваат некого" или само затоа што вашиот брат/другар/било што ја имал среќата да има прифатливи родители и близок круг на опкружување, на истиот начин како што јас, машко лице, не тврдам дека не постои сексизам (а постои). Хомофобија не е само претепување, всушност не може некој да биде тепан кога нема аутирани геј лица во пошироката јавност. Да, постојат ЛГБТ лица кои никогаш не доживеале нешто лошо, но тоа се премал број луѓе, генерално од Скопје. Животот во сите други градови е многу поразличен. Не знам ни што се објаснувам толку, едноставно не е ВАШЕ вие да кажувате каков е животот на луѓето во кои не спаѓа вашиот. Не покажувате интелигенција со вашите ПРЕсмешни писанија на темава, напротив покажувате ужасно голема плиткост и игноратност. Благодарам однапред.
Да си придаваш значење себе си, значи дека се цениш и почитуваш како целина. Тоа воопшто не е лоша одлика на едно битие, напротив. Колку што се сеќавам, ти, мене ме стави во приоритет за да докажеш некаква поента, а јас секако, како што културата ми налага, ќе те удостојам со одговор. За успешноста на твојата кариера не навлегувам, но секоја чест, со оглед на тоа што си се уште на факултет. И не ми одзема време проверувањето каде и што пишува некој член, всушност доволно е само 2 минути да селектирам она што ме интересира и да таргетирам специфичност која би сакала да ми биде разјаснета. Кога пишуваш на форум, пишуваш со цел да те чита пошироката јавност, зошто па мене лично би ме интересирало дали се работи за другар или познаник, туку веќе кога решаваш да презентираш одреден настан, барем усогласи ги фактите, освен ако не се фикции. И доколку знаеш организација и си посветена на нивната кауза, посочи ми, можеби и јас ќе придонесам нешто корисно за нивното општество. Како што пишав и претходно, не сум против и сакам што побрзо да си ги добијат своите права, за да јас на раат си гледам серија, без истото секој пат да ми се трие низ нос, како впрочем секоја пренагласена работа во секојдневието. И искрено ти благодарам што дијагностицира некаква болест кај мене, што досега никој не ја дијагностицирал. Како се вика болеста да сакаш да читаш вистина, а не лага?! Секое добро, И повторно ти се заблагодарувам на прекрасните зборови и дијагнози
Како реков погоре, да сакам можам да ги раскажам најтажните прикаски на светот.. Истите ме чинеа 15 год зависност од дроги, последната скоро ја прекинав - бензодијазепини, и популарна сум на форумов за истата по рубрики каде важам за чудна, болна, будала.. Почнав да земам дроги поради анксиозноста која си ја начнав дека брат ми еден ден ќе го убијат, дека цело семејство ќе ми го убијат поточно поради тоа што брат ми е, мештаните.. Кога и да слушнев дека се случила тепачка во клуб, добивав тахикардија - 250 ми е највисоката супервентрикуларна, едно 20 пати најмалку ми се имаат случено и траеа цел час, а мал милион до 180, веќе ми имаа станато норма во 20 тите. Бев зависна од болка и тага, ВЕЛШМЕРЦ е називот за таа состојба или потреба која беше начната од ирационални стравови и очекувања поради брат ми. Соња Савиќ, цела ЕКВ екипа и многу други непознати љубители на тага си заминаа прерано и не го спасија светот со потребата да се сочувствува и носи на грбот целата светска болка и тага. Никогаш нема да дочекаме облечено во бело да си мавтаме со маслинови гранки.. Секогаш ќе има болка и тага на овој свет. Ако сакаме да помогнеме некому да ја намалиме или спречиме друг начин освен работа на истата за која стручни лица од таа област може да ве обучат како, не постои. Брат ми никогаш не доживеа нешто многу трагично, фала богу, ама јас доживеав на 34 год да имам живци како оние на Витни Хјустон пред да почине, прекрасен сопруг, прекрасно семејство,пријатели буквално сѐ имам што може да посака човек, ама ретко им се радувам оти мозокот ми е делумно упропастен, се надевам ќе се среди еден ден, да чекаме рекоа лекарите. Времето бил најголем лечител. Брат ми кој никогаш не очекуваше нешто лошо, со оптимистична природа и без трошка самосожалување кон себе си, денес е здрав и многу стабилен млад човек во брак со желба да посвојат дете во иднина, а јас никогаш нема да имам дете, оти за едно веќе се упропастив себе, очекувајќи го најлошото. Можам да раскажувам тажаленки додека постои форумов, али со истите само ќе осакатам луѓе со ентузијазам и волја за поубави приказни. Со жртвите секогаш разговарам лично и никогаш не им ја осквернувам болката дури и на анонимен форум. Ни самите не го сакаат тоа оти преку искуствата стануваат многу јаки и одбиваат некој да ги сожалува.Ја споделуваат болката со тие со кои сакаат и поспремни се за да опростат на насилниците од било кој друг опсерватор оти тоа е единствениот начин да се пушти болката и да се очовечат нелуѓето.. Простување и прегратка. Дури кон оние и на кои "господ" не би им простил.. Друг начин нема. И институциите во развиените земји ги учат со убаво да станат луѓе. Јас одбрав да останам во насмевките, да раскажувам убави приказни и да чекам мозокот да ми заздрави барем малку. Се надевам ќе дочекам.
Скролувајќи на фб налетав на статија за Рики Мартин и маж му и детенцето, ми привлече внимание бројот на коментари за да ѕирнам што муабет се прави. Не ни продужавам со коментари, доста е. Што геј луѓето не биле осудувани?
Ова е срамота. Нека ги остават луѓето да прават што дакат. Психата на детето може да биде уништена и со два хетеро родитела и со два хомо родитела. Ако ти си ненормален родител секако психата на детето ќе биде загрозена не зависмо дали си хомо или хетеро. Исто според мене е поубаво да си излезеш како хомо личност и да си признаеш и на другите а и на себе отколку да се омажиш/ожениш и да си го мразиш животот затоа што не си доволно храбар да си признаеш кој си и што си. Јас подржувам геј луѓе и секогаш ќе ги подржувам. Секој заслужува да биде со саканата особа без осуди и навреди. 21 век,2022 година сме. Приберете се и престанете со вакви грозни коментари. Ако не ги подржуваш ќути си и трај си,не мора денот да му биде уништен на некој со твојот не потребен коментар.
Boys be like: "I am uncomfortable around g*y men"...sir, cause you are afraid to be s3xualized like you do to women?
Бисексуална сум, не хомосексуална (треба да се смени насловот во ЛГБТ+) Вчера, прв пат 'излегов' пред мајка ми. 44 години имам... Ми изнакажа се' што би очекувале од типичен хомофоб. Очекував да е така, ама иако очекував... ме погоди ептен. Секој збор шо го кажа, ко да ми беше нож в срце... Не можам да замислам, како би се носела со ова, да и' кажев пред 30 години... Трауми ќе имав, сигурно... Нема полошо од то, родител да те отфрли... Се надевам што побрзо ќе се едуцираат сите, се изнагледавме скршени луѓе...
А шо ти требало да и се отвораш? Како шо си терала досега така да си продолжеше. Делува како намерно да сакате да бидите повредени и навредени. Тие генерации поминаа и заминаа, нема шо да им трубиме да прифатат нешто за кое веќе имаат цврсто зацртан став. Она шо останва е едукација на младите, тие да не останат со закоравени сфаќања. А за возрасната маса, џабе е трудот шо ќе се вложи.
Маж ми знае уште кога се запознавме. Искрено, тој ми е потпората во животот. Без него, кузнај кај ќе бев досега...