Ти си една силна жена. Не можеме да им го смениме менталитетот на тие генерации, едноставно така се задоени со тоа. Ама најважното е тоа што имаш поддршка, не си сама.
Сфаќам како се чувствуваш но нема потреба да се кажува тоа на луѓе кои се израснати во многу поразлични времиња од денешните. Знаеш длабоко во себе како би изреагирале, некако сама се повреди..
Чеј и тука да објаснам... Не пишав за да ме жалите, туку да ги предупредам родитетлите, како изгледа во очите на детето.
Bruh. Прво, секој сака поддршка од родител. Од за најбезвеза работи, до нешто сериозно. И многу поинаку се носиме ко ќе ја добиеме поддршката од родител. Некогаш и да знајме дека ќе не отфрли - мора да кажиме, шо за да ни олесни пошто цел живот да криеш и подголтнуваш е тешко, шо надеж дека можи ќе те прифати оти му си дете и та верба во љубов без услови и некако тегниш кон то оти се надеваш дека си *така* сакан. А ако не е то, и ние имаме деца. Шо ако мое дете е геј/ би? Ако сум лгбт+ дефинитивно ќе кажам на моите за јас да сум прва на мета. Не моето дете. Да биди муабето "ти така му наби" и јас да бидам "кривата" дур сфатат дека не е проблем. Да не мора то да трпи. Да не сум лбгт+ и имам дете лгбт+ јас сум та шо ќе ја отвора та тема дур детето не кажва за да ги ујачам тие околу мене и да влечат кон неутрално/ добар став, а не неутрално/ лош став и да знај детето дека сум на негова страна ( впрочем то го прам и без деца, и во иден партнер главен критериум ми е чоек отворен кон различност оти ако прв камен на мое дете дојди од некој шо треба да го заштити - ќе сум лута на себе за лошиот избор). А на другите да не му текни лош став да изразат ако сакат да му останат во животот. Пошто љубов и поддршка од родител, на ваков или таков начин, е нешто шо го бараме постојано. И шо има огоромен ефект на то како се развиваме во иднина. Така да можиш да речиш дека некој само бара да е повреден. Твое право. Ама некој можи крај краева сака само closure. Добиваме closure без разлика на исходот. И така.
И за то пишав. Иако надеж дека ако се работи за неа дека ќе е поинаку е скроз легитимно. Closure се добива и при позитивен и негативен исход.
Баш така. Посебно во детството, врските кои ги имаме со родителите/старателите, не дефинираат за цел живот. Ако имаш проблем со поврзување, триста нарушувања на личноста можеш да 'развиеш'. Ама луѓето не знаат и мислат дека 'прават добро', дека 'ќе му помогнат' на детето, ако го 'сменат'. Само уште да знаеја дека сексуалноста не се менува... Се палиш, на тоа што се палиш. Веќе во пубертетот знаеш на што.
Зборавме за планови месецот, ја спомнав Парадата на гордоста и ми се развика. Па 'излегов', оти ми е смачено цел живот да слушам навреди, кои несвесно и кон мене ги труби. Е овојпат, директно мене ми ги кажа. Каков родител си, ако на детето му речиш дека е 'ненормално', 'треба да се лечи', 'поарно да умрела, да не дознаела'? Остај ме мене, на дете од 11-25? Ако родителите те отфрлат, која надеж ќе ја имаш дека друг би те сакал таков/ва каков/ва што си? Засекогаш ќе го жигосаш. И после, ќе ми речат дека си ги сакале децата. Не ги сакаат, мислат дека ги поседуваат.
Да му кажувам на некој кој го знам како резонира, а тој мене не баш , и да му давам оружје? Никад , па ни тад. Моето дете е друг свет од мојот родител. Се надевам дека сум подобра од нив. Тие 40 години не ме сконтале, сега ќе ме сфатат Баш и јас како членката мислам дека ако сам се соголуваш, не се чуди оти ти студи. Јас подобро ги сфатив за многу животни филозофии, него ли тие мене За жал. Не сум лезбејка или би, ама ако нешто е мој идентитет , и без мајка ми го терам. Не ми треба браво од никој.
'Оружје'? Ова за родител би било 'оружје'? Ами љубов... нешто? Е сега, уште побитно. Замисли на тинејџери ова им го прават. Какви родители се тие, според тебе 'освестената'? *Пошто за то беше муабетот, а не за мене
Те молам да не ме нарекуваш било како во наводници, зашто што би рекла ти, несмасно е. Ако не можеш да сфатиш дека не мислат сите исто како тебе, не знам зошто дискутираш. Јас ја познавам мајка ми ( минато време, почината е) Ти ја познаваш својата? Не ми збори за едукации, има една поговорка нешто за волови и телиња. Не си ти тинејџерка. И НИКОЈ ама никој паметен нема да препорача аутинг на тинејџер со закоравени родители, се додека е под нивен кров. Оти крвави работи се случувале. Ти бори се со ветерници до кога сакаш, не туку сили овде луге да се аутираат, пошто ти уште повеќе "освестена" се мислиш.
Сфаќам јас дека не мислат сите како мене, само не ми е јасно, какви се тие родители, кои ги отфрлаат сопствените деца?
Вајлд, веќе си самостојна жена со свое семејство и живот зад себе, значи не зависиш никако од мајка ти и не си во позиција каде што ти е на некој начин потребна таа поддршка од родител. Ова важи за било што во животот и за било кој аспект од тебе. Не се согласувам со горе коментарите дека намерно се „соголуваш“ пред некого за да бидеш повредена, пошто да застанеш пред некого и да кажеш што си и како си е храброст, ама не можеш да го кажуваш тоа за да бараш некакво одобрување или валидација. Сите го сакаме тоа особено од родители ама не можеме да очекуваме да го добиваме, а ти не си го ни очекувала и пак си разочарана. Зошто си препишала на себе рецепт за повредени чувства? Ако веќе си сакала да кажеш тоа требало да биде „чисто информативно“ и да го кажеш од место на сигурност во себе - јас сум таа што сум, ти можеш што сакаш да кажеш. Најдобро нешто што можеш да направиш сега за себе е да ја разбереш дека е постара, така е израсната, таква и е перспективата, и самата знаеш дали има простор за менување на нејзиното мислење, ако одговорот е не, нема никаква потреба да се мачиш себеси за каков би бил муабетот мајка ти да не беше хомофоб.
А што има мајка ми да знае каков секс имам и со кој )) ако со маж ми почнеме експерименти со други луѓе, ќе треба ало мамо, вчера двајца ми го бапнаа или две се сексавме со маж ми и супер беше, од сега така ќе правиме. Мислам... Да ме чува, да ме рани, да сум и под кров, да има очекувања за внуче... Јас мажена жена со фамилија, на мама да и кажувам дека сум би. Ич не и гајле, ич. Може и она е, шо ми е гајле
A zosto imase potreba sega na majka ti da i kazuvas? Mozebi voopsto ne trebase da i kazes,spored nejzinata reakcija.. Toa se drugi generacii,so mnogu predrasudi.
Шо мислиш ти за родители кои ги отфрлаат своите деца, оти не биле по нивна воља? Не барав совет. Не е за мене темата.