Jas prifakam luge kakvi sto se - pa posebno nivnata seksualnost. Ne prifakjam gjubrinja od stvorenja. Ne prifakjam luge koi samo gledaat da iskoristat. Ova e mojot stav najkratko.
Јас се согласувам дека на родител не треба да му е грижа сексуалноста на детето негово. Ама ако некоја донеси снаа место зет или некој донеси зет место снаа - наеднаш им е грижа и фрлат бумер тантруми. Значи сепак му е гајле. Ко ќе му одговара де. Оти тогаш никој не им вели дека не треба да им е гајле? А, скроз се согласувам дека не треба да му е гајле и грижа. За то на иста страна сме.
Зошто кога станува збор за хомосексуалност, сексуалната ориентација претставува секс? Хомосексуален секс треба да се крие меѓу четири ѕида, а хетеросексуален треба да се круниса со свадба и 500 гости.
Е, добро мене едно не ми е јасно како функционираат би во брак, тоа значи дека маж ти го изневеруваш со жена?
Не те напаѓам, пристојно ти е прашањево, ама не можам да сфатам зошто ти е научна фантастика. Ајде според логика: ти си во брак со маж (пример, не знам дали си), те привлекуваат мажи. Секојдневно сретнуваш други мажи, зарем ти го изневеруваш маж ти со други поради тоа? Или едноставно живееш со спознанието дека те привлекуваат мажи и да не беше во брак ќе идеше со други? Исто е и со бисексуалност. Едноставно, знаеш какви луѓе односно кои полови те привлекуваат ама не идеш со други затоа што си во врска/брак. На страна специфичниот случај на брак кај Вајлд што сите го знаеме.
Ама има мал милион работи кои ме идентификуваат, не мора за се од мама да барам мислење. Имам 40 години, нема што да барам да ми одобри мој живот. Ехеееее да беше крунисано секое хетеросексуално ебавање со 500 души кај ќе бевме. Потребата од аминување ми смета кај возрасни луѓе, од нивните родители.
Немојте да охрабрувате деца/тинејџери кои живеат сеуште под кровот на родители со старомодни сфаќања, да се отворат пред нив за нивната сексуална определба. И да се трескаат од земја како се неприфатени од нивна страна, а притоа уште живеат со она “тато носи, мама меси”. Сега брзо се случи самоубиство на 17 годишно девојче, им кажала на нејзините дека е геј, овие не ја прифатиле. После константните кавги девојчето изврши самоубиство. Значи како шо кажав, опипај терен, после делувај. Сите дома си ги познаваме родителите, а богами и добро знаеме кој е нивниот праг на толеранција. И збораме за единки од по 40/50 години кои на гла да се наместиш нема да се сменат, и толку. Пресели се од дома, стани независен, па биди шо сакаш.
Затоа и си прашав, не сум запозната многу со таа тема и не знам како функционираат. Хетеро сум не би го изневерувала идниот маж со друг маж. Но, баш затоа прашав за тие што се би, која е потребата родителите да знаат или децата или некој друг, кога веќе тие се одлучиле да стапат во брак со спротивен пол.
Да. Сите знајме дека bi = е*и ( цензурирам за @Ajronmen да можи да лајкни) се шо гледа. Мислам дека морам да нагласам сарказам оти во поќе наврати бев сфатена сериозно кога не требало.
Чија грешка е ова? На девојчето, или на родителите? За грев чупето... Нека почива во мир. Јас не разбирам како не се свесни дека и ова може да се случи... не дај Боже. Испаѓа, дека помило им е да имаат мртво дете, отколку дете што е ЛГБТ+
Tе гушкам душо, БРАВО за храброста! Те разбирам целосно, сите посакуваме да сме прифатени најпрво од родителите бидејќи се' почнува од дома. Јас не планирам во скоро време да „излезам од плакарот“ пред моите родители, баш заради тоа што знам дека ќе следува реакција дури и полоша од онаа на твојата мајка. Односите ни се и онака мизерни, уште таков „скандал“ фали за да се распаднеме . Пријателите знаат за мене и тоа ми е доволно сега за сега. И да, игнорирај ги дел од цитирањата на темава. Многу е мизерно некој што не е во ситуација како твојата да кажува што треба да правиш.
Заприметувам дека во на ќерка ми генерацијата, се со многу помалку предрасуди. Не се осудуваат меѓу себе и сите се излезени. Ние ја посравме, ај белким вие ќе ја опрајте
Ама Вајлд скроз е небитно чија е грешката, младиот живот шо згаснал ништо не го враќа назад. А и уништениот живот на нејзините дома. А можеше да биди избегнато сето ова. Да се дојдеше до одреден степен на психофизичка зрелост и независност од родителите пред да се сподели ваква вест, сигурно ваква несреќа ќе се избегнеше. Како и да е, греота.
Факт е дека постарите генерации се конзервативно задоени, па макар и на трепки да застанеме нема да им ги смениме размислувањата и ставовите. Ама кога веќе некој решил да стане родител треба да е свесен и подготвен за многу работи. Тоа дете што ќе го направат не е ниту играчка ниту нивна мини копија. Ако децата живеат под кровот на нивните родители не значи дека треба да ги потиснуваат и кријат чувствата од родителите, и да се плашат и срамат од тоа што се. Сексот и сексуалната определба не се баш еден ист поим. Не збориме тука за тоа дали на родителите да им кажеме дека вчера сме имале пример анален секс. Тука се зборува дека геј личност не може да им каже на родителите дека е геј и дека има партнер од ист пол како што ние стрејт кажуваме дека имаме партнер и дека планираме да правиме свадба пример. Е тоа е тоа. @staycalm
Има полошо, барем во нивните очи е полошо и ти да ги отфрлиш нив и јавно да се откажеш од нив во весник. Така да не прифаќаш ништо во наследство од нив имот, долгови, ниту имаш должност да се грижиш за нив. Ќе објавиш се откажувам и толку, раат ти, раат тие, привиден раат де Бог да го прости девојчето, чија грешка е џабе ќе анализираме и мн. нечовечно е тоа, ама убаво пишаа кога личноста е независна и прилично силна психички и цврсто стои на свои нозе, ако силно сака и реши да им каже нека си се отвори, без некои големи очекувања. Е сега муабетот што го разврзавте дека секое дете, независно од возраста, сака прифаќање и поддршка од родителите тоа се факти кои се такви какви се и психологијата детално ги опишува и проучува фактиве. Ама кога се нема поддршка и разбирање од родителите, а личноста е прилично повозрасна од 18 год. и самостална, не живее под нивни кров, сама се издржува ако и пречи ваквиот однос од родителите може да побара совет и помош од стручно лице да работат на тоа да не се осеќа толку мн. несакано, неразбрано и отфрлено.