Кај нас а и во околината која геогравски се нарекува Балкан, сеуште не е дојдено времето а и во наредните 100 год нема да биде погоден за врски или недај боже бракови од тој тип. Јас навистина не ги разбирам зошто остатокот од лугето имаат толкава омраза кон овие луге, т.е знам, затоа што тие не се сигурни во сопствената сексуална определба, инаку зошто јас би се замарала да бидам за или против кој со кого ќе спие. Ако ти си успеал да се спознаеш себеси и да си сигуре што си ти нема потреба да мразиш ниту хомосексуалци ниту оние кои се со различна верска и етничка припадност. Прво ако категоријата лезбеји е мегу трите нај посетувани категории на порно сајтовите тогаш се работи или за двоен морал или навистина сите жени на овој свет се лезбејки и гледаат такви филмови. Инаку глупо би било да седиш дома по цела ноќ да д*каш на лезбејски порничи а утредента да излезеш на улица и да протестираш против оние за кои само мислиш или имаш сознанија дека се лезбејки оти не си ги видел, сигорно не воделе љубо на улица Да трегнеме со факти, дали кај нас некоја лезбејка силувала друга жена? Не. Дали хомосексуалец(педер) силувал маж? Одговорот е не, епа тогаш сами проценете од каде доага опасноста за вашите жени, сестри, ќерки.... Сигурно дека се поголеми шансите некој хетеро да ги силува отколку некоја лезбејка да ги натера да бидат лезбејки. Не познавањето на лугето кои се поразлични од нас е всушност тоа кое ни создава проблеми а не дали некој спие со мажи или жени. Еве ви прост пример, како не се плашите да речеме од маж хетеро да седите заедно, да пиете кафе.... А доколку слушнете дека некоја ваша другарка е склона кон жени ќе ја избегнувате како да има којзнае каква болест? Сигурно поголеми се шансите да ви се пушти другаров хетеро, отколку лезбејката. Да заклучам, под еднакво мразам наваленти мажи и навалентни жени, така да кој како е ориентиран не ме интересира ме интересира негоиот однос кон мене. Во принцип ми сметаат глупи луге а не дали ќе се држеле за рака 2 жени или ќе се бакнувале на улица, бидејки бакнувањето на улица е знак на не култура без оглед дали се дечко и девојка или две девојки, а кој што прави во неговите 4 ѕида е негова работа. Има парови кои имаат по одвратни фетиши отколку што е една обична лезбејка игра а никој не протестира проти нив. Гледам главен аргумент е не било природно, е сега да ве прашам јас вас кои го злоупотребувате зборот природно а ниту еден ден не сте живееле на село за да знаете што е навистина природа и природно. Дали фарбата за коса што ја имате е природна? Дали бричењето, депилирањето, разни пудри, шминки, парфеми, гелови, стикови..... Дали тоа е природно? Дали бог на кој често се повикувате бидејки наводно створил маж и жена и тоа било природно, дали тој рекол дека сексот треба до толку да го изопачите и да го претворите во средсто за задоволување на страстите а не за размножување. Дали бог рекол дека гениталиите треба да си ги лижеме или рекол да ги користиме за размножување..... За крај, пред да се повикувате на бога и да кажуате што е природно што не прво размислете за вашите постапки, оти најлесно е да му се нафрлиш на другиот и своите фрустрации да ги лечиш на него. Се извинувам ако бев по опширна но оа е тема која бара елаборација искажување настав, а нне одговор за или против.
Мене лично не ми сметаат нека си прават што сакаат,ама нека не се експонираат во јавност. Со тие геј паради и привлекување внимание преку глава. Ај сеа ние да парадираме пошто сме стрејт. Геј си? Океј,ќути си трај си. А за посвојување деца сум против ради многу причини. Лично мое мислење е дека детето треба да знае од каде дошло и како го создале а не да се осеќа отфрлено и ништо да не му е јасно зашто има двајца татковци или две мајки. Исто така мислам дека има одредени сфери во кои помага таткото да се развие детето и одредени сфери каде помага мајката.И потребни се двата пола за детето да се развие како целина. Ако има само од еден пол ќе се чуствува празнина од другиот и обратно. А дека геј бракот ќе влијае врз детето тоа секако и докажано е дека ќе има многу поголеми шанси и тоа да стане такво,бидејќи тоа ќе му биде средина на која е научено. И не сметам дека е болест,ама исто така не сметам ни дека се раѓаат луѓе со тоа. Во поголемиот дел од случаевите е од други влијание(околина,друштво,семејство) затоа да не зборуваме за природност. Особено не за хемиски производи кои се спомнати во погорниот пост и немаат допирни точки со темава. Ако на некој му е природно детето да е родено со сурогат мајка и да расте со двајца татковци тогаш ок. Мене не ми е. Јас ги почитувам законите на природата и сметам дека детето е создадено од двајца родители,машко и женско и е плод на некоја љубов. А не ајде сеа ќе платиме сурогат. Тие машки-машки,женски-женски нека си ги знаат границите. Ионака сметам дека имаат и премногу права....
Мое мислење, до кое стигнав самостојно низ читање, гледање документарци, чепкање по темата е дека тотално ги поддржувам сите припадници на ЛГБТ. Кога ќе наидам на тема која не ми е доволно јасна за да донесам заклучок, сама истражувам и прибирам факти и носам свој сопствен заклучок. Не сакам наметнати мислења. Мислам дека сите човечки суштества се еднакви и треба да имаат еднакви права. Хомосексуалците, како и сите останати имаат право на мирен живот, право на работно место, право на пријатели и семејство, право на мир и благосостојба... Многу луѓе забораваат дека хомосексуалноста не е нешто што се одбира. Не сум доволно стручна да коментирам, но имам прочитано дека ваквите определби настануваат уште во матката на мајката. А всушност, и кој би одбрал таков живот? Кој би одбрал доброволно да биде понижуван, отфрлен, различен? Никој. Доколку било прашање на избор сите би избрале да се „нормални“. Дека е болест, не е болест. Светската здравствена организација официјално ја тргна класификацијата на хомосексуалноста како болест во 1990 година. Хомосексуалност постои во 1.500 видови. Во сите видови на животни, инсекти се документирала хомосексуалност. Настаната е нормално и природно како варијација на човечката сексуалност. Не можам да разберам зошто е толку неприфатливо. Според претходно споменатото, мислам дека треба да им е дозволено да стапуваат во брак. Има хомосексуални партнери кои живеат заедно по 20-30 години, а не им е дозволено да стапат во брат, а други хетеросексуални парови го третираат бракот како мајтап и се разведуваат за месец-два. Не е се во сексуалноста. Малце и во човечноста е. Исто така мое мислење, е дека треба да им биде дозволено да посвојат деца. Имам гледано многу интервјуа од деца на хомосексуални парови и баш се благодарни што некој им пружил живот каков што заслужиле наместо да скапуваат по домови. А за објаснувањето, како ќе им објаснат што значи да се имаат две мајки или две татковци- ќе им објаснат. Исто како што ќе им објаснат зошто има војни, зошто некои немаат леб да јадат, зошто животот е нефер, зошто умираат оние што најмногу ги сакаме, зошто постојат болести, која е смислата на животот и секакви комплицирани теми и прашања на кои што секој добар родител треба да им одговори. Редактирано: И морав уште овај краток филм да го ставам тука. За сите што разбирате англиски, тоа се деца кои имаат хомосексуални родители одговараат на прашања. Многу е слатно. Спојлер: Видео
Современост... Многу пати си слушнал фрази од типот „За што се бориш, зошто се замараш?“- тоа било порано, тоа е минатиот век“ или „Зошто ти се сите овие идеи и „омраза“, подобро размисли каде да заработуваш, да украдеш повеќе пари,да си фатиш повеќе девојки“. Излегува дека современоста е евтинина, ова е век на материјализам, капитализам и целосна деградација на општеството... Та нека горат во пеколот со своите „вредности“! Подобро да живееш „не модерно“ или како што велат „во минатиот век“ - кога луѓето ја ценеле љубовта, знаеле што е чест и пријателство, биле верни на партнерот и се бореле за својата татковина! Сети се дека има работи повредни од парите, дека парите водат кон пропаст, го уништуваат човека... Парите и либерализмот можат да те уништат и тебе... Ти веќе не се радуваш на сонцето, пеењето на птиците, тебе ти носат радост исклучиво банкнотите, а во душата твоја останува пустелија... Ти си изгниен, престануваш да живееш... Парите се разврат и пијанството – а ти остануваш заробен. И сето ова е зло парче од современоста. Настанува време на деградација на општеството... Наместо љубов – разврат и секс. Наместо пријателство - користољубие. Наместо саморазвивање - паразитизам. И тоа е современоста ... Ужасна, скапана, беспомошна, бездушна, но современа ... И тоа е тажно ... Од тоа ти се плаче. Треба да се менуваш! Да го преиспиташ својот живот! Да живееш со високи вредности! Развивај се! Учи! Грижи се за природата! Промени го во подобра насока општеството! Сите нема да можеш да ги промениш, но ќе си сигурен дека не си се предал и дека си го направил она што си го можел. Ја мразам оваа современост... Време на безгранична „слобода“. Луѓето се ’рѓосани, не разбираат што е вистинска слобода. Легализација на дрогата, еднополови бракови, абортуси - тоа за нив е слобода. Ако слободата не ти овозможува да останеш човек, значи дека тоа не е слобода... Тоа е ропство. Луѓето се робови на овај скапан систем од „вредности“, кој е измислен заминијатурните луѓе со комплекси. 21-от век - ова е век на распадот и разложувањето на човечката душа. И додека не е доцна треба да се менуваш! Треба да си верен на своите избраници, да веруваш во љубовта, да се сватиш дека пријателството е повеќе од весело поминување на времето, пријателство е кога си спремен даго дадеш својот живот заради пријател, кога притрчуваш на помош во тежок миг. Саморазвитието е трудољубиво учење, читање книги, вежбање, креативност (цртањето, музика и сл.), грижа за животните, природата. Изборот е твој!
Не сум против, нека си одат, нека си се љубат со истиот пол, не мислам дека на никој треба да му смета тоа. Ете, нека се земаат, исто, не ми смета, ама да не посвојуваат, тоа ми е малку . Се знае, кога веќе си хомосексуалец, си носи тоа своја цена, значи нема деца, оти таква е природата. Далеку од тоа дека би биле лоши родители или слично, ама сепак мислам дека не е природно да се има двајца татковци или две мајки. Значи не ми смета геј врски, геј бракови, нека прават што сакаат, ама луѓе тоа парадите од такт ме вадат. Ајде сега јас да излезам да парадирам дека сум хетеро. Ако според нив хомосексуалноста е нормална работа, и дека тие се како сите луѓе, не ја гледам потребата да парадираат и напротив со тоа да се покажуваат како поинакви. Прво, се жалат, не можеле да најдат работа оти биле геј. Аллоооооооо, не си ласкајте до толку, на сите ни е тешко да најдеме работа, такви се времињата. Второ, не биле прифатени од луѓето околу нив, и биле омаловажувани. Јас имам геј познаници, не гледам дека имаат проблем со дружење, имаат некое друштво околу нив кое е доволно, и не баш помало од моето друштво. Не знам ни колку луѓе околу себе треба да имаш за да бидеш среќен. Мене не ми се клањаат сите дека сум хетеро, зошто нив би им се клањале сите. А за омаловажување, постојат такви луѓе по природа, дали си геј, дали си бубалица, дали си превисок, пренизок, дали си дебел-слаб, тие луѓе ќе најдат начин и ќе те навредат безоглед на сексуалната определба. Затоа, совет до гејовите, уживајте се, сакајте си се со партнерите, и не кревајте многу прашини наоколу, оти и нас што сме хетеро не ни е сјајно на светов.
Ах мила моја Македонијо... никогаш овој менталитет нема да прифати врска или брак помеѓу личности од ист пол. Ама ако мене некој ме прашува, ја не гледам ништо лошо во тоа две личности што се сакаат да можат јавно да ја искажат својата љубов без никакви предрасуди, и нормално како и секој хетеросексуален пар и тие да можат да го дефинираат својот статус во општеството со брак... Еве многу земји во светот немаат проблем со тоа, не дека се премногу опен-мајдет... туку сфатиле дека луѓето треба да бидат ослободени во начинот на своето искажување, а не затворени... Од таму произлегува едно успешно општество, продуктивен народ.... Но затоа што ние од дома сме воспитувани дека марихуаната е штетна, или дека хомосексуалноста е болест, не значи дека тоа е правилно.... затоа засекогаш ќе бидеме подложени на манупулација од законот, најблиските, општеството, религијата итн... Толку!
Ок за бракот како заедница на двјаца и за придобивките кои ги имаат како права,но деца? не велам дека децата ќе бидат оштетени од воспитувањето и статусот на хомосексуалните родители туку од надворешната средина, ај размислете реално и кажете дали дете на геј пар во Македонија нема да биде дискриминирано? како прво во училиште и во социјализација сигурно би било малтретирно психички од другарчињата па не би ме чудело и од професори и постари личности, значи проблемот е многу подлабоко навлезен, треба генерации едукација додека се искорени хомофобијата и неприфаќањето, така да за брак да но за деца дефинитивно не, пред се заради средината, за мала традиционална земја треба многу време да го прифати тој начин на функционирање во опшеството а децата можат да бидат само жртви.
Ти ја разбирам поентата, ама мора да се почне од негде. Замисли, не правам ништо од ова на сликата, и плус читам, учам, сум креативна и се грижам за природата и пак мислам дека хомосексуалност е океј. И сега што? Кај е поврзаноста меѓу овие работи?
Да, и ја сум ЗА да се почне, но тоа да биде преку поконструктивни методи на пример преку едукација за која што е потребен подолг период а не преку недолжни деца, затоа што во моментов нашето опшество не е подготвено за такви промени.
Децата по домовите како и да е се дискриминирани и живеат во очајни услови. Ама да, се согласувам дека треба да се почне од едуцирање на луѓето.
Јас лично не го поддржувам ова , знам дека секој живее сопствен живот и нема потреба од осуда за никого..ама ова ми е премногу бре , жив човек нема што ќе ме натера да ги прифатам овие бракови и врски , па плус тешко на децата од ваквите заедници. И не , не се сметам дека сум типична Балканка во размислувањата , туку и на крај на свет да одам , во мене ќе останат истите одредени гледишта. Не го обвинувајте Балканот и Македонија , што според вас се прости и неедуцирани и не прифакаат одредени светски пропаганди т.е модерни психолошкко-деструктивни болести
Воопшто немам намера да наметнувам мислење... но.... Рама, кажуваш дека секој има право на свој живот и несакаш никого да осудуваш.. но го правиш сосема спротивното, осудуваш и кажуваш дека тој некој што е геј нема права на свој живот т.е несмее да стапи во брак. Со тоа кажуваш дека имаш повеќе права од таа личност, дека повеќе вредиш... но нели сите луѓе сме исти пред Бог. Сфати ја поентата... што ќе ти смета да имаш комшии што се заљубени но се од ист пол.... ти ја нарушуваат сликата на твојот перфектен свет или ти влијаат лошо врз твојот развој? Ништо, едноставно тие луѓе сакаат да бидат прифатени, и да бидат среќни, исто како и ти!
Сметам дека геј луѓето не станаа туку така тренд во денешницава, ги имало од секогаш. Немам ништо против нив. Глупо ми е тоа што треба да ги легализираат нивните права за брак во секоја земја посебно. Тие се луѓе, покрај се, треба да ги имаат тие права дури од кога се родени, нели? Хомофобични луѓе, сакал или неќел, ќе ги има секад, за жал. Немам исто така, ништо против ако сакаат да посвојуваат деца. Не сваќам што има толку чудно во тоа што луѓе со чуства, се заљубиле, сакаат да се венчаат и да имаат дете покрај нив. Сите вие што викате, не ме сваќате погрешно, "против билбијата е" дали вие свети деца знаете колку други работи се забранети во таа книга? Немам ништо против религијата, ама доста ја мешате во секоја ситница. Во тоа што вие не сакате да верувате, никој друг не ви е крив. "Геј" браковите се бракови. Така се родени и што им можеме сега? Ај, пробај напрај го стрејт ако не ти успее земи уби го - Сарказм.
Што се не прочитав на оваа тема, значи. Морам да признаам, немав трпение да ги читам сите стереотипни, хомофобични и назадни размислувања напишани овде. Прво, да си го кажам моево мислење - немам апсолутно ништо против хомосексуалците, нивните бракови, па дури и за тоа да посвојуваат деца. Сакам да се обратам до оние индивидуи кои се против хомосексуалците. Нема да цитирам мислења кои ми „боделе“ очи, многу се (за жал), а и ме мрзи. Мислам дека тие до кои е наменето ова ќе си се препознаат. Да кажам веднаш, прилично сум убеден дека е ова залудно и дека на никој нема да му ги „отворам“ очите, зашто нели, со неразбрани луѓе не можеш да се разбереш. Ама, во секој случај... Не знам зошто на некој што е стрејт би му сметало геј луѓето да бидат во брак - нивен живот и нивно право, тоа што тебе лично не ти се свиѓа, е (замисли) твој проблем, а не нивен. Често се споменуваат изместени морални вредности, еродирање на општеството... За што зборите бе, луѓе? Прво, да расчистиме - хомосексуалноста не е „болест“ (одамна е исфрлена како таква од листата на WHO), туку нешто со што човек се раѓа. Таа е забележана и кај голем број животни, така да теоријата дека е тоа некакво помодарство, одраз на современото време или аздис (кај ви е паметот, бре) ви паѓа во вода. Немојте со аргументи - „Мојот став е дека тоа е болест“ - не се работи тука за ставови, туку за факти - вашиов став не е базиран на факти, туку на предрасуди (а ако смеам да приметам, и здрава доза на глупост). Второ, доста више се повикувате на Библијата. Не сте ич оригинални. Прво, да ве прашам - колку од вас ја имаат прочитано Библијата? Ниту еден, гарантирам. Совет од мене - извадете ја од полица (ако воопшто имате дома), отворете ја и прочитајте ја. Ќе ви требаат повеќе месеци, знам, ама тоа ви е цената ако сакате да се повикувате на неа. И на крај - видете колку вие го живеете вашиот живот по неа и прво опрајте се самите себе (као големи христијани и верници, какви што се претставувате овде), а после берете гајле за останатите. Трето, зошто да не посвојуваат деца? Дали на децата без родители им е подобро во домовите, од кои (скоро без исклучок) излегуваат како проблематични и несреќни личности или во топол дом со геј пар (замислете), каде ќе имаат љубов и разбирање? Хомосексуалноста не е нешто што се „учи“, па ете, и нивните деца да станат такви (какко што кажав погоре). Ама „детето треба да има двајца родители, маж и жена...“ Кој вика? Колку самохрани родители одгледуваат деца, деца на кои ништо не им фали затоа што имале само еден родител. Или можеби треба и нив да им ги одземеме од таквите родители, затоа што не се вклопуваат во вашиот стереотип за семејството. Кој одлучува дали вие, драги душебрижници мои, сте подобни родители? Или самото тоа што со партнерот имате различни гениталии автоматски ве квалификува да бидете родители? Абе ајде. Што се однесува до геј-парадите - за ова морам да признаам, не сум. Повторно, не затоа што сум против хомосексуалците, туку затоа што сметам дека основните човекови права и слободи (меѓу кои и бракот) треба да важат за сите луѓе од едно општество, без исклучок. Исто така, зборот „парада“ некако не ми се свиѓа. Ме асоцира на нешто безвезе - како да парадираат циркуски атракции. „Протест“ е можеби посоодветен збор, протест на кој би си ги барале сопствените права и слободи. И што е со оние „мажишта“ кои ги тепаат учесниците на геј-парадите? Тоа никогаш не ми било јасно. Што постигнуваат со тоа и што им е целта? Мое мислење е дека во општествово наше има гооолем број на „притаени“ хомосексуалци, скриени и од самите сабе (поради предрасудите во нашево општество), кои не сакаат да си признаат какви се, па затоа се и толку исфрустрирани, дури и одат да ги тепаат тие „бесрамници“ кои биле искрени со себе и со светот за тоа какви се. Уште еден аргумент кој ме вади од кожа - „Јас не сакам моите деца да живеат во такво општество, со изместени морални вредности, со хомосексуалци по улиците, итн.“ Како што веќе реков - тоа, драги мои, е ваш проблем, а не на хомосексуалците и општеството. И јас не сакам да живеам во општество со луќе полни со предрасуди, необразовани, неуки, хомофобични, расисти и националисти, квази-верници кои за сенешто скокаат и се повикуваат на Господ и Библијата, луѓе што нешто сакаат и не сакаат,а не знаат ни самите зошто. И не сакам моите деца да учат со децата ваши, што вие сте (ќе) ги воспитувале. Ама, сфаќам дека тоа е мој проблем - не барам од државата да забрани бракови помеѓу неуки и недоветни луѓе. На крај, еве ви нешто од Louie CK на оваа тема, кажано многу подобро него што ја би можел.
Long story short. Имам женет пријател хомосексуалец, но не по своја волја, туку поради притисокот на неговите родители. Дечково, кратко откако стапи во брак од ведар, паметен и забавен, буквално се претвори во билка која не кореспондира на никаква дразба. Eден од најголемите проблеми со кои се соочуваше до скоро, е што наместо да се прифаќа, тргна против себе, така што почна да посетува стручни лица кои наводно му ветувале преориентација. Колку и да се трудев да го убедам дека со него е се` во ред, од моите празни монолози немаше полза. Видов не видов, почнав да преговарам со еден друг другар да излезат на дејт, што по долги сугестии се случи, и еве ги фала богу веќе два месеци се во врска. Меѓутоа проблемот е сеуште присутен, но и продолжува. Неговата сопруга некако дознала, и сега му се заканува дека доколку и` побара развод ќе разгласи. Познавајќи ја што мустра е, не верувам дека блефира, а и другаров поради недостаток на самодоверба, и неможност да се справи, потпадна под нејзините манипулации. Од друга страна, немам ни јас конкретен предлог за ублажување на ситуацијава. Мада неколку пати бев у мисла да им појдам на неговите дома и да им ги отворам картите, ама се предомислував од причина што не сакам да му створам дополнителни проблеми. Чаре?
Баш е жална ситуацијата, да не можеш да бидеш тоа што си поради некои други! Факт е дека ако остане во брак, ќе се измачуваат и двајцата, и ќе си живеат несреќно до крајот на својот живот. Не можам да разберам зошто таа самата не го остави човекот. А и не го оправдувам другарот твој, зошто воопшто и прифатил и дозволил неговите родители да му вршат притисок за да се ожени. Самото изневерување боли, не битно дали со маж или жена. А чаре, да и ја објасни убаво сексуалната ориентација на својата сопруга, да се прифати самиот себе како таков, да се соочи со неговите родители, што верувам дека ќе ги разберат и ќе сакаат да биде среќен, пошо мислам дека и не е мало дете за да биде манипулиран. Е сега, доколку не сака да биде осудуван од средината, а стварно сака да биде среќен, нека ги пакува куферите и заедно со неговиот парнер нека избегат што е можно подалеку од Македонија. Јас би играла така! Поздрав
Во оваа ситуација твојот другар ќе мора прво самиот себе да се прифати бидејќи колку што сфатив он уште е во негирање или до скоро бил (штом се согласил на брак), потоа ќе мора да се отвори пред родителите и сопругата. Мислам дека клучот во ваквите ситуации е дека мора да се прифатиме себеси такви какви што сме и тоа е најтешкиот дел во целата приказна. А ти како добар пријател можеш да бидеш покрај него да бидеш онаа личност на која ќе може да се потпре со оглед во какво општество живееме не сум баш сигурна дека ќе биде прифатен баш најдобро, но сигурна сум дека ќе му бидат потребни пријтели на кои ќе може да се потпре а веќе еден таков има.
Bravo,ti se poklonuvam za postov,kamo poveke da ima koi razmisluvaat kako ti,me raduva koga vo kup trnje ima po nekoj cvet,toa si ti,blagodaram za tvoeto mislenje! Pozz.
Jas bi rekla,ednas mora da pukne,koga i da e,pa bolje poskoro odkolku koga toa bi se odrazelo vrz zdravjeto na tvojot drugar,koj veke mislam deka e na dobar pat na tonenje,zal mi e,znam i kako mu e.pozz