Нискиот стандард си го прави своето. Да бевме држава со (по)висок стандард, бројката на геј популацијата ќе скокнеше 10х. Не можеш да живееш слобода под мамин и татин кров.
Не си во право. Родител треба да си го сака детето безусловно. Ако не е некој способен за такво нешто, ако има очекувања кои можеби нема да му бидат исполнети и за него тоа да значи дека детето 'не е вредно'; поарно е ич да нема деца.
@WildMk знам дека темава не е за тебе, ама очекувај секакви коментари кога веќе пишуваш и се отвараш, неколку членови те прашаа ама мислам дека не одговори извини ако грешам, што те наведе дури сега на 44год со веќе оформено семејство да се отварааш на мајка ти? тие генерации се растени и живеени во комунизам, очекувано е таква реакција, впрочем мајка ти изреагирала онака како што 99,9% би изреагирале родители на возраст од 50+ години.
Одговорив како дојде до муабетот. Има поназад пост. Старите не ги поправаме, ама шо прајме со младите? Родителството е најодговорната работа на светот, треба посериозно да се сфаќа, повеќе да се едуцираат луѓето за тоа како врските во детството можат да влијаат на целиот нивни живот. Греота е од старт да создаваме broken humans.
Ne mislam nisto,koj kako saka neka pravi vo zivotot Stom pisa na javen forum,me isprovocira da te prasam zasto duri sega i kaza na majka ti.Mozese nikogas da ne i kazes ili mozese uste na pocetokot da i kazes
Јас и ти знаеме, на половина од дваести и рани 30ти години. Дете на 17 години не знае. Дете на 17 години очекува неговите да го заштитат и да го сакаат. Ова е грешка само на родителите и на никој друг. Жал ми е, ама ако си го отфрлиш детето само затоа што љуби свој пол и не го сакаш сета крв е на твои раце. Си му го уништил и загорчил животот, па посегнало по истиот. И ова не е само тоа девојче, ова е приказна на огромен број на луѓе, затоа се лидери во самоубиства. Не оти се ненормални, како што милуваат конзервите да ги кажат, туку оти цел свет им се руши.
Се согласувам со болдираниот дел. Секој треба да се отвори кога се осеќа спремно. Прежално за девојчето. Не биди сигурна дека ќе се избегнеше. Мислиш така е тоа. Ако не каже, готово. Среќна и весела ќе си останела. Голема е веројатноста истиот исход да се случел, пошто да живееш во околина каде пола жители радо би гледале како гориш на клада на сред плоштад и те како влијае на психата. Додај на тоа фактот дека сме сиромашни и тешко е многу да дојде до осамостојување во вистинска смисла и не се случува толку брзо. Самоубиствата се случуваат кога луѓето се чувствуваат безизлезно и не гледаат надеж. Како го изнакажа ова, ко да е вина на девојчето. За уништениот живот на нејзините дома си се криви самите. И за нејзиниот се криви, ама не верувам дека им е гајле за тоа.
Исто ќе реагираше, кога и да и' кажев. Цел живот си е гласна за тоа колку и' се “одвратни“ хомосексуалците, другите раси, муслиманите, 'курвите' Не ја знам од вчера.
Ехееее ептен се пронајдов во муабетот. Си ги знаеме родителите со застарени сфаќања и очекувања. Јас само да се надоврзам на твојот пост ми боди очи последната реченица. Нема да ми веруваш ако ти кажам и дека после толку години од ко се иселив од Македонија ( далечната 2007 год ) и после толку објаснувања , за жал и ден денес ТИЕ СО СТАРИ СФАЌАЊА ќе си останат исти и со исти очекувања. Нема никакви шанси да ги сменам моиве дома и нивната последна надеж дека еден ден ќе ми текнело да имам деца, а мене одлуката ми е донесена уште кога имав 20 години , а ко ќе речам нешто , зборот назад не го враќам, па ако сака и метеор нека падне. Ист е муабетот и со геј нацијата. Охооооо колку колеги од Тајланд имав што се геј, се изнасликавме по светот ко ни се паѓаше да летаме на иста дестинација. Така да нема лек и разбирање, кој си има сфаќања од 10 век , нема да се смени, а наше си останува да си живееме и да се дружиме со кој сакаме. Секој си е доволно свесен што сака во животот и си донесува одлуки како ќе живее.
Тоа е поентата. Ни треба поголема доза на индивидуалистичка култура за да не ја осеќаме вината што знае да дојде со живеење "против" своите родители, пошто јас многу добро го разбирам тоа, не е баш најлесно. Ама како повеќе се градам како особа, колку повеќе стекнувам самодоверба, сфаќам дека можам што сакам да правам. Родителите може ќе се сменат, можеби и нема, ама мој живот си е тој, на возрасна индивидуа, и кој сака да е покрај мене, ок, кој не сака, не мора. А во случај да сака само да се гледаме со цел да ми соли памет и да ми ги понижува сите животни одлуки, може да дојде до прекин на контакт. Колку и да звучи брутално, некои родители само така учат лекција и учат како да почитуваат свое дете. Затоа треба да се чека да се стане независен, конкретно за ЛГБТ лица, за да дојдеш до место каде што ќе имаш контрола врз начинот на животот без можноста да останеш без кров над глава ама и со доволно самодоверба да можеш да издржиш нечија неподдршка и потенцијално болни зборови.
Јас пишав од мое искуство дека нема шанси да им ги сменам сфаќањата на моите. Изминатиов месец на гости 2 недели беше дојден татко ми, он со маж ми е поблизок отколку со мене оти јас му одам контра и се лутам. Буквално се расправав со него секогаш кога ги коментираше по улиците хомосексуалците, или му коментираше изглед оти таква облека носел некој, оти носел тетоважи, оти имал пирсови , каква ИЗДРОГИРАНА младина живеела , грди зборови на сите страни , не ми се отвара уста оти сум слаба со нерви, одма на карање терам. Милион пати сум се објаснувала, но нема шанси, моиве се со застарени сфаќања и многу неприфаќања на различности и шо е најтрагично и нивните пријатели таму у Македонија шо си одат по гости , по имендени, прослави се со застарени сфаќања. За жал нивните погледи кон светот не се поклопуваат со моите и имаме различни мислења за 90 % од работите. И затоа често ко ги нервирам знаат да ми речат: тебе Хитлер дедо да не ти бил , каква си станала !!! Им одам контра цело време. Нема шанси да им исполнувам желби и очекувања на други. Мој си е животот и јас живеам мене како ми е ќејф и се дружам со кој сакам, а не некој да ми забранува и ограничува и критикува. Тоа е, што ќе им прајш, не можеш да ги смениш , па затоа далеку од очи.
И твоето искуство ми го потврдува мислењето за балканскиот хомо сапиенс, кој нели очекува од потомството да ја продолжи лозата. Јас исто како дете, тинејџер, студент, велев не сакам деца, едноставно не сум тој мајчински тип, себична сум прилично, но кога затруднев со моето, ни секунда не помислив да го абортирам. Ја сакам колку себе, па и повеќе . Што не мора да биде и туѓа приказна. Но, на факс се откри проблем со кој тешко се забременува кај мене, и моите имаа фаца да речат: еее, со негативен став, не сакам, не сакам, до вакви работи иди... Да фак. Ситуацијата беше вродена. Втората тактика: ништо не ти е. Тотално игнорирање на вистината. Демек, само позитивно! За сите што читаат, непобаран совет: не се аутирајте пред родители хомофоби и ај да не велам ( ама ќе речам) затуцани. Ќе се осамостоите, ќе заминете од глупавата средина , па ќе живеете како сакате. Не слушајте "тато носи, мама меси ликови" и ликови кои апсолутно се зависни од други луге на секаков начин, ама сакаат да дрндаат за освестеност и слобода. Ќе дојде вашето време. Обожаваниот (мој) Ден Севиџ има направено проект It gets better за тинејџери накратко: The It Gets Better Project's mission is to uplift, empower, and connect lesbian, gay, bisexual, transgender, and queer (LGBTQ+) youth around the globe. Сигурно немаат огранок во мк, но има онлајн поддршка каде наравно, феноменот на стока родители е познат и ништо ново . Прашување паталци, не гаталци.
Можеш ти, како што рече @Srckata28 , затоа што не зависиш од нив никако. Ама не е ич лесно за дете кое сеуште зависи од родителите. Башка шо, во детството се развиваат концептите за врски. Ако оној што треба безусловно да те сака, те отфрли, што ќе те научи тоа? Дека никој нема да те сака... What Is Attachment Theory?
@WildMk какво мислење имаш за овој? Дали е ова е нормално за тебе? Облечен во бебешка облека и му пишува Daddy’s little boy. Што мислиш што означува натписот? Дали ова треба да биде нормално?
Леле, кај стрејт луѓето почесто го има ова и тоа бајаги. Дали некогаш си слушнала за age play кинк? Женски се однесуваат како бебиња со цуцли и памперси? И мене ми е тоа одвратно, ама го има кај сите, што замараш до вакви глупости.