Што има уште да се дискутира на тема хомосексуалност? Па дајте бе луѓе, што ви сметаат? Глејте си ја работата/бракот/врската и ич да не ве боли за некој друг со кој спие. Па мислам срамота е , еве не знам.. Децата немале да ги прифатат Браво, пофалете се, шта речи..
Ум, потврдувам дека исто и моето друштво се 99% ЛГБ, тоа е реалноста. Треба да си ептен изолиран за да не ти доаѓаат во твој круг геј луѓе.
Ne mi doagaat a veruvaj imam mnogu golem krug na drustva A od carsiski muabeti znam koj e gej ili bi.
Јас сум лезбејка. Дома не знаат за мене сеуште. Долго време се мразев но доволно ми беше. Откако самата си прифатив на себе поубабо се чувствувам. Често слушам како е грев и како треба да умрам. Фразата смрт за сите педери често ја сретнувам и да ќе се насмеам но после тоа ми доаѓа на плачење кога ќе размислам дека не сум "нормална" како другите девојчиња. Имам среќа што моите другари и другарки ме прифаќаат и ме разбираат. Но од друга страна многу ме загрижува моментот како дома ќе реагираат. Неколку пати отварам тема лгбт и секогаш завршува со имам здрави и прави деца. Па како јас да кажам дома на постојаното кога ќе фатиш дечко? Како да објаснам дека едноставно не сум ментално пореметена. Навистина ми е доста од лошата стигма. Нема да ви го исперам мозокот на вашите деца. Зошто морам да слушам како немам право на живот? Зошто упорно не навредуваат мажи а потоа се самозадоволуваат на нас? Зошто не можам да ја држам девојка ми за рака и да ја бакнувам без да ме гледаат на криво и да ме пцујат?