Така што открива дека го привлекува ист или различен пол. Како знајш ти дека те привлекува спротивен пол? На ист тертип. Ќе се самоцитирам со ова пошто баш страна пред ова мислење имам пишано на темава: И болдирав делчиња шо мислам дека се релевантни за твојот случај.
Сакав да прашам на која возраст. Дека чудно -ми е до 35 да имаш жена и деца, а после да си геј. Ама Демонка објаснила подоле. Така и си мислев ама викам грешка да не сум нешто толку години да си во среќен брак односно навидум среќен и наеднаш се открива изненадување. А како реагирале немам поим. Од денес ми е инфово. Сакав да се осигурам. До сега познавам само парови од ист пол што се одамна заедно па ова ми беше нешто ново.
Јас знам дека има многу такви случаи, веројатно бил геј и пред тоа. Мене ме интересира дали таквите имаат редовен секс со нивните жени? Ако знае некој Не знам уствари зашо ме интересираат такви дегутантни работи
Во голема мера си патиме од тоа што ќе кажат другите, и секако општествениот калап во кој мора да се има општествено прифатена работа, добар партнер, кој како живее... Има и многу врска и каде сега живее и каде и во какво семејство израснал. Не е ниту лесно ниту прифатливо во конзервативни фамилии да каже детето дека е геј. За родителите во мкд уште има доста табу теми. (со исклучоци) Да тргнеме од тоа дека не зборуваат отворено со децата за користење на кондом, инфекции а камо ли хомосексуалност... (Со чест на исклучоци). Мајките на мои познанички не им дозволуваат на ќерките посета на гинеколог ниту отворено зборуваат за односи ниту ништо (живеат во главен град, високообразовани ама си ги држат табу темите). Ај на вакви родители кажи дека си геј?? Жално е некој да биде приморан да живее по туѓ тертип, поради страв од осуда од општеството или најблиските. Long story short, бил геј ама не му било дозволено да биде. (Барем моето мислење е тоа)
Се откриваат тогаш кога ќе се прифатат самите себе си или им скиснало повеќе да се кријат и уништуваат и сфатиле дека еднаш се живее и дека нема поента да се правиш нешто што не си. Еве токму затоа подржувам хомосексуалци. Затоа што луѓето од вакви предрасуди се затвараат самите во себе и се колнат зошто се такви какви што се за на крајот кога ќе имаат семејство тогаш растураат се и прават “изненадувања” на децата и сопругите поради можните предрасуди од луѓето. Оставете ѓи луѓето да ѓи сакаат оние спрема кои чувствуваат поврзаност за да не доаѓа до вакви катастрофални ситуации. Убаво е човекот што фала богу си признал самиот на себе а и на другите ама мислам дека децата се во шок и не им се верува што им се случува, секако и жната му. Лично јас ви била во шок, па сеа натака секој си има посебна реакција. И ви се молам манете ми се со приказните “ ќотекот го менува човек” “црква и манастир” “нека дојде Поп Васо да те прочисти”…. Тоа не се решава на таков начин, размислувајте малце трезвено.
Spored mene koj sto saka neka si pravi,voopsto ne mi e gajle koj sto saka,mazi ili zeni,site relax i uzivajte,i taka ke umrime eden den
Ги мразам гејовите пошо се заљубив во личност што е геј! Не знаев, не му пишува на чело. Само се молам што побрзо да го преболам!
Што рекле погрешно? И јас сум против хомосексуални бракови и посвојување на деца па не сум хомофоб. Познавам луѓе за кои се шпекулирало дека се хомосексуалци сите ги одбегнувале јас сум ги дружел, сум ги почитувал и не сум им завртил грб поради тоа. И ќе останам против лгбт права и таквата култура никого не го интересира што прави некој зад затворени врати ама во јавност не сакам еден ден кога ќе имам деца да гледаат јавно хомосексуалци кај што се држат за рака, бакнуваат или се родители на дете
Хахахах не сум хомофоб ама сакам гејовите да немаат ниедно право и да не излегуваат од дома, ама еднаш се дружев со едни што им викаа дека се педери, па не ги мразам. Така звучиш.
Криво ми е дека како луѓе генерално не можиме да видиме подалеку од нормата и дека животот на некој таму стварно не не засега.