Да, сите шпекулираја дека се хомосексуалци што после години се покажа како точно и сите ги избегнуваја поради тоа но јас не, продолжив да ги дружам бидејќи беа добри деца. И сега моментално во друштвото имаме еден што не го интересираат женски па се сомневаме сите дека е геј сите другари велат дека ако се потврди дека е геј ќе го отпишат од другар јас им кажувам дека не е во ред така да размислуваат и да отфрлаат некого поради сексуална определба и им кажувам дека јас би продолжил да се дружам со него дури и да се потврди дека е геј. Немам никаков проблем да се дружам со геј лице доколку нема некакви претензии кон мене. Една ствар е да прифатам некого дека е геј и другарство со геј лице а сосем друго да прифатам да се шетаат јавно да се држат за рака, да се лапаат и да посвојуваат деца. За ова сум против бидејќи сметам дека е општествена девијација, деца мали кај кои уште не е дефинирана сексуална ориентација да гледаат геј култура и подсвесно да го впиваат тоа. Некои се раѓаат хомосексуалци но некои стануваат подоцна во пубертет поради сплет на околности меѓу другото и со промовирање и прифаќање на геј културата и манипулација со сексуалноста на децата уште од мали затоа сум против
Хомофоб има аверзија кон хомосексуалци буквално мрази тоа што постојат и им посакува се најлошо а камоли да биде во нивно присуство. Јас сум дружел со деца кои околината се сомневала дека се хомосексуалци и денес во друштвото имаме еден "сомнителен" и кажав општо немам никаков проблем да дружам со некого кој е геј и има коректен однос со мене али еве океј хомофоб сум само затоа што сум против тоа да имаат права така нека биде
Јас ќе ти одговорам. Од мало ќе го учам дека љубовта доаѓа во разни облици, па нема да се стресува како мене ќе ми каже. А со општеството, заедно ќе се бориме. Јас многу пред да го родам се борам со општеството, ќе продолжам и тогаш @Carry wat?
Тоа те прави по дефиниција хомофоб. Меѓу другото, за постов, овие работи се нешта што ЛГБТ ги бараат децении уназад, а постот креира некаква лажна паника дека уште повеќе работи бараат. Правата кои ЛГБТ ги бараат отсекогаш биле истите права што стрејт лицата веќе ги имаат, никогаш повеќе од тоа.
Ништо ,јас немам никаков проблем со тоа. Ќе ја има мојата љубов и поддршка без разлика дали е геј или стрејт.
Ќе го прифатам како такво но сигурно нема да го подржам да оди по некакви паради, да бара права и да се офирува во јавност. Јас сум скроз океј со идејата хомосексуалците да бидат прифатени од заедницата, никој да не ги малтретира и омаловажува строго сум против поттикнување на омраза и нетрпеливост од било каков тип. Сум против нивно општење во јавност чисто ради практични причини. Децата ми се главен мотив поради кој сум против лгбт права да одрастуваат во функционално општество без лгбт култура преку која може да се манипулира со нивната сексуалност.
Па добро не сите сакаат деца да имаат. Има многу стрејт парови што се заедно со немаат и не сакаат деца. Како може да се манипулира со сексуалноста те молам кажи ми? Не може некој ако е геј со сила да го смениш ниту пак некој ако е стрејт да ги натераш да биде геј. Не дека они бираат еј геј ќе бидам.
Многу си контрадикторен. Прво викаш ако детето ми е геј ќе го поддржам, ама нема да оди на паради и нема да бара права (wtf?), после викаш дека не сакаш геј култура оти така се манипулира со децата и стануваат геј. Прво имплицираш дека да се биде геј е лошо, второ, дека геј се станува и тоа од гледање геј луѓе.
Што има да го чувам во подрум јеботе во јавност може нормално да си излегува нема потреба од покажување на љубов и интимност пред рајата и децата да гледаат тоа може да го прави секој на дискретен начин. Ако е веќе тоа проблем нека има ресторани и барови за хомосексуалци немам ништо против, бракови цивилни ионака ако сакаат можат да си склопат а деца да посвојуваат тоа е веќе too much sorry ама не можам да прифатам.
Ќе го подржам ама нема потреба да се офирува и разменува нежности со партнерот јавно пред деца. Да се биде геј не е лошо да се промовира таква култура делува негативно врз развојот на децата. И да дете може да стане геј или би од промовирање на таква култура веќе го имам кажано тоа на темава дека познавам деца воедно и први брачеди што на 10 11 години беа фатени во хомосексуален однос баш од гледање на геј порно нема везе денес се и двајцата женети и се стрејт значи самото гледање на порнографија може да доведе до манипулација на сексуалност а камоли деца уште од најмала возраст да гледаат геј парови околу себе.
Каде прочита дека геј култура (што е тоа уопште) делува негативно врз развој на деца? И не, не може стрејт да стане геј, ни обратно.
"Не сум хомофоб ама"... и продолжува да пишува типично хомофобно мислење. Ах бе луѓенца полни со омраза
Сигурна си? Пошто јас сум сведок на неколку еклатантни случаеви каде деца чисто од гледање на геј порнографија биле поттикнати да имаат хомосексуален однос ја објаснав случката добро во погорниот коментар а знам и уште две други такви случки баш во оние времиња кога почна порнографијата на голема врата да се сервира на телевизија уште пред да биде достапна на интернет. https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/20642872/ А во прилог еве ти и научно истражување дека децата на геј родители имаат далеку поголема склоност да станат хомосексуалци за разлика од оние растени во хетеросексуални семејства. Па процени сама дали геј културата не влијае врз развојот на децата и дали на таков начин не се манипулира со детската сексуалност