Хомофобија и трансфобија

Дискусија во 'Психологија' започната од eagle.eye, 22 март 2014.

  1. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    Видов дека има неколку теми за стравови, па да видам какво мислење имате за лица кој се хомофобични и трансфобични.
    Сепак хомофобијата и трансфобијата не можеме да ги разгледуваме како фобии барем според мене..

    Според Американскиот наследен речник (издание 1992 година) ја дефинира хомофобијата како “аверзија кон хомосексуалните луѓе или нивниот начин на живот или култура” и “однесување или постапки базирани на оваа аверзија”. Други дефиниции ја идентификуваат хомофобијата како ‘нелогичен страв од хомосексуалноста’. А според некои хомофобијата настанува како резултат на не - прифаќање и не - признавање на лична хомосексуалност или бисексуалност поради различи причини.

    ТРАНСФОБИЈА – е аверзија, страв, омраза и дискриминаторски однос кон луѓето чиј родов идентитет и/или изразување е поинаков од родот кој им е доделен имајќи го предвид нивниот пол. Чести се случаите на трансфобија и резултираат со голема бруталност.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.436
    Хомофобија и Трансфобија

    Контроверзни теми бар во нашата мила и мала земјичка.За мене повеќето хомофоби ,особено оние радикалните ,насилни и неуморни- опседнати со тоа, се всушност прикриени хомосексуалци кои ни себе не можат да си признаат,значи тешки closeted случаи..
     
    На ShawtyGIRL и eagle.eye им се допаѓа ова.
  3. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    Хомофобија и Трансфобија

    Точно во тоа е и проблемот
     
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Хомофобијата не е ништо повеќе од термин кој им придава лажна вредност на оние кај кои отсуствува објективно согледување.

    А нам, бидејќи општествената стигма ни лежи на многу проникливо тло, и најмала интервенција може да предизвика "brainwashing" . Но, за тоа нема поента да се обвинуваме меѓусебно, кога вината треба да се бара во молкот на Надлежните. Кои, индиректно одобруваат таквите неконвенционални хомофобични ставови подоцна да станат апсолут за пошироката маса.

    Насилство пак, или говорот на омраза се` сосем нормална и очекувана последица од ненавремениот обид да се спречи нешто за кое традиционалниот модел послужил како оправдување.
     
    На WildMk, Lolo5 и ♣ Alba Viduam ♣ им се допаѓа ова.
  5. Lolo5

    Lolo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    796
    Пол:
    Женски
    IMG_20170929_101119.jpg
     
    На WildMk, theowndemon, BlackAndWhiteSwan и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Едно нешто не ми е јасно воопшто околу номенклатурата на овие поими. Фобиите се сериозен психички проблем којшто им штети само на тие што го имаат, и тие не се виновни за истиот - а овде се работи за нерационална, тотално неоправдана омраза и мешање во животите на други луѓе кои со тоа ништо не те повредуваат.
    И да...

    [​IMG]
     
    На WildMk, Lella, BlackAndWhiteSwan и 7 други им се допаѓа ова.
  7. ShawtyGIRL

    ShawtyGIRL Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Баш утрово читав дека во Германија се легализирале истополови бракови(не можам да ја опишам мојата среќа). И ај реков да читам коментари на статусот. Ужас. Со какви ли се луѓе го делиме воздухот. Омраза еден куп, а чекајте да го издвојам оној коментар со најмногу лајкови од 'европски, образован' човек ,,Сите педери треба да се стават во гасни комори и да се убијат." На што личи бе ова луѓе?? Се чудам дали живееме во 19 век...
     
    На WildMk, BlackAndWhiteSwan, kim.k и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Од целата ситуација, знаете што е најиронично? Оние модерните кои прифаќаат сѐ, не ги прифаќаат лицата хомофоби или трансфоби. Се удираат во гради колку се open minded, ама не можат да ги разберат и прифатат ставовите на нормални луѓе кои не сакаат ненормални, неприродни работи. Самите дискриминираат, а напаѓаат други за дискриминација.

    Хомосексуалци, бисексуалци и трансексуалци се лица кои забегале од правиот пат. И не можам да сакам такви лица. Да ги гледам исто како останатите? Не. Едноставно, овие појави се косат со природните закони. Жената е создадена за да биде со мажот. Маж со маж и жена со жена е одвратно. И тоа не самo што го велам јас, тоа се зборови на Оној кој го создал светот и природата (3.Мојсеева 18;22: Не легнувај со маж, како со жена: тоа е одвратност.)
    Рим.1; 1;27-28: и мажите исто така; оставајќи го природното зближувањсе со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда.
    И бидејќи не се обидоа да Го имаат Бога во разумот свој, тоа Бог ги предаде на изопачен ум – да го прават она, што не прилега
    Не оспорувам дека како личности можат да бидат добри, но не ги прифаќам заради забеганоста. End of story.
     
    На Abeja, Petra777, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.108
    Пол:
    Машки
    Што мислиш, дали Исус ги сакал таквите лица?
     
    На WildMk, Bender Rodriguez, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Леле леле леле... дискриминација на дискриминацијата :drunk: :D
    Првенствено од сè, вие треба да сфатите дека говорот на омраза не спаѓа во коректно мислење на кое секој има право да го каже и притоа да му е испочитувано со исто таква коректност. Како што и спомнав во другата тема, има разлика од различно и не толку скроз либерално мислење, до етикети како ненормални, изроди, скршнати од нормалниот пат, помалку вредни од животни итн. Ај, барем отидовте чекор напред и си признавте дека сте хомофоби и трансфоби, можда ќе сфатите и дека ова второво со вашиве изрази е тежок говор на омраза. Барем да сфатите, иако и со тоа знам би биле горди (fingers)

    @Bitter-Sweet, а како тоа ве дискриминираме, ти се молам?
    Ве има некој вас наречено со такви етикети како ненормални, забегани и слично тука заради вашите ставови?
    Има некој пишано дека ако детето му се развие како хомофоб или трансфоб, ќе го исфрли од дома?
    Ти си таа којашто велиш дека не сакаш воопшто околу тебе луѓе со друга сексуална ориентација, а во твоето „просветлување и ограничување на кругот на пријатели“ сигурно си ги филтрирала и тие што поддржуваат „Содома и Гомора“ како нас.

    Епа, guess what - јас барем за себе можам да речам дека имам познаници со конзервативни ставови по овие прашања (фала Богу не до толку радикални и насекаде со цел да шират конзервативна религиозна пропаганда како вашево друштванце тука), и нормално дека имам коректен однос со нив.
    Секако дека сите имаме и крвни роднини од постарите генерации што ги задржале тие ставови од патријархалното воспитување, па нормално дека не сме ги отфрлиле или помалку ги почитуваме поради тоа, само што кога ќе спомнат тоа прашање си го кажуваме нашето мислење дека времето оди напред.
     
    На 1209, WildMk, Bender Rodriguez и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Дали ГИ САКАЛ не знам, знам дека НЕ ИМ СУДЕЛ, дури ни на најголемите грешници. Има разлика меѓу овие две работи. И што сега, ќе кажеш дека Божјите зборови не важат? Кога јасно пишува што не е нормално, па дури и пишува дека е ОДВРАТНО. Ако е одвратно за Бог, одвратно е и за мене. Секако дека нема да нападнам некој таков, само нема да го прифатам како дел од мојов живот. Она што не го сакам и не го одобрувам, го отфрлам.
     
    На Petra777, Rama, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.108
    Пол:
    Машки
    Бог го мрази гревот, но ги љуби грешниците. Ако Исус можел да ги сака прељубниците како самарјанката (ев. Јован 4), блудниците како таа што ја спасил од каменување (ев. Јован 8 ), крадците како Закеј (ев. Лука 19:5), разбојникот што висел до неговиот крст (ев. Лука 23:43), лажливците, себичните, оговарачите, потсмевачите итн. сигурно ги љубел и хомосексуалците и бисексуалците. Не се само овие забегани од правиот пат, туку сите сме забегани бидејќи сите до еден сме грешници и воопшто не доликува на христијанин да седне на столчето на праведноста и од високо и со осуда да ги гледа грешниците кои се различни од него/неа.
    Исус ни заповеда да ги љубиме и непријателите наши и да се молиме за оние што не прогонуваат (ев. Матеј 5:44).
    Бог преку Исус ги засака сите луѓе од целиот свет, а тоа ги вклучува и хомосексуалците и бисексуалците, па и оние кои надмено се замислуваат дека се поправедни и помалку грешни од нив:
    „Зашто Бог толку го засака светот што го даде Својот единороден Син за секој што ќе поверува во Него да не загина, туку да се спаси“ (ев. Јован 3:16)
     
    На WildMk, theowndemon, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos но знаеме дека оние кои го отфрлиле Бог и отишле по патот на гревот и развратот, си добиваат казна за тоа, нели? Зошто добиваат казна? Поради тоа што Бог ги љубел или поради тоа што му одмилеле? Не ќе да е од љубов потопот што ги снашол.
    Да не одиме понатму оф топик. Сепак, темава е хомофобија и трансфобија, а за тоа кажав што имам.
     
    На Petra777 и Rama им се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.592
    Ама нели Господ не казнува и сите ги сака, само треба искрено да се покаеме ако сме убиле некој?

    Али ако некој е транс оти Господ го сторил таков, ќе иде у Пеколот?!

    Па и ја, барам логика кај луѓе кои буквално веруваат у прикаски стари илјади години...
     
    На Ena05, SV1911, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.108
    Пол:
    Машки
    Господ директно ги има создадено само Адам и Ева. Сите останати ние самите ги правиме и раѓаме, со сите свои предности, недостатоци, вродени болести и вродени психички или генетски нарушувања.
     
    На Petra777 и Vitaly им се допаѓа ова.
  16. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Дискриминација на дискриминација, звучи како лош виц :)
    Не ги оправдувам хомофобичните, трансфобичните ставови на одредени луѓе, но тоа не значи дека ги дискриминирам истите луѓе или одбивам да се социјализирам со нив. Имам пријатели, членови од семејството кои се со хомофобични размислувања, размислувања различни од овие моиве open minded па пак си се почитуваме и функционираме одлично.
    Како што кажа Спешл, ок сум со таквите ставови доколку не се радикални, или преминат во насилство.
     
    На WildMk, tessie, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.592
    Па не ги правиме ние туку се настанати од размножување на браќа и сестри, оти Господ создал само двајца луѓе...
    Значи он е крив...
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.108
    Пол:
    Машки
    Е зошто он крив? Тој ли ти ги шири нозете за деца да праиш? Или сама си одлучуваш?
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.592
    Па зашто тогаш ми го дал она меѓу нозете, и инстинктот да ги ширам, што доаѓа околу 12та година со пубертетот?
     
    На Ena05, SV1911, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Фобична сум на фобијата од фобија кон хомофобија. На крај сите сме фобични.
     
    На stranger2, SV1911, Matotheja и 9 други им се допаѓа ова.